Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Aleksandra1258

    Aleksandra1258 Нов член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Имам проблем кој ни самата неможам да си го сватам и разберам, имам 2 ипол годишна врска се е океј од негова страна јас студирам во друг град и се гледаме само за викенд минатата година беше исто така немаше никакви шанси да издржам за викенд а да не се вратам дома да се видиме и да бидеме заедно но оваа година не е така се е сменето немам желба едноставно да се видам со него веќе ми стана навика гледањето со него а не потреба. Целата врска до сега си одеше како што треба се си беше океј освен моите измешани чуства незнам што да правам и како да се однесувам врскава ме гуши неможам да се опуштам да излезам со другарки да се прошетам звонењето на телефонот ми стана кошмар порано и со саати сме правеле муабет на тел сега ме иритира секое звонење и ме заморува, немам никаква желба ни да излезам ни да правам муабет со него, во некои моменти ми е толку дојдено преку глава што добивам желба да му раскинам но како на која основа, поради која причина несакам да го повредам бидејќи не е заслужил такво нешто. Пред некое време 3 недели не бев дома т.е за викенд не се враќав си седев во скопје бидејќи таму студирам и за тие 3 недели немав никаква потреба да го видам дури не ни помислував на него. Ве молам за совет што и како да направам се ми е каша попара :(
     
  2. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Прво дознај самата кои се причините што немаш потреба да го видиш. Дали некој друг ти се допаѓа од Ск или можеби веќе не го сакаш. Самата кажа дека ти е измачување. Тогаш најдобро би било да ставиш крај. Зошто да се мачиш и ти а и него да го мачиш.
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Хм, и јас сум се нашла во некоја си ваква слична ситуација, можеби не иста, но слична. Па и јас одев со бившиот 3 години и му раскинав. И јас не сакав да го повредам, но си реков зошто пак јас да се повредам самата и да страдам?! И после тоа прекрасно се чувствував, послободно, поубаво се дишеше. Си шеткав со другарки, си одев на студентски забави, не се чувствував приморана да му ѕвонам еве ваму сум таму сум па тој зошто си како си и тн. Размисли си ти најубаво како се осеќаш ти, дали се уште имаш некои чувства во тебе, дали се уште има некоја страст меѓу вас, некоја искра... Тоа е најбитно. Или оставете некое време оладете се малку, или ти дај си шанса некоја олади малку. Не размислувај веднаш да му раскинеш. Јас му раскинав поради тоа што премногу ми беше љубоморен ме гушеше. А ти, види си самата најубаво ТИ сама да си донесеш одлука. Знам сега дека во друг град па запознаваш нови луѓе, нова средина, се ново... и јас така се осеќав. Сакаш да прошеташ, да пробаш нешто ново... Може само ова ти е некоја фаза/период што ќе ти помине, а може и не е. Затоа ќе ти речам самата ТИ ќе си одлучиш, преслушај се самата, слушај срце не ум. Уживај сега додека можеш гледам имаш 20 години најубавите студентски години се тоа. Учи си заврши си факултет и не се замарај многу. Ако не биде тој, ќе биде некој друг. И пак ќе ти речам САМАТА ТИ да си одлучиш. Запрашај се самата, дали ти е убаво сега во негова близина, дали сакаш да го чуеш на телефон, дали сакаш да го бакнеш, дали ти недостига и такви некои работи запрашај се самата и ќе си дадеш одговор. Времето ќе ти покаже се, само треба трпение да имаш. Поздрав, и се надевам дека за брзо ќе го најдеш одговорот, ти посакувам се најубаво. :hai:
     
  4. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    На 18 год. разлика 10 год. е многу. Пуши, пие и се тепа, па тоа е страшно, што ќе ти таков дечко. Да одговорам на твоето прашање Дали има надеж за вас? Мое мислење е да си најдеш момче на твоја возраст, да не западнеш во некоја невоља со ваквиот негов карактер. Нека не те лаже неговиот новчаник и друштво. Полнолетна си, но сепак си млада и неискусна, немаш искуство со мажи (според горе кажаното), може да те прелаже и искористи. Како до поголема самодоверба?Таа се гради со текот на годините, искуството, знаењето. Колку пореализирана во секој поглед, толку и повеќе се стекнуваш со самодоверба. Работи на себе, на твоето образование, запиши факултет и дружи се. Пари ќе направиш подоцна кога ќе почнеш самата да си заработуваш. ;)
     
    На Hipica и anggell им се допаѓа ова.
  5. Heartbreaker17

    Heartbreaker17 Нов член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Ве молам за совет,незнам што да праам веќе

    Вака..Јас имам 16 години и имам дечко тој има 17 години.Идеме скоро 9 месеци.Стварно многу го сакам.не ми е прв ама незнам никад не сум се чувствувала волку "заљубено" :P . Односи и такви ствари немаме. Работата е ваква: Многу сме блиски (барем според мене) значи праиме муабет отворено за се буквално.Пред друштво не ме понижува како некои шо ги има знаете и вие.. значи никад не ме остава позади, секад е до мене битно му е јас што сакам најпрво па после за другите.Не искача без мене,ако пример го викне некој за негде прво се договараме дали се согласувам јас да иде или обратно како и да е и да внимава на некои работи шо се имаме дооговорено и сл..вака за тие работи се е ок стварно.Ама таа ЉУБОМОРА :puke: -.- Значи ств е љубоморен,мислам јас разбирам секој што сака е љубоморен,и јас знам некогаш да претерам ама се си има граница!Значи пример сме се договориле да се чекаме негде и сеа јас нормално идам со бус и ќе ми се јави и ми вика до кај си шо си.. нормално се ..и само ќе испука она неговото "Има нешто? :call: " WTF? :o Значи сака да му кажам се буквално дали некој нешто ми пререкол дали има млади у бусот (нормално машки) дали некој ме погледнал и сл.Ајде и тоа разбирам до некаде, го интересира мене не ми е тешко да му кажам ама ако му речам да имаше еден ме погледна он одма се мења.Одма реагира глупо,јас му викам батали погледнал погледнал само тоа и може а тој ми вика а ти шо си го глеала ти се свиѓаше? И да му речам случајно и ајде некако ќе се смириме ама тоа е више секојдневно -.- Ок и мене ми е убаво коа ќе ми објасни како што било да знам мислам така на нас ни е подобро ама јас неправам сцени ако некоја го погледне или он случајно ја погледне мислам не ми е сеедно фала богу ама сеа неможеме да им ги затвориме очите на луѓето.-.- Тоа е едно па пишете ако имате некое мислење за тоа..
    сеа малку потешкото...У последно време војуваме дефинитивно..значи нема да е нормален денот ако ние за нешто не се скараме. :( Значи многу брзо реагираме двајцата за тоа сум свесна и двајцата не попуштаме се инатиме ..У последно време е мн нервозен и коа ќе се скараме многу и коа ќе ми каже некои зборови мн ми е тешко и одма паметот ми врти на тоа дека он не ме сака и дека со мене е онака од заебанција (мислам он не ме вреѓа како глупа или ваква или онаква тоа уште не се случило) ама пример ќе ми рече онака погласно АЈ ПРЕКИНИ ВИШЕ ДОСТА!! или АЈ НЕ МИ ГАЛАМИ СЕА !! или АЈ ВИШЕ НЕМОЖАМ СО ТЕБЕ ДА СЕ РАСПРАВАМ ГОТОВО!! и јас нормално ќе се налутам и он да е ќе е лут ама работата е тоа што јас сум мн чувствителна на тие работи мене одма тоа ме повредува..и јас ладно почнувам да се понашам и он уште толку се нервира и мора значи коа ќе се скараме да враќаме работи што сме ги згрешиле порано ти напраи ова а ти напраи она ти полошо ти подобро -.- и уште толку се влошува ситуацијата а мене ми е навика коа ептен ќе се скараме да му спуштам телефон и да му гасам цело време па да се јавам а него крвта му зоврела мн се нервира тогаш а јас знам и пак неможам коа ќе ме налути да се јавам.Значи искрено морам тука да побарам помош тоа ми е последно..мене во последно време ми се десија мн работи проблеми у школо нешто со здравјето по болници натака навака и сеа малку е смирено ама мене уште ми влијаат тие стресови што ги доживеав и можеби затоа сум така нервозна аама па неможам секогаш јас да попуштам за да се смириме нека попушти и он еднаш !!=.= уфф мн ми е измешана главата и мн премногу ми е тешко цело време ми се плаче ;( ЈАс знам (барем мислам) дека ме сака цело време се е ок се понаша супер душичке,сонце,маче,вака така на секој збор се интеересира јадеше ли апче пиеше ли она ова се дури да бидам искрена и понежен е и од мене некогаш ама коа ќе се скараме е стварно катастрофа...колкл можев објаснив девојки па ако можете помогнете некако мн ми е тешко незнам шо да праам <333 фала однапред :* :* :* :*
     
  6. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    884
    Ве молам за совет,незнам што да праам веќе

    Ова беше долг пост :rofl:

    Знаеш како, од моја гледна точка : тоа што се менува тотално кога е лут...ја тоа и донекаде го сфакам пошто ја сум таква. Ја кога ке се налутам за нешто се понашам ....како кучка. Неможам да го опишам тоа. Значи ја си го сакам и во моменти кога сум лута, ама се понашам како ништо да не ми значи. Таква некоја заебана гордост се буди у мене. Тогаш ми е у глава:сега не е време за покажување колку се сакаме, сега се караме бре.Доброто за мене е што во карањето не настапувам пристрасно, размислувам со ладна глава и донесувам исправна одлука.Лошото е што партнерот добива впечаток дека не е сакан. Е тоа е лошото...Ја многу време потрошив обидувајќи се да си објаснам првин на самата зашто се понашам така. Во овој контекст би ве советувала двајцата да седнете со ладни глави да разговарате. Кој како се чувствувал, зашто, што било причината, што очекувал да слушне, што го повредило...и така ке знаете како да се понашате во ситуации кога се крева тонот.

    Е во врска со љубомората...Имаш тука неколку решенија. Првото е да вратиш со иста мера.Ке го давиш малку повеке иако не си таква. Малку глума :) Како он со тебе, така ти. Ама не да му кажеш ова беше за да видиш како е, него ја глумиш ситуацијата до крај. пробај некој период, па кога ке види дека не бива може ке престане. Крај краева, врскат не треба да ве гуши-него да ве прави срекни.
    Вториот начин-нападот е најдобра одбрана :) Кога ке направи испад ти почнуваш- Што?Не ми веруваш?Ја на таква ти личам?Толку ми веруваш?Толку ме цениш?Па налути се да види дека те повредува со такво однесување.

    Малку повеке дела одколку зборови и ке видиш дека ке има промена...некаква :lol:
     
    На Heartbreaker17 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mar.i

    mar.i Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Вака..Има едно момче што ми се допаѓа. Се имаме допишувано и ми рече да се видиме ама јас бев со две другарки излезена и тој дојде со другар му и се видовме онака 15 мин.(не на само). Но проблемот е што другарка ми е зборлеста (и понекогаш несвсно му се пушта на некое машко, а машките ќе почнат и тие..Знаете машко ко машко да не испушти прилика) и сега јас се плашам да не почни да му се допаѓа другарка ми..А и неколку денови си немаме пишувано а последна јас му пишав. И сега незнам што да мислам и што да правам..:/ А сакам да имам нешто со него..
     
  8. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Прво види дали тој е сеуште заинтересиран за тебе. Пиши му уште еднаш и разговарајте. Прашај го нешто дали сака да излезете и ако се согласи, тогаш договорете се и тоа е тоа. :)
    А ако гледаш дека не е заинтересиран тогаш барем ќе си знаеш на што си и нема да се надеваш веќе. :)
     
    На mar.i му/ѝ се допаѓа ова.
  9. zaljubena18

    zaljubena18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2013
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    139

    Не мора да излегувате со друштво. Излезете само вие двајца и тогаш поубаво ќе разговарате, нема никој да ви се меша :)
     
    На mar.i му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AudreyHepburn

    AudreyHepburn Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    15
    како се бара втора шанса кога од разделувањето поминале 2 месеци? од каде знаете дали има друг/а и како пристапувате така од никаде? :)))
     
  11. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602

    Втора шанса не се бара ете колку реди реда и од еднаш.
    Прво колку време сте биле заедно ?
    Поради што раскинавте?
    Кој на кого раскина ?
    Имате ли неккаков контакт?
    Заеднички пријатели?

    Ако имате заедничко друштво преку нив и ќе дознаеш се, а сега како за прв пристап лесно е, почни на фб, ако не те одбегнува почни и да му се јавуваш, ако имате интензивни разговори повикај го и на кафе, и така неколку пати, па кога начекаш соодветно време ќе почнеш и да му зборуваш за вашата предходна врска и за тоа што ти недостига.
    Ако му сеуште значиш и е сам, ќе покаже тој некои чувства и така можеби и ќе добиеш втора шанса.

    Но секако ако не сте имале некој силен разлог за прекин на врската оваа можеби и ќе успее, но ако го имаш изневерено во никој случај нема да ти успее ништо, што и да правиш џабе ќе е.
     
  12. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Моја препорака е да не се враќаш назад, ако еднаш сте се скарале тоа значи дека не сте биле еден за друг, многу е потешко да продолжиш со стариот дечко, отколку да почнеш одново. Но доколку желбата ти е преголема и неможеш ама баш да издрижиш без него тогаш почни со тоа што ќе му се јавиш кратко, не го гњави и не го испитувај, туку на кратко прашај го како е, што има ново...кажи му нешто за тебе не толку приватно, на пример дека си била во некој нов кафиќ и ти било убаво или во ресторан со некоја другарка и храната била фантастична, дали бил и тој? така нешто, небитно, биди весела и опуштена. Разговорот нека не биде подолг од 5 мин. Ако нема некоја друга во моментот ќе види дека ти значи со тоа што си му се јавила и си го прашала како е и што има ново и ако сака да ти се врати ќе те бара тој, ако не тогаш продолжи си понатаму. Good luck ;)
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Е да бе!
    Ми се јавува бившиот после два месеци out of the blue и ми вика ЕЈ, ХИПИ, КАКО СИ? ШТО ПРАВИШ? ВЧЕРА БЕВМЕ СО МИТРЕ ВО НОВИОТ ЛАУНЏ-БАР НА КЕЈ И ЈАДЕВМЕ ПОХОВАН КАШКАВАЛ И МНОГУ Е УБАВ.
    Ќе се прашам дали ги преспал тие два месеци и мисли дека сме се‘ уште заедно или па испил некое старо скислено вино од подрумот на вујко му.
     
  14. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Може не се сите така радикални и дрски како тебе. Не ја обесхрабрувај, може ќе и успее што може да изгуби, гордоста, па што ако, ако го сака вреди да проба.
     
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    R u serious?! :^)
    Мислам, ако не се страшни условите во кои раскинале, немам ништо против повторно да стапи во комуникација со него, но дефинитивно НЕ НА ВАКОВ НАЧИН.
     
  16. mar.i

    mar.i Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Незнам дали да му пишам јас прва..Другарките ми викаат да не му писувам прва па затоа се двоумам..:/
     
  17. femtinka

    femtinka Активен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    9
    па некако и јас мислам да не му пишуваш ти прва. почекај, види можеби ке поше за некој ден. ако дечкото си е на место по мене мислам дека ти пише. иначе тоа за другарка нема врска, колку и да е она зборлеста или не знам каква ако дечкото има интерес према тебе тоа не може да му влијае. вие се допишувате договарате средби тоа е нешто поразлично од да бидеш зборлест со некој. другарките добро те советуваат. почекај и види зашто ако сепак сака повторно да се види со тебе ке направи тоа да се случи, ке превземе иницијатива. ти од твоја страна со допишувањето и сретнување си покажа дека си отворена и кон нешто повеќе.
     
    На mar.i му/ѝ се допаѓа ова.
  18. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Mili4ka ако толку многу сакаш да имаш нешто со него тогаш јас мислам дека нетреба да чекаш он да ти пише, сто порано дознаеш што тој чуствува тоа подобро за тебе, затоа јас мислам дека ти треба да му пишеш барем ке знаес дали да се надеваш на врска со него поззз
     
    На mar.i му/ѝ се допаѓа ова.
  19. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    мојот пост не го ни приметуваш, но не е ни битно сепак твој проблем е, и дали ќе ме послушаш пак е твој проблем.

    Нооооо, ако си виновна за разделбата и сега сакаш да се смириш не го чекај него.
    Но ако тој е виновен е тогаш нема друго мораш да чекаш тој прв да пристапи. Секако ако несакаш ем тој виновен ем ти да му се понижуваш.
     
  20. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Па добро де :rofl: да започне некој бош муабет, не знам што друго би му кажала, спонтано, од околу за да дознае дали е се уште сам или има некоја, затоа така и кажав, битно нека го праша нешто де, тоа мислев... :lol: ако баш толку многуууууу и значи, а инаку јас да сум би продолжила понатаму кажав на почетокот дека не ми се допаѓа ако веќе со некој си бил во врска да се смируваш, има толку многу други деца, што си се фатила за него, ако еднаш не успеало it;s not ment to be, толку продожи понатаму.