Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. anaa666

    anaa666 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    здраво женски.
    Пред неколку месеци почнав да се гледам со еден дечко што подолго време ми се допаѓа иако знам дека е женкар и дека единствено можам да излезам повредена од сето тоа но сепак прифатив ( не ме прашувајте зошто и сама незнам) во почетокот некако успевав да се убедувам некако и да се борам да не се приврзам но не успеав. Знам дека се гледа и со други и тој мисли дека јас не чувствувам ништо спрема него, мисли дека ми е онака заради забава, затоа што со сите сили се обидувам да прекријам за да се заштитам самата. Многу промени има во однесувањето на моменти ми изгледа како да му е сеедно во однос на нас двајца а на моменти како да му значи многу.... Незнам веќе што да правам дали да се отворам и да му кажам дека ми значи и дека ме повредува целава оваа ситуација како што е иако може да биде безцелно и да испаднам голема глупача ( никогаш немам никому такво нешто кажано, признаено.. едноставно незнам како :( ) или пак да заминам едноставно иако ќе ми биде многу тешко.
    Што мислите вие?
     
  2. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Мислам дека и сама многу добро знаеш што треба да направиш! :!:
    Свесна си дека на крај ќе бидеш повредена, свесна си дека те лаже на секој ќош и пак остануваш со него?!?
    Тој си игра топло-ладно со тебе, знае тој како треба, а ти колку поскоро го оставиш толку подобро за тебе, нема што да му признаваш дека ти значи, едноставно сврти се и замини од него, ќе најдеш некој кој ќе знае да те цени а не некој на кој му си само играчка!
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anaa666

    anaa666 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2

    Знам знам само што ќе ми биде многу тешко
     
  4. im97

    im97 Нов член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Што мислите дали за девојче од 16 год. 4 мувања се малку или доволно? :P
     
  5. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Доволно според мене :D
     
    На im97 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Haritiela

    Haritiela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Доволно. Уствари неможеш да кажеш малку или доволно , јас би те советувала да си правиш тебе како тие убаво , сепак еден е животот , после ке фатиш дечко за озбилно па ке ти биде криво за некои шанси што си ги пропуштила. Јас така си викав ај со овој не ај со овој не , сега имам дечко не дека ми е криво ама сепак ке помине време и ке се каеш за работите севкупно што не си ги направила отколку за тие што си ги :D Така да ако мислиш дека ти се свиѓа некој, зашто да не , тебе да ти е убаво ;) ;)
    Штета што сме си прост народ па одма вадиме муабети за секој и судиме попрво за други него за нас ама лично мене баш ми е гајле :)
     
    На im97 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. im97

    im97 Нов член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Сосема си во право..И да после ќе се каеме за некои работи што не сме ги направиле.. :)
     
  8. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Главата горе девојко има време за дечковци..прај си како шо ти одговара а за другите..и онака си зборуваат..:)
     
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Уште потешко ќе ти биде ако продолжиш да се измачуваш во целава оваа ситуација со него, да патиш по него кога е со друга само за тие неколку часа кога сте заедно.Ана не вреди. Не вреди, зашто еден ден кога ТОЈ ќе стави крај на целава работа ќе си ја чукаш главата и ќе се прашуваш зошто ТИ не си го направила тоа кога си имала можност.
    Остави им го на оние кои се надеваат дека тој се‘ ќе остави за нив и ќе биде само нивен. Ти си паметна девојка која знае колку вреди и што заслужува ;)
     

    Прикачени фајлови:

    На Thallia му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anaa666

    anaa666 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2

    Многу ви благодарам, само уште да ја соберам храброста и да ставам крај на се, сепак несакам така без збор да си отидам.. Да ја имам храброста да седнам и да кажам се што ми лежи мислам дека
    ќе ми биде полесно. И тоа незнам како да го кажам веќе неможам ни да се препознаам повеќе забегувам од тинејџерка ;(
     
  11. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Ана, те читам , а ги читам и пријателките што те советуваат и не ми баш јасно...sorry...зошто да ставиш крај кога сакаш да бидеш со него? Убаво ти е?!И него му е убаво со тебе така? Па што не бидеш со него додека трае? или можеби сакаш да те побара за жена (во тој случај ситуацијата е друга)?Се додека ви е убаво заедно биди со него. Не му се отворај, не ги искажувај толку чуствата, но сепак биде внимателна. Не му досадувај, ако те побара тој излезете, ок, ако не не го гуши. Имај си други планови со другарките. Шетај, забавувај се, но имај го и него. Очигледно е посакуван дечко и не му недостасува внимание. Но и ти не мора да бидеш иста како останатите, може баш ти си таа што ќе го задржи :) Ова е мое мислење, да не правиш нешто што не ти е „ќеиф„ Со среќа! хохо Луси
     
  12. Lutki4ka

    Lutki4ka Активен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    Здравоо девојки :D , сакам да прашам нешто,ваше мислење ми треба

    Пред пет години тоа беше прва година во средно запознав еден дечко воопшто не го сакав и си викав јас никогаш со овој но сепак почнав врска затоа што многу инсистираше бевме некое време во врска а ми беше прв дечко затоа и толку тешко ми беше да одлучам :rofl: потоа раскинавме крај на се,јас си фатев друг по вториов и трет , а овој никогаш не исчезна од мојот живот :lol: незнам зошто ама цели пет години со оваа шеста значи и ден денес сме во контакт без разлика шо и да правиме дали се караме , го бришам од фб , бројот си го менувам , друг дечко фаќам тој буквално не ми исчезнува од животот секогаш се појавува и кога и да ми се јави или на фб нешто ќе го прифатам (а секогаш му го разгледувам профилот) , тој мора да ми кажи Те сакам , ми недостигаш , или некој план за во иднина и секогаш ми вика дека ти си била и секогаш ке ми бидиш во животот што никој друг ми нема кажано ама мене не ми се верува многу , многу :?: и ке пробаме некое време недела , две...ама му давам многу шанси незнам зошто ни јас,
    и сега има еден проблем не сака многу да се слушаме доволно било во 2 дена еднаш :o мене тоа не ми е јасноо ми вика јас не те гледам секогаш (а инаку се гледаме многу ретко , тој во еден јас во друг град) и многу ме нервира како можи да има врска,да ме сака,да планира иднина со мене а да не сака да ме слуша?? и затоа се караме....


    Е сегаа има уште нештоо има уште еден шо ми се јавува така се слушаме детето е многу фино ]:) све јас како шо ке кажам и да му викам , и да го одбивам едноставно се прај како да не слуша значи не знам како можи некој на некој начин постојано да те одбива а тој воопшто да не се лути , незнам зошто или дека е толку добар и наивен и се е јас како шо ќе посакам незнам навистин, се обидувам да сменам
    нешто ново ама не можам никако не ми е мил :| дури и жал ми е не сакам да испадни навреден искрено не сум навикната некој цело време да ме бара да сака да ме слуша , да ме гледа толку многу па затоа можи и вака мислам...

    Шо мислете дали да продолжам со тој (првиот) шо ви го споменав , или со овојј... :geek: ?
     
  13. anaa666

    anaa666 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Драга Луси така беше до сега, никогаш го немам јас побарано да се видиме а и со прекривањето на чувствата ми оди добро, само што јас си се нервирам затоа што знам дека прави така.
    Не се нервирав на почетокот бидејќи јас сама си се впуштив во тоа иако знаев каков е и што е, но сега и не ми е баш сеедно. Понекогаш стварно помислувам дека му значи нешто се ова може ќе си мислите дека сум глупа ама така чувствувам на моменти, најмногу по тоа што се обидува да дознае што чувствувам за него и мислењето мое за него исто така многу му е битно ( ако не глуми :?: ) затоа и помислив на таа опција, на некој начин да му укажам дека не ми е сеедно како што си мисли... Фала Луси :*
    а
     
  14. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Не сакам да ти давам лажна надеж затоа што верувам дека ова што ќе го пишам е реткост ама тој може и да се смени. Ако се заљубил во тебе, ако те сака може ќе се реши да биде само со тебе.
    Затоа мој совет е да разговараш отворено со него,кажи му како се чувствуавш и прашај го што мисли тој, сака ли нешто повеќе од тоа што го имате сега?
    Ако се решиш на овој чекор ВНИМАВАЈ. Тој може да се обиде да ги искористи твоите чувства и да се зеза со тебе, да ти кажува дека има сериозни намери а всушност те мавта, и на крај да бидеш повредена. Или пак, доколку ти каже дека и тој има чувства за тебе и сака да проба да бидете ексклузивно како пар, дали си спремна да се справиш со сето она што ќе го донесе таа врска. Викаш познат женкар е, постои можност дека потајно ќе постои сомнеж дали навистина престанал да се гледа со сите други или сега повешто се крие? А и ќе треба некое време додека да расчисти конечно со сите девојки што сега се дел од неговиот живот, оди по предпоставка дека најверојатно не си единствена која е заљубена во него и дека најмалку една од тие девојки нема да се откаже од него така лесно.
    Значи зборувај со него, орворено, и биди реална, и води се според инстинкт, ќе сакаш да веруваш дека може да биде само твој,ама ако гласчето во главата ти вика дека нема да биде така и на крај ќе бидеш пвредена,послушај го.
     
  15. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Сум била во слична ситуација и можам да ти кажам само дека во овој момент молчењето е злато.Помини недела,две и надбљудувај го како се понаша со тебе насамо,со друштво..Е сеа,ако мислиш дека може да му значиш нешто и дека сака да биде со тебе,терај си како до сеа и полека приближи му се.Мене ме советуваа да не избрзуваш со искажување на чувствата,па и јас истото ќе ти го кажам,пошто може да се преплаши,посебно ако е од оние што не се врзуваат лесно.Ако продолжи ладно и незаинтересирано,јас ти советувам да се откажеш,оти ќе се заљубиш во него,па после коа ќе те остави ќе си ја трескаш главата од ѕид.Со Среќа :)
     
  16. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    И машките се комплицирани, што мислите вие? ]:)

    Првиот мислам дека само се заебава со тебе, или пак не си фатил друга женска после тебе па кај ќе оди... мора кај тебе да се враќа. Малку ме збунува тоа што ти вели дека те сака а не сака да се слушнете на телефон. Може да му кажеш да се видите во живо, и разговарајте за тоа лице у лице. Можно е и да те сака, но не верувам дека со такво однесување да те сака. Оддалечи се од него на некое време, не му пиши на фб... т.е може и фб да деактивираш и ако те праша кај си била, ако ти ѕвони и се распрашува за тебе... брига го! Доколку со првиот немаш среќа, биди со вториот. :wasntme:
     
  17. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Ана исто како јас да ја опишувам мојата ситуација, скрос исто знаев дека е женкар, знаев дека се гледа со други и покрај се продолжив да се гледам со него, прв пат направив се со него играше постојано топло-ладно се правеше како на моменти дека му е грижа а го нема после тоа цела недела да се јави, јас решив да му ги признаам моите чувства а тој ништо тотално ништо не одговори на на тоа едноставно го игнорираше. Контактиравме цело лето иако не се гледавме, и незнам кој ѓавол ме натера пред една недела пак да се видиме, само едно сватив дека тој никогаш нема да се смени, тоа што ми го прави мене и го правеше и на таа пред мене и незнам уште на колку девојки паралелно. Многу добро те разбирам и јас неможам никако да се откажам од него иако се обудувам постојано, ќе заборавам некое време , па пак ќе се сретнеме случајно и се така се врти во круг, а знам дека морам заради мене.
     
  18. anaa666

    anaa666 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Очгледно дека самите мораме да си помогнеме, им благодарам на сите девојки за советите, верувам дека ти најубаво ме разбираш. Најголемата битка на човекот е онаа против самиот себе.. :(
     
  19. mar.i

    mar.i Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    vrski/ljubovni-problemi-i-soveti-t243/11510.html#p1866319
    Јас сум истата и сакам да ви кажам што се случи. Викендов бевме со машкото во ист кафич и се убаво беше. Цело време ми се пулеше и на крајо ко си одевме јас појдов да се поздравам и тој ми рече дојди да те бакнам и ме бакна(на лице) :$ ...
    Ама нешто ужасно се случи. На таа другарката што ви кажував и рекол да му ја мести една моја друга другарка... :o :( И сега ужасно се чуствувам незнам што да правам, што да мислам.. ;(
     
  20. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481

    Е ако де,онака сте кокетирале и ништо посебно.
    Ако ти му се допаѓаш,ќе рекол на другарката тебе да те мести,не некоја друга.
    Игнорирај го,и барај си друг :D