Со дечко ми сме врска на далечина.Се немаме видено 3 недели,доага во четврток и останува цел викенд.На тел разговараме,но не е како што беше.Како инат ми води.Секаде мора да оди да прави се и сешто,само дома да не седи да не ја гледа мајка му и на тел да не ја слуша жена му (јас ) јас тоа така го разбирам.И јас решив за тоа што ме избегнува на некој начин да му вратам,бидејки не мисли на мене. Толку чекаме да се видиме,да дојде тој момент,ама нема да дојде тој момент.Јас сега можам да зборам на тел,не тој не можел ке идел да си се шета,па нека шета кога ке одам на школо,а не вака.Ова е само еден пример. Јас планирам во четврток кога ке дојде се до последен момент ништо да не му кажам.Јас бидејки сум втора смена треба после часови да дојдам (он ке дојде на пладне),но кога ке треба да се видиме ке му се јавам и ке му кажам извини ке се шетам со другарките и така цел викенд ке му правам. Малку ме боли ова,толку копнеам да го видам,ама треба да му дојде паметот,а после пак 3 недели нема да се видиме. Знам дека многу ке се налути,иако тој ретко се лути,ама што да правам. Да му го направам ова за да му дојде паметот?
Колку години имате ? Мое мислење. Подобро да да му го кажеш проблемот, убаво да седнете да разговарате во четири очи и да пробате да го решите. Вака не води никаде, може да се создадат само нови проблеми, тешкотии и за двајцата.
Тој 21,јас 15. Ми треба внимание,осамена сум.Тој се прави за мене,навистина ме сака,прави се за мене,што и да посакам.Многу пати се обидував да му раскинам,дури и го фрлив мојот бр.,сакав да избегам некаде што подалеку,но тој беше упорен,плацеше,ме молеше да не го оставам и срцето не ми даваше.Се обидував да се одалецам од него,а дома плацев,дури и баба ми ја разболев,заради мене апциња пиеше,но и покрај се јас без него не можам.
Како тоа си сакала да му раскинеш , да се одалечиш од него а после тоа викаш дека неможеш без него ? Мора да решиш самата што сакаш и да разговарате за вашата врска , ако сакате да ја спасите врската разговарајте објасни му убаво што сакаш без инает и лутење ... ако не биде така мислам дека вашата врска нема да опстане бидејќи не сте од исти град а непотребните нервози предизвикуваат негативни последици во таквата врска Само ќе ти дадам краток пример и јас имам врска на далечина се гледаме секогаш кога ни одговара но ајде воглавно да кажам дека преку викенд сме заедно одам јас или тој доаѓа и заедно сме по 3-4 дена па со сега ниеднаш не сме се скарале и не сме се налутиле еден на друг а заедно сме веќе 3 години
Го сакам повеке од се и до сите,дури и од мене повеке.Ама повеќе е со неговите другари отколку со мене и се тој има некоја работа.Кога е во градот каде што студира или уци или во кладилница и гледа фудбал со другарите.Кога е дома или работи со татко му или во град со другари.Тој си има свој живот и треба да излегува,ама барем малку и мене нека ми посветува внимание.
Па како сакаш повеќе време да поминува со тебе кога сте од различен град. Велиш се прави за тебе а овде се жалиш. Што е тоа се што го прави ? Ти си уште дете на 15 години незнаеш што навистина сакаш. Размисли убаво и немој уште сега да се измачуваш со љубовни проблеми, врски на далечина уште на 15 години.
Ние и така ке се земеме за 3 години.Ама сакам да нправам нешто да му дојде паметот.[/quote] ke se zemete? vekje ste isplanirale?
Ај со среќа свадбата по три години, ти секако ке се мажиш со него, така што не се секирај ич за ова, нема да раскинете никогаш, а што не води кон раскинување не е никаков проблем. Само датумот не знам дали ви е дефиниран, оти баш тогаш може ке треба да излегува тој некаде со другарите, па дали ке се погодите со датумот.
Нормално размислување за девојче од 15 години .Мислам дека повеќе нема што да те советувам после оваа ....
Ана од моите искуства со врските без обврски можам да кажам дека една работа што сум ја приметила кај секое машко е дека на моменти како да се разнежнуваат , па романтизираат ,па тука мислам дека и кажуваат работи што не мислат , или барем јас не им верувам Не знам зошто е тоа така и мислам дека такви работи во овие лабави врски не треба многу многу да ги има , ама ете нив им е некоја гадна навика а нас женските тоа не става на мисла па после не боли глава Според мене ако веќе на почетокот сте го утврдиле односот дека ви е за неозбилно , тешко дека нешто ќе се смени , не велам дека е невозможно ама многу е ретко . Друго , не знам колку е паметно да му кажеш , размисли и самата како би одговорила некој што го гледаш онака од време на време и не планираш врска одеднаш да ти каже дека има некои чувства ? Јас би се осетила непријатно , не би знаела како да одговорам , нејкам ни да го повредам ама па ни да го лажам , сега овој твојов ако е женкар плус постои можност да сака да ја искористи слабоста што ќе ја покажеш на некој начин ... Ти го познаваш горе долу , па според тоа процени што би било најпаменто
Се заљубив во цимерот... Значи животот ми е како пекол од филмовите, живеам во овој стан веке повеке од еден месец и сфакам дека имам силни чуства за детето кое спие веднаш спроти мојата соба... Тој е многу срамежлив, не излегува често и многу учи, но во последно време се почесто седиме навечер на муабет, понекогаш остануваме и сами, но не сме имале некаква по интимна конверзација (само лежерни четови, како факс, како викендот) Сакам навистина нешто да се случи мегу нас, но незнам како да пробам без да ја нарушам домашната атмосфера.. Сега за сега сакам да се зближиме повеке па да видам дали ке скршне нешто по патот до врска, но како што реков тој е навистина многу срамежлив и мислам дека никогаш не би ми пристапил..
Штом сте цимери, веројатно подобро го познаваш дечкото... И јас би те советувала работите да се одвиваат постепено, кога ќе помине некое време веројатно ќе видиш дали и тој има симпатии спрема тебе... А инаку зблужувањето така почнува, првин поопуштени разговори, па потоа и малку поинтимно (на оние поинтимни разговори мислам, ставовите за се околу тебе, па и по некоја тајна)... И понекогаш на сремежливите момци им треба малку поттик ама сепак не избрзувај, како што и самата кажа, за да не ви биде непријатно и на двајцата, а се гледате секој ден.
Баш ми изгледа интересна оваа ситуација во која се наоѓаш.Те замислувам како излегуваш од туширање со само крпа на тебе и поминуваш покрај него,или ја оставаш вратата подотворена додека се пресоблекуваш(знаеш сцени од филмовите) а тој те посматра и останува Не гледам ништо лошо во тоа ти прва да му дадеш до знаење дека ти се допаѓа,секако прво да испиташ дали и тој чуствува нешто кон тебе. Сепак ова е меч со две острици па може да ви биде преубаво ако почнете врска,но ако почнете па раскинете може да настанат проблеми кои инаку не би ги имале-сигурно ке ви е непријатно како бивши да живеете заедно па ке мора едниот да се исели.
Башка сношти седевме до 3 утрото сами во дневна онака на муабет.. неможам да го дефинирам бидејки е навистина комплицирана особа, навистина многу се срамува и неможам да сфатам дали е незаинтерсиран за мене или пак едноставно се срамува бидејки е заинтересиран... Не сакам да му дадам дознаење дека ми се допага без да сум скоро сигурна дека и тој се чуствува исто бидејки тогаш би ми било ептен непријатно ако тој не се чуствува така спрема мене... Оставам сега се на времето и само смислувам што би можела да направам за уште толку да му го привлечам вниманието
Анистон, навистина во многу интересна ситуација си. Јас да сум на твое место не знам што би направила, најверојатно истото што и ти ќе оставам да покаже времето. Се гледа дека твојот цимер е срамежлив и затворен тип. Можете да разговарате за љубов, прашај го каков е неговиот вкус, нешто така одоколу, другарски. Во ист стан сте, имаш толку многу време да го запознаеш целосно каква личност е, да знаеш што сака и ти како да се однесуваш. Среќно!