Девојче мала си ти за него,сега сте на почеток,но после ќе очекува и други работи од тебе. Додека не си се заљубила,откажи се од него
Не си комплицирај уште од сега. 8 години не се многу кога ти би имала 22 а тој 30, а вака подобро седи си мирна. Ќе се заљубиш и ќе патиш. Имате сосема други размислувања и очекувања. И јас на твое место да сум не би реагирала на неговите барања, гледај дружи се и имај дечки приближно на твоја возраст.
Вака..јас со дечко ми сум разлика 8 години.Што значи јас сега имам 18,а тој 26.Не е никаков проблем. Јас имам посериозни размислувања и сфаќања,па затоа и сакам постари дечки од мене. Инаку ако сакаш да тргнеш со него,би требала да бидеш на се спремна. Знаеш како следат тие работи...односи и сл. Кој не сака да има помлада покрај него,нели? Само ти треба да знаеш дали си спремна кон таков чекор,а бидејки велиш дечкото бил голем ''фраер'' во превод веројатно женкар-не пробувај ништо би ти рекла.
Мислам дека треба да бегаш што подалеку од овој “фраер“... не ти треба некој ваков на твои години кој би можел само да те шета и да ти симнува ѕвезди додека да го добие тоа што го сака од тебе, а после да те фрли како искористена крпа... Не знам ете јас таков впечаток добив за типот според ова што ти го пиша тука... Најди си некој на приближно твоја возраст со кој имате слични интереси, мислам дека ќе ти биде подобро, иако годините некогаш не се пресудни за љубов... А ако веќе решиш да бидеш со овој 24годишниот, тогаш биди многу внимателна да не се каеш подоцна
Па и самата си му кажала дека си мала за него ... остави го со време т.е ич не почнувај ти си во тие години што тебе ти треба некој што е врсник со тебе па дури и 2-3 години поголем А тоа што бара од 16 годишно девојче ти е најлесен одговор ... таквите фраери обично се фраери додека не го добијат тоа што го сакаат и после тоа чао пријатно Мислам дека ти е јасно
Ее вака ми е потребно вашето мислење пред некое време во копмјутерот на мојот дечко т.е стар што не го користи моментално, и има се и сешто случајно го вклучив и дојдов до едно клипче што пред 2 години и го правел на неговата бивша се тоа во ред но, кога го пуштив исто како што ми направи на мене кога му раскинав. Сликите се различни и мала промена во текстот до некаде кога ке размислам со ладна глава в ред е тоа било тогаш му значела направил така, сега е друго можеби сакал пак да се потруди на ист начин но, сепак ме лути зошто сакам и мислев дека сум единствена и сум љубоморна,си велам епа неможе би сакала да слушнам што мислите вие за ова дали е нешто страшно или пак нешто нормално
Е значи од кожа ми иде да си излезам кога ќе налетам на некој ваков текст, каде сето е една реченица, ни интерпункциски знаци ни голема буква... ништо! Искрено да ти кажам девојче, еве сакам да ти помогнам, ама не сфатив што ти е проблемот, ништо не разбрав од напишаново, ај нека ме просветли некој.. си нашла нешто во стариот компјутер на дечко ти ( не знам, сегашен или бивш, тоа не го разбрав) и што си нашла и тоа не сфатив... не, бре, не разбрав ништо
Нашла видео од нејзиниот дечко кое и го правел пред нејзе на друга девојка ( негова бивша ) ... и истото вие и го правел и неа,... ако и јас добро разбрав
Имаше едно машко и се допишувавме ова она. Јас имам 16 год. тој 21. Тој многу си живее со една моја другарка и и рекол дека не сака да има ништо со мене затоа што сум била мала. Сигурно не мислел во години туку дека сум ниска пошто имаше излегувано со една колку мене. И мене тоа ми падна како навреда и сакам некако да му вратам. Btw: Некој совет нешто како да извишам ?
Многу ви фала девојки за советите, баш ми помогнаа но едноставно не знам некогаш ме фаќаат депресии дека ако гледа кога би имал можност и тоа би го направил но сепак фала ви многу ми помогнавте
прво не знаеш со сигурност дали е така тоа што го рекол,а второ, ако стварно мислел на ниска, немој да се вреѓаш, биди си тоа што си, ако некому му се допаѓаш, ќе те одбере таква каква што си, а тој бидејќи сака високо да лета, можеби утре со некоја друга многу ниско ќе падне.
Ах бре девојче,што се замараш што рекол он и дали рекол.Имај си самодоверба,секој е привлечен на свој начин,башка можеш високи штикли да си носиш Туку,,тебе толку ти се допаѓа дечкото па затоа те навредува неговото мислење?
Девојче,мислам дека погрешно си го сфатила коментарот. Тоа дека си мала се однесува на твоите години.Јас се сомневам дека е за висината. Инаку и сама спомена дека имал девојка со твоја висина,што значи дека тоа не му претставувало проблем.
како прво и основно ако некој те сака, му се допаѓаш те гледа со поинакви очи верувај. дечко ми е некој сантим понизок од мене ама за мене е највисок на цел свет се надевам ке ме сватиш што сакам да ти кажам. едноставно кога сакаш надворешниот изглед нема никаква улога во врската. и да, комуницирајте и подобро запознајте се затоа што изгледот и да не му се свиѓа баш баш, ако му се допадне карактерот ке биде луд по тебе, верувај
Абе ајде Еве ја ако сум ти за утеха сум 158-9 и имам излегувано или ми се додворувале и машки што имаат накај 2 метра , дури имам еден и точно два метра и апсолутно никогаш висината не ми претставувала проблем , знаеш како велат од главата си патиме Шала на страна знам како ти е сум имала како тинејџерка комплекси, ќе ти помине тоа кога тогаш , дечкото сигурно мислел на годините не на висината , она што треба да го има една девојка е самодовербата , сантиметрите се само бројка .