mi treba da mi odgovorite ve molammm da Znaci vaka samo sto go napraviv profilot na stranava i ke ve zamolam da mi dadete sovet znaci vaka edno momce imase kazano deka me saka na moite drugarki no jas ne veruvav i ne sakav da slusnam za nego dodeka toj postojano me pregrnuvase i sakase da sedi celo vreme so mene ili do mene vo zavisnost od slucajot i sega toj i rekol na edna od devojkive deka me saka i deka ne saka jas da znaam bidejki ne sum go sakala toj taka mislese i devojceto mi kaza no jas si molcev i i rekoa na devojkava nesto ja navredija i jas zastanav vo nezina odbrana i se mu iznarekov i devojkava go prasala dali seusta me saka i toj rekol da ali posle ona ke razmislam i potoa i rekol ke mi pisi mene a jas pocnav da go zasakuvam ali ne sakav da kazam zatoa sto mislev deka jas ke bidam ponizenata i on mi pisa koj go sakas i jas mu rekov tebe i toj mi rece i jas tebe i po nekolku dena mi rece deka ne me saka i sega sto da napravam za da me zasaka povtorno?! ve molam odgovorete mi
mi treba da mi odgovorite ve molammm da И сега ти треба да ги избришеш солзите,за да не приметат куклите дека плачеш за момче,зашо можат љубоморни да станат. А ако во случај да се приметиле,земи да учеш,мош ќе се смире тензијата,и пак ќе станете најдобри пријателки.
За љубов и сакање знаете се ама еден правопис во македонскиот јазик тешко ви е да го научите... Мој совет ти е седни смири глава и емоции, отвори го учебникот по македонски јазик поучи малце па после размислувај на тема љубав.
девојки ајде еден совет... дечко ми работи во друг град, и на работа оди со неговата кола и често зема луѓе кога ќе најди и така му се исплаќа, да не дава многу пари за нафта. Е сега проблемот е што научив дека 2-3 девојчиња кои лично ги познавам, одат со него скоро секој ден. Разговаравме, му реков дека сакам да ми кажува секогаш кога некоја од нив ќе оди со него но завршивме со расправија, карање. Се лутеше како тоа сум немала доверба во него, дека ми тоа ми сметало, дека сум имала такви идеи (сум мислесе дека нешто прави со некоја од нив). Лично ги познавам девојчињата, имаме онака само едно здраво, но неможам повеќе да издржам, љубомората ме убива..
Навистина нема причина да се лутиш. И јас сум студент, и патувам секој ден за на факултет со кола. Значи имам една колешка и 3 колеги, па и понекогаш јас одам со две машки и нема ништо страшно во тоа. Дечко ми никогаш не ми кажал ништо во врска со тоа, и не гледам причина зошто тоа би му пречело. Еве на пример ти утре кога ќе се вработиш, и можеби ќе имаш колеги на работа, дали на твојот маж треба тоа да му пречи и секој ден да се расправате за тоа? Можеби примерот со колегите оди во друга насока, ама сепак проблемот е горе- долу ист.
Штознам, кога јас би се нашла во оваа ситуација убаво би размислила. Едно се колеги и колешки, а друго се личности со кои си само на здраво да се возикаат секој ден во колата на дечко ти. Да не биде дека ти долевам бензин на огинот. Доколку дечко ти е личност која е склона на претеран флерт или не знам некогаш направил нешто со што ти ја разнишал довербата тогаш имаш право да се лутиш зашто твојата љубомора е оправдана. А и друга работа, тие девојчиња кои се, од каде се, се знаете ли, какви се, каде одат, зошто баш со дечко ти, имаат ли друг избор освен превозот со дечко ти, имаш ли причина за нив да мислиш дека имаат некои скриени намери итн. Ама доколку оваа твоја љубомора е навистина без причина тогаш јас би ти рекла да не си правиш проблеми за џабе. Не е толку трагично тоа. Убаво размисли.
Го дадов тој пример, бидејќи тоа што го напиша anu6kaa не ми изгледа нешто премногу алармантно. Не го опиша проблемот поопширно како што ја распраша ти. И заборавив ова да го допишам, дали ги знаеш лично или само здраво имате? Бидејќи не е исто- според мене ако ги знам лично ќе можам (до некаде) да ги оценам девојчињата, ама ако имам здраво, друга би била ситуацијата...
Јас со нив имам едно здраво. Од нашиот град се одат со него на факултет, а тој на работа. Имаат тие и автобус, но ете често одат со него. Немам забележано нешто повеќе да има, но сепак не ми се допаѓаат, често излегуваат со различни машки во иста вечер... Со дечко ми одиме 2 години и до сега не ми има дадено причина за да се сомневам во него, но сепак знаејќи ги девојчињата кај мене се јавува голема љубомора.
А колку време сте во врска? Ако сте во сериозна врска мислам дека нема потреба да бидеш љубоморна. Верувај малку во него, ако ти кажал дека тие ништо не му значат така е. Сепак само возење е, дали и муабет си прават. Не се замарај.
^ Ја не би била љубоморна на ситуацијата. на тоа не гледај од љубовен аспект,туку од економски. Тој го дели трошокот со нив,што значи дека му одговара. А ако те сака,никогаш не би помислил на нешто повеќе со нив.
Сложена ситуација, но сепак верувај му на дечко ти и не му давај повод за расправија, бидејќи најлесно може да подпадне под искушение ако вие не сте во добри односи. Ако те навистина сака нема да дозволи тоа што тие патуваат заедно да прејде во нешто друго, но ако не те сака и со автобус да патува и таму ќе се најде некоја женска и ќе фати шема со неа. Инаку кога подобро би размислила ако тој сака нешто или има со тие девојки не би се возел со нив, би ги избегнувал и на друг начин би се сретнувал со нив. Или пак тоа возење ќе го скрие од тебе, а вака штом ти знаеш мислам дека нема потреба да се сомневаш, денеска со нив ќе патува утре со некој друг, битно парите за бензин ќе му останат во џеб.
Да раскинам или сепак не?? Имам дечко 7 месеци,беше навистина прекрасен,внимателен,токму каков што посакував,ме запозна со некои од неговите роднини уште на почетокот на врската,се знаев со сите негови другари и цело лето бев со нив,излегував со него и неговото друштво.Потоа еден другар му рекол дека го изневерувам со негов другар( a не е вистина) и тој веднаш ми раскина без да знам зошто,подоцна дознав од неговите другари зошто ми раскинал,а во ист ден уште еден негов другар раскина со девојка му.После неколку недели тој ме побара и се смиривме исто беше прекрасно како на почетокот.Нон стоп ми кажуваше дека ме сакаа,беше внимателен,не верував дека има друга.(само ме нервираше тоа што некогаш не се слушавме дури по неколку дена,најчесто јас го барав да се видиме)но пред еден месец јас случајно видов една слика со него и една девојка во телефонот на другар му,и му се налутив малку, ми рече ке ти се јавам да разјасниме но него го немашее,и пак јас пишав и требаше да се видиме но ете се случи нешто и не се видовме.Беше сабота,бевме излезени и се смиривме пак,ми рече дека никогаш не би ме изневерил,таа му била само другарка и што ли уште не .Го нервираше тоа што јас се имам премногу со неговите другари,мислеше дека има нешто меѓу нас,реагираше чудно на моменти.. Сношти бевме на кафе јас една моја другарка и негови двајца другари(со нив се имав и пред да се запознаам со дечко ми).И еден од тие двајца ме свиѓа ептен долго време ама од кога сум со дечко ми тој не се ни надевал на мене, и тој беше со колата и ме однесе до дома,по патот ми кажа дека ќе ми каже нешто но мора да остане меѓу нас.Ми рече дека сликата со дечко ми и девојката што ја видов во негоиот тел не била и туку така,дечко ми бил трите вечери со неа на опен фест, во јули бил со една друга, еднаш кога бевме соберени тој дојде покасно како демек бил кај братучед му а всушност другар му ми кажа дека бил со неговата бивша.Ми кажа дека некогаш за инает не ми кревал кога сум му звонела, и уште многу многу ужасни работи.И додека бевме во колта тој му се јави( ама не му кажа дека сме заедно) го праша дали не ми кренал за инает кога јас сум му звонела и тој рече ДА Тоа го слушнав...И сега незнам несмеам да му кажам дека тоа ми кажал неговиот другар и сакам да му раскинам, ама без да му ја кажам причиата,но некако не ми се верува дека го направил тоа,го сакам и тоа премногу...размислувам дека можеби неговиот другар намерно ми го кажа тоа бидејки тој ме свиѓа ептен,како да постапам??
Да раскинам или сепак не?? Вашата врска е малце, шпанска сапуница.Очигледно има многу тајни, недоверба меѓу вас. 7 Месеци не се малце да се стекне доверба меѓу два пара. Но. очигледно,како да ти кажам...ти си на него уште една на неговата листа на девојки. Може другиов што те свиѓа, па ти ја кажува вистината, може затоа што му се свиѓаш, и не сака да те гледа повредена, со набиени рогови од зад грб.
Чекај погоден момент, при некоја ситна караница ти раскини му и така нема да мораш да му објаснуваш а искрено после се што ти прави позади грб неверувам дека премногу ќе го интересира зошто му раскинуваш/
Kako ? Незнам како да почнам, незнам како да ја споделам и опишам мојава болка. Знам дека некогаш помислуваме дека не е све да се заљубиш , и дека не е све во тоа , и дека можеш да живееш и продолжиш понатака и тоа како треба да уживаме во животот , и дека има време за љубов. Феминки мои , јас ова морам да го споделам со вас , се извинувам што речникот ми е малце слаб, и неможам баш нај нај да ги изразам моите чуства али сепак се надевам дека ке ме разберете и ке ми дадете совет . ЈАС ИМАМ 20 ГОД. И ЗНАМ ДЕКА ТРЕБА ДА РАЗМИСЛУВАМ ЗРЕЛО ЗА МОИТЕ ГОДИНИ, АЛИ АЈДЕ КОНЕЧНО ДА ПОЧНАМ. СЕ ЗАПОЗНАВМЕ ВО ЛОШИ ОКОЛНОСТИ ЈАС НЕ БЕВ БАШ НАЈДОБРА , МН СЕ ГЛУПИРАВ БЕВ ВО ЛОШО ДРУШТВО , НИКОГАШ НЕ СИ ЗАМИСЛИВ ДЕКА КЕ МИ СЕ ЗАСВИГЈА И ДЕКА ДО ВОЛКУ КЕ ГО ЗАСАКАМ . САКАВ ДА ПРОБАМ ДА СИ ИГРАМ СО НЕГО И ВО ИСТО ВРЕМЕ БЕВ СО НЕГО И ДРУГ ЗАТОА ШТО НЕ МИ БЕШЕ ГАЈЛЕ БАШ ЗА НИКОЈ , А И ОН ИСТОТО ГО ПРАВЕШЕ , ЕДНАШ МИ КАЗА ТИ МЕНЕ КЕ МЕ ЗАСАКАШ , ЈАС МУ СЕ ИЗНАСМЕАВ ... КАКО ШТО ПОМИНУВАШЕ ВРЕМЕ РЕШИВМЕ ДА ПРЕСТАНЕМЕ СО ГЛУПОСТИ И ДА БИДЕМЕ САМО ЈА И ОН .. БЕВМЕ 27 ЧАСА ЗАЕДНО НЕРАЗДЕЛЕНИ , ЈАС ТОЛКУ МНОГУ СЕ ЗАЛУБИВ ВО НЕГО , ШТО НЕМОЖАМ ДА СИ ПОМОГНАМ САМАТАСЕБЕСИ , 2 ГОДИНИ СМЕ ЗАЕДНО ЈАС ЗА ТИЕ 2 ГОДИНИ СО НЕГО ИСТРПИВ МНОГУ .. САМО МЕ ВРЕГА , МЕ БРКА , МЕ ОСТАВА КАДЕ КЕ СТИГНЕ , НИКОГАШ НЕ НАПРАВИЛ НИШТО БАШ НИШТО ЗА МЕНЕ , ГИ ЗАБОРАВИВ СИТЕ ДРУГАРКИ ЗА НЕГО , СВЕ ЗАБОРАВИВ , МИ ЗАБРАНИ ЗНАЧИ СВЕ , И СЕКОГАШ МЕ ВРЕГА ЗА ТОА ПОРАНО ШТО СУМ ГО ПРАВЕЛА ... НОНСТОП КАЗУВА КАКО ОН СИТЕ НЕГО ГО САКАЛЕ , КАКО НИКОЈ НЕСМЕЕ ДА МУ ЗГРЕШИ , КАКО БИЛ НАЈУБАВ , ЗНАЧИ ЗА НИШТО НЕ МУ Е ГАЈЛЕ , ШТО И ДА КАЖАМ ОН СЕКОГАСШ ИСПАГА ВО ПРАВО , А ЈАС КАКО ГЛУПАЧА НЕВИДЕНА , КАКО ДЕТИШТИ КУТАМ И НЕЗНАМ КАКО ДА СЕ ОДБРАНАМ ... ВО ИСТО ВРЕМЕ ГО САКАМ , И ВО ИСТО ВРЕМЕ САКАМ ДА МУ ВРАТАМ ЗА СВЕ .. НОНСТОП МИ ВИКА ТИ НИКОГАШ НЕМА ДА МИ БИДЕШ НИШТО , ТИ СИ К**** ИДИ СИ , И МН ДР РАБОТИ ... А ЈАС ... МЕНЕ МЕ УБИ ПСИХИЧКИ , МЕ ЗАРОБИ , ЗАРАДИ НЕГО СЕ СРАМАМ ДА ОБЛЕЧАМ КРАТКО ФУСТАНЧЕ ЗА ДА НЕ МИСЛАМ ДЕКА СУМ ТАКВА !!! СЕ ЧУСТВУВАМ КАО ДА СУМ ГЛУПАЧА КОЈА ШТО НИКОЈ НЕ ЈА САКА .. И МИСЛАМ ДЕКА СИТЕ МИСЛАТ ЗА МЕНЕ КАКО ШТО ОН МИСЛИ ЗА МЕНЕ ... ОН НОНСТОП КОГА КЕ СЕ СКАРАМЕ СЕКОГАС ГО УПОТРЕБУВА ИСТИОТ ЗБОР НИКОГАС НЕМА ДА МИ БИДЕШ НИШТО ... И КАКО ОН КЕ БИЛ СО НЕВИНА ДЕВОЈКА... А МЕНЕ ЈАС ДУШАТА МУ ЈА ДАДОВ И КОГА ВРНЕ И КОГА СВЕ НАЈЛОШО СЕ ДЕШАВАЛО СУМ СЕДЕЛА ПРЕД ВРАТА И СУМ ГО ЧЕКАЛА ПО 4 СААТИ ... НИКОГАШ НЕ МЕ ОДНЕЛ НИКАДЕ БАШ НИКАДЕ НИ НА КАФЕ НИ НА ПРОШЕТКА КАКО СЕКОЈ ПАР .. А ЈАС ПОСЛЕ СВЕ ТАКВО УШТЕ МН ОД ОВА ИМА ОВА НЕ Е НИШТО И ПАК , ГО САКАМ , НЕМОЖАМ ДА ГО ОСТАВАМ ..... НЕМОЖАМ .... КАКО ?
Kako ? Не дека не можеш и не знаеш како да го оставиш , туку не сакаш ! Сама си кажа дека си мазохиста во врскава , те вреѓа те понижува , ти трчаш по него ! Е само тоа не го сваќам ! Колку и да го сакам некого себе си се сакам повеќе ! Сите сме имале некој што ни значел ама кога веќе не идело расчисти и со време се ќе помине ! Па ќе го трпам да си се празни на мене како што му чини , тоа нема да го дочека , или си премногу наивна , или си премногу глупава (не го сваќај како навреда ) да го трпиш животново , животот е пред тебе , ако не е он друг ќе биде , не се затварај себе си во токсична врска ! Не го сакаш толку колку што ти е опсесија типов , како зависна да си од него ! Оставај го моментално , со време ќе запознаеш и другари и другарки нови , и ќе запознаеш некој што ќе знае да ти возврати на твојата љубов.
Kako ? Све си мислам дека никој нема да ме сака , и дека порано правев глупости не викам не како машко бев , али јас све мислам бидејки он ми направи тоа да го мислам , дека никој нема никад да ме сака и дека сум била **** ... Ја не сум ништо од тоа напротив али јас внатре ми е навлезено во душава бидејки имав повеке интимни врски , што он знаеше за тоа а тоа биле долги врски ... И он ми наби во глава дека тоа што сум го направила , го правеле само **** и јас сега сум само дома , и се плашам некој да ме погледне , и кога некој ке ми даде комплимент јас само ја наведнувам главата ... Фала ти што врати , и ми помогна барем малце Имаш право за ова што го напиша .. Ти посакувам све најубаво ...
Не знам од кај да почнам и не знам дали само ја вака се чуствувам. Значи у врска сум подолго време и некако се како да постана рутина. Некако е се онака монотоно, ја секоаш се трудев да биде интересно, цело време зборувам , правам смешки се глупирам, изненадувања,предлози... и се за само да биде интересно. Ама не сум секоаш така расположена. Ја ко нема да зборам дечко ми се ме прашува: што ти е, што ти е? па мора ли да ми биде нешто??? И Многу се нервирам - кога јас не зборувам, не зборува ни тој. Па де бре возрасни луѓе сме треба некоаш и муабет да направиме ама ако јас не го почнам нема ни тој. ШТО ДА ПРЕВЗЕМАМ...??? АМАН! Почнувам да се прашувам дали навистина си одговараме во тој поглед. А го сакам знам дека и тој ме сака мене ама де бе потруди се малце и ти па машко си!
Се гледам со колегата од факс. Значи се свигаме и двајцата, се знаеме веќе 1 месец и пред некое време се смуавме. Имам правено претходно муабет со него, дека ме гледа со други очи и дека сака ваљда нешо повише. Предходно ми напомена дека не сака да брза, т.е сака да помине некој период. Но, веќе помина време и јас сеуште не знам што да правам. На моменти се понаша као да сум му женска, а ја поима немам шо му се врти нему низ главата. Си мислам да прашам за да знам на што сум, оти овака не бива, крајно незгодно ми е кога незнам што и како да правам
Kokerce, во постот како што разбрав вие се гледате некое време,т.е помалку од еден месец.Дека нели пред еден месец сте се запознале. Сметам дека е рано да прашуваш на што сте.Остави ги работите да течат спонтано. А доколку ти си таа на кој и се брза ,во тој случај може на шега онака да прашаш каде тој во иднина ве гледа вас двајцата. Но никако немој да оставиш впечаток дека напнуваш за нешто.