Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602

    Ако ништо посебно не се случувало меѓу вас, во смисла да сте имале некои сериозни проблеми, и ако сето оваа е буквално како гром од ведро небо, не би сакала да звучам злобно, но ми мириса на некоја друга.
    Биди упорна и прави муабет со него да биде искрен и да ти каже се, дали има некој проблем или не, бидејќи ако има некој проблем да си го решите, но ако има нешто друго, само уште повеќе ќе се повредувате.
     
  2. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Јас мислам дека сте дошле до некоја фаза во врската кога мислите дека веќе се` сте поминале и дека веќе нема што да се очекува па и двајцата се однесувате некако летаргично и мрзеливо еден кон друг, без да сфатите дека врската оди надолу. Треба и двајцата да седнете и отворено да поразговарате за тоа што ве довело до тука и да се потрудите да ја разбиете таа монотонија која ве зафатила.
     
  3. lovebrazil

    lovebrazil Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    78
    Ехх, и мојата врска беше таква. Бегај девојко, и не се враќај. Не се мачи веќе.
     
  4. lovebrazil

    lovebrazil Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    78
    Ако е заради тоа "те сакам" на телефон, без потреба си се нервираш. Те сакам не се кажува, се докажува. Ако порано ти велел, а сега не, тоа не значи дека веќе не те сака, можеби чоекот сфатил дека навистина е детско, бидејќи навистина е детско. :) И после 4 години, верувај, нормално е да бидат односите изладени. Затоа потруди се да ги загрееш, барем мислам дека знаеш како :P Играј си малце вруче - хладно. :devil:
     
  5. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    Штом минатото му е поважно од тоа што сега ти си со него , остави го кај што му е местото -во минатото . Мислам дечко ти ако нон стоп ти зборува такви работи тој е искомплексиран и има проблеми со себе не со тебе . Ако мислиш дека си доволно силна сама да ставиш крај стави , ако не покрај оваа атмосфера може и тој да стави ... ама и да не стави ќе се врти во круг работава , ако он си тера по свое џабе и да поќути недела две до месец пак ке си почне ... според мене нели .. а ти најубаво си знаеш :)
     
  6. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.955
    Допаѓања:
    90.218
    Пол:
    Женски

    Прекини ја таквата врска додека е време , за жал имав и јас такво искуство и заради него изгубив многу самодоверба за кој што подоцна ми требаше многу време за да ја вратам назад и да продолжам со животот.Кога веќе и самата знаеш дека треба да се стави крај почни го првиот чекор ти верувај со него немаш иднина,тој нема да се смени и се што ќе интересира ќе биде само твоето минато.Верувам дека си девојка со убави размислувања така да не мачи се повеќе одалечи се додека е време.
     
  7. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    И јас би те советувала како другите Феминки пред мене, оваа врска нема иднина, без разлика колку се трудиш. Сите имаме некакво минато, без разлика дали се гордееме со него или не, и тоа не можеме да го промениме нели? Се` додека тој ти префрла за твоето минато, за претходните врски и се` што било пред него, вие нема да имате добра врска. Тој е заглавен назад и најверојатно не ја гледа иднината, затоа бегај подалеку од ваков човек, најди некој кој го прифаќа твоето минато токму такво какво што е, без да те осудува и кој ќе сака да гледа иднина со тебе.
     
  8. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.980
    Пол:
    Женски
    Ако може некој/а искрен, и искусен(сакам да кажам што имал/а долга врска) да ми пише порака, да прашам за еден совет, незнам како е најправилно да постапам.
     
  9. kripto

    kripto Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Ке ве молам за помош

    Со дечкото сум кратко заедно , пред некое време имавме една паника т.е. јас мислев дека сум бремена , но испадна дека не сум бевме на лекар он си подмири прегледот и се тоа , во меѓувреме додека зборевме со би било кад би било му изнакажав некои работи , незнам дали можеби се налути или не ама ме тешеше цело време . Од дента коа бевме на прегледот неколку дена веќе чудно се однесува кон мене , некако ладно . Го прашав што му е вика ништо , по гласот го приметив некако скиснат беше , од тогаш не се имаме видено , туку на тел ептен кратко муабетиме , ми вика дека има работа и сл само еднаш се јави сам од тогаш , се јас го барам , некако чудна ми е целата ситуација , зошто така се однесува према мене ? не знам што да мислам веќе
     
  10. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Можеби посакувал да си бремена.
    Сака да се скраси :?:
    Или пак преплашен е од ситуацијата,па затоа си му одбивна.
    Инсистирај упорно да разговарате на таа тема.
     
  11. kripto

    kripto Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    не сакаше , и двајцата се сложивме за абортус како и да е мн сме млади . Не сваќам што би му било одбивно кај мене , зошто ? Чуден ми е деновиве и тоа многу
     
  12. lovebrazil

    lovebrazil Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    78
    Според мене се исплашил да не си бремена. Или па можеби сакал да си бремена. Инсистирај да се видете и да разговарате. Прашај го што го мачи. Ако се плаши од бременост, кажи му дека ќе се заштитувате повеќе и се ке биди океј. Зошто нормално е машките да се плашат од тоа. Можеби си вика, ако не сега, сигурно некој од следните пати ќе остане бремена. Затоа објасни му дека не е така.
    А доколку пак тој сакал да си бремена, и тоа е лесно.
    И како што викаш си му изнакажал некои работи, анализирај си ги убаво работите кои си ги кажала. ;)
     
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јасмислам второво, дека е преплашен, па сега си седи настрана, што секако е детинесто и не е фер кон тебе.
    Разговарај отворено со него, друго нема..
     
  14. kripto

    kripto Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0

    пробувам ама по тел не се разговара , а да се видиме деновиве потешко не е тука по работа е , како да го прашам а искрено да ми каже не ни може долго по тел да збори , ме интересира и тоа многу што се смени, незнам ни јас сега како да се однесувам према него , да му вртам или да го чекам тој да се јави
     
  15. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    ^ Однесувај се како вообичаено,додека да ти се укаже прилика да разговарате лице в лице.
    Преку телефон секако дека ќе негира дека не му е ништо,дека си умислуваш работи.
    Барај прилика да се видете.
     
  16. kripto

    kripto Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    тоа ќе чекам да неам некој голем избор , само се чудам дали сам со себе е во збунка нешто , или за мене е збунет и сл , не можам да дешифрирам , а знам дека како шлог му дојде , затоа и прашувам како да се однесувам
     
  17. Rolina

    Rolina Нов член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Дечки сестра ми ми дозволи да го користам профилов за да го изјаснам мојот проблем кој трае веќе подолго време.
    Ми треба совет.
    Дечко ми воопшто не сака да ми се јавуе,ми ја кажа и причината. Мада јас мислам дека е нешо друго. Постојано си игра топло-ладно. Не му се јавував цел месец,за да видам дали ќе му текне на мене, и не ми се јави ич.
    Инаку ме изнервира зашо се понашаше ноншалантно кога му се јавив и му имав кажано дека тоа ми смета но тој не превзема нишо против тоа. Ми кажуваа дека животот му се одвивал исто како и додека комунициравме. Денеска му се јавив и долго разговаравме и звучеше прилично нормално. На крајот од разговорот бидејќи него му излегоа обврски некако се договоривме дека разговорот треба да се заврши очи во очи.
    Иначе одиме 2 години и 7 месеци и имаме по 20 години. Плус тоа јас студирам надвор од градот,тој не. Незнам дали е љубоморен бидејќи ми го покажуваше тоа на почетокот или се работи за нешо друго.
    Дали некоја имала некој сличен ваков проблем и кажете ми како да се справам со неговата топло-ладно техника.
     
  18. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Јас како прво не разбрав дали сте се виделе тој месец кога не сте се слушнале на телефон или не?
     
  19. Rolina

    Rolina Нов член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Не се видовме...
     
  20. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Е сега сум збунета, каква е таа врска, ниту сте се виделе, ниту слушнале еден месец... Би разбрала да не се видите една недела, па дури и подолго од еден месец, во случај еден од вас двајца да е во странство, ама вие се немате слушнато. Искрено да сум на твое место, и да не се слушнам повеќе од еден ден со дечко ми, ќе видам дека нешто не е во ред и автоматски ќе сметам дека немам дечко. Значи не велам дека секој ден треба да се слушаш со некого по неколку пати, ама нормално е барем да ти се јави што прави, како е...