Требало да мислеш како да ја задржеш,пред при секоја афектна состојба да и се дереш дека нејќеш да си со неа. Седи и чекај. Спојлер Се надевам дека нема ни да ти се јави
Леле ма, sadgirl21, не биди толку лоша, кога го прочитав она во спојлер вака те замислив Он топик - Ако веќе толку многу сакаш да ја вратиш, и ако си сигурен дека се уште ја сакаш, а и таа тебе (сепак сте поминале скоро три години заедно), најпрво остави ја некое време малку да се олади, нека се среди и таа нека размисли. Сите понекогаш кажуваме работи на нервоза кои не ги мислиме и за кои подоцна се каеме, но треба и да знаеш да се извиниш ако веќе гледаш дека тие твои зборови кои ги изговараш во афект неа ја повредуваат. А и кога веќе истото тоа, при кавга си го кажал повеќе пати, дека не сакаш веќе да си со неа, тоа таа токму така и го сфатила, дека не сакаш да си со неа. и нормално девојката се свртела и заминала. И јас би го направила тоа, искрено да ти кажам. И ако веќе решиш да ја бараш за да бидете повторно заедно, секогаш мисли пред да кажеш нешто! И имај го на ум ова: Жената знае да сака, да чека, да простува... Но знае да се сврти и да замине како никогаш да не сакала!
Единствено што ми преостанува е да чекам да не и звонам да не ја напнувам едноставно да ја оставам да олади.Помина една недела од тогаш и многу се каам но една нејзина другарка ми пиша дека вечерва ќе дошле со неа кај нас на маса па не знам како да реагирам кога ќе ја видам <3
Си претерал да знаеш, друг пат внимавај што зборуваш во нервоза. Вечерва штом ќе дојде на твојата маса сигурно не е без причина, верувам дека и таа сака да се смирите. Само мислам дека нема баш јасно тоа да ти го даде тоа до знаење, тоа ти се вика женска гордост и женски инает. Но среди да останете сами на маса и размисли убаво што ќе и кажеш. Најдобро да се зборови од срце кои ќе ти дојдат во моментот, биди искрен и нежен зборувај со љубов, едноставно стопи ја нема да остане рамнодушна верувај.
Браво Thallia за последното,убаво кажано! И не ме замислувај така- ,напротив,имам пријатна фаца,мислам Инаку иритираат сите машки кога се однесуваат кон девојката како коњ,па после како да ја врате.Едноставно ме нервираат такви машки. И дечкото спомна неколку пати и викал дека нејќе да е со неа кога е нервозен.Мислам каква причина е нервозата. За тоа така бурно изреагирав Ајде да не бидам лоша,стискам палци да ја врате назад,ама-да ја сака и почитува,и да не се нервира!
Благодарм за советите ве известувам најкасно утре или вечерва ...одвај чекам да ја видам.,sadgirl 21 ќе ја почитувам и сакам најмногу
Е тука се согласувам со sadgirl21, ако направиш следна грешка на нож ќе бидеш дочекан тука, биди сигурен!
Значи сношти не дојде и ми се јави ми рече дека има премногѕ гужва и дека не можеле да влеза до нашата маса и поверував бидејќи беше топ во кафичот но најважно е што се јави што кажа тоа ми дава надеж голема но сепак поубаво ќе беше да ја видам али тоа е то повеќе среќа следниот пат
Ќе размислиш логично , ако за тебе се нема време а со другари или не знам роднини има време да излезе да испие кафе значи намерно ти откажува и за лутење е , а ако дечкото навистина има работа и обврска па не стигнува ни со друштвото да се види и се е по работа логично е дека навистина нема време и треба да размислиш дали си спремна на врска со некој што е зафатен било со учење било со кариера , пошто има луѓе што максимално се посветуваат а тоа едноставно не може секој да го сфати .
Ако се знаете од малечки седни ја и директно почни ја темата , кажи дека немаш предрасуди дека она ти значи како личност и те интересираат нејзините проблеми и среќа . Дека би ти било драго ако побара совети или ако побараш да ти даде , само кажи и искрено што мислиш
Според мене мислам дека е премногу рано да бидете интимни,барем почекај уше месец-два ако толку ти се сака.
Чим ја познаваш од малечка,седнете и кажи и отворено дека тебе тоа не ти смета туку напротив,ке ти биде многу драго да продолжите да се дружите,да ти раскажува,отвара и доверува на тебе,безразлика што си женско,сигурно сте како сестри.
па не сме баш како сестри,бевме блиски другарки..сега неможам да кажам дека се уште сме,се оддалечивме.. јас излегувам со дечко ми.. таа со школските, со „девојка и “ или незнам што.. можеби мисли дека нема да ја разберам зашто не сум во таква ситуација како таа што е ... незнам.. а можеби и влијаело што кога таа ни го соопшти тоа на мене и на другара ни (со која сеуште сум блиска),таа изреагира со чудење,како да несакаше да ја сослуша ..
Па што сте биле блиски пријателки таа сигурно очекувала ти да ја сватиш, да ја утешиш и да знае дека нема да е сама. На некој начин побарала помош од тебе. Ако другата другарка живее во 18ти век немораш ни ти, најлесно е да и се јавиш и да и кажиш се што ти лежи на срце сигурно дека и неа ќе и биде мило, а и тебе ќе ти олесни. На крајот од денот не се битни разликите туку личноста која те прифатила каков што си и не си сам....
ама многу пати ја викав, и сама и заедно со другата другарка .. ама ретко кога се видуваме.. можеби 2-3 пати месечно .. порано се видувавме барем секој викенд се договараме да одиме на кафе,таа се не може,има обврски .. се чувствувам како да ја молам
Епа тогаш, и јас имам такво лично искуство со другарка која имаше проблеми со машки,мислам турбулентен живот со машки, и јас секогаш бев покрај неа, во еден случај не се согласував со тоа што го прави но во другиот бев покрај неа и на крај заради недоразбирање се одалечи од мене и влезе во големи проблеми и повторно кај мене...потоа пак не бев доволно луда за да ја одам со неа и пак се одалечи, па јас ја викав, и се јавував да ја тешам но почуствував како да ја молам. Ако на некој му требаш знае каде си иако ни се различни приказните овај пат те советувам да постапиш како јас.
Вечерва треба да се видиме и да одлучиме како да биде понатаму. Кажете што да направам за да ја придобијам повторно како да се однесувам дали да ја потсетувам на се што имаме поминато заедно илу едноставно да не ја напнувам да ја оставам сама да одлучи .