ништо, ќе чекаш, сака малце да се одмори... штом помине нг, побарај ја, можеби па таа до тогаш ќе те побара
Ме интересира една работа.Каква е таа врска кога девојката го моли дечкото да се видат,а тој неќе,измислува глупави изговори само за да не се видат?!
Тоа е врска безврска Не мириса на добро таквото молење,невидување.. Можеби дечкото има некој проблем,па не може да ја каже вистината,и како резултат на тоа се служе со такви изговори,или пак едноставно смета дека со избегнување на девојката,таа ќе разбере дека тој можеби сака крај.. Дискутабилно е,само ако го праша,ќе знае
Звони и после неколку дена, прашај ја како е, што прави, направи и некој краток, лесен, најдругарки муабет . Ем ќе биде тоа убав, културен гест, ем ќе можеш да процениш како ќе реагира на тебе ( дали ќе се израдува што си ја побарал, дали ќе биде резервирана, ладна...) Со среќа, ти стискам палци заедно да славите Нова Година
Тоа на се` личи само на врска не личи... Очигледно дечкото нема храброст да каже што мисли па се крие зад тие глупави изговори... Ех, сите мажи па и тој!
Најпаметно да престане да го моли , напротив да биде малку незаинтересирана и зафатена за него. Секогаш кога дечкото или девојката врши притисок , оној другиот губи интерес па измислува разни изговори . Во секоја врска мислам дека слободата и спонтаноста е многу важна. Со молење нема да се постигне ништо , напротив брзо ке здосади.
Па тука уствaри не ни има врска. Едноставно човекот не сака директно да ја откачи, па за тоа смислува изговори, на поблаг начин, сигурно се надева нејзе да и текне Но, ако се работи за некои што подолго време се во врска, може да биде и ситуација каде партнерот не сака да ја види, бидејќи се соочува со некаков проблем или си има друга.
дечко ми кога е нервозен илии не му бил денот како треба стално ме игнорира, ко ке го прашам што ти е? пак е ладен ми вика ајде оди спии,учи,јади,гледај нешто и се само за да не ми каже ништо. и така завршуваме. зошто не сака да разговара со мене кога му е нешто??? па мене ми е мака а и ме нервира така ко ке ми каже оди спии,гледај си ја твојата работа и ја после ке скапам од мислење што му е... мислења?
Мораш да му ставиш до знаење дека тоа многу ти пречи, а верувај на секој би му пречело. Нека проба малку да се стави на твое место. Како би му било него ти да си нерасположена и да не му кажуваш зошто? Тоа е тешко за некој што те сака. Ако му немаш кажано кажи му, а ако му имаш тогаш биди упорна и ако треба лути му се секогаш кога ќе го направи тоа и ќе видиш како прв ќе ти се јави да се правда. Или пак, направи го некогаш истото и види ја неговата реакција, а бидејќи веројатно ќе биде лоша, после тоа ќе го искористиш како добар аргумент за да разбере колку и зошто ти пречи неговото однесување. Тоа мислам дека е до карактерот, сите сме различни, можеби е позатворен тип и се што доживува го доживува во себе, меѓутоа тоа не е во ред. Се може да се промени и подобри со разговор, молчењето само ги зголемува проблемите.
Ќе ве молам за мислење и совет Вака..си пишувам со еден дечко на фб (да напоменам дека го знам и во живо, во друштво го запознав и се имаме вака сите заеднички видено неколку пати, битно не е некој рандом колку да знаете) и се шмекаме...тоест ја го шмекам, али мислам и тој бар вака според муабетот и ме викна еднаш да искочиме али јас не можев тогаш не е битно му објаснав...не ми е проблем ќе го наканам јас пак да ме праша, него проблемов ми е...што правите вие на "кафе" со дечко? Што се прави тоест? Озбилно прашувам. Ќе речете ништо, седиш збориш и се запознавате подобро... јас стварно незнам така...секогаш најдобро функционирам во друштво кога сум, па и ако симпатија имам таму супер, пошто сите сме као заедно, и фокусот не е насочен на нас двајца само туку си имаш вака простор и слобода..и тогаш сум супер со однесување и со флерт и со се...немам гајле..али вака? Имате ли некоја идеја која активност би можеле да ја правиме зааедно, а да не е аwkward или досадно или глупо? Еве денес ми текна, можеби на водно да идеме на пијачка наместо стандард во град...или незнам...стварно незнам..изгледа само јас сум ваква... Ве молам за помош
Воопшто не ми се допаѓа такво однесување од луѓе, посебно не од некој кој го чувствуваш близок... Еве вие сте во врска (не знам додуша колку време сте заедно), можеби сте на почеток на врска па ете тој се` уште не стекнал целосна доверба во тебе па можеби затоа не сака да ги споделува со тебе секојдневните грижи и проблеми. Но ако сте заедно подолго време, вакво однесување мислам дека воопшто не е во ред, барем јас не би можела да толерирам.. ако сте во врска и сте блиски, тогаш што е тешко да се сподели проблемот и да се разговара околу тоа? А освен тоа, ти се оптеретуваш и мислиш што му е и како му е, едноставно се измачуваш себе си, обидувајќи се да сфатиш што него го мачи. Кажи му дека ти пречи тоа и дека сметаш оти не е во ред, но ако сте на почеток на врска, почекај некое време и дај му до знаење дека може да ти верува, дека може да најде поткрепа во тебе за било што... можеби е таков карактер па му треба повеќе време да се отвори со луѓе...
Нема никаква активност од одма, чекај малце. Шала на страна, јас мислам да почнеш со кафенце, а не со прошетки и слично бидејќи лесно може да те сфати дека сакаш одма нешто да се случи, а мислам дека нема потреба. Прво испијте едно кафе, биди си опуштена прави си муабет исто како со другарка да си излегла на кафе и без да приметиш тремата ќе исчезне и ти ќе уживаш во муабетот. Остави ги спонтано работите да си течат, можеби иако ти се допаѓа нема да осетиш хемија, а можеби нема да ти годи разговорот со него што е многу важен фактор за некој повеќе да ти се допадне или целосно да те одбие. За миг заборави дека ти се допаѓа за да не ти се заврзе јазикот, па да оставиш впечаток дека си незаинтересирана. Ова од искуство ти кажувам, мојот прв состанок со дечко ми морам да го оправам со бакнеж за да не помисли дека ми било досадно, бидејќи бев премногу тивка. Не се стегај и ќе биде се во ред. Гуд лак.
Здраво, Епа вака Имам дечко и сме во сериозна врска веќе 2 години. Нонстоп сме заедно и многу сме блиски ама малце ми има станато досадно а и не ми обрнува веќе внимание како на почетокот. Бев разочарана некое време и тогаш се зближив со еден другар. Многу ни идеше муабетот излагавме дури неколку пати и сами (чисто другарски беше ) ) и така поминаа едно 2-3 месеци. Проблемот почна кога другарките почнаа да ми викаат дека му се свиѓам и дека премногу е приметливо кога сме излезени во друштво. Ги послушав и разговарав со него и ми призна дека му се допаѓам но ми кажа дека затоа што имам дечко односот му е чисто другарски. Работата се искомплицира кога после месец дена ми кажа дека ме сака и ова сериозно ме замисли... Бевме излезени да разговараме за тоа и проба да ме баци но јас го одбив и му кажав дека го сметам само за другар (незнам дали го мислев тоа, го кажав затоа што мислев дека тоа е правилното). После разговоров односот не ни е веќе како порано, најверојатно ми се налути па дури и ме избриша од facebook. Од тогаш е поминато повеќе од пола година но пред некое време почнавме да се среќаваме случајно. Се поздравува со сите други но со мене не, и воопшто не ми се ни обраќа. Не ме погледнува во очи и ме избегнува. Многу ми е криво што ме избегнува и во последно време почнав премногу да мислам на него и почнав да размислувам дали згрешив... =/ Многу сум збунета и незнам веќе ни дали сакам да бидам во врска... Никогаш не сум била во ваква ситуација можеби некој поискусен да каже некој совет? )
Хм Ако веќе мислиш дека не го сакаш дечко ти и врската ви е монотона и ви станало навика,нема потреба повеќе да сте заедно.А ако го сакаш пробај некако да ја живнете таа врска бидејќи во секоја подолга врска се јавуваат такви моменти ама со малку експериментирање можат да се пребродат!Што се однесува до другарот,глупаво од негова страна што реагирал така.Ако стварно сте биле другари,откако слѕшнал дека не сакаш ништо со него,ако сакал да се одалечи од тебе зошто му е можеби тешко,требало да го стори тоа ама не на тој начин.Требало и понатаму фа остане во коректни односи со теб,а не како никогаш и да не те познавал.Можеби тоа што си помислила дека ти се допаѓа е резултат на тоа што си сакала некоја промена во љубовниот живот.Ако немаш чувства кон никога,барај некој друг.
Јас ќе ти дадам спротивно мислење од другите тука. Пушти го човекот на мир, кога е нервозен, што и да му речеш, ке се скарате. Едноставно не сака со тебе да се расправа кога е лут на друг, а некои луѓе побрзо си ги мунуваат тешките денови сами. Подобро е што ти вика да го оставиш са, отколку да се наврака на некој муабет со колега, некоја нервоза, и додека ти кажува уште повеќе ке се изнервира. Затоа, кога ке сакаш да знаеш што му е, ке го оставиш да се одмори и сталожи, напрај нешто за јадење, седни со него и сврти убав муабет, а не да напнуеш што ти е. По некое време сам ке ти каже. Смири си ја љуботпирноста неколку саати и не му притискај. АКо човекот надвор има проблеми, не му прави и дома проблем од тоа. Жените сакаат да раскажуваат колку се тажни, нервозни, несреќни, како биле обесправени, колку им е тешко...мажите поинаку преболуваат тешки денови.
^ Се согласувам со Cka. Едноставно некои луѓе не можаат,или не сакаат да зборуваат за некој проблем.Радо би останале сами и би размислувале(знам по мене,во таков момент сите ме нервираат,на сите се дерам). За тоа не го напнувај,кога е нервозен не 'тупи' и не го заморувај со прашањето 'Што ти е'?,кога ќе се смири,тој самиот ќе посака да разговара околу во тоа. Во спротивно само повеќе ќе се нервира,па можеби и агресивен ќе стане во некој таков момент.
Ова ти е како пример земен од книгата Мажите се од Марс, жените од Венера Ти препорачувам да ја прочиташ, ќе ти поногне да го разбереш дечко ти и како да се справиш со тоа. Едноставно е, повеќето мажи кога нешто не им е по кеиф се затвараат, не сакаат да зборуваат за тоа, едноставно чекаат да помине време и после се фокусираат на решавање на проблемот. А ние жените па сме обратно, кога имаме проблем, сакаме да го анализираме и да зборуваме за тоа. И јас ќе те посоветувам како Cka и sadgirl21. Остави го, нека му помине тоа што го мачи. Ти олесни му ја работата со тоа што нема да го гњавиш со прашања, што ти е, зошто ти е, како можам да ти помогнам. Ако сака да комуницира ќе ти каже. Направи му за јадење, направи му кафе-чај, заврши си ги твоите обврски, седни си, одамрај и чекај да му помине. Верувај дека кога ќе види дека не го замараш ќе ти биде благодарен, ќе види дека го разбираш она што му треба и дека го почитуваш неговиот начин на справуање со проблеми и тоа ќе ви ја подобри врската
Hello zenski nova sum na sajtov i sakav da ve zamolam malce da mi pomognete.. Decko mi vo posledno vreme nekako kako da e laden sprema mene.Koga e nervozen kako jas da sum mu kriva za toa sto e on nervozen...Neznam sto da praam me nervira toa negovo ponashanje ..Porano nemashe den a da ne si kazeme kolku si se sakame i si se ligavevme taka malce :3 aa denes koga kje mu spomnam za ova on postojano mi vika ljubovta ne se iskazuva preku ligavenje.. Me stava u teska misla..I koga kje go prasham dali me saka stalno mi vika ee ne majka ti ja sakam ili pak..bi bil li so tebe ako ne te sakam.. Ve molam za mal sovet,fala odnapred <3
разговарај со него, прашај го зошто така се понаша... можеби го мачи нешто, некои проблеми со домашните или школо, или пак исчезнала љубовта, пробај да бидеш помила со него, не го напнувај ако не сака да ти каже што е работата, доколку имате секс спремај му некои изненадувања, покажи му дека го сакаш, можеби ќе се смени, доколку не се смени, според мене тогаш љубовта исчезнала...