Јас мислам дека треба да оладиш малку ти да не го прашуваш на секое ме сакаш те сакам . Остави ги работите онака како што се и од страна посматрај гледај и простудирај го дечко ти како се однесува одреден период. Ако и понатаму продолжи така да се однесува тогаш дефинитивно ИМА нешто и до него можеби е. И тогаш со УБАВО ќе си го седнеш и ќе си направите муабет. Може ова му е период зависно од тоа колку време сте во врска. Може на почеток интересно ви било, но сега изгледа не е како што било на почеток. Дај си време јас ќе ти речам. А ако има некој друг совет да ти даде нека пише повеќе совети нема да ти бидат на одмет. Поздрав !
По мое мислење има два одговора за твојов проблем. Првиот е (недај боже) не го цени многу многу твоето мислење па си вика " што ме замара сега оваа нема шанса да ми помогне , само ке се нервирам потсетувајки се на проблемот". Не дека не те сака , ама смета дека нема да можеш да му помогнеш . Мислам дека не е добро во една врска ако едниот не го цени мислењето на другиот. Вториот одговор е дега едноставно кога е нерасположен или нервозен едноставно сака да биде сам и не е расположен многу многу да разговара околу проблемот. Во вториов случај нема потреба од лутење или нервоза , едноставно човекот не е расположен и крај.Кога ке помине извесно врме во поопуштена атмосвера ке ти го каже и својот проблем.
zdravo nova sum na forumov,ama stvarno mi treba pomos imislenje od vas,sekako ako moze Epa vaka....so deckomi sega za 4 dena ke pravime godina,no sme vo golema karanica.Ima eden od moeto skolo sto se zamesa.Se pocna vaka....sedevme vo skolskiot dvor na golem odmor site sobrani(megju koj bese i on) taka nekolku dena po red doagase sedese so nas.Eden den poslem casovi si trgnav sama peski nakaj podalecnata avtobuska zosto imav vreme dodeka i dojde avtobusot.Me videl deka sum sama,i dojde po mene zaedno trgnavme nakaj avtobuska).Celo vreme zborevme za deckomi,i on za zenskamu,kako ni e vo vrskata i takvi raboti.Mi rece da sedneeme vo edno park koe bese nedaleku od avtobuskata zasto seuste imase vreme...mu kazuvav za deckomi kolku sum srekna so sum so nego,kolku mi e biten vo zivotot,deka nekam da go izneverm i red drugi raboti....i naednasse se stisi koga prestnav da mu kazuvam..mi se priblizi i naednas me bakna se trgnav vednas,i si otidov mu rekov nemozam da mu go napravam toa(ne ni znaev deka ima takva namera da go napravi toa),a pred toa mi imase zemeno broj neso kako ajde na kafe ke ideme nekoj den..i deka deckomi ne e od tuka od drug grad e kogadojde migo najde brojot od ovoj od skolo i pocnavme da se karame,pocna da se somneva deka imam nesto so nego....i eve i den denes pomina mesec ipol seuste se karame za toa,bara da mu dokazam deka se nemam muvano so toj odd skolo....mu kazav se sokako bese ama ne mi veruva,i so nego zborese no toj negira deka me bacil....kako damu dokazam deka nemam nisto so toj od skolo deka se nemam muvano,mi rece ako ne mu dokazam dodeka ne napravime godina ke raskineme pomos kazete so da pravam sega e celo vreme laden so mene,i elo vreme mi vika deka nekam da mu dokazam i deka ne se zamaram,dekane go sakam vekje,kako da se oddalecuva od mene....uste potesko mi e taka,celoveme cika cekam da mi dokazes ke prestane ova,ke te amcam dur ne ti dojde pamet....mn mi e tesko nekam da go izgubam,godina dena odime i mn mi znaci,mnogu sum privrzana za nego,nema da podnesam da go izgubam,.. pozz i fala odnaprev <3 p.s. ako ima vakva tema premestete go postov tamu nemozev da se snajdam ...
мис ју ако тој ти земал број да се видите или некој ден да одите на кафе-или те лажел дека има девојка или не им оди во врската врските на далечиња тешко опстојуваат-друг град или држава а момчето немал право да ти проверува по твои работи требал да верува во тебе и тоа е знак на недоверба
izgubi uste poveke doverba,koga edna so mi se pravese drugarka mu pisala deka ke sum se frlala od prozor,pred kola,deka sum i rekla deka toj odskolo mu kazal na deckomi deka sme se muvale(se izmislila nz so saaka da postigne so toa ) sto da pravam,nekam da go izggubam
Си требала буквално да го избегнуваш, уште кога ти се приближил требало да се тргнеш, незнам како си можела да дозволиш да те бакне. Ама ајде било па поминало. Тешко е кога во врската нема доверба, па плус е и на далечина. Пробај да разговараш со тој од училиште и снимај го разговорот на мобилен, па потоа покажи му го на дечко ти.
zborese so toj od skolo no toj negira celo vreme deka go napravil toa,i uste "drugarkami" dostavi maslo na site problemi @@@@@ so nejzinite izmislici
Во тешки глупости си, и навистина секоја наивна би подпаднала исто како што си и ти подпаднала на лагите како ајде да не си сама, другарски и се тоаа.. Нема начин да му докажеш на дечко ти, кажи му ја вистина од а до ж се како е било и кажи му дека ако те сака и сака да продолжите ќе мора да ти верува а со тек на времето ќе се увери дека вистината си ја зборувала. А вака нема начин доказ да му најдеш, единствено ако се обидеш со тој другиот, да зборуваш за тој ден и да го снимаш на телефон и тој уз муабет да си каже некој детал како е било тој ден. Можеби е смешно но само тоа ми текнува.
Ако по една год. врска тој бара да му докажуваш нешто,во тој случај би требало да се запрашаш што бараш ти во таква врска со недоверлива личност? Ако до сега не стекнал доверба во тебе,кога ќе стекне? Сега не ти верува за таква баналност,а утре за клучна работа од огромно значење шо ќе биде? Сметам дека треба да престанеш да се замараш и да му докажуваш нешто. Или ти верува или не,просто е.
Ни ти не требало да дозволиш да има прилика да те бакне, таквите ситуации можеш да ги осетиш непосредно пред да се случат. Според ова што го кажуваш, ти си сакала но не си можела да му го направиш тоа на дечко ти, т.е. си се плашела од својата совест. А дечко ти ти греши што се однесува така со тебе, јас сум имала во клас ситуации со машки што ми се пуштале, па сме имале кавги со дечко ми да не се дружам со нив, но никогаш не би се посомневал дека би направила нешто.
Искрено една голема глупост е во прашање . Ке те мачел дури не му докажеш , што сака да се фрлиш од 5 спрат во име на вашата љубов , да се пријавиш на Све за љубав и да му приредиш чин на извинување , да го молиш додека му одговара ? Мислам најсериозно немој да мислиш дека се обидувам да се потсмевам на целата ситуација ,само ми е криво кога девојките од што се заљубени во себе си ја бараат вината и кога не постои . Сега не знам зошто сте се договарале со тој на кафе да идете ако не сте биле нешто блиски и мене би ми било чудно од еднаш да најдам број на некоја си кај дечко ми . Сега ако сама одма штом се случило тоа одма штом пробал да те бакне си му кажала , сметам дека нема потреба и начин да се докажуваш , а ако си чекала да го види бројот па он да го да сака да го распрашува него па ти тогаш да си признала тоа е друго, тука се ствара сомнеж . Ако е како првата ситуација , нема што да си играте играчки и детски да се понашате , ако сака нека верува ако не олади малку знам дека е тешко , ама скоро секогаш има резултат , објасни дека сериозна врска со детски глупости не планираш да ја оптоваруваш и мислам дека имаш право да се чувствуваш и навредена бидејки по година врска тој бара докази и намерно те мачел . Сега донекаде и дечкото го разбирам кога ги слушнал сите тие измислици дека го јаде сомнеж , ама едноставно ако не може да помине преку тоа ако мисли дека повредни се тие нека стави крај , ако не нека одбере да ти верува на тебе , што ќе се мачите и двајцата за џабе вака на нигде , кога не знаеш ни на што си ни што да правиш .
Ајде женски совет кажете ми за овој мој проблем..Мислам дека секој момент ќе експлодирам се се случува така наеднаш што стварно незнам што да правам..Од претходно до некаде ја имам раскажано мојата приказна но еве ќе го направам тоа од почеток во скратени црти.. Епа вакааа има едно момче што учи со сестра ми, таа едно време го свиѓаше но тоа беше само онака пролазна фаза..Јас момчето го знам од порано бидејки учеше во истото училиште каде што учам јас и бевме иста смена..Повеќе пати го имав видено како стои така сам и само се запрашував како е можно олку убаво машко да стои само..Но тоа беше кога бев 5то одделение, а сега сум 8мо..Сега ќе полнам 14 години..И потоа разбрав дека едно девојче од мојот клас било во врска со момчето веќе 1 месец..Но, мене тоа воопшто не ме засегаше.. Сите знаевме дека тие се имаат смувано иако мене ми беше малце чудно..сепак тогаш бевме само 5то одделение Таа беше единствената во класот што се смува во 5то.. Али тогаш мене тоа како што веќе ви кажав, не ме интересираше..Но летото толку многу се здружив со тоа девојче..Што ми стана најдобра другарка..И еднаш кога ја прашав колку пати се има смувано она ми рече 3 пати и ми кажа и со кого..Но ова момче не го спомна..И јас и кажав дека другите не велат така..Но и реков сепак ти си ми најдобра другарка нормално дека тебе ќе ти верувам..Тоа беше летото..У Септември кога започна школската година јас прв пат се смував со едно момче кое беше една година поголемо од мене и веќе подолго време го свиѓав а отпосле дознав дека и он ме свиѓа..Али сосема забегав од темата бидејќи по еден месец се случи нешто што јас во животот не очекував никогаш да ми се случи.. Една вечер кога се враќав од кај едно девојче ми се јави една другарка и ми рече да појдам кај игралиштето каде што најчесто излегуваме..И ајде јас заминав таму..Она ме чекаше со повеќе машки меѓу кои беше и ова момчево што го свиѓав (Што учи со сестра ми)..Се поздравив и седнав..Потоа другарката и машките заминаа и мене ме оставија сама со момчево..Бидејќи повеќе машки спомнав за да не ве бунам ова момче што учи со сестра ми ќе го викам Стојче хахах (иако не се вика така).. Не оставија сами да ја чекаме Мими (и таа не се вика така хахах само колку да не ве бунам) односно најдобрата другарка која беше со него во 5то..Незнаевме каде да одиме па седнавме во паркот каде што немаше никој..На почетокот бевме оддалечени при седењето но потоа он се сврти на кај мене и дојде целосно до мене и раката ја стави на клупата и бевме свртени глава кон глава.. И он само што ми се приближи за да ме смува дојде и Мими..И таа како некоја лудача викна на цел глас "Што правите вие" И јас викам онака ладнокрвно ништо..И он ја кладе раката на клупата и јас легнав на неговото рамо (пред неа) и таа почна одма да кажува леле што е ова сега и ред други глупости.. И таа замина до продавница а он ме прегрна како што му стоеше раката.. И таа кога дојде седевме уште 10 минути и си заминавме.. И наредниот ден излеговме јас Мими, уште едно девојче и Стојче.. Стојче ме гушна и воопшто не ме пушти..Мими и другово девојче седнаа на друга глупа и не сликаа додека тој упорно ме гушкаше..Јас пробував да се тргнам но тој не дозволуваше..И потоа тука помина момчето со кое што се смував..А Стојче упорно ме гушкаше.. И едно време веќе главата му беше свртена на кај мене што му го слушав дишењето..Ми ја држеше раката и јас се свртив.. Тој колку повеќе што ми се доближуваше јас толку одев поназад.. Мислев дека секој момент ќе ме смува.. Но му заѕвона телефонот и го викнаа до дома..Тој рече дека ќе се врати само да земи нешто..И баш тогаш дојде и бившиот мувач и неколку други деца и јас седнав со нив..Стојче се врати и ме викна да седнеме таму каде што седевме но јас му реков не сакам овде ќе седам..Истата таа вечер Мими и другово девојче го прашале дали тој ме свиѓа и он рекол да..И го прашале дали тој почнал да ме засакува и тој рекол да.. Но бидејѓи избегав јас него ликот одма му се смени и си замина повторно дома.. И наредниот ден повторно излеговме со Стојче, Мими и другото девојче и тие повторно не оставаа мене и Стојче заедно на една клупа..Тој упорно ми се доближуваше а јас упорно бегав.. И таа вечер дознав дека тој правел нешто зад грбот на Мими..И јас воопшто не размислив и почнав него да му викам пред мими и целосно го понижив пред неа.. Што е нај трагично тој цело време молчеше а јас упорно му викав се и сешто.. Тој така натажен си замина дома и наредниот ден тој се однесуваше како да не ги слушнал тие глупави зборови од мене а јас бев таа што држев лутина.. И мими и девојчето повторно го прашале дали тој ме сака и тој рекол да..Но по неколку дена тие повторно го прашале и он рекол после тоа што ми го изнарече таа ќе размислам дали ќе продолжам да ја сакам.. И ете еден период тој олади а мене ми беше сеедно од самиот почеток дали тој ме сака или не ме сака.. По еден месец почнав да го засакувам и тоа и го кажав на Мими.. Таа ми предложи да го праша дали тој ме сака но јас и реков да не се меша..Но ете јас, го засакав и почнав да се однесувам фино како што се однесував на почетокот со него..И Мими го прашала дали ме сака и тој рекол да но не сакам да и признаам оти знам дека таа не ме сака.. Таа мене ми кажа и потоа тој повторно почна да се однесува со мене како на почетокот во смисла да ми се додворува итн..Но тоа кога ќе бевме сами кога ќе бевме со Мими незнам дали мене ми се здогледуваше така но како нејзе да и се додворуваше И јас и реков дека мислам дека неа ја сака и дека преку мене пробува да и се доближи неа.. И таа ми рече дека во одкако се скарале во 5то до летото тој и имал кажувано дека ме сака и дека престанал тоа да и го вели кога се запозна со мене.. И дека тогаш мене ме засакал.. Но ајде приметливо беше дека мене ме сака и поверував во тоа..Мими му рекла да ми признае дека ме сака и ајде..И тој ме прашуваше кого го сакам и јас му признав дека го сакам..Тој ми рече и јас те сакам.. По 5 дена мене ми делуваше како тој да не ме сака и го прашав му викам ти мене ме сакаш?! И ме викна потоа насамо и ми рече дека ме сака како другарка а јас тогаш го сакав премногу..По една недела бевме излезени ја чекавме Мими и тој ме смува..Потоа во паркот каде што ја чекавме повторно ме смува..По неколку дена го прашав дали тоа имаше значење и тој најпрвин се правеше дека не ме сваќа што го прашувам и му реков знам дека сваќаш само не сакаш да одговориш и тој ми вика добро и ме бакна и си замина дома.. И Мими ми вика колку ми е драго што се фативте..И добро тоа..По една недела тој не знаеше дека јас сум кај Мими и и вика те сакам дали сакаш да се смуваме и јас буквално ваква ..И таа ме прашува што да прави ЈАС МИСЛЕВ ДЕКА ЌЕ ЈА АКНАМ СО НЕШТО ПО ГЛАВА ОД ТОЛКУ ШТО МЕ НАНЕРВИРА И ТАА МУ РЕЧЕ НЕЗНАМ..кога ја праша дали сака да се смуваат И таа мене не ми кажа но ете имав некое предчувство дека таа тоа го има направено..И да..Вистина било..Се смувале и се фатиле..И сега се во врска и таа упорно пробува да ме испровоцира кога ќе се отвори темата за него..Ми покажува како на фб тој и вика те сакам најсакана моја итн.. А јас сеуште го сакам..И со него правевме муабет и јас му кажав се како што е..Дека тие ми кажуваа дека тој ме сака дека јас во тоа не верував и дека се уверив бидејќи приметливо беше..И тој ми рече дека тогаш додека тие мене ми кажувале дека тој ме сака (а јас не го сакав) тие всушност него му викале дека јас го сакам..И потоа дојдоа другите и рековме дека ќе ми кажи друг пат и кога му реков да се доискажи ми вика остави нема врска и сега тој како да е љубоморен ми вика што слушам си се фатила со Х?! Јас му викам што ти е на тебе и ми вика знам јас.. Има такви испади на љубомора (барем мене така ми наликуваат) што глупаво ми е..И еднаш му реков и да сум јас со него (а не сум) што се интересираш со мене?! Гледај си ја мими..А сега он на сестра ми и кажал дека сме се смувале јас и тој..А јас неа и кажав дека тој се има смувано со мими и кога таа го прашала тој рекол мене ниедна од нив не ми е ништо..Само мувачки и ништо повеќе..Ова го дознав денеска..Вчера се испокарав со него тотално а мими ми се фали за тоа колку многу се сакаат..(А таа не го сака) туку ова го прави само за да ме направи мене љубоморна.. Но јас не покажувам нервоза пред неа иако во мене вријам ..И сега имам желба за одмазда..Што да направам за да му вратам на сите овие?! И јас не ја сваќам ситуацијава, ми треба ваше мислење и ваш совет..Ве молам ајде фала ви однапред ве бакнувам
Не те мрзеше да пишуваш толкав реферат? Шо да те советуваме,седни учи,дека сега со екстерните тестови маф ќе е работата.
Што да ме мрзи кога незнам на што да размислувам вака барем ќе се искажам.. И онака немам на кого така да..
Ако може ваше мислење. Што ако на вашиот дечко постојано на моб. и на фб му звонат, пишуваат девојчиња од град со кој има само здраво (ги сретнал на забава, роденден, на работа). И му пишуваат онака другарски, ама сепак не му се другарки... И тој им враќа назад културно...
најфино би го замолила на најдругарски начин да прекине со тие муабети и фб пишувања, инаку маф би му била работата. Навистина не би дозволила такви работи, едно е познаничка во град да го сретне и да му каже здраво ама познаничка да му пишува на фб и да му се јавува малку не е во ред. Зборувај со дечко ти и кажи му дека ти смета и ако те почитува ќе престане со такви работи.
Ми треба совет незнам што да правам. Школски другар ми кажа дека ме сака. Tој ми е многу добар другар и незнам што чувствувам за него, а и несакам да го изгубам како другар многу ми значи...
Престани да се замараш со смислување план како да се одмаздиш. Едноставно сконцентрирај ја својата енергија во барање вистинска другарка, бидејќи „Мими“ очигледно не е тоа. Другарството подразбира делење на совети, радост, тага, смеа, ама на делење дечковци, некако или времињава се премодерни или јас сум проста и заостаната тетка. И најсикрено жал ми е што го прескокнувате периодот на играње со барбики, собирање детска пошта и салфетки, пишување споменари и лексикони, туку веднаш скокате од пелена во штикли и мислите се што лета се се јаде. Премногу рано сте почнале со муватори и дечковци и жално е што некој уште сега ве гледа само како мувачици и ви лепи етикети. Таквите исвиркани девојки сите ќе сакаат да ги муваат, но никој нема да ги фати за рака и да ги прошета во јавност. Покажи го своето достоинство и исфрли ги од животот и двајцата како никогаш и да не си ги запознала. Тоа е најголемата одмазда што можеш да ја направиш, се друго е очајно понижување на самата себе си.