Не почнувај ништо со него додека не си сигурна што чувствуваш, но биди подготвена доколку го одбиеш, он да почне да се држи на дистанца од тебе. Во принцип, после ваквите изјави другарството веќе не е тоа тоа.
Не знам што да правам. Дечко ми како што ме сака никој.Толку има многу направено и во најтешките моменти покрај се само тој остана со мене и ме сака и прифаќа и покрај сите грешки во минатото (се му кажав),внимателно ме ислуша,ме прегрна и ми кажа се ке биде во ред бидејки јас сум покрај тебе,задоно можеме.Тој ми помогна во многу работи.Не знам што уште да кажам,што и да кажам малку е.Јас дури и за сите проблеми на него се истурав тој никогаш за ништо не ми замерил,а пак ја сум била таа лутата. Сакам да му направам некое изненадување.Необично.Нешто што навистина ке му се допадне и ке го изненади.Некои идеја?
Пријави се на Све за Љубав по убаво изненадување здравје Спојлер Шала настрана ти најубаво го знаеш и знаеш што сака што би можело навистина да го изненади,направи му романтична вечера или одведи го некаде ти каде што ќе уживате и двајцата,напиши му 100 причини зошто го сакаш....мислам дека материјалните работи не се толку важни искрено едноставно цени го и остани му верна сакај го повеќе од се тоа тој ќе го осети и ќе биде пресреќен
Батали го Стојќе,не го сакаш ти гарантирам.Батали ја и Мими,такви другарки не ти требаат.Прочитај книга,едуцирај се малку и не си ја тупи главата со непотребни глупости. Божее,денешниве тинејџери имаат покомплициран љубовен живот,отколку јас за 20 години што сум имала
Ми се допаѓа едно момче. Добро, проклето многу ми се допаѓа. Ама до друг град е, се имаме видено неколку пати, се допишувавме едно време. Се немаме видено веќе пола година и јас секој ден, секоја минутка, секоја секунда уште го мислам. Си има и женска, искрено незнам од кое дупче ја ископа, сигурно е предобра на карактер. И колку и да ми велат грд е, мили боже тој е СОВРШЕН. Незнам... ете, совршен. И неможам да престанам да го мислам, а веќе никаков контакт немаме, го немам видено... средно учи во друг уште подалечен град. Него што сакав да ве прашам... Уствари, дали сум јас нормална?! Очигледно ми треба дијагноза од стручно лице. И да, уште неможам да се сфатам. Му се допаѓав и јас нему. Се потруди да има нешто повеќе од другарство меѓу нас, ја оплескав работата, ја оплескав намерно. Е сега стварно не ми е јасно дали навистинас сум нормална. го заборавив најбитното, луѓе од Август се немаме видено
Не се плаши нормална си.. и мене ми се има тоа случено ноо многууу одамна, бев основно тогаш. Ти не го сакаш, ти го само правиш идеален и се заљубуваш во тој идеален дечко а да сте заедно ти ќе ги увидиш неговите мани, недостатоци, дурии и тоа дека сепак не е толку убав. Со тек на времето ќе запознаеш некој што ќе ти се допаѓа и ќе биде тука за тебе и овој совршениот ќе ти биде смешен.
вака Џенцки, дечко ми несака да дојде кај мене на слава изговор му е дека му е срам и као закажал други 2 слави за да иде ( у главном испаѓа ко другите ги поштуе повеќе од мене ) и толку се налутив и незнам што да праам :/
Здраво. Пред неколку дена стапив повторни во контакт преку фб со еден дечко ( тој ме додаде) , со кој се запознав за време на моите студии. Се дружевме еден период неговото и моето друштво, заедно излегувавме сите и сл.Ептен убаво си поминувавме. Да бидам искрена, уште тогаш јас имав симпатии спрема него но не му покажував некакви знаци, некако се се случи набрзина, тој заврши со факултетот и си замина дома во својот град. Оттогаш изгубивме секаков контакт. И еве после неколку години тој ме побара , ме додаде на фб што ме изненади многу. Зборевме уште истиот тој ден кога ме адна , разговорот убаво течеше , кога тој уште во првиот разговор ме викна да се видиме за викендот што претстои , да одиме заедно во градот кај што студиравме ( тој кај брат му да седи таму, јас кај роднините мои) и да излезиме за викенд. Јас му одговорив дека не оди тоа одма туку така,тргни од дома и оди , дека не знам дали ќе имам можности да седам таму и сл. Праевме шо праевме муабет, комуникацијата меѓу нас не престана тука . Продолживме и понатаму да се допишуваме, и ете пред некој ден пак ме прашува да одиме на викенд таму да се дружиме, да излеземе и јас му кажав ок, ќе видиме до тогаш што како. Не сум сигурна дали сакам да одам уште сега, некако ми е многу брзо, само што пишавме 3-4 пати и ајде одма ќе излегуваме. Се осеќам дека испаднав ко некоја лесна девојка, која едвај чекала да ја аднат и одма се „загреала„ за него. Знам, се избрзав. Ми се вратија некои емоции спрема него од порано и ме понесоа. Можеби требаше или треба малку да бидам поладна, да не му сервирам се одма на тацна..Се советував со една другарка околу тоа и таа одма ме критикуваше зошто сум имала такви размислувања, да не сум испуштала шанса, така ако сум чекала во животот да биде како што јас очекувам никогаш нема да го имам тоа што сакам бла бла.. Јесте да сум пребирлива, а можи сум и претерано понекогаш не знам... Како да продолжам со него понатаму, не сакам да го изгубам а сепак да не изгледам ко лесна девојка. Добродојдено е секакво мислење. Поздрав
Лесна??? Бидејќи си го аднала на фб не си сигурно, сте биле колеги од факс и сте се дружеле. Значи тој знае каква си одамна. Си му рекла дека ќе размислиш и има време за посета, тоа не ви бега. Ако посакуваш и ти да се видиш со него, тогаш види се, не сте стегај, излезете, одете на кафе, прошетка...види дали се уште ти е симпатичен, дали може да има нешто меѓу вас. Ако почувствуваш нешто повеќе ,започнете врска. Не брзај, ти саа ќе си осетиш дали е тој правиот
Што има врска тоа што сум го прифатила на фб да покаже дали сум лесна или не . Нормално дека ке го прифатам како пријател затоа што се знаеме. Но.. нашето познавање е само површно, не се знаеме многу одблиску. Никогаш не се дружевме поединечно само јас и тој , туку секогаш се глеавме само во друштво а и кратко траеше сето тоа затоа што тој си замина. За да се видиме треба да одам во друг град( кај што студирав) , затоа што и двајцата сме од различни градови .. Затоа, не знам дали да почекам да помине некое време, да не брзам одма да се видиме , да видам како ќе се понаша. Еве веке неколку дена од коа зборевме последен пат за да се видиме него го нема ни да се уклучи ни да пиши.. Фала ти во секој случај за советот.
Престани да се замараш со смислување план како да се одмаздиш. Едноставно сконцентрирај ја својата енергија во барање вистинска другарка, бидејќи „Мими“ очигледно не е тоа. Другарството подразбира делење на совети, радост, тага, смеа, ама на делење дечковци, некако или времињава се премодерни или јас сум проста и заостаната тетка. И најсикрено жал ми е што го прескокнувате периодот на играње со барбики, собирање детска пошта и салфетки, пишување споменари и лексикони, туку веднаш скокате од пелена во штикли и мислите се што лета се се јаде. Премногу рано сте почнале со муватори и дечковци и жално е што некој уште сега ве гледа само како мувачици и ви лепи етикети. Таквите исвиркани девојки сите ќе сакаат да ги муваат, но никој нема да ги фати за рака и да ги прошета во јавност. Покажи го своето достоинство и исфрли ги од животот и двајцата како никогаш и да не си ги запознала. Тоа е најголемата одмазда што можеш да ја направиш, се друго е очајно понижување на самата себе си.[/quote] Мислам дека си во право..И со мајка ми разговарав и и кажав се што се случи и таа најпрвин ми рече дека уште кога започнало сето ова да се случува требало најпрвин неа да ја известам и ми кажа да немам доверба во такви како Мими бидејќи ретки се вистинските другарки во денешно време..А за тоа што го направи тако звани "Стојче" што се смува и со мене и сега замина со неа за тоа разговарав со татко ми бидејќи сепак и тој е машко и знае како размислуваат тие (машките) и ми рече дека доколку тој одел и со мене и со неа очигледно е дека не ме сака ни мене па ни неа.. Додека им кажував на родителиве тешко ми беше но ништо не ми направија..Само ми рекоја да се посветам повеќе на учењето и да внимавам за нареден пат..И да се оддалечам малце од тоа друштво и да почнам да трагам по ново..Сепак ми помогна и твојот совет, нема потреба од одмазда доволно е да го направам ова што го викаш..Фала тии
А колку време сте во врска?? Бидејки ако сте кратко време треба да го сватиш сепак да ти дојде на слава и да се запознае со сите блиски некако тешко е и верувам и дека премногу ќе е под притисок. свати го малку и ти. А ако сте во подолга врска и ако и предходно се знае со твоите тогаш незнам, ама би требало да сака да дојде, сепак ако те почитува ти треба да си на прво место.
MoonshineAnne, би те советувала да не го притискаш дечко ти околу доаѓањето на слава.Тој секако сака да дојде,а поради срам не може.И кога би дошол,би се чувствувал непријатно,стегнато..Не би го сакала ти тоа нели Спојлер И јас пред месец дена бев поканета на слава кај дечко ми,и не отидов поради срамот.И тој го разбра тоа.
5 месеци сме, јас бев кај него на слава ( имав срам да ми помина ) а со млади треба да бидеме сите за мене тоа е не почитување кон мене Спојлер а не е дете со свои 27 години така да се понаша не му личи. а и да напоменам со денови почна чудно да се понаша, од игнорирање до не јавување на телефон, лажење незнам незнам што да праам али ова вака не иде
Срамот не знае за години! јас и дечко ми сме во врска 9 месеци,па ете од пусти срам не отидов. Можеби дечкото не гледа многу сериозно на вашата врска,па затоа не би сакал да се најде во ситуација да се запознае со најблиските. А тоа со неговотот чудно однесување,е веќе друга тематика
Најверојатно, незнам последно нешто ми е да му вршам притисок али мајкуму нека покаже малце почит ! ах незнам веќе, фала на одвоеното време и за советите/мислења како и да е
За доаѓањето/недоаѓањето на слава,ако навистина е поради срам,би требало да го разбереш. Ама со однесувањето негово нешто не е во ред.Испитај ја таа работа
Ќе видиме, сеа праевме муабет уште поише ја испукавме работата, па неможе бре така со мене Ќе се среди ваљда, а за другото не да се испита времето ќе каже се тоа е што е, како требало да биде така ќе биде
Кратко сте заедно, можеби не сака да толку брзо влетате во нешто по сериозно, сепак колку и да сте со млади тој влегува во твојата куќа како твој дечко, така ќе биде претставен пред твоите родители, колку и да сакаш да го скриеш нема да можеш, ќе се види и со останатите роднини и тоа не е баш мала работа. Ако единствен проблем ви е славата ич не му ја мисли и не се карај, оставии ќе има време за такви семејни работи.