Znam deka mnogu ke me osuduvaat no moram da kazham kako se cuvstvuvam. Pocnav da izleguvam so decko od druga vera :/ Mi se svigashe i se muvavme..Ubavo mi e so nego no neznam na momenti se kaam sto go napraviv toa a na momenti si vikam eden e zivotot i se pravat greski..Ama mi e strav da ne me doznaat doma nz..Se mi e izmesanoo..
Имам 18 години и мислам дека време ми е за дечко и озбилна врска, не сум имала подолга врска од 4 месеци. Незнам зошто но мислам дека после некое поминато време мојот партнер како да оладува..ова не ми се случува само со еден туку со многу повеќе партнерии..незнам што треба да правамм ..?
Ако се работи за вистинска љубов верата не би требало да е пречка Јас сум христијанка и голем верник, но исто така ги почитувам другите луѓе и нивниот верски избор, а за вистинската љубов не би требало да има граници Доколку навистина сакате да бидете заедно разгледајте ги сите пречки и можности околу вас и се надевам ќе донесете правилна одлука
Можеби проблемот е кај тебе и незнаеш да го задржиш, но годините не се тие што ти кажуваат кога си за озбилна врска или не си. Треба да чувстувате и двајцата дека сакате да бидете заедно, да разговарате и да решавате што и како, па тогаш да одлучуваш за сериозноста на врската
Можеби проблемот е кај тебе и незнаеш да го задржиш, но годините не се тие што ти кажуваат кога си за озбилна врска или не си. Треба да чувстувате и двајцата дека сакате да бидете заедно, да разговарате и да решавате што и како, па тогаш да одлучуваш за сериозноста на врската [/quote Ако може да добијам некој совет како би можела да задржам некого?
Ова тешко да го објаснам зависи од тоа каков парнер имаш, какви му се интересите, каков му е карактерот
Во Исламската вера во Куранот мислам дека им се викаше светата книга, знам дека јасно стои дека жената треба одвреме навреме нежно со стап да се бие.. Сакам да кажам, ако имате слични ставови и размислувања верата не би требало да е проблем, но ако е муслиман сумнјам во тоа. Тие и законски можат да имат повеке од една сопруга, не во Македонија но на многу други места да.. Ова ти го кажувам дека имам близок пријател од Иран, така да внимавај си, навистина се многу чудни за нас..
Не се брзај,имаш време за сериозни врски А и машките се незрели долго време,па можи да не е само до тебе Обично овој период почнуваат посериозните врски,поинаку размислуваме,па и врските се поразлични од тие кои траеле кратко. Треба и партнерот да сака да е за подолго време. Со сила никој не можиш да задржиш,а кога ќе започниш некоја таква врска во која двата ќе се сакате и почитувате , ќе сакате и ќе се борите да продолжите,се ќе е различно од досегашните.
Ако тие познанства се развиле додека ние двајцата сме биле во врска нема никакво оправдување и може и до раскинување да дојде работата , мислам зафатен дечко во друг град на големо да шири познанства со девојки и згора на тоа па и на мобилен да му звонат , ја сфаќам на фб секој може да ти пише и еве конкретно јас кога сум зафатена не вракам освен на другари , школски , некој со кој не сме имале ништо чисто другарски однос , но број не може било кој да ти има ако не си му го дал или некој не му го дал , и на зафатен дечко е апсолустно неприфатливо да му звонат и пишуваат па и неколку не една , јас овде би имала сомнеж дека има нешто повеке .
Многу културен тој Искрено мене ми е загрижувачка ваквата ситуација.Се знае кои луѓе се познајници-само на здраво се. Ништо повеќе,никакво задлабочување во разговор и сл. Јас би се налутила,и тоа мноогу
И јас слично на СилверЕ би ве прашала што мислите за таквите другарски допишувања на вашиот дечко со други девојки? Би биле љубоморни?
Доколку не му се другарки туку е само на здраво, не е во ред и нормално е да се биде љубоморен. Тој не пишува, ама се има случено мене да ми пишуваат или да ми се јави еден другар кој не ме гледа како другарка да кажеме, и дечко ми беше љубоморен и ми се има и налутено за тоа. Вика можеш да му кажеш не ми звони, ама јас додека некој си знае кај му е местото, не гледам причина да бидам некултурна. Фала богу веќе не звони.
Несакам да испаднам дрска, но ти прво не си сигурна како се вика нашата света книга, а делиш вакви информации. Молим те немој. Ако незнаеш не одговарај, ама добро барем ме насмеа со одговорот. Не, Куранот не проповеда тепање на жената, дали нежно или силно, туку почитување на мајката- жената како жена не се спомнува. За повеќе жени, епа има правила за да се ожениш со повеќе жени. А за девојката- зависи каква е националност дечкото, од каде е и неговото однесување секако. Иако јас сум против мешани врски- тие не поминуваат без проблем. Мој личен совет ти е додека е време да прекинеш, така ќе избегнеш проблеми и нервози.
Дечко ми има две другарки кои му се навистина другарки уште од средно, значи уште пред јас да го знам него. Ги знам нив две, супер девојки се, си имаат долги врски, се дружиме, излегуваме сите заедно, дечко ми има одено на кафе сам со нив итн. Уште самиот почеток на нашата врска немам никаков проблем со тоа. Можат кога сакаат да му се јават. Секако, во границите на нормалата. Сите сме возрасни луѓе и знаеме кое е пристојно време за ѕвонење, тоа си е веќе општа култура и домашно воспитување. Многу добро ги знам и секогаш се однесувале со него чисто другарски, а и мене ме прифатија како негова девојка. Не сум слушнала од нив никаков коментар за мене, ниту пак нешто да ме двојат итн. Значи не ми смета ништо што е во врска со нив. Е сега, би ми сметало премногу и дефинитиво веднаш би разговарала со него доколку од нигде никаде се појавува некоја си таканаречена другарка што пример ја запознал преку некој си, некаде... Такво нешто не. Да не се лажеме. Знаеме многу добро какви се тие ситуации и кон што водат. Јас зборам за ѕвонење на телефон зашто дечко ми нема facebook. Е сега да не излезе дека јас сум некоја болна во паметов. Не би прифатила некоја другарка што онака ја знае две недели или ете и еден месец нека биде да му ѕвони, тука е јасно. Ама на пример не би ми сметало да му се јави колешка од факултет или работа да го праша нешто во врска со тоа. Тука нема ништо лошо се додека е во граници. А другарка од месец дена и блискост не признавам. Се знае што е другарство во права смисла на зборот. И тука нема дискусија. Истово важи и за мене. Сакаме чисти односи и јас и дечко ми. Не сме дозволиле до сега да се скараме или да се налутиме еден на друг за трета личност. Тоа никако. Си ги знаеме правилата во врската и до сега не сме имале проблем. Може не е во ред, може е, ама за нас се покажало совршено ваквото функционирање.
Силвер, може дечко ти е привлечен момак, па на девојчиња им се свиѓа и му пишуваат. Не е културно да им направи seen само, нели, сепак треба да биде културен и да врати. Битно е да знаеш што тој прави додека не е со тебе, односно како гледа на врската со тебе, ако ти си му девојка за пред народ, да ја шета и покажува, ама во темницата сепак има „бекап“ план за да сврти уште нешто, тогаш јасно е колку е саат. Ако сепак ти покажал дека ти си му единствена и комуникацијата со други му е во слободно време, без муабети од типот „па маче не можам сеа со девојка ми сум“, тогаш според мене, не треба да се грижиш, туку напротив, да бидеш горда дека имаш дечко кој е посакуван, значи дека вредиш чим покрај сета побарувачка со тебе е. Чка, љубомората е нешто кое доаѓа одвнатре и не може да се контролира. Единствено, треба да процениш дали таа љубомора која ја осеќаш е основана или не. Исто како што напишав на Силвер, важно е да знаеш какви се муабетите кои ги прави и дали се тие од сексуална природа или не. Ако се, тогаш љубомората ти е оправдана, откачи го сељакот, ако не се, тогаш дозволи му да има социјален живот, бидејќи во денешно време социјалните мрежи се практично реалноста. Ако си разменуваат смс-ки или си муабетат со саати на телефон, онда и мене ми е чудно. За двете, мене ми е битно мојата партнерка да ме усреќува секој ден и да знам дека не ми мисли лошо. Сигурен сум дека и таа исто мисли. Сигурен сум дека сите кои си ги сакаат дечковците и девојките истото го мислат, но им пречи минатото, дел од нивниот карактер, можеби пријателите со кои се дружат, родителите или браќата... има разни нешта. Важно е да сме сигурни пред сè дека самите го сакаме оној со кој сме, а потоа и да донесеме разумен заклучок дека истиот тој нè сака и нас. И да се препуштиме на убавите мигови, зашто иднината никој не знае што носи и лудост е да се обидуваме по секоја цена да го смениме партнерот или да го изолираме од опасниот свет, само за да ја смалиме шансата тој да си замине.
Прв болд - кави се тие муабети од сексуална природа? Општ разговор за секс, или конкретен секс со конкретните личности? Иако мислам дека е сеедно за кој од наведениве, во секој случај е разговор за секс на дечко ми, со некоја друга. Дури и да е муабет за сексот на Фифи. Исто така, од кај да знам што пишуваат? Треба да читам, да гледам, да проверувам далиима бришени разговори? Вториот болд, за мене смс-ка е исто така пишан муабет, како и на фб. За мене е сосема исто дали на фб или преку смс некој би ми пишал сексуална порака. Не правам разлика од мобилен до лаптоп. Затоа, СИлвер, според мене, секое допишување е допишување, небитен е начинот. За последното, 100% се согласувам.
se izvinuvam za latinica od tel. sum Captain omni.. totalno se soglasuvam so tebe, no isto bi lobarala edno mislenje. So decko mi odime godina i nesto imam doverba prekrasen e me pravi srekna i se, ne pravi ljubomorni srceni i dvajcata si imame i svoj privaten zivot. E sega posledno vreme ima edni dve sto gledam deka i komentari im redi od tipot ' ubava ' i koga ke vidam ednostavno me grize ljubomorava. Znamdeka komunicira so poveke devojki koi isto rakakenapomenam kako i ovie dve se od drugi gradovi, za koi znam i mi ima i sam kazano ama ovie dve veke na nerva pocnaja da mi odat i manijak im stanav iskreno, iako se od neznam kade.. Sto mislis ti? postogledam najrealni odgovori davas..
Искрено, какви се тие глупости дечкото што е со тебе да се допишува со други девојки. Треба да видиш од каков тип се тие допишување...ако се само поздрави и ништо лично, туку само од култура во ред, но ако тука има нешто поинтимно, можеби треба да се запрашаш.А освен тоа што има да се допишува со некои, зарем не сум му јас доволна, што имаат тие да му кажат, да го посоветуваат, да го насмеат, а јас да не можам да го направам, освен ако не бара совет од нив за да му помогнат да ми купи веренички прстен