Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.052
    Допаѓања:
    134.607
    Па не сум баш сигурна дали се само муабети од типот, како си и што има ново, ама секако границата е тешко да се повлече и да се пепознае.
    Болдираното ми е најтешко од се, бидејќи ми дава чувство на пониска вредност, бидејќи си вообразувам (а можеби е и вистина) дека ете, на пример, наместо да го троши времето на мене, мене ме игнорира и не ми пишува, туку им пишува на други, кои му се позабавни од мене.
    А за помош за веренички прстен...искрено, мислам дека никоја не би му помогнала, туку напротив, би излегла „да му помогне“ да го откопчи патентот.
    Е сега, бидејќи тука се многу жени, ако има такви кои си пишуваат со мажи кои се во сериозна врска или брак, искрено да ми кажат што мислат дека прават? Дека ке го добијат, дека ке му ја уништат врската? Дека ке спијат со него и ке го имаат засекогаш? Дека девојка им нема да дознае? Ставрно не ми се јасни.
    Иако, милион пати имам речено, тоа што е мое, е мое. АКо некоја сака да ми го земе, јас ке ја земам на душа :) И тоа сериозно. Нема да бирам начини, методи, стратегии..ако видам дека некоја отворено му се пушта а знае за мене, well, да речеме дека ке ја крпат на гинекологија.
    И не, нема што со него да се расправам во ваков случај, ако он не прави ништо, а некоја само му се нуди, она ке си го добие. А она ако отиде по неа, е само уште една будала во мојот живот.
     
  2. sungod

    sungod Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    40
    Сакам да те прашам нешто, му веруваш на дечко ти ? Веруваш дека ти е верен ? Веруваш дека кога би паднал во искушение, би ја одбил некоја си ? Ако на овие прашања одговорот ти е да, тогаш нема причина зашто да имаш такви, да не речам агресивни размислувања. Не ве сфаќам некогаш вас девојките, што е крива девојката ако дечкото ве извара ? Нели треба двајца за тоа да се направи ? Според мене, оној што вара е крив, а не со КОЈ вара. Ако не била таа, ќе била друга, ако не била друга ќе била трета и така натаму. Значи, кривицата барајте си ја во партнерот, а не во тие некои си...Такви што сакаат да си го пикаат носот во секоја манџа и да си пробаат шансите кај секој ги имало, ги има и секогаш ќе ги има и тоа е факт кој треба да се знае. Така да, ако дечкото им враќа на нивното "пуштање" т.е ја игра нивната игра, девојките ама баш ич не се криви, туку дечкото. Се надевам ми ја сфаќаш поентата
     
    На mimiiiii, Daydream, fallenangel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.052
    Допаѓања:
    134.607
    Ти ја сфаќам пентата и во право си.
    За првиот дел - сигурна сум дека ми е верен, проблемот не е тој, туку мојот страв дека не дај Боже, некогаш ке потклекне. Мене не ми беше прашањето на самиот почеток за тоа како тој да прекине, туку како вие со ваквите случаи се справувате ако ги имате.
    А тоа дека девојката не е крива...па не е така. Свесна е дека има девојка, па му пишува со наведување. Тој не може да и стави опција на секоја да не му пишува. Може само да се дистанцира. Девојките свесно му се пуштаат на некој кој е во врска, и тоа ми е чисто игнорирање на моето постоење. Секако, ова под услов да му се пуштаат, оти јас не можам да знам се :)
    Значи, дас е повторам, дечкото ми е супер, никогаш не сум била со подобар, понежен, поверен...Затоа и го сакаат :) Мене проблемот ми е со тоа што јас не знам како да реагирам на се ова. Дали да речам, нека му пишуат бе, он мене ме сака, или да речам, нема што да пишуваат покрај мене жива до тебе, само поради стравот дека нкоја друга е подобра од мене?
    Стравот или верувањето?
     
  4. sungod

    sungod Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    40
    Според мене, проблемот поради кој тебе ти се појавува стравот од тоа е затоа што не си 100% сигурна. Имаш фазла некој процент за кој си викаш "еј може ако му се упика некоја јака, може ќе ме извара..." Од ова зависи колку време сте заедно (што не е и секогаш пресудно дека оние кои повеќе време се заедно и повеќе си веруваат), ако не сте многу - со тек на време ќе си стекнете се поголема и поголема доверба меѓусебна.

    Не се согласувам дека девојката е крива. Еве ќе ти дадам пример од лично искуство - девојка која мене ми се пушташе и покрај тоа што знае дека имам долга врска и сум заљубен, цело време на facebook ми пушташе некои ефтини муабети а јас само од култура и враќав. Додека еден ден директно повлече муабет за секс, сама била неколку дена, во стил дали сум сакал кафе да пиеме. И пишав културно дека имам девојка во која сум заљубен и сум задоволен сексуално, воопшто не ми е потребна некоја која може секој втор, во секое време да ја има. После мојот муабет ме избриша од facebook и никогаш веќе не ми пиша. Ова и го имам кажано на девојка ми и се смеевме за случкава, не реагираше воопшто бурно затоа што ми верува и знае дека сум верен и доволно зрел за да не направам таков екцес.

    Е сега има и друга страна на паричката. Јас можев комотно да го прифатам нејзиниот предлог, за кој со сигурност девојка ми немаше да дознае. Кој е крив во ситуацијава ? Она што ме поканила, или јас што сум прифатил ?

    Исто имало и случаеви со девојка ми, каде што и се пуштале во диско или на facebook и пишувале и ги одбивала културно. Знаеш како гледам на тоа што нејзе и се пуштаат ? Како комплимент кон мене, други ја посакуваат, само јас ја имам. (Малце глупаво звучи, како она да е трофеј, но не е во тој контекст кажано :) )

    Моменталната реакција која ја имаш ти е лоша. Нормално е дека никој не сака да им се плетка некој околу партнерот - но треба да имаш приземна, зрела реакција околу тоа. Не знам колку врски си имала претходно ниту колку години имаш, можеби и тоа влијае, но мој совет е да реагираш нормално без агресивни мисли и испади, ако ВИСТИНСКИ му веруваш на дечко ти, нема да имаш потреба да се замараш со такви мисли дека би те изварал. Биди над ситуацијата, однесувај се зрело :)
     
    На crazylady, francais и Cka им се допаѓа ова.
  5. Martina1993

    Martina1993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    77
    devojki moram da vi kazam sve za da mi olesnit na dusava imam 3 godisna vrska poslednava godina mina vo karanje a I nekolku pati me imat udreno jas molcev zato so site drugari I drugarki gi ostadov radi nego I mislam deka nemat drug da najdam zato sto ne izleguvam mnogu od ko pocnav na rab imam drugo mislenje I so nego mi se odmili sekoja rabota sega imam vo mislive drug sakam da mu raskinam ama pak ne sum 100% sigurna dali go sakam to non stop mi se zakanvit deka ke me pretepat I mn vakvi raboti nemam samodoverba deka mozam da najdam drug a imam samo 20 god dajtemi nekoja misla so da pran sakan sloboda da imam
     
  6. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки

    Не се плаши и бегај од таквите.Тој само се заканува,а не смее да те пипне.На крај краева ако ти се заканува дека ќе те тепа или сл. кажи дома на твоите или пак оди пријави го.
    Од таквите како него ништо не бива.Цел живот исти си остануваат и гледаат само да се иживљаваат со некого.Пробај здружи се со некого од ваму од таму ќе се најдат другарки.Инаку ако ти се допаѓа друг,не чекај реши ја работава со овој кретенов,не му се плаши и терај понатаму со животот.
    Имаш 20 години,не вреди да се уништуваш со некој како тој. :fubar:
     
  7. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Како што разбрав јас овде нема љубов. Ти се плашиш да не останеш сама, а не се плашиш дека ќе го изгубиш. Ти како да си под казна што си со него, како да мораш да останеш со него. Те претепал еј па тој воопшто не те сака, незнам зошто сте сеуште заедно кога јасно се гледа дека кај вас од љубов нема ни љ. На твое место ни секунда не би останала со него. Ќе те претепа да тоа е сигурно но само доколку останеш со него ќе страдаш и тоа како. Поразговарај со родители, роднини, како тоа ти се заканува. За нова љубов не се секирај млада си уште.
     
  8. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Абе тој тебе сигурно те сака, тука нема збор, штом е со тебе, туку прашањето е зошто тој контактира по телефон и со некои други. Не може да им каже: те молам не ми се јавувај, во сериозна врска сум, ќе ми направиш проблеми, ја сакам девојка ми...зошто?Јас искрено тоа не можам да си го објаснам. Јас сум била во слична ситуација и вака постапив ....„ми смета што контактираш со неа, мислам дека нема потреба од такво нешто. Ако сакаш да продолжиме долга и хармонична врска те молам прекини го контактот„. Сепак уште еднаш ќе кажам, мислам дека треба да си испиташ, па и да поразговараш со него. Што има да контактира со други кога него треба само ти да си му сосема доволна. Ти си таа. Ти си му девојка, ако те сака и те почитува, а и плус знае дека тоа тебе не ти се допаѓа ќе ги прекине контактите со нив. Јас не правам компромиси јасно е! ;)
     
    На crazylady и Cka им се допаѓа ова.
  9. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Cka , му имаш ли кажано дека тоа ти смета? Он веројатно не е ни свесен дека тоа што го прави не е баш океј и не гледа ништо лошо во тоа што контактира со некој рендом девојчиња по фб. Сигурна сум дека се тоа е ненамерно и дека кога ќе му дадеш до знаење дека тебе не ти се допаѓа тоа негово однесување, веднаш ќе престане :)
     
  10. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Како што и ние жените имаме другари во ред е и маж да си има другарки. Но колку вистински другарки може да има? Една, можеби и две. Истото важи и за нас имаме до некој искрен другар, но ретко кога е повеќе од еден.
    Со тие другарки кога мојот дечко ќе комуницира е сосема во ред, и нормално ако тоа не е скришно од мене. Никогаш нема да направам проблем ако има другарка/колешка со која се слуша и пишува. Но истата таа јас да ја познавам и да нема тајни. Нивните муабети да се чисто другарски, и да се има култура кога се бара другар, а не во полноќ. Едно е со другарка да е на јавно место на кафе, а друго е да е кај другарка дома на кафе а таа сама дома.
    А тоа секоја втора да му пишува на фб и да му е другарка, не доаѓа во предвид.
     
    На crazylady, Daydream и fallenangel им се допаѓа ова.
  11. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    235
    Јас пораснав со машки и ден денес си контактирам со нив секој ден, кафиња вечери ручеци и слично - тие ми се како фамилија.. Исто и живеам со машки, имам двајца цимери и јас.. И не правам ништо со никој од овие.. Ако јас сум верна на некој нема што да му смета тоа, ако има проблем со самодовербата тогаш пријатно.. Мене било кој од цимерите или блиските може да ми се јави кога сака и да дојде на гости ако има потреба од мене и тоа никој нема да ми го брани пред да ми стави веренички прстен, е тогаш можеби ке се отстранам малку..

    За да има барем некоја сигурност дечкото, секако ги запозава моите најблиски, и тие се дружељубиви и мојот бивши го дружеа често..

    Исто и нови пријатели сум стекнувала додека сум била во врска - пример нов колега со кој сум работела секој ден по 5 саати - како да не сум блиска со него?

    Ако се работи за скромно мирно и верно момче - какви сака нека му се пријателките тој е таков. Ако е некој женкар - вие нема да дознаете ни за една негова другарка ;)
     
    На K-pozitiv му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Според мене, имаш погрешна девиза за правата и слободите на партнерите во врската. Со „што е мое, мо е“ девиза, нема далеку да дотуркаш. Во врска си со суштество со слободна воља, со право на избор, со чувства кои се менуваат, со одлуки кои исто така се менуваат. Тој не е твоја сопственост. Денес е тука, но можеби утре задутре ќе се појават други луѓе во вашите животи, не се знае.

    Те молам немој да ме сфатиш погрешно. Кога сме во врска со некого, значи во врска сме со битие со слободна воља и така треба да се однесуваме за да и другиот се чувствува така. Треба да му оставиме слободен простор на другиот, самиот да си ги одреди границите до кои ќе оди. Тоа придонесува за убава и здрава врска. Е сега, ако принципите за границите не соодветствуваат со нашите, се прави отворен муабет за тоа. Ако се обидуваме ние да поставуваме граници, кај другиот се јавува притисок кој може да резултира со однесување кое нема да ни` се допадне.

    Колку и да се безобразни тие девојчиња што го замараат, дт е тој кој им го дозволува тоа. Ако е некој прв на листата за карање, тоа е тој. Тој како дечко не чувствува обврска кон тебе да биде обѕирен и да ги прекине контактите, а очекуваш девојката која очигледно си има проблем со самодоверба и не може да си најде слободен некој, да има обѕири кон тебе, со која ниту е блиска ниту е позната.

    Не чувствуваш никаков бес кон него, а чувствуваш кон тие девојки, опортунистки кои сакаат да си ја пробаат среќата. Зошто толку си ја намалуваш сопствената вредност? Кој дечко вреди за тоа? И три стана да има, и вила на Водно да има, па дури и плава крв да има, дали вреди за толку да се понижиш?

    Што е дечко ти, табула раза, човек кој не може да одбие и да им даде до знаење дека е во врска во која има и другарка и блиска и љубовница и се` туто комплето во една личност. Да не почнам дека некои мажи се такви, ако го почувствуваат твојот бес кон таа личност, ако и` придавате толкава важност, во нивни очи може да се зголеми нејзината вредност. Колку познавам такви случаи на преженувања и раскинувања и почнување нови врски од инает. Почетна точка што им била чист инает, а после се развила можеби и блискост и сл.

    Никогаш немој толку да се газиш и да си плукнеш на сопствената вредност како жена со тоа што ќе се расправаш со такви кокошки. Некој може сосила да сака да ти стави вино во чашата, но ти можеш да ја тргнеш чашата од негов видик и да истури на подот и после да чисти цел ден. Секој има ум и уста да каже „не/доста е/претера“ па и да подвикне ако не се разбира со убаво. Секој може да смени број, да блокира некого на фб, да не го приметува на улица па да му се смеат на другиот мислејќи дека сам со себе си збори. Не ги заштитувајте толку вашите партнери, затоа што никој не е толку наивен. Бирајте го човекот со кој ќе сакате да го поминете животот, а не жените кои се во негова околина.

    Не ме сфаќај погрешно Цка, најдобронамерно и како на близок човек ти го кажувам ова. Погледни од таа перспектива.
     
    На mimiiiii, LaraSolare, Marossa и 2 други им се допаѓа ова.
  13. peperutceee

    peperutceee Активен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3
    e neznam vo koja tema da go napisam ova pa zatoa ovde.. drugarka mi postojano lazi za se i koga treba i koga ne i sega kako da ja odviknam od toa?! :worried:
     
  14. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602

    тешко дека ќе ја смениш. Имав работа со таква и за жал веќе не сме другарки.
    Тие се личности на кои им треба помош од лекар, а не само од пријатели. Ако сами несакаат да си помогнат никој нема да може. Едно е да се лаже за нешто ситно, или ако лаже само за големи работи. Но ако лаже баш за се, ти нема да можеш да и помогнеш многу.
     
  15. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Тенкју за ова „најреални“. :)

    Коментар „Убава“ на некоја девојка, стварно не разбирам зошто има потреба?! Мислам, јас стискам лајкови на девојки кои имаат убави слики, убави статуси, убави линкови, Фејсбук е голем простор за комуникација со светот, па и оноа „убава“ може да биде и бедно пуштање на девојки, но и негов начин да каже што му лежи на душа. Реално, нема потреба од тоа, ама... различни луѓе сме...

    Знаеш, јас кажувам на моите пријатели, познаници или обични продавачи во продавница дека се убави, дека се пријатни, дека ми се допаднало некое нивно однесување, тоа се вика учтивост и многу ми е криво што светот ја замени основната учтивост со идеја дека тоа е флертување. Во тој случај јас сум педер, бидејќи на еден куп конобари сум оставил голем бакшиш зашто биле пријатни со мене како нивни муштерија.

    Сакам да кажам дека е важно како дечко ти се однесува со тебе и дали ти е убаво. Сè друго игнорирај. Сепак, немој слепо да му веруваш дека тој е совршениот, 9 од 10 луѓе не се материјал за безрезервно верување, затоа и повремено, склопувај ги коцките и гледај дали си ти прва и единствена или само привремена девојка додека некоја од „убавите“ не дојде позабавна. :wasntme:
     
    На K-pozitiv му/ѝ се допаѓа ова.
  16. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    направивме добар муабет отворено како и секогаш.. и многу ми е криво што понекогаш помислувам на вакви работи а милиони пати ми докажал и знам дека ме сака.
    верувам дека сите филмови ми се поради страв да не го изгубам и сл, иако сто пати сме правеле муабет дека е непотребно, а приметувам веќе тотално се губат таквите мисли.
    бакнеж и прегратка со насмевка за крај на муабетот, изгледа отвореноста е токму она кое прави врската да ни биде ваква - среќа љубов и уживање. Абе блазе си ми со него :angel:
    сепак благодарам!
    :)
     
  17. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Драго ни е што се заврши во најдобар ред :)
    Сепак,не е воопшто пристојно да пишува коментари од типот 'убава си' на непознати девојки,или само познајнички.Би требало да земе в предвид дека нема да се почувствуваш убаво,ќе бидеш љубоморна и сл.Затоа нареден пат кога ќе коментира на нечија слика(а се надеваме дека нема),коментирај и ти на слика на некое машко.Онака,да виде како е. ;)
     
    На K-pozitiv му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Friday

    Friday Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    5
    Здраво девојки, многу ретко се најавувам на форумот само кога ми треба искрено мислење од вас, инаку редовно ве следам. Итно ми треба ваш совет за моменталната случка. Вака, од пред неколку дена забележав чудно однесување кај дечко ми, постојано го прашувам слободно да ми каже што е работата доколку нешто сум го налутила а не сум свесна да ми каже и да разговараме околу тоа, а тој само ќе ми каже дека не е ништо и продолжува со молчење. Многу ретко ми зборува обично јас сум таа што почнува да зботува за се и сешто за да ја разбијам монотонијата. Немавме некоја поголема кавга во последно време. Бидејќи не знаев што му е се вклучив од неговиот профил на фб (бидејќи си ги знаеме лозинките) и обично никогаш не го проверувам но овојпат забележав дека во пораки му пишал на неговиот најдобар другар дека во последно време сум му одела на живци. Другарот му одговорил дека подобро е утре да се видат и да поразговараат за тоа. Многу се изнервирав и незнам како да реагирам, јас навистина секогаш се трудам да не се караме. Во врска сме 5 години. Ве замолувам за совет!! Поздрав девојки :* :*
     
  19. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    Еве јас сум била во контакт со мажи кои биле во сериозни долги врски , во брак не сум пишувала со никој иако и такви ми пишале ама не сум им вратила . Е сега вака кога сме заљубени малку сме и заслепени ... Јас сум била слободна подолг период и сум имала прилика да видам што правам зафатените мажи во сериозни врски посебно кога се излезени без девојките . Јас како слободна девојка ,што ништо не губам па никогаш не сум се дрзнала да отидам и да се пуштам на зафатен маж, во најмала рака не сум го ни погледнала да му дадам некој знак , ама до сега се испоставило дека зафатените мажи знаат да бидат поопуштени и од слободните , од безброј комплименти ,до покани за кафе што најнејасни ми се (нема ли човече некој да и каже на таа девојка дека сме излегле ?! ) до отворени покани за дружба и тоа да остане меѓу нас и така натаму. Сакам да кажам јас ништо не мислам кога такво нешто се случува со зафатен маж, ич не ми е гајле ни за врската негова , ни дали ќе расипам нешто , ако ми е убав и не се знам со девојка му може ке направам нешто да ми пројде мерак , а ако не ми се допаѓа или се знам со девојка му си имам муабет , ништо не би направила ама тешко дека и би и кажала неколку пати се случило или јас или девојка што кажала да извлече подебел крај пошто , девојка му на дотичниот ќе му поверува дека седел мирен па после оваа другата излегува дека се натурала а тој може и корпа си добил од неа , ама битно девојкава си верува дека љубениот и седел мирен а други околу него коси влечеле . Поентата ми е дека не треба и толку да се верува безрезервно , не е секогаш девојката таа што се пуштала на зафатен маж , може некогаш и дал комплимент и се пуштал кога бил излезен па таа после си се осетила слободна и си продолжува да ја игра неговата игра . Посебно ме разочарале постарите мажи по 27-8 години мање више во долги врски ,дури имам и разговарано со некои и отворено ги имам прашано што мислат дека постигнуваат со тоа што на мене или на мои другарки ке се пуштаат , а нивниот одговор е дека имаат нешто загарантирано и сигурно , и пред да се оженат да искористат , за кога ке се оженат да седеле мирни . Разочарувачки , но вистинито ...
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Friday

    Friday Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    5
    Anyone ????? :( :(