Friday - јас мислам дека се оладил од тебе,можеби ви е многу монотона врската,можеби се изгубила страста,пробај да внесеш некоја новина,правете некои работи заедно,изненадиго со нешто,одете на места каде што не сте биле,разговарај со него за иднината,или едноставно прашај го зошто му одиш на живци? кажиму дека си прочитала, можеби ти нешто си му згрешила или можеби таков му е периодот,најверојатно се оладил и си му здосадила.
Многу нефер од негова страна.После толку години заедно,зарем треба да премолчува некои работи кои очигледно влијаат врз вашата врска.. Ти освен што се трудиш да не се карате,дали правиш нешто со што мислиш дека би го оправдало тоа дека му одиш на живци? Да не му смета нешто,а ти да не си свесна за тоа? Според мене треба да разговарате,а не да премолчува па да му се насобира се,и наеднаш да експлодира. Не му кажувај дека си го проверила на фб,туку збори и кажи му дека си свесна дека нешто се случува.Ама не се откажувај,и извади му ја маката што ја има,па што сака нека е.. Очигледно постои нешто,без разлика во кој е вината,треба да се расчисти.
Девојки верувајте дека цел ден му се јавувам и го прашувам да ми каже што е проблемот, бидејќи се однесува ладно кон мене. Секојдневно се обидувам да направам нешто интересно но тој не е заинтересиран, кога јас сакам да излеземе тој ми кажува дека не е расположен за излегуваме, овие две недели излегуваме само со друштво кога тие ќе не повикаат, ниту ми има кажано некој убав збор се е монотоно кај него. Размислувам да раскинеме за да не го измачувам бидејќи очигледно за него врската со мене е тоа.
Тогаш ако мислиш дека тоа е најпаметно направиго тоа. Некогаш треба да оддалечиме некои луѓе од нас за да видиме колку им значиме. Можеби од кога ке му раскинеш ке почне да трча по тебе,можеби ке свати дека му значиш. Зошто ти цело време да се мачиш и интересираш и трчкаш околу него? па не си ти сама у таа врска,и он треба малку да се потруди.
Оф Значи како малите деца,ќе се молиме со денови за да ти каже нешто... Како мислиш така прави. Ама со тоа што му се јавуваш нон-стоп,уште толку го напнуваш. Остави го малку,нека олади.Можеби тоа му е потребно сега,може таков ви е периодот... Смени го малку однесувањето.Биди поладна,не му обрнувај толку внимание,од кај знаеш може кругот ќе се сврти
Мислам дека така е и најдобро. Ќе почнам да се однесувам поладно кон него па ќе видам што ќе се случи. Ако и тоа не помогне, колку и да ми е тешко ќе морам да се оддалечам од него.
Friday и јас имам 5 годишна врска и не можам да замислам партнерот да не разговара со мене ако имаме проблем или што и да е.обично луѓето се зближуваат на подолги периоди,со разговор се решаваат проблемите се разбира.добро ти рекле и ти не му обрнувај толку внимание можеби ке се смени нешто.дали отсекогаш е таков?со среќа и не се нервирај поз
Friday немој да го прашуваш стално што е што е и никако преку телефон да го напнуваш со тоа, видете се двајцата насамо и правете муабет, како што и претходно напишале кажи му дека чувстуваш нешто дека не е во ред кај него и дека сакаш да ја знаеш причината
Friday, мене прво и основно не ми е јасно како може проблемите во вашата врска дечко ти да ги кажува на друг. И ти така правиш? Значи за мене ова е нешто најдолно после неверство. Тоа што е меѓу мене и дечко ми останува меѓу мене и дечко ми и крај. Никој, ама баш никој не сакам да знае за моите проблеми, ниту пак убави моменти. Сами си ја градиме врската и сами ќе си ја оправаме кога ќе зачкрипи, трети личности од страна не требаат и секогаш се вишок. После пет години врска вие немате апсолутно никаква комуникација изградено. Он не ни разговара со тебе за вашите заеднички проблеми, а можам па да замислам за поединечните проблеми твои или негови колку разговарате. Затоа и реков дека немате остварено никаква комуникација. И тука е најосновниот проблем. Да имало комуникација меѓу вас, да сте биле блиски ќе седнел и ќе ти кажел што е проблемот. Друга работа. Премногу им дозволувате затоа вака ви прават. Јас да сум на твое место, станувам во моментот кога ќе го видам тоа и одам кај него. Му отварам facebook и барам веднаш во моментот да ми објасни. Чекам најмногу 10 минути ако не најде соодветни реченици, станувам и си одам. Крај. Па нека се мисли после. Да видиш како после еден саат ќе почне да ти ѕвони и да се извинува. Па откако ќе му одржам една лекција, нема да му текне уште еднаш да помисли да не разговара со мене. А не ти му ѕвониш, го молиш, го тинтраш и нормално дека си зема залет дечкото. Мисли дека е бог. Покажи заби, покажи достоинство, покажи самопочит, на токов начин и од него ќе добиеш почит.
Па кажи му дека си го прочитала тоа и разговарајте. Решејте го проблемот пред да стане уште и поголем... Сега штом кажал така малку може да се одалечиш од него, на неколку денови. Ќе му недостигаш и тој прв ќе ти се јави. Можеби ќе ти биде и малку тешко ама издржи. И не се плаши да му кажеш што чувствуваш, штом сте во врска 5 години. Тоа е многу време, и ако сте нон-стоп заедно можеби малку му станало досадно. Пробајте неккои нови работи, излезете на кино, на вечера, одете во некој друг град. Правете нешто забавно и интересно.
Friday искрено мене ако ме прашуваш, подобро е кога ќе се караш со некого. Да не ме сфатите погрешно, кога си лута некому тоа значи дека имаш емоции кон таа личност, не ти е сеедно... Според мене подобро е да се испокараш со парнерот, да ви пројде лутината и тоа е тоа. Барем јас така практикувам, поточно ги ограничуваме караниците на не повеќе од половина час, расправаме за проблемот и тоа е тоа... Но, таквото молчење мене не ми се допаѓа, на некој начин се оддалечувате еден од друг... Кога премолчуваш нешто и го собираш тоа во себе, еден ден ќе пукне тиквата, од нигде- никаде... Затоа мој совет е да седнеш и да разговараш со дечко ти, па сигурно таа долга врска не е без љубов, почит и разбирање...
Многу ви благодарам на сите за советите. Ете денес цел ден не му се јавив оставив тој да ме бара, попладнево беше излезен со другар му знам дека разговарале и сега се однесува подобро. Знам дека од прилика другар му го посоветувал дека тој е крив бидејќи добро не познава и двајцата. Ќе видам понатака што ќе се случи.
slusaj jana,ako imaat problemi i ako toj navistina saka da e so tebe ke dojde,sigurno mu znacis nesto stom i pokraj nea toj doaga se gleda so tebe..no mislam deka treba da pocekas dodeka ne raskinat bidejki moze podocna da te obvinuvaat deka se se slucilo poradi tebe
најдобро остави го, ако се некои ситни проблеми сами по себе ќе се решат. А ако е нешто озбилно кога тогаш ќе проговори. Не го напнувај недела две.
Јас апсолутно не се согласувам со ова дека тоа со невраќањето има врска со некултура . Па ако му пишат 10 девојки денеска од култура со сите ли треба муабет да си направи . Не гледам зошто дечко зафатен во врска би требало да врати на непозната девојка или девојка која знае дека не го гледа како другар . Тоа нема врска со некултурата туку со почитувањето кон мене како девојка негова . Како што мене ми пишуваат секакви и убави за мој вкус и не и некои што не би вратила ни да не сум во врска сепак од почит кон дечко ми на никого не враќам и зошто ми е доволен тој и другари ако имам евентуално за муабет , нема што да изигравам културна и на секакви да враќам . Им го гледам јас паметот на таквите кога ме гледаат зафатена и ми пишуваат и обратно важи и за таквите што му пишуваат на дечко ми . Не знам како се дрзнуваат тие гледаат зафатени дечковци и девојки а сакаат да шират познанства на големо па уште и на фејсбук . За мене дечко ми да врати на било која така што му пишала е понижување и веќе нема ни дечко да ми е пошто знам јас колку давам и колку вредам а некој таму на големо да си се размуабетува од култура . Кога тие биле доволно нејкултурни да не ја почитуваат врската на дечкото и да му пишуваат нема што тој да биде културен .
Lara, прво, мислам дека не си свесна за популарноста на мажите на Фејсбук во однос на жените. Убава девојка на Фејсбук добива дневно по 3-4 странци кои и пишуваат „zdravo kak osi“. Минимум. Убави дечковци не добиваат таков однос од непознати девојки. Ако некоја му пишува на дечко ти (хипотетички) таа го знае, а тогаш можеш да прашаш која е и како ја знае тој. Ако не ја знае, лажен профил е, можеби бивша, можеби проститука која бара муштерии и слично. Второ, ако 10 девојки на било кого му напишат и тој им направи seen, тогаш тој е дигнато копиле. Не разбирам како тука пишуваш дека нема што да им враќа на сите, а кога Лешоски или Бетмен или некој од ФБ фаците ќе ви направи seen викате дека му удрила слава у глава, дека е дигнато копиле и слично. Не знам, исто така, како очекувате вашите партнери да живеат во општеството изолирани од него. Фејсбук е улицата, кафичите, дискотеките на едно место. Фејсбук е канцеларијата на работа, шалтерот у банка и предавалната на факултет. Фејсбук е социјалниот живот пред мониторот и мора да го прифатите тоа. Не знам како очекувате вашите дечковци да не пишуваат никому, а вие да имате слобода да излегувате, да ставате романтични слики со цитати и профил фотографии со деколтеа и во бикини. Ако сакавте некогаш еднаквост, тогаш треба да бидете спремни да ја живеете. Ако сите некогаш бевме стаписани од супер љубоморни дечковци кои им забрануваат на нивните девојки да излагаат од дома, сега гледаме супер љубоморни девојки кои им забрануваат на своите дечковци да укључат компјутер.
^ Чекајте да најдам еден еквилибриум.. Лара е у право за тоа што вика дека ако некој е некултурен да ти ја испоштува врската, тогаш нема потреба да се биде културен и да му се враќа, а Омни мисли дека треба да му се враќа од култура. Јас да сум на местото на муж кој сака да биде толку културен и праведен, културно ќе им кажам да не замараат повеќе.
Јас сум и премногу свесна за популарноста на девојките на фејсбук . Не дека се преценувам себеси , ама сметам дека секоја девојка која се средува и внимава на себе добива внимание и во живо и на фејсбук . Без разлика , кога јас можам да ги игнорирам тие 3-4 странци дневно или било која девојка друга , може и тој таа една што еднаш у месецот ке пише . Ако тој не ја знае и е лажен профил , бивша или проститутка нема што со такви кои не се на негово ниво да има контакт . И не ме интересира дали тој е дигнато копиле во очите на некоја си таму .Зошто тебе еве ти е важно дали ќе излезеш во очите на некоја дигнато копиле , кога таа што треба те знае каков си и колку вредиш ,поважно ли е некој странец што ќе си помисли ? Ако дечко ми е од рангот на Бетмен или Лешоски ќе сфатам ако треба да врати на некоја која му пишала дека и се допаѓа што прави ,ќе го пофали како личност и неговата работа , но за таква работа обично си пишуваат фановите во инбокс едно рефератче . Јас искрено не би пишала никому такво нешто , а уште па ако е зафатен не доаѓа во обзир (пошто еве на пример знам дека Бетмен е зафатен ) .Јас немам ништо против мојот дечко да се дружи со колеги и колешки , не гледам ништо лошо да помогне на некоја ако му пише околу факултет што се случувало неколку колешки на пример му пишувале за задачи да им помогне да им сликне решение и апсолутно не гледам ништо лошо тука . Ама некоја што го видела во предавална не знам па да му се распишува на фејсбук бош муабети а се знае која и е целта нема што да и враќа , кога она не ги испочитувала неговиот статус и не била доволно културна нема што тој да е културен со неа . Не знам од каде доби впечаток дека сум љубоморна и дека мојот дечко нема слобода да излегува и укључи компјутер . Тој вусшност си има другарки за кои знам јас и со нив и излегува и по дома си прават седенки се собираат друштво , и за таквите се разбира дека нема да направам сцена ако си пишувале на фејсбук ,може и треба совет на девојката , често кога имаат проблеми со дечковците ми кажува дека му бараат совет на пример и јас немам зошто да барам да го читам тој разговор кога е приватна работа . Ама овде за кога некој ти пишува на фејсбук а не ти е другарка не се работи за љубомора , туку за почит кон мене и нашата врска . Со дечко ми зборував баш на оваа тема му го прочитав твоето мислење и он беше против , ми вели јас како што не сакам ти да пишуваш ни од култура со странци или со некои што знаеш дека ќе ти се пуштаат , не сакам ни јас да го правам тоа , бидејки и него би му пречело . Тој баш ми рече ако некоја е некултурна ме гледа зафатен сум и ми пишува што има јас со култура да и враќам .
Ретки се толку културни момци. Сосема е точно она што го пиша Лара, дека дечкото треба да извага дали да биде културен кон некоја непозната, или да не ја повреди својата девојка. Мене не ми е јасно, сеуште и покрај дали тие девојки се заинтересираат чисто за сексот со типот на кој му пишуваат, или се надеваат на тоа дека ке го тргнат од врската и ке биде нивни дечко? Знам за тоакви ситуации, кога „љубовницата“ и се јавува на сопругата од нејзиниот дом и и кажува дека и претура по работите а мажот и се тушира после секс. На крај, кажала дека основната причина зошто и се јавила, била дека ако не го направела тоа, они никогаш немало да се разведат, а вака она има шанси да го добие за неа. (Може небитно, ама типот си остана на улица, сингл и живее со мајка му). Така што, принтскринови денеска, а со цел да му уништиш врска на некој се доволни. Јас да добијам принт скрин каде што дечко ми со некоја другарка муабетат за секс, не би била среќна, ниту со образложение дека бил културен. Она, очигледно сака секс со него, а он од клутура, и пишува секси муабети. WTF?
Јас лично не ги сфаќам луѓето што изневеруваат нити некогаш сум изневерила . А тоа дека некој со мене изневерил , да . Но нагласив , јас никогаш не сум преземала прв чекор и некој да е слободен не сум , а не па зафатен . Мислам зафатен не ми ни паднало на памет да му давам прва некои знаци пошто тоа ми е бедно и несфатливо . Но за жал има многу зафатени кои не ги ни спомнуваат девојките и можеш дури по извесно време на дознаеш дека има девојка .Еве конкретно еден нон стоп ме викаше на кафе , да не видев слика каде што е означен дека има девојка немаше да дознаам . Имам чувство дека некои машки се спремни многу да ризикуваат , бидејќи знаат дека имааат девојка која веројатно ќе им ги прости глупостите и на еден начин ја гледаат како резерва . Тоа со претурањето и принт скринот не би направила никогаш, како што и не би се излажала да бидам со некој што е во брак . Ама едно сфатив од досегашното искуство , дека кога на заљубена девојка ќе пробаш да и докажеш дека нејзиниот љубен и не е толку мирен колку што мисли таа 90% се шансите ти да излезеш виновна и она на него да поверува пошто го сака . Тие што се запнуваат нешто да кажат на сопругата на швалерот па понејасни ми се , мислам човекот да сакал немал веднаш да си расчисти и нив да ги земе или па не им е страв дека ако изневерувал со сопругата дека и нив ќе ги изневери ? Јас никогаш некој кој изневерува не би го сфатила за сериозно ниту пак би го гледала како потенцијален дечко . Не сум будала да верувам дека јас сум била нешто толку посебно за него чим изневерил со мене , јасно ми е дека си е таков карактер и секогаш ќе сака нешто на страна .