Лара, малку ми наметна став дека оправдувам муабетење со курви, што не е вистина. Извини ако јас лошо се изразив па доведов до погрешно сфаќање на работите. Реков во претходниот пост дека дечковците на ФБ не се толку популарни како девојките и на нив не им пишуваат тотални странци. Кога им пишуваат, тоа секогаш се девојки кои лесно се проверува кои се и што се. Ако тој некој, хипотетички дечко, пишува со девојки кои не ги познава за работи кои очигледно делуваат како флертување, тоа е ситуација кој не ја оправдувам, но пишување основни работи, чисти муабети со девојки кои не се тотални странци, според мене е сосема океј. Секако, вашите сфаќања и идеи за тоа како треба да изгледа животот на Фејсбук, се ваши, а моите се мои и јас никако не сакам да кажам дека вашите не чинат или не се исправни. Се работи за индивидуално гледиште на работите. Моето гледиште е дека јас не сакам да имам ограничувања од девојка ми исто како што јас неа не и` поставувам ограничувања. Јас се темелам на доверба во мојот однос кон останатите девојки и се надевам дека таа исто така ќе биде фер кон мене. п.с. Ако некој сака да изневерува, ќе најде начин, тука сигурно се сложуваме.
Фб не е причина за изневерување, тоа е само оправдување. Пред 5, 6 години фб и не беше толку популаран а пред тоа и воопшто го немаше ама паровите се изневеруваа. Порано и телефон како комуникативно сретство го немало ама сепак изневерување имало. Се на се, виновникот е во човекот, човекот е тој што знае да лаже и да изневери. А фб, телефон и се останато е само изговор.
Jас нагласив дека ако се другарки или пишуваат нешто за работа факултет воопшто не ми смета . Се разбира дека и јас имам потреба некогаш да прашам нешто некој колега или ако се другарки со кои се знае со години нема проблем . Ама колку што сфатив јас ти пиша дека на секоја девојка што ќе ти пише треба да се врати од култура пошто ако излезе само seen ќе излезеш дигнато копиле . И јас сум за доверба и не проверувам разговори , бидејќи искрено за тоа немам ни потреба дечко ми пред мене си отвара фб си го остава укључен што значи дека нема што да крие , исто и јас . А пишувањето бош муабети со девојки со кои се знаат од некаде а не се блиски ,не се другарки , не се колешки и му пишала од никаде се рабира дека нема да го оправдам. Ако таа не е ништо од наведеното не знам што има со неа да прави муабет . Истото важи и за мене , многу јасно дека што не сакам да ми прават , се трудам да не правам , барем кај мене е така , секој со своите сфаќања , како што рече и ти
Омини сака да ви каже дека на машките не им пишуваат непознати девојки Ако рече дека не ја познава тогаш ве лаже или навистина не ја познава но тој ја аднал (манијачел згодни цури ) и тој прв почнал да и пишува.. Не знам што е полошо Најчесто тоа се познанички дали од работа , факс или од било кое друго место . Па така еквивалент на тоа во реалниот живот би било некоја што ја познава да му рече здраво а тој да одмавне со глава .. Мене не би ми сметало да и врати на некоја девојка што ја познава и културно со 2-3 реда да го заврши муабетот .. Голем дечко е немам намера да го учам кои се границите ако тој сам не си ги знае тогаш е јасна работата .. Нормално ако е некоја досадна и не си го знае местото и покрај суптилните и културни знаци на откачување таа продложи очекувам да и го покаже местото ... Уствари јас не сум ни видела дали има вакви активности кај него , а сум имала можност многупати да му sирнам во пораки ама не ме интересирало ..Едноставно не сум имала повод да се сомневам , а немам намера да бидам детектив ако тој има таква намера и да нема профил пак ќе си најде начин ..
Тука си во право.Но знаеш ние ќе видиме стави лајк на онаа ставил лајк на оваа и нервите ни се кинат. Не знам како да го протолкувам ова и не можам да го разберам.Ете гледам и така некој не го познавам воопшто,во сериозна врска,а ми лакјнува слики,но воопшто не ми пишува.Што треба ова да значи? Само му се допаѓам јас како личност или..? Повеќето машки го прават истото лајкнуваат слики на секакви и така ти не знаеш ни зошто ни како. Дали вас ве нервира ова или пак ви е сосема нормално? Инаку фејсбуков е жива катастрофа,секој на секого е достапен,со секого со секакви можеш да се запознаеш. Мислите ли дека машките би излегле со некоја random девојка,што ја виделе на фејсбук,без да знаат каква е и што е? Искрено мене запознавање преку фејсбук не ми се допаѓа,посебно кога станува збор за некого кого навистина не го познавате.
Но девојче ти неможеш да му браниш, на кого да лајкнува да коментира тоа е веќе тортура. Богами тој не ти е маж. Подобро на фб отколку во живо. А и тој сам треба да има резонт што и како да прави.
Дечко со осет ќе знае и ќе си пази што лајкнува . Секако дека нема што да лајкнува некои непознати девојки па и плус слики со провокативни содржини . Барем моите дечковци до сега внимавале на тоа и без да им кажам се знае дека треба да се внимава . И јас кога сум во врска само на познати и блиски личности лајкнувам содржини . Не знам дали имам јас превисоки критериуми ама стварно не можам да сфатам како девојките остануваат со типови кои манијачат на фејсбук се допишуваат со други и лајкнуваат слики на секоја 2 ра . Тоа за мене е еден вид психичко неверство . Нема што јас да забранувам на некого да лајкнува , ако сме дошле до тука веројатно и нема да сме веќе заедно , доволно се почитувам себеси да не дозволам таков да имам до мене . Па после ќе се чудиме зошто темиве се полни со проблеми од типот "не сум му веќе интересна , не ме почитува , како да оладил спрема мене , јас се што правам за него и што му дозволувам а тој така ми враќа " , епа кога поминувате покрај вакви работи , како може да очекувате утре да ве смета за девојка со карактер ? Никој не може да ме убеди дека има потреба и воедно да ми ја објасни потребата од лајкнување на слики на непознати и пишување со секакви додека си во врска . Ова важи за двата пола .
Ако и има лајкнато слика две, не е проблем. Ама кога ќе видиш дека ама секоја слика и ја има лајкнато тогаш богами и како ќе се изнервираш. Инаку незнам кој погоре спомна дека нема машко на кое девојка му пишува а тој ја игнорира. Секако дека нема да ја игнорир и ќе вика дека му е другарка и дека мора да и врати. Ја гледал таму ваму, ја додал и ја лајкнал секоја слика и сега таа му пишува а тој да не и врати?? Па не би бил тој толку голеем маж. И јас не го разбирам тоа лајкнување на секоја, уште полошо коментари пишување. Во глобала мажите се криви, секако лажат за да ја постигнат целта. Но и меѓу нив разлика, некој тоа го прави за да убива време, и сето тоа ништо не му значи и во никој случај не би излегол со некоја од фб, но има и некои кои ама секоја би ја извеле барем на кафе.
LaraSolare целосно се сложувам со тебе. Јас и дечко ми немаме фб веќе година ипол ама сепак се согласувам за се' што кажа и исто и ние со дечко ми така размислувавме кога имавме фб. Пред се' тргнував од себе, кога имам дечко и сериозна врска, која ми е мене личната потреба да аднувам непознати машки на фб, да им лајкнувам слики и да пишувам со нив? Која би била потребата? Што добивам од непозната личност ако лајкнам нешто или ако пишувам со него? Не ми се јасни работиве. Што муабет можам јас со тој да правам, а не можам со дечко ми? Истово важи и за другата страна не само за девојката. Знам многу случаеви кога дечкото си лајкнува слики на девојки, пишува со нив итн, а на девојката тоа не и' смета. А истата таа девојка ќе падне во несвест ако дечко и' флертува со некоја девојка во живо. Епа која е разликата? Истите фелртувања ги има и на фб, разликата е што таму пишуваш. Премногу некои работи се сметаат за ситници и небитни. Па после некој друг им е крив. Сите се во филм дека фб е небитна ствар и дека тоа нема никаква допирна точка со реалниот живот. Ама не се ни свесни колку многу се лажат. Всушност фб и реален живот нема некоја разлика. Тоа што сме во реалноста и во живо само го пренесуваме на социјалните мрежи. Ако некој е склон кон неверство во реалноста, ќе биде и на фб. Нема разлика. Всушност јас уште и пред да се запознаам со дечко ми имав најмногу 100 пријатели на фб. Се' што не познавав лично бришев и не прифаќав. Не битно дали сум имала или не дечко, не сум сакала муабети со непознати на фб кои никогаш ги немам видено во живо, затоа и не ми е јасна таа работа.
Па кога имате 1000 пријатели јасно е дека ќе имате проблеми Мене сите ми се луѓе кои лично ги знам , а непознати не прифаќам нити и одговарам .. А што спомнавте за дечко кој лајка слики од лепотици па за мене тоа е несозреано детиште да ми простите Типично за тинејџер ... А два -три реда муабет со пријателка не ми се проблем па ако е зафатен не значи дека не треба да комуницира со никој , како што кажав сам треба да знае како да се однесува .. Ако не на фб во реалноста сигурно доаѓа во контакт со многу девојки ,не можам да го бранам од сите . Уште нешто не ви се криви девојките , нивно е да си пробаат а работа на вашиот дечко е да ги одбие не да ги шармира со лајкови и реферати , зарем не е очигледно што е работата ако е таков случајот ?
Токму така , и јас тоа го сфаќам како флерт , нема разлика дали во живо дали на фб , битна е намерата . Фб може да не биде битна ствар од аспект да не си зависен од него , да не ти е важно кој што објавува , што си прави ама не може да не е битно ако дечко ти/девојка ти се расфрлува со лајкови . Јас на пример имам доста пријатели повеке од 3000 сигурно , ама од причина што не го сметам фб како дневник и не објавувам битни работи и лични .А и ме мрзи да разгледувам кого имам во пријатели , па гледам кога ќе ме додадат ако е лажен профил или ми изгледа манијачки не прифакам . Додавам премногу ретко ептен ако се знам со некого па е постар и онака не иде он да ме додава прв , а вака општо било кого па и познаници не додавам . И јас се разбира не го сметам фб за битна ствар од аспект дека мора се таму да објавам и видам ама овде за оваа тема што зборуваме не можам да поминам преку такви работи , бидејќи се работи за почит спрема партнерот и ако сум избрала да сум со некого значи дека верувам во тој човек и не ми требаат попатни забави и разоноди на фб .
И анкета да отвориме за ова, мислам дека ФБ лајкнувањето и допишувањето со „другарки“ ќе се смета за неверство. За мене помало неверство е да ја штипне некоја за задник, или да и зјае во цицките цела вечер, отколку да и влегува во мозок секој ден, со некоја површинска реченица од која некоја другарка (ако може да ја сметаш за другарка некоја со која со флертал таму некогаш, ама она имала дечко па сеа нема) ќе се навлажни и ке мисли дека има шанси да го заврти во секој момент. АКо јас му пишувам на некој кој е во врска,секој ден, преку еден ден, и тој постојано ми враќа, јас нема да речам леле колку е културен! Јас ке речам, не му е добар сексот со неговата, со неа му е досадно во врската, јас сум му позабавна и порадо би пишувал со мене отколку со девојка му.Загорен. И не знам зошто, тоа би ми донело супериорно чувство над неа, бидејќи и го земам нејзиното време кои би го поминала со него. Би се чувствувала повредна од од неа, бидејќи таа го има 24 часа, а тој сеуште мене ми посветува внимание. И секако, за да го опипам како му е во врската и за колку време би легнал со мене, ке му пуштам одоколу вода за моите љубовни „проблеми“ за да ми ги каже неговите. Ќе му влезам во интимата и ке го разоружам. Ке го држам на топло ладно фората, и би имала чувство дека во секој момент да му речам да излеземе на кафе, ке излеземе. Оти лесен со паметот, е лесен и во постапките. Иначе, секоја девојка има по неколку манијаци кои и лајкуваат се, или почесто. Јас таквите ги бришам, а особено пак ако ми пишуваат работи од типот, убава, лепотица, и слично. Некои од моите познанички пак, со цел да не си прават без причина проблеми со дечковците, таквите со кои има шанси да настане проблем, си ги бришат од пријатели. И на „избришаниот“ треба да му е јасно дека флертот завршил. И да не се закача. Инаку, како што кажа Лара, поголеми пуштачи кога сум била сингл ми биле оние во врска. Поим неам оти.
Добро еве според мене и јас лакјнувам слики,но немам ама воопшто никаква намера.Не планирам,ниту сум помислила на неверство.Едноставно ете да тепам време и можеби ми се допаѓа онака сликата. А за кај машкиве искрено не знам. Не сакам да зборувам за тоа,но ужасно ме нервира.Можеби бидејки не знам каква е намерата.
Јас едноставно ќе експлодирам..Пред 4 години една моја соученичка беше во врска со едно момче, а јас немав никаква замисла дека таа соученичка ќе ми стане најдобра другарка..Тие пред 4 години беа заедно 8 месеци али раскинаа и од тогаш тој повеќе пати и велел дека ја сака и дека сака повторно да бидат заедно..И веќе 4 години со ред тие имаат постојан контакт но еве што се случи пред 3 месеци..Од нигде никаде се случи еднаш излеговме ние тројцата и другаркава замина дома ја повикаа нешто и ние заминавме во паркот да ја почекаме..И во моментот кога тој до мене се доближи толку блиску што помислив дека ќе ме смува пристигна другаркава..И во истиот момент на цел глас извика: ШТО ПРАВИТЕ ВИЕ И од тогаш кога и да излегувавме тој идеше со нас и со уште едно девојче од друштвото..Излеговме така 3 дена со ред и 3тиот ден едни деца што ги знаев само онака почнаа да ми презборуваат нешто а овие тројцава ( дечково и двете другарки ) само седеа и ништо не правеа.. И јас им реков вие само седете и си заминав..Оваа бившава негова (мојата најдобра мислам) тргна веднаш по мене а тој остана со другата и изреагирал така бурно во смисла кои се тие така да и прават неа и таа го прашала зошто толку се буни за мене и го прашала дали ме сака..И тој рекол да а потоа замина да се разбери со нив уште еднаш да не ме задевнат.. И потоа оваа бившава негова го прашала нешто као демек зошто замина да се расправаш со нив?! Ја сакаш?! И тој рекол нема да ти кажам али таа го притиснала и он рекол да..Ова ми го кажа таа и потоа..И двете ми го потврдија тоа..Ми викаа тој те сака а јас се правев дека ми е сеедно..А тогаш да, сеедно ми беше..И по една недела целата нервоза ја истурив на него во одбрана на најдобрата другарка моја.. И потоа тие го прашувале дали ме сака без да знам јас а он им викал после тоа таа што ми го направи ќе размислам дали ќе ја сакам и тоа беше тогаш.. Приметливо беше дека ме сака..А мене ни на крај памет не ми падна дека по еден месец ќе го засакам..И тоа му го кажав а тој ми рече дека и тој ме сака..По 5 дена тој се смувал со друга а јас дознав за тоа и тој ми рече тогаш дека ме сака другарски..По неколку дена се смувавме и одевме само една недела..Додека тој не и рече на оваа другарката моја најдобра дека ја сака и тоа без мене да ми кажи дека не е повеќе со мене.. А јас му реков кога ја сакаш неа оди со незе..Таа заминала со него, се смувала а јас незнаев ја притискав мислејќи дека е така и таа призна дека е така а јас сеуште го сакав и сеуште го сакам и по еден месец еве веќе помина од тоа и јас уште го сакам а тој олади кон мене скроз..И кога раскинавме ми лајкнуваше слики ова она ќе ми пишеше некогаш а сега воопшто не прави ништо..Целосно е оладен кон мене..А јас го сакам..Премногу го сакам..Сега најдобрата другарка е со него а јас умирам од што го сакам..Можеби е глупаво но имаме само 14 години а тој има 17..Ве молам кажете ми што да правам секој совет е добредојден
Што да ти кажам бе девојче ја прочитав твојата приказна од почеток до крај. И уште на почетокот на настаните донесов заклучок за кој не се премислив до самиот крај. Па очигледно е дека тој си игра со сите вас. Те сакал дал молим те не ме зезај. Како прво како можеш да засакаш некоја за толку кратко време, па потоа да ја отсакаш, па да одиш со друга и дрн дрн дрн ред други работи. Добра игра извел дечково кога ве видол мали и наивни. Нормално дека ништо нема да направи за тебе кога не чувствува ништо кон тебе. Де малце отвори си ги очите и погледни убаво, па тоа е очигледно. Не се залажувај и не дозволувај некој да си игра со тебе.
peperutceee Дечкото очигледно сака да седи на две столчиња..Т.е. можеби и на повеќе. Прво другарка ти ја сакал, па потоа тебе, па потоа пак нејзе, во меѓувреме се мува со друга, се мува и со тебе, и сеуште ја сака другарка ти... Ај откачи го. За сакање сигурно толку не го сакаш. Имаш само 14 години, многу подобри ќе дојдат во твојот живот од овој. Не заслужува, навистина. И да, со „другарката“ сериозно сте си „најдобри другарки“?! Незнам дали сум единствена, но две девојки кои делат дечко јас не би ги нарекла другарки, а уште помалку па најдобри. И уште еднаш, заборави го фраерот, тој сигурно само си игра.
^^ Leighton е сосема во право. Он баш ве изиграл и двете. Ве менува само и него тоа му е интересно и работава е коа ми е досадно со тебе ќе се смува, коа ти ќе му здосадиш иде кај другаркати и ред така си ги тера. Отвори си ги очите, и така си мала, ова нека ти биде поука да не веруваш на секое те сакам и да знаеш со кого си имаш работа. Не дозволувај некој да си поигрува со тебе и твоите чувства.