Епа самата гледаш дека не те заслужува. Ако престанал да те сака можел на убав начин да ти каже а не вака со навреди, понижувања, па дури и споредби на тебе со сегашната. Тргни се од него и барај ја на друго место среќата.
Е како никој и ништо, нели тој цело време ти вика да се фатите? Значи ако сака да му бидеш ти девојка, тогаш нема зошто да оди на одмор со бившата. Ќе кажеш дека ти смета тоа.[/quote] да и јас сметам дека не треба ни да отишол. ако имате сигурна и добра врска не треба да иде сам а тебе да те остави и ни да праша за тебе. ете јас сум сеа во случај да немам одмор а дечко ми има и ми вика не е фер ти да работиш а јас да се ладам на море па така да летово ќе го поминеме во разгледување на мк. али никако не ни помисли да иде со друштво иако навистина го викаа и има можност. мислам дека сам згрешил а и не се нервирај ако сметаш дека имало нешто или не е ок раскини му. па не е ни прв ни последен[/quote] ama ne mi e decko toa e rabotata...sea zasega samo muvac...itoa snosti prv pat se muvavme...bidejki vcera si dojde od italija...
Девојки љубоморава ме уби буквално. Дали верувате дека го следам и неговиот поглед каде ќе погледне кога поминува девојка, девојче, жена... опседната сум со тоа. Јас знам дека ако е верен и на крај на светот да е со најубавите девојки нема да ме изневери, и обратно, и да го врзам до мене тој ќе биде со мене а ќе мисли на друга, и знам дека го гушам со тоа „кај гледаш сега?“, „ок, таа е поубава од мене, оди си кај нејзе“, „не сум ти доволна?“, „треба и јас да станам курва за да зркаш и по мене така како по онаа?“ ама едноставно кога сум со него не можам никако да се контролирам. НИКАКО! ПС: заедно сме скоро 4 години и немал други девојки освен мене.
Леле бе 4 год сте заедно и немал друга девојка освен тебе, а ти пак си љубоморна? Не ми е јасно на што љубомориш кога дечково освен тебе друга девојка немал?
Помири се со тоа што ти кажал и немој да тагуваш затоа што сте раскинале, туку биди среќна затоа што навреме си го дознала неговото вистинско лице. Ти не губиш ништо, затоа што не ти треба таков дечко што не знае ниту на културен начин да ти раскине. Понижување, навреди, закани.. Сигурно типот е влезен во некој филм Преболи го и не се ни обидувај да му ѕвониш и да го молиш Тоа никако!
Тој не те изневерил цели 4 години и ти сеуште се однесуваш така?Навистина си виновна,тоа е болна љубомора.Јас не знам како дечко ти те истрпил ваква ама дефинитвно многу те сака затоа што не ти раскинал и покрај ваквите тортури од твоја страна.Мој совет е да пробаш да се смениш и тоа на себе да направиш драстична промена.Дечко ти те сака и нема намера да те изневери па затоа проработи малку на своето однесување спрема него.
Викторија, добро е барем што си свесна за својата опсесивна љубомора. Најпаметно ти е кога си со него да го пуштиш мозокот на пасење и да не се замараш околу тоа каде гледа.На крај краишта машко е, ќе гледа! Не може да мижи. Дали си свесна дека еден ден сигурно ќе му здосадиш и ти и твоето гушење и замарање!? Никој не сака диктатор во врска, кој постојано ќе му прмка и забележува на ситници. Мој совет е да престанеш со таквите испади, за да не ти се случи нешто несакано, а гледам токму тоа си го бараш. Па зар во 4 годишна врска толку не си имала време да се опуштиш, да му веруваш на дечко ти? Послушај ги нашите совети, пред да биде доцна... Поздрав
Мислам дека малку претеруваш 4 години не погледнал никоја па баш сеа ке погледне. Мислам дека нема за што да се секираш и гледај да не бидеш толку љубоморна и опуштисе малце па и него сигурно не му е лесно што ти така се однесуваш спрема него опуштисе срцка и не се секирај поздравче
Ти си опседната. Што ако гледа во други? Има убави девојки. За гледање се. Јас некогаш додека се шетаме ако здогледам некоја убава и средена сама му викам на дечко ми види ја каква е или види ја ама газ врти. Ти треба да си поработиш на твојата самодоверба. Тоа е факт. Со поглед не се изневерува. Очи се за гледање. Јас повеќе по женски загледувам него по машки. Има некои навистина убави зошто да не ги гледам и да не им се повосхитувам?
Не знам што да кажам, сум се изјаснила повеќе пати на оваа тема, освен дека не е здраво и дека болната Љубомора е најлесен начин да си ја упропастиш врската. Не, не е доказ за љубов, туку укажува на недоверба, проблеми со самодоверба или control freak. Без навреда, верувам дека си го сакаш дечкото, ама јас да сум на негово место, не знам колку би трпела такво нешто.
Луѓе свесна сум за сето и верувајте дека и мене ме гуши колку и него, бидејќи од ништо си вртам некој филм в глава и побудалувам од љубомора. Но ете, едноставно не можам да се контролирам кога сум со него.
леле дај олади малку за 4 години таква љубомора. ех треба да бидеш свесна дека можеш да го изгубиш. јас воопшто несакам љубоморни луѓе. а тој ако сака да те вара ќе те вара и нема да бидеш свесна за тоа. така да мој совет учивај додека можеш и додека го имаш тој што го сакаш е само твој
Се согласувам со дарки,проработи малку на себе.Затоа што тој ќе те трпи ќе те трпи,ама не уште долго...кај и да е и него ќе му скисне и ќе ја фрли во вода и љубовта и се! Затоа,пробај малку да се контролираш,љубомората е болест.
И јас се соголасувам со нив треба малку да поработиш на себе...И јас бев порано ужасно љубоморна но сватив дека нема ништо лошо во тоа да гледа други женски,секако и ние се вртиме по некое згодно момче ...кај мене љубомората настана поради намалување на самодовербата , но сега сум супер ништо не ми пречи ја надминав таа пуста љубомора... ....Ти велиш дека дечкоти немал друга женска па затоа треба да живееш мирно и да не се замараш со ништо, 4 годни врска не се малку... ....Тоа е од мене се надевам дека ке се промениш некако како јас што се променив .....Со среќаа.....
Па добро бе Вики ти никогаш ли не си се завртила по некое згодно и убаво машко? Или во ред е додека ти тоа го правиш, ама кога тој сака да погледне криво ти паѓа. Како што гледам нема овде место за љубомора, сето тоа набљудување на личности од спротивниот пол е сосема природно и здраво. Како што кажа Дарки, јас самата му покажувам на дечко ми на некоја убава и згодна девојка, па заедно коментираме. Немој да бидеш толку напорна, сето тоа врз глава ќе ти излезе. Искрено мене дечко ми за секој таков коментар ќе се заврти и ќе си отиде. Абре 4 години се тоа, треба ова одамна да е надминато, па ти нам да ни даваш вакви совети. Поздрав
За да не отворам тема нова, ке пишам тука... Имам пишано дека се гледам со еден тип чисто онака...е сега проблемот е што тој е навистина прекрасен цело ова време, ни дечко не би постапувал така, за се има разбирање, за се ми помага, за се ми е наоѓа. Но, приметувам дека се заљубува а тоа не смее да биде така. Пробав да се одалечам од него зошто не планирам никава врска во скоро време, но тој е упорен и недела дена да не му се јавам тој пак ке ме побара да се видиме..ај да имавме секс ке сватев ме бара за тоа , но тоа не се случило. Незнам што да правам??? еве вечер ке се видиме но немам како и што да му кажам, зошто на фејс ми ставил песна која што јас треба да ја разберам по текстот, а таму стои..јави ми се љубов моја во секое време, обој ме во твоите бои и слично... Што да правам...јас не се заљубив ни малце..а тој??? морам некако да се отргнам, пробувам но неможам... кажете ми што д аправам, да му кажам директно неможам, ќе го повредам. му имам кажано дека се осеќам ко кучка зошто не сакам врска ама него и тоа му одговара само да е со мене
таква болна љубомора е штетна и му смета на твојот партнер! И јас сум таква понекогаш, но сега веќе не! Зошто? Ако сака тој ќе те изневери секогаш! Свести се! ослободи се! И ти гледај во други! Нема да се случи ништо од гледање!
Ми се јави да се видиме, ( не се имаме видено едни добри 5-6 дена), и сега ми откажа, но не ми ја кажа причината! Иначе се гледаме еднаш неделно, ради тој што имал "мн работа дома, имал гости од странство"! И му пишав ок, чао, кога ми откажа! Почна да ми звоне неколку пати, му исклучив, и ми пиша порака, немој да ми се љутиш, те сакам највише на свет..! Ама мене ме нервира, и му кажав дека сакам да се гледаме повеќе, а тој само се ваѓа1 Ова капак е, дур можев трпев, ама прекапе сега лончето! Дали правам добро што го игнорирам? Да го оставам неколку дена да се мачи?
е скралет малку не те разбирам...пред некое време памтам се жалеше што не се гледате често,а сега ти смета што се заљубува во тебе?? јас мислам да му кажеш како што е,само убаво размисли да не се каеш кога ќе стане ладен