А како може за некој што го сакаш,да зборуваш дека е грд? Тоа е лицемерно. И што дека го сакаш,кога на негова сметка се за*баваш. Тоа ни од далеку не е сакање.[/quote] Не,се сакаат тие,доста им матите тука води. Девојченце,ај остави го ко е грд,ич не се мачи со него и гледај книгите и другарките да си се изнадружите,оти никгаш нема да ви се вратат годините. И на крај,секако дека во животот има многу поголеми проблеми од ова ме сака,не ме сака,ама грд е,ама убав е.. Не ти судам,сите минавме низ таков период(ок јас искрено не почуствував вакви нагони за дечковци,незнам зошто )ама сакам само совет да ти дадам да не си трошиш скапоцено време до детството твое,и да се расправаш со,,проблеми,,. [/quote] Sadgirl-Едноставно морам, сфаќаш?Ако почнам да го бранам, да викам дека е убав( а не е нешо лепотан, али еве го сакам) ќе почне дека го сакам, а нема шанси јас неќам тоа да се дознај, поготово не другарките пошто се многу лицимерни, дволични, се бива од нив, може се да се очекува.Па зато ијас им се приклучвам на мајтапите. И второво, грд е да, али шо да прам коа го сакам, не можам да сфатам како, али ете јас сум доказ за тоа.Ќе го подзаборавам малку, месе/два ќе се фокусирам на нешто друго или некои други и оп го гледам излезен и повторно истите чувства.Не ми претставува ова некој голем проблем, се знае у тие години сум, симпатии ова она, па ќе видиме што како понатаму.
Едноставно морам, сфаќаш?Ако почнам да го бранам, да викам дека е убав( а не е нешо лепотан, али еве го сакам) ќе почне дека го сакам, а нема шанси јас неќам тоа да се дознај, поготово не другарките пошто се многу лицимерни, дволични, се бива од нив, може се да се очекува.Па зато ијас им се приклучвам на мајтапите. Типично детско размислување,незнам зошто се замарате и давате совети кога таа самата си решила што ке прави и ке ги слуша "другарките" Ех бе златно девојче, тргни се од нив настрана колку што можеш подалеку! Подобро еден ден лав отколку цел живот овца
Прв чекор за запознавање.. :/ Значи има еден тип и го знам само од фб.. Ми се допаѓа така малце и сакам да го запознаам.. Но незнам како, не живее во мојата населба, срамежлива сум и не знам дали да му пишам на фб, се плашам од одговорот (дали и ќе одговори).. Единствено нешто ми е тоа што е другар на братучед ми, кој не живее кај мене туку во центарот на градот. Многу е заплеткано но сакам да го запознаам.. Тој е така од тие по фраерите, се дружи со фраери и фраерки (со оние што ги нарекуваат познати ) а јас не сум таква.. Ете, дајте некој совет, да го запознаам и да видам дали тој има карактер.. Хмм знам дека некој ке напише дека оние убавите и фраерите немаат карактер, се фалат со парите, не учат итн. но имам слушнато од другарки дека бил поинаков, учел и се разликувал од другите, не се фалел со парите итн..но незнам колку е тоа вистина. Побарав совет од сестра ми и таа ми рече да не се занесувам, тие гледале само изглед и начин на искуристување (општо ми кажуваше и тоа донесе огромна несигурност кај мене) Тоа е..
Прв чекор за запознавање.. :/ ИЧ да не ти е гајле за кој сто ти казал Ако си ресила да го запознавас, запознај го. Јас не би користела ФБ за таа намена, оти има некој, како мене на пр сто не си ги сфака тие поукс и пораки како знак за: сакам да те запознаам. Исценирај несто, излези со братуЧед ти, кази му јасно и гласно дека сакас да го запознаес другар му, сигурна сум дека ке ти помогне. Па сега, обиЧно тие фраерциња се малку испозанесени, ама не мора ни да знаЧи, нема да знаес додека не го запознаес. Подобро да го направис и да знаес каков е , него ли да се прасувас ехх.. којзнае каков е. Така да, храбро напред и не се стегај, срамувај, оти ќе примети и се ќе му стане ептен јасно и оЧигледно, и не занимливо Дотерај се, нисто претерано сепак, биди располозена, насмеана, и сама ќе си видис дали му фаќас око.
Прв чекор за запознавање.. :/ Ај ја да ти ја кажам мојава приказна....заначи сеа у средно многууу ми се присвиѓа еден дечко.Али како што и ти кажа тој е наубав,најјако тело држи,богат е,учи,познат и + е најдобар пливач у моментов у земјава...а јас ништо од наброеново средно сум убава,згодна,богата,позната а и не тренирам ништо. Али никој жив неможе да ме разубеди дека ја и он не сме еден за друг затоа што ептен си личиме, или дека ако он е најфаца а ја не сум па нема да може заедно...Нема везе тоа....Значи он мене ме запримети така што бев своја,и ја со мојов став се одвојувам од другите(сите ми го рекле тоа можеби зашто сум Аеродромка па брат ми ме воспитал со таков став ) е сега ние дали ќе бидеме заендо тоа незнам ке видиме... Во врска со твојов проблем можеш да го аднеш на фб и да му лајкнуваш слики но сега за сега не му пишувај,следна работа е да го натерас братучед ти да те запознае но никако не му кажувај да те запознае зошто ти се свиѓа зашто може тоа и да му го каже,измисли некоја друга причина... И као ќе се видите сосме опуштено колку си по опуштена толку подобро,насмејана,кажувај свое мислење но не му се противи и не кажувај на прва средба проблеми или многу многу што ти смета... Поздрав па кажи што се деси..
Значи морав негде да кажам пошо ќе пукнам.Со дечко ми раксианвме пред неколку дена ја славев нг со негово друштво од клас кај што учи моја најнајдобра другарка како сестра и со еден негов другар се зближивме онака за Нова година се грижеше за мене пошо ја бев пијана со мене беше цело време додека дечко ми кој знае кај бил и со кој..И сеа после нг јас и другар му се допишуваме он свиѓаше една моја другарка она нејќеше нишо со енго бла бла..и онака се зближивме и ја сфатив дека тое погрешно пошо он е другар на мој бивши ии свиѓа моја другарка и се оддалечив од него..после неколку дена он пак почна да ми пишува и се зближивме повеќе цел ден зборевме на фб и почна срциња да ми праќа сонце да ме вика и ај онака мислев дека со сите другарки така се однесува и не замеравав..после почна да ми кажува како он не ја свиѓа више неа незнам што и да ми кажува се..Пред некоја вечер он и негов другар биле кај нас во маало им било досадно у 1 саат овој другар му ја земал колата од татко му и кај нас и се јавил на таа другаракта шо учи со него шо ми е како сестра да се видиме ама ја не го слушнав телефонот и не отидов и утредента ми пишува сакав да те видам баш ќе беше убаво..после ми пишува те сакам али ја тоа го сфатив најдругарски онака..Вчера вечерта во 3 ми вика ти се збори на телефон и ја му викам па да и ми вика дај ми број и ми се јави и ми вика да сме иделе на кафе јас и он некој ден коа ќе се врати од Маврово..Сеа незнам шо ми се дешава мислам дека почнувам да го засвиѓувам а нејкам пошо на бившиот му е другар,а плус заедно учат..Ако кажам на другаркава шо учи со нив ќе ми вика као не не се губи..А оваа па шо ја свиаѓаше он дознала некако и ми вика биди со него слободно ја несакам ништо со него,многу си одговарате незнам што..Незнам дали он ова го праи другарски или не незнам више шо да мислам ајфкасфдас вие што мислите да осстаам на времето или?
Јас мислам остај на времето ако стварно те сака или те свиѓа ептен нека ти докаже.Биди сигурна после донесувај одлуки сепак ти знаеш што е најдобро за тебе. )
Mozda vremeto e odgovor no i ne resenie, ne mora da zaci, pogledni od druga strana moze namerno da e nekoja strategija koja bivsiot ti ja spremal za da te meri na kantar kolku tezis( metaforicno kazano)! Bidi na distanca i nedostizna, kreni gi tvoite akciite!!!
Bianca.M мој совет, бегај подалеку од "другарот" на твојот бивши дечко. Дечково ја свиѓа прво другарка ти, па тебе, па на крај не знае што сака, очигледно е. До сега сите вакви ситуации не ветувале ништо. Сум израснала со машки, буквално, и многу добро знам што ти зборам. Секогаш кога некој се плеткал со бивша девојка на негов другар било од забава и зафркавање. Никогаш не ја гледал за сериозно. И обично и двајцата момци знаат за тоа, а не им е гајле и само и' го гледаат нејзиниот памет и си разменуваат искуства. Така што, најдобронамерно за да не дојдеш до ситуација да ти се смеат они двајца (и тоа го имам гледано и слушано пред мои очи) не се вплеткувај во ваков триаголник.
^ Не се сложувам. Точно дека е многу често случај тоа, но јас бев прво со едно момче, раскинавме па после месец дена се фатив со негов другар, па бевме заедно во убава врска година ипол. Секако не беа најдобри другари де, но сепак доволно беа блиски, и на мојот бифши тоа воопшто не му сметаше.. Тоа што понекогаш тој прави да звучи другарски е сосема нормално, особено за момчиња со слаба самодоверба, тој им е начинот на зближување со девојка која им се допага. Никогаш незнаеш каде ке ја пронајдеш љубовта на тоа нема правило, ако ти се свига дечкото и ако е тој тоа што го бараш немаш причина да бегаш
Многу сум разочарана. Имам 18 години,имав дечко 10 години постар од мене,одевме скоро 2 години,но раскинавме,премногу се каравме и дознав дека се слушал со некоја веќе 6 месеци и се гледале. Раскинавме пред некои 2-3 недели и многу го замразив. Другарками ми рече ајде ќе ти го местам братот на дечкоми фино дете е,добар е,и многу паметен. Тој има 19 и вечерва отидовме кај нив,4цата бевме. Јас се смував со тој,и нормално ме драпаше за гз,иако не му давав али ајде некако попуштив,сакаше уше ама не му дадов.. си имам муабетено со детето и ме имаше прашано дали сум имала секс до сега,и му реков па да бев во 2 годишна врска што е и нормално. И ми рече окееј.. И прееска ми вика кога ке ми дадеш ? И му викам полека бе не се знаеме,остај времето нека си тече не е убаво тоа да се планира,плус кога ке ми станеш дечко. И ми вика епа еве од сега дечко сум ти,ти сакаш да ми бидеш женска? и шо да му кажам му реков океј. И ми рече и сеа шо се реши кога ке биде? И му реков незнам бе,за 5-6 месеци,шо се брзаш толку? И ми рече ееејј шо треба сеа да те чекам? И му викам прво покажими дека ти значам и дека сакаш да бидеш со мене од нешто друго а не ради секс. И ми вика добро. После тоа во некој друг муабет ми вика дека јас по лепота сум била кај него на 3то-4то место дека имал и поубави од мене,ама океј сум била сум му се свиѓала.. и ајде ја си преќутев срамота е да се карам во нивна куќа сум. После тоа ме испрати и ми вика убави очи имаш бла бла.. и ме покани утре пак да одам кај него,и му реков незнам,најверојатно ќе дојдам,ама не сум сигурна,и ми рече да дојдеш обавезно. Се имам некое чувство дека сака да ме искористи,и му кажав и у лице,дечко ти ако сакаш да ме искористиш јас не сум ти тука за тоа. И нешо ми вика и сеа у врска сме ова она,и му викам важи бе,ај се стаиме на фб,и ми вика чекај има време,и му викам шо е бе се срамиш од мене? и ми вика не. И нешо ми збореше некој муабет демек тие шо викале нема да ти дадам,нема да ти дадам дека тие први давале -.- Е ќе добие курац од мене. Шо да праам женски? Да му напраам уше еден муабет па да видам као ке реагира па да го откачам.. или?? Се мислам сака да ме искористи,се некако тоа ми се врти у глаав,овој внатрешниот глас ми го кажува тоа.. а на тој глас највеќе верувам. Е да,исто така и го прашав а ти зашо уствари се фати со мене? ради секс? и ми вика не. И му викам е зашо бе? и ми вика незнам.. и уше нешо ми текна,му викам можда ке ти дадам ако идеме заедно на одмор,и ми вика аааххх ако идеме до тогаш,и му викам зашо па да не бе? и ми вика па ако ми дадеш ке идеме -.- и му викам ти мене ме уценуваш? и ми вика не. И го прашав зашо толку бил у кратка врска со претходните и ми вика па некои зашо не ми давале -.- се разочарав у него најискрено,го мислев за паметен.. и ми вика чекај времето ќе покаже,ќе видиш дека нема да те искористам,ако те искористам шо сакаш направими,и му викам шо ќе ти праам.. и ми вика од кај знаеш може со тебе најдолго ќе бидам у врска.. е значи стварно незнам шо да мислам.. Редактирам: Бидејќи дечкото на другарками и овој се браќа и се можно шо постои си кажуваат,намерно и кажав се на другарками и реков кажиму на дечкоти за намерно да му каже на ова ѓубрево.. да видам дали од кога ќе му каже каква слика ми се створи за него,дали ќе ме побара и каков муабет ќе ми напраи.. Сеа се заинаетив,инает голем сум и од инает ќе идам со него ако треба за да види дека нема да може да ме мотка на мал прст,и се ќе му лупам у фаца,ќе му праам такви муабети шо со отворена уста ќе остане,и на крај таква корпа ќе му мавнам и ќе го откачам што главата нема да знае каде му е.. аххх,сеа се изнервирав,можам многу злобна да бидам ако сакам.. нека се пази
Лана јас да сум на твое место нема повеќе да го погледнам уште помалку да одам кај него.каков е тој муабет првиот ден да ти бара?остави ја другарка ти таа поинаку го гледа,па оформила друго мислење за него.што им е на машките не разбирам,ако имала девојка секс на секој нареден веднаш треба да му даде?нормално има и такви без срам ќе си пробаат,некаде ќе им се посреќи.размисли си добро.поз
Батали го, добро ти кажува интуицијата и мојава некако така вика... Многу недозреан однос за 19 години, страшно! Редактирам - за редактираното - а да си изиграш паметно и воопшто да не го губиш твоето драгоцено време со него? Не вреди да му докажуваш дека не си лесна женска, најдобар доказ е да го откачиш и да заборавиш дека воопшто постои - како личност.
девојки имам голем проблем? -прашањето е како да го задржам??? во врска сме 2 години, и секој ден се караме... значи ситници, нешто небитно... пример последно беше зошто не ми се јави пред да излезиш со другарите ... одговорот е мислев дека спиеш, не сакав да те разбудам. глупо е знам... но едноставно љубоморатаа ме убивааа... до сега не ми има дадено причина да се сомневам во него.. до сега не ме има излажено, барем јас немам ништо сетено.. ии веќе одреден период, се гледаме два пати неделно -во викенд, а пред овие расправии се гледавме почесто, почесто се слушавме.. кога го прашав зошто така ми рече дека помалку ќе се караме доколку помалку се слушаме, зошто секое слушање беше карање .. во последните 4-5 месеци ми има милион пати раскинато, 5929292 пати спуштено слушалка, и се смируваме после моето долго молење и плачење по телефони кажувајќи дека ќе се променам. Го сакам премногу, прва љубов.. 7 години е постар од мене, и позрело размислува.. на моменти го сваќам моето детско однесување, што и не ме ни личи... дека ме сака знам... ми има и докажано.. јас сум му првата девојка што ја има запознато со цело негово друштво што секогаш сме заедно, јас сум првата што ме запозна со неговите родители и секаде сме заедно.. на свадби, родендени, одмори.. муабетот ми е дека не ме крие, и знам дека не си игрра со мене.. но моето однесување се уништува... имал до сега многу малку девојки и ниедна од нив подолго од месец.. дури не биле ни во врска, само мување... последно ми рече ти се караш, јас до сега не ти имам речено ништо за карање.. и тоа е точно!!! девојкиии секој совет ќе ми помогнее... знам дека почувам да го губам.. како да го задржам покрај мене... ??
Ќе го задржиш ако престанеш да се однесуваш како дете што го оставаат во градинка.не ми е поентата да те навредам,напротив премногу добро сум запозната со оваа ситуација.моја пријателка исто така се однесува и нејзиниот дечко исто така е повозрасен.бараше совети долго време од мене ама за жал не успеа да се промени и да се контролира.и сега скоро 7 години се заедно тоа истото однесување знаеш каде ја донесе?тој не ја остави но имаат многу расправии и 7 години ги поминаа во неговата соба.најмногу жал ми падна кога ја викав за нова година а таа од пуста љубомора не дојде.а ептен ретко ако се видиме дечко и секогаш му се жали на дечко ми.па со среќа
Еве пак јассс хахах епа вака заедно славевме стара нова јас и он ии прво го избегнував..бегав од него буквално после ептен неможев да го одбегнам и се поздравив со него..Испуштив многу прилики да запознаам некој нов буквалнооо само на енго мислев (кретнека сум знам) ии едно време он дое да игра со мене и цело време ме глеаше коа игравме после на идење овој ми вика сонце мое си ти (а не беше пијан ич) и ја онаква окккк..и после глеам порака ми пишам те сакам и ја останав ваква ..
Па ако ти се бендисува прво разговарај со другарка ти, ако нема ништо против зашто да не пробаш да му дадеш некој сигнал, па може и да бидне нешто многу убаво Мое мислење