Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.406
    Допаѓања:
    8.436
    Пол:
    Женски
    Зошто го сметаш тоа за нешто страшно и навредливо, ако го прашаш?
    Слободно кажи му се што сакаш да правиш што ти причинува задоволство. Првин кажи му дека сакаш предигра, дека без неа не ти е убаво и неможеш да доживееш оргазам. После предложи му некоја поза во која ти е убаво. Кажи му го сето тоа без грам срам. И немој никако да имаш секс ако не си навлажнета, ем што не ти е убаво, туку може и да те повреди па да завршиш на гинеколог.

    Многу е лошо кога едниот ужива, а другиот не. Ми се чини и дека се измачуваш, а треба обратно да е. Така да мисли на себе немој никогаш да дозволиш да се повтори она што го напиша. Кажи му се без срам и дека, ако не воопшто и не му давај. Па не си ти канта за истресување јас мислам.
     
  2. Loveely

    Loveely Нов член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Фала ви многу, ќе го направам тоа, па ќе видам како ќе биде понатаму. :*
     
    На alexsandraa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Linnie

    Linnie Нов член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво. Во врска сум 4 месеци а со него бев другарка многу долго. Имам 18 години (уште сум средно, и учиме заедно). Ова го пишувам бидејќи не знам на кој да кажам. Тој е многу добар кон мене, ме почитува и знам дека ме сака. Исто така и моите го сакаат (има некоја другарска историја меѓу моите и неговите). Тоа што бевме другари долго време направи да дознаам многу работи за него, да знам каков човек е итн. Во нашата врска има само еден проблем - т.е. јас сум проблемот :D . Јас го сакам него но не повеќе од другар. Неможам да си замислам секс со него, а дури и бакнувањето ми е гадно и чудно - нешто што ми се нема случено од 7мо одделение. Многумина имаат проблем со спротивното но еве...
    Кога веќе се решив да се исповедам ќе ви кажам се:
    Не е привлечен, дебел е и не е многу убав и тој е свесен за тоа. Затоа тоа го надоместува со карактер со тоа што е многу добар кон мене. Многу го почитувам тоа. Исто така тој прави планови за иднина со мене кои одат до свадба или живеење заедно. Јас сум човек кој не прави долгорочни планови и тој го знае тоа. Му имам кажано дека ова ми пречи но тој сепак си планира. Некогаш не ми се допаѓа неговото однесување кон други личности (оддава впечаток на некое разгалено детуле). Не сум имала секс до сега а и тој исто. Кога се фатив со него знаев дека тој нема да може без мене, се мислев долго време бидејќи забележав промена во неговото однесување кон мене (од другарско до романтично, правеше сешто за мене). Не можам да си помислам да го изгубам како другар но исто така не можам да си замислам нешто повеќе. Не ми е привлечен... Ве молам што да направам? Како да му го кажам ова без да го повредам? Не сакам да раскинам со него бидејќи искрено досега не сум била заљубена и не знам какво е чувството, само сакав да му дадам шанса. Се чувствувам како некоја кучка :sweat: . Исто така, раскинувањето со него би било тешко со оглед дека моите блиски му се пријатели, дека сме во ист клас, дека бевме најдобри другари долго време. Исто така сакам сега да се сконцентрирам на учењето за екстерно, матура, приемни за факултет итн. Фала богу немам некои си други поголеми проблеми но еве :D Сакам да ве прашам за совет!
     
  4. sexybaby

    sexybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Кажи му на дечкото дека не успеа да се заљубиш во него.тешко е знам,и ти не си очекувала дека вака ќе испадне ама тоа е.подобро порано прекини отколку да му даваш лажна надеж.ама ако тој е заљубен во тебе не очекувај другарство после раскинот.поз
     
  5. iva.zaljubena

    iva.zaljubena Нов член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Подобро да му кажеш на време отколку да бидеш со него поради тоа што го сожалуваш бев на твое место бев со еден од залење што ден денес се каам мн не прави таква грешка :D
     
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    На сила убавина не бива.
    Ако не те привлекува, не го сакаш, тогаш неможеш да бидеш среќна.
    Биди искрена кон него, кажи му што чувствуваш, кажи му дека не сакаш да го изгубиш како пријател.
    Млада си, пред тебе е цел живот, не си го троши времето залудно.
    И со твоите отворено разговарај за проблемот, за да сфатат која е причината.
    Нема тука ништо повеќе да се каже, од сожалување неможеш да бидеш со него, а што подолго сте заедно, тоа потешко за него ќе биде, затоа прекини со време.
     
  7. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Здраво :)

    Мое мислење е дека врска со другар па да се раскине па пак другар и тоа како не оди. Уште на самиот почеток си згрешила што си започнала врска со него иако сте биле добри другари. Мораш што поскоро да разговараш со него внимателно без навреди и повреди. Добро е што се уште сте немале односи со што само повеке би ги влошиле работите. Со оваа врска што како што прочитав е без чувства (од твоја страна дури и никаква физичка привлечност) не само што ке се расипе едно долгогодишно прилателство помеѓу вас двајца туку и помеѓу вашите родители доколку дознаат за ова, а порано или покасно ке се случи и тоа. Јас би те советува што побргу да разговарате на оваа тема и да не чекате работите да се влошат.
     
  8. japanize

    japanize Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    103
    Во темата оргазам, баш денес го споделив моето искуство,

    Се пронаоѓам во твојот пост.
    Прво пробај да разговараш со него, дека треба да се потруди, ние женските сме покомплицирани суштества :D
    Доколку не се промени, ти промени го него, и јас без во врска 2ипол години со бившиот, дури сега сфаќам колку е битна сексуалната поврзаност во врската, двајца да се посакуваат до лудило.
     
  9. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    Па така убаво директно . Мислам на овие така млади луди години сексот е многу битна работа . Јас знам ако ми каже партнерот дека ќе сврши да си кажам да не свршува пошто уште малку сум готова . Не дека ќе може дотолку да се сопре ама па да си знае дека ми е должен и наредниот пат да се потруди. Од моето досегашно сексуално искуство сфатив дека највеќе ме влажнеле оние во кои сум била заљубена , не знам дали се погодиле способни типовите или голема врска игра и емоционалната поврзаност . Еве да кажеме сум имала и таков во кој не сум била заљубена , бил експериментално настроен , не свршувал брзо , се посветувал на предиграта имал атлетско градено тело а да кажеме помалку ме палел од оној во кој сум била заљубена . Ако дечкото не се подобро нема зошто да се мачиш , тој кога нема осет дека треба да ја задоволи девојка му нема што ти да се мислиш дали ке излезеш кучка ако раскинеш за тоа . Па секој заслужува одличен секс ! :D
     
  10. Loveely

    Loveely Нов член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Во право си. Фалаа ти за советот. :D
     
  11. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.956
    Допаѓања:
    90.237
    Пол:
    Женски
    Читам и не ми е јасно кога веќе ти бил долго време другар зошто си започнала врка со него ? Таквите работи не ми се јасни до денес ми беше другар од утре ќе бидеме дечко и девојка ама ајдее... глупости.
    Мислам дека ќе го изгубиш како другар ако му раскинеш затоа што не верувам дека после вашата врска чуствата и муабетите еден кон друг ќе бидат исти а биди сигурна дека и ти самата ќе го избегнуваш + па и од исти клас :x Не гледај твоите пријатели што ќе кажат гледај ти да си ја средиш ситуацијата што побрзо.Навистина убавина на сила не бидува кажи му да дечкото со време додека во иднина не му биде потешко,биди директна не одложувај така е најдобро.
     
    На japanize му/ѝ се допаѓа ова.
  12. malaprinceza

    malaprinceza Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Здраво :D имам едно една мака која и не е толку голема но би сакала да слушнам мислење од други :D . Во недела треба да излезам со еден дечко кој ми е бивши школски заедно учевме и сплет на околности тој си замина во друго школо и изгубивме контакт значи воопшто се немавме видено години но ете испадна да се видиме и да се договориме да излеземе на кафе :D уште додека учевме заедно имаше некоја хемија али ништо повеќе . е сеа маката е што мене не ми е баш сеедно за него (искрено и никогаш не ми ни било :D ) и некако мислам и нему пошто колку толку го знам , и не знам како да се поставам кога ке се видиме како другарка како што ме знае од некогаш или не или ..... знам дека треба да чекам да дојде недела да видам се тоа ама фала богу ми се мота тоа низ глава и некако колку што се ближи недела се по нервозна сум . знам дека е дебилно ова што ме мачи али тоа е секој со својата мака фала однапред :D
     
  13. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    Нема што да се измачуваш , кога ке излезете ќе видиш како течат настаните , како он се понаша ,па така и ти . Во меѓувреме нели сте во контакт , на фејсбук , на телефон , па тука да видиш каков муабет ти орави и да процениш ? Не знам под какви околности сте се договориле за кафе , дали тој се потрудил да те најде , дали случајно паднал муабетот ? :)
     
  14. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Исто мислам и јас, не се заморувај. Штом ќе излезете на кафе однесувај се природно, каква што си, и ќе видиш како ќе тече разговорот.
     
  15. Melanija89

    Melanija89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Вака значи, се гледам со еден тип од пред 2 месеци.Дечкото има 31 год и она што ми смета мене се неговите многубројни другарки :^) Знам дека има голем круг на пријатели, движи, комуницира и се тоа во ред...но кога го гледам на фб како лајкува некои провокативни девојки и им коментира, ме вади од кожа, а неможам уште сега да му го кажам ова! Незнам дали е ова нормално затоа што мислам дека некој на 31 год не треба така да се однесува и со ниту еден бивш не сум имала вакво искуство.Пред 1 недела ме однесе на ручек со неговите да ме запознае, се беше совршено!И цело време ми кажува дека е заљубен, дека ме сака. Но кога сме во друштво или некој кафич приметувам како му лута погледот :worried: Инаку важи зо доста посакуван дечко и незнам дали можам да се носам со оваа напнатост и негово слободно понашање :( Кажете ми како со овие фраери..или да го баталам на време и да не ме боли глава :)
     
  16. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    196
    Е вака сега.. според твојот опис, дечкото е женкар, Види, 31 година е, неженет па и уште си има работа со девојки без да му е грижа да не си остане кај мама. 21 век е, ама сепак нашава околива го вели спротивното. Ако бил човек како што се претставува, мислиш ли дека досега некоја не би го "уловила"?
    Размисли убаво и очите широко отворени.
    Инаку, колку години имаш?
     
  17. Melanija89

    Melanija89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    25 имам јас..
     
  18. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.406
    Допаѓања:
    8.436
    Пол:
    Женски
    Мој совет е да му кажеш искрено дека ти смета. Првин почни да се однесуваш ладно на секој начин, по тел, кога ке се видите и потоа кажи му.
    А штом те запознава на ручек со неговите воопшто не е рано да му кажеш такво нешто

    Кажи му и ке видиш потоа како ке се однесува, ако продолжи по старо батали го.
    Секогаш имај прво респект спрема себе, па потоа му мисли на другите, посебно на дечко. Немој да дозволуваш ништо да премолчиш со тоа му покажуваш дека може да прави со тебе што сака.
     
  19. babibaby

    babibaby Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    6

    pa morav da mu kazam zosto se smirija vie dvajcata i sega ja prifaka nivnata vrska i mislev nema da mi pravi problemi. No se se resi. Se spremame za svadba
     
  20. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Првин јас ова "се гледам" не го поистоветувам со "врска", мене ми изгледа нешто во стил дека сте заедно два месеци, убаво ви е заедно, но ја нема онаа официјална врска. Кога велам официјална не мислам на fb, туку меѓу вас двајцата. Но потоа читам дека си била кај неговите, а сигурна сум дека ниту едно машко не би ја запознало својата девојка со неговите родители, доколку не смета дека таа е во најмала рака пристојна девојка, и ајде така да се изразам, соодветна прилика за него.
    Тоа што му лута погледот не е нешто што би требало особено да те загрижува, но лакнувањата и коментарите, е тоа е веќе дискутабилно... Тој тебе не те почитува доволно штом сеуште си дава слобода да коментира на други девојки, и тоа не е нешто што ти би требало да му го кажеш, тоа би требало да дојде само по себе, нели сте заедно...
    И да дојдеме до главното, доколку многу ти пречат сите тие пријателки, дружења, коментари, мој совет е да му раскинеш што побргу, за да не се заљубиш и знаеш што следува после тоа...

    Инаку со муабет нема ништо да се смени, доколку тој мислел дека треба да престане со таквото однесување, кое не доликува на едно машко кое има девојка, тој би го сторил тоа, а за годините нема да коментирам, небитно дали има 31 или 21 година. :) ;)
     
    На Melanija89 му/ѝ се допаѓа ова.