Јас мислам да почекаш малку,па да видиш дали вашето ќе прерасне во нешто повеќе или ќе остане на ова.Доколку сте во врска тогаш добро би било да му кажеш што ти пречи.Размисли пред време,дали тој би можел да го смени тоа и како би се однесувал.Сепак ти подобро го знаеш.
Ми треба совет итно , значи веќе 13 месеци се гледам со еден тип и тоа тајно се гледаме. Кога мене ми пречеше тоа го прашав едноставно до кај ќе одиме со таквиот начин , тој ми рече млади сме биле лошо било да се обврзуваме и подобро е така да продолжиме. Јас не се согласив и ставив крај, но тоа траеше кратко време , пак продолжиме налик пријател со бенифиции , го нема по цели недели да ми зазвони и ете го за да се видиме, се приврзав , дури и добив некои навреди и на тоа замижав . Ќе се видиме , ќе си заврши работа ќе се облече и го нема со денови да ми се јави. И знам дека имам милион причини да ставам крај на сето ова , ама зошто секогаш попуштам . Знам дека има и други со кои се гледа на истиот начин како и јас, како одминува времето мене ми е полошо плачам, депримирана сум , почнав со диазепами да се лечам, се одалечив од околината и немам желба за ништо. Почна понекогаш ни на пораки да не ми враќа , ниту пак да ми крева слушалка и ќе помине одредено време и пак се е по исто ...Како да ставам крај на сето ова веќе еднаш..
^ Ќе се самоцитирам зашто веќе еднаш и одговорив на твојот проблем, но би сакала да прочиташ, да видиш дека сум зборувала конкретно за тебе, зашто не напоменав минатиот пат.
Znaci vaka..so mojot decko sme zaedno vekje 3 godini..toa mi e najubaviot del od zivotot ...ii segaa pocnuva da se oddalecuva od mene koga setame ke naidat devojki toj mi ja pusta rakata ili taka nesto slicno ja mesti kosata se gleda dali e dobro smesten i koga mu go kazuvam toa odma ide pa ti ne mi veruvas pa zosto krevas panika ova ona sto ti e tebe i jas ako se nalutam zosot go digas nosot i takvi nekoi izrazi na koi ne sum naviknata ednostavno nikogas nemalo takvli slucuvanja ako se zakaramee ladnokrven e nisto ne go interesiraa ii neznam na koj nacin da mu go objasnam toaa..so da pravam?
Девојче ти си влегла во таа врска и сега кого дошол крајот треба да плачеш да премираш за кого? За еден неранимајко што не те ценел. Не девојче ќе дигнеш глава и ќе речеш јас го можам ова. Продолжи си со својот тек не го барај не се замарај и уживај. Биди среќна, весела. И незнам само горенаведените коментари што коментирате така сите вие имате ист проблем а демек гордоста каде била,абе ајдеее ве молам сите исто се пронаоѓате а делите совети. Не се продала девојката па да зборите каде и била гордоста. Сите имате гордост само пред машките ви паѓа во вода.
Па незнам..можда и моја вина е тоа, затоа што цело време тој форсира а јас сакам полека, но сигурно.Не сум опуштена заради тие причини.И дури малце и на дистанца се држам..затоа што првин сакам да се уверам дека тоа е тоа па да официјализирам.Ми префрлува .. (ваљда тоа нешто значи). Незнам дали да почекам уште малце како што рече cucickaa..или да идам до крај со него! Pa sta bude neka neka bude
Имај малку достоинство,девојче врати си го животот во нормала,а бриши го него засекогаш.Било што било,не му попуштај,чукни се в глава,кога знаеш дека те користи само за сакс.Ич не можам да разберам како си дозволила цела година да те понижува,а да го делите креветот.И мавни се од диазепами и други пороци,не се решаваат проблемите така,туку со соочување и храброст да ги надминеш.
Ми треба помош Имам дечко скоро 2 години. Врската можам да кажам е скоро совршена, секаде нели има кавги, никогаш неможе да е совршено,но се слагаме и се сакаме. Единствен проблем, тргнав на факултет во друг град оваа година, а тој е во нашиот роден град. И сега, се гледаме на 1, понекогаш 2 недели. Но сега е испитна сесија и јас имам за полагање и цело време учам, т.е дента учам навечер излегувам. Ама повеќето време го минувам во учење и нему тоа му смета. И ете сега се скаравме за тоа и не сме во контакт веќе 4 дена. Незнам, сепак не се работи за 1 месец, факултетот трае 5 години, и ако не ни оди така разделени можеби е подобро да раскинеме. Јас го сакам и не сакам да раскинеме, ама .. Незнам, што совет ќе ми дадете вие ?
Знам, но незнам дали вреди да се уништи една таква врска заради тоа ? Можеби јас сум крива, јас треба да сменам нешто. Ама не гледам ништо лошо во тоа што учам. Не правам ништо лошо и тој треба да е среќен за тоа.
Пред се не се одкажувај. Бори се за својата врска, ама и немој премногу да му дозволиш и да се одкажеш од факултетот. Оваа испитна сесија нека помине и ти не се нервирај, а подоцна седни и објасни му дека тој ако сака да остане со тебе треба да те подржи во се, а првенствено во факултетот. Дека ако постојано ти се лути поради тоа што учиш, нема да постигне ништо, на тој начин и тоа малку време што го имате заедно наместо да го поминете убаво вие ќе се карате. Се надевам дека на крај ќе свати и се ќе биде во ред.
Ako љубовта е вистинска и двајцата ќе се борите да биде се како што треба и да издржете што сте разделени а не ти да мислиш како да се поправиш.Треба да му објасниш т.е самиот тој треба да биде свесен дека факултетот е најважен и да те продржува ... па и не правиш ништо погрешно како што кажа дека ти се лутел за тоа што си учела .... Попушти прва јави му се и објасни му,се надевам дека се ќе биде во најдобар ред
Lanicka95 Потруди се сесијата да ја завршиш успешно,а љубовниот проблем ќе го решиш доколку имате взаемни и вистински чувства со партнерот.Не знам колку е долга врската,но ако добро се познавате и двајцата треба да имате разбирање за ситуациите кога не можете почесто да се гледате,а тој период го користите за ваша подобра иднина.Ако навистина веруваш во него и ти значи,бори се за да го задржиш.Ниту си го навредила,ниту си го повредила.Па,нема причина за лутина без простување.Можеби ти е потешко ти да му се јавиш,но не дозволувај да биде доцна,па да се покаеш за пропуштената шанса. Проблемите се решаваат додека ни создаваат немир и товар.Со среќа
Секако дека ти не си крива за ништо,напротив,се надоградуваш,првенствено за себе,а потоа за останатите.Но очигледно дечкото е љубоморен,и на твоите вечерни излегувања не гледа позитивно. Разговорот се решава.Прашај го зошто по 2 год. врска,тој има сомнежи(поради тоа произлегува љубомората).Концентрирај се на испитите. Ако тој навистина те сака,ќе разбере. Со спротивно му годе да најде простор за конфликт,па од таму произлегува нетрпеливоста.
Овие работи завршуваат најчесто на следниов начин. Ти му раскунуваш затоа што освен што се однесува совршено према тебе нема ништо друго што те привлекува.. Тој е скршен, се посветува малце на себе, ќе ослабе ќе се дотера убаво и ќе го видиш во град со друга женска и тек тогаш ќе посакаш не само за секс туку за се да му се предадеш... Најмалку мислам дека треба да останеш со него доколку не ти е тоа тоа, али биди свесна дека тебе те одбива тоа што е према тебе супер, да се понашаше како сељак сега ќе пишуваше тука го сакам, а тој е таков и таков... Сите сме поминале низ тоа, особено на твои години. Годините не ти се за сериозни врски, забављај се сеа со типци што ти се свиѓаат па здравје кога ќе сакаш да се узобилиш и ако дечкото е слободен и сеуште желен за тебе ќе си го вратиш назад. Можда е себично, али јбг ако ти не си гледаш за себе како ти чини, кој друг?
Најнормално е според мене да ги сведеш видувањата и излегувањата на минимум кога имаш за учење. Незнам зошто ти прави проблеми, напротив треба да те бодри и охрабрува, а не мани имаш сесија, па уште кавги со дечко ти фали. Објасни му со убаво дека неговото лутење поради учењето е недопустиво и воопшто не е во ред да ти ствара нервози на сред сесија. Секогаш кога имам сесија дечко ми сам ми кажува дека ако треба нема да се видуваме колку ми е потребно време само да учам и да положам, иако сме од ист град. А ако се работи поради далечината, е тоа е веке нешто друго. Можеби веке неможе да издржи таков начин на врска, му се појавуваат сомнежи, љубомора...Тоа е веке озбилна ситуација за која треба отворено и убаво да позборувате. Прашај го да ти каже искрено за што се работи, бидејки банално е и не човечки да ти се лути затоа што учиш. Саканата личност треба да не подржува во нашите одлуки и цели, да одиме напред, а не да не бутка и кочи.
Јас прво не сфакам како може мажи во врска да си дозволат на некој начин да ја омаловажуваат својата девојка со тоа што посветуваат внимание на фб на други девојки па одозгора и провокативни , па уште лајкови и коментари . Јас не би го толелирала тоа и не ни сакам да го оправдувам и објаснувам , пошто ја ако кажам што ми смета он може да престане заради мене да не го прави тоа , а не дека не сака . Тоа ми е на еден начин флертување ,па ако му го забранувам на фб што ако во живо си го практикува ? И какви коментари остава на тие девојки ако не е тајна ? Можам да сфатам некој неиживеан или тинејџер така и да му лута погледот и да лајкува и коментира , ама маж од 31 година ? Па уште важи за посакуван ? Прво недолично е да му лута погледот и сето тоа да е приметно (кога веке си забебележала значи забележливо е ) , второ ако е толку заљубен што има да му лута ? Искрено такви работи сметам деа се дозволиви за машко во пубертет на кое му работат хормоните а не за маж зрел и оформен . Размисли дали ти треба маж со кој врската ќе ти функционира на забрани и препукувања и страв или ти треба маж кој во секоја смисла ќе прави да се чувствуваш единствена ? Бидејки си во веке сериозни годни во смисол , доволно си возрасна да знаеш што бараш и сакаш и во години кога на некој начин е време да се отпочне сериозна врска , не велам да не се обидеш да му посочиш што ти смета, но сакам да ти укажам дека ваквите работи и не се баш ситница , ќе каже некој ситница ама од толерирање на вакви ситници се опуштаат машките па ги поместуваат границите во однесувањето надевајки се дека нивната драга чим поминала низ едно нешто ке помине и преку некоја друга негова глупост
Премногу го сакам.Мислев дека и тој мене ме сака,ама изгледа дека не било така.Не само јас туку и сите мислеа дека е така.Моите го прифатија,мислеа и тие како мене дека е добар,дека ме сака и дека нема да ме повредиПреубаво ни беше заедно.Ама денес тој ми рече тебе ли да те сакам,ако сакаш умри не ми е гајле,не ме замарај повеке и да знаеш од денес ти за мене не си ништо,за мене не постоиш,па што ке ми си,што ке го губам времето со тебе. Јас почнав да плачам,а тој се смееше.Од сите го очекував,само од него не.Скршена сум на делчиња.Премногу ми е тешко.Што да правам сега? Што понатаму? Само за еден миг ми се сруши целиот свет.
И после луѓето биле вакви ,такви. А вие какви сте? Што ако има 15 год.? Зошто се смеете на туѓата болка? Инаку,Кате,најдобро за тебе се да заборавиш.Животот е пред тебе.Верувај тој не те заслужува.Кога ке дојде времето тогаш ке си најдеш некој кој ке те сака.