Навистина е премногу рано за да размислуваш на темата брак не заради годините туку најправо заради тоа што не се знаете подолго време ,што се вели сеуште убаво не сте запознаени Разговарај кажи му ги твоичте чуства отворено дека ако толку те сака нема зошто да брза за таков голем чекор бракот е сериозна обврска затоа толку наеднаш не треба да се одлучува за тоа. Кажи му дека најпрво сакаш да поминете одредено време заедно да доживеете прекрасни моменти и мигови а бракот нека остане план за во иднина. Ако и тоа не успее и ако ти подари прстен твојот одговор нека биде НЕ сепак нека си ја проба среќата ако не разбира со тоа што ќе му го кажеш
И јас го мислам истото, НАЈПРВИН заради тоа што не се знаеме баш како што треба бидејќи навистина е прерано. Тоа и му го кажав, но очигледно него не му претставува проблем. Потоа и за годините, тој не е ни престарен ни ништо, а јас мислам дека сум сеуште мала и не сум спремна за брак. Од друга страна си мислам да не има нешто што несака да разберам во врска со него, затоа што толку брза...незнам навистина што да мислам...
Сликава пред некој ден ми прошета пред очи па мислам дека е нај соодветна на одговорот што сакам да ти го дадам на твоево прашање. Не мора да значи дека ако го познаваш 100 години го знаеш целосно, бидејќи и после долги години врска луѓето покажуваат особини кои не си ни свесен дека можеле да бидат карактеристика на саканиот/саканата. Ама која е потребата од брзање? За два дена свадба не бива.. Запознајте се подобро
Како бре се засакавте за 2 недели па и до брак дошла работава.Јас на твое место не би ни размислувала одговорот секако би бил не.Објасни му дека е рано не е ваљда до толку па да продолжи уште да те напиња.Не се залетувај мажењето не ти бега.А кога ке го најдеш вистинскиот човек нема да прашуваш по форумов дали да се омажиш
Значи не прашувам да се омажам туку барам некој совет како да му објаснам дека навистина е прерано за тоа. А ако мислев да се омажам сигурно немаше да прашам за тоа на форум
Прати му ја сликава Па, нареден пат кога ќе почне разговор за свадба ќе му кажеш јасно и гласно: Ми значиш, сакам да сум со тебе ама не сакам да избрзуваме.. Која е потребата од брзање? Да се запознаеме подобро, да поминеме некое време заедно па ако бидне нешто од врската ќе биде и брак сигурно, се во свое време.. E сега не буквално вака али во овoј контекст треба да ви оди разговорот ако не си спремна воопшто. Бидејќи јас не би била спремна на твое место, мене дури и би ме уплашило настојувањето. Не дека нема такви бракови..денес некако сите на две-на три се земаат.. Нит се знаат нит се познаваат. Но ако ти значи дечково дајте си време и соопшти му така да не се навреди ами да прифати
Прво и прво се гледа дека на типот во глава му е зацртано дека во најкраток можен период тој мора да се ожени. Е сега го оправдувам, според фактот дека е веќе 25 години. Ама ти си мала, 5 години помала. И мислам дека на тбее ти е сеуште рано за брак. А башка е тоа што го немаш запознаено добро, како прво треба да му кажеш дека сакаш да бидеш сигурна во изборот. Тоа сепак не е одлука за преку вечер што се прави. Мислам дека на мене би ми требало околу 3/4 години за да одлучам дали тој е таа личност со која сакам да го поминам животот. Ако ти се допаѓа, обиди се да му објасниш се убаво. Кажи му дека сакаш да го запознаеш добро, битна одлука е тоа. Ако тој повторно инсистира за брак мислам дека треба да го оставиш.
Moe мислење е дека има матно нешто штом толку му се брза,а знаеме машките дека така брзо не би се жениле .Tоа покажува дека е очаен штом за роденден би ти купил прстен ,по очаен не може да биде,роденден има друга симболика а не тој ден тој да те проси .Tи кажи му дека нема потреба да брзате и сакаш да го запознаете поубаво пред да се земете,оти тоа е одлука за цел живот.Aко видиш дека многу инсистира и не прифаќа друго освен брак,голема е веројатноста да сака да ти замачка очи пред на виделина да излезе неговиот карактер.Mногу прибрзал со идејата за брак,сваќам по неколку месеци да ти предложил но вака и по самото тоа што одма ти предложил врска покажува дека премногу брза.
UnknownGirl, па што ми е него толку нож до коска работава за женење..бог да чува. Кажи му прво на шала , купи ми друг поклон за роденден да не ти е џабе прстенов... Ако си сигурна дека е озбилен (пошо мене прво работава ми оди како шала ама ете не се ни знаете доволно за да знаеш дали се зеза...) можеш наједноставно да му кажеш: човеку јас дома не планирам ништо да спомнам, ни пак да се верам и мажам во скоро. Ако тебе ти се такви плановите да си се тргнеме на страна и барај си ти жена. Јас сакам да си го запознам мажот пред мажачка. Па тој ако толку сака да те жени ќе те чека. И каков човек е тој што е спремен на женење по неколку месечна врска? Мене не ми остава впечаток на некој несериозен и како по секоја цена да сака да се жени, независно дали ќе е со тебе или некоја друга, но ете ако тебе ти се засвиѓува види до кај ќе оди работата...па ако крај краева овој напне да те проси за роденден, одбиј си го фино лепо и око да не ти трепне. Ако тој не го почитува твоето зборење и и покрај тоа ја фура работава, што има ти да го почитуваш неговиот потег. Одлепена работа. А после што?! И за деца ќе напиња? Мислам стварно не знам како може некој толку сериозен момент од животот да го брза така..па не е ова играчка! Заеднички живот, деца, давачки, пријателства - и меѓусебни и заеднички фамилијарни пријатели (а вие во ова кратко време сигурно не сте успеале ни сопствените да си ги испозапознаете еден на друг)...на овие неколку работи ми текна прво ама што ли уште нема да споделувате.. Па тоа не се прави со секој. Од кај знаеш? Некои работи за некого се дознаваат со тек на време..Можда е коцкар бе!? Стварно не знам што да кажам. Свашта... Држи си се ти до твоето размислување дека е рано, нека не те мота овој пошо некако многу сумливо му е ова. Кој знае што карактер е
Ве молам да ми дадете совет потребен ми е ! Имав дечко кој бевме 2 години во врска но се скаравме за чиста љубомора но ние веќе 2 години се гледаме редовно значи вкупно 4 години сме заедно но тој сеуште не изразилжелба да испаднеме заедно се гледаме само за секс , но знам дека има чуства кон мене како и јас кон но него не можеме еден без друг но и не можеме еден со друг многу е затворен незнам што мисли! дајте ми совет дали треба некакво изненадување да му приредам или како да си го вратам стариот дечко!
Eпа тогаш кажи му дека сакаш да сте на јасно што понатаму,биди одлучна нека осети дека може да те изгуби а вака само за секс ништо нема да постигнеш.Aко само со тебе се гледа,може да има чувства.Jасно прашај го што чувствува или постави му ултиматум,друго чаре не гледам
4 години се знаете,па седни го сигурно не ти е срам од него да ги ставиш сите карти на маса отворено.Објасни му дека не сакаш повеќе вака дека сакаш врска,дека ти значи.И прашај го што он мисли,ако сака да продолжи со тебе само за секс,батали остави не си го губи само времето со него.
Совет!! Со еден дечко излегував 5-6 месеци и тој ме вараше со друга. Не зборувавме долг период а во меѓувреме јас почнав да излегувам со еден друг дечко. Сега ми е супер со новиот, ама онака сме само за мување (имам проблеми со поврзувањето со машки) но бившиот постојано се врти околу мене. Што да правам? Да му се вратам и после тоа шо ме извара со друга или да останам со сегашнио?
Глупаво ми е што повторно се навраќам на ова но сега престанав контакт со сите овие кретени освен со оваа мојата соученичка бидејќи заедно учиме..И сакам да ја откачам неа бидејќи се здружи со девојче кое има друштво што би се рекло "улично".. Децата од нејзиното друштво се потполно испуштени од рацете на родителите постојано се надвор и постојано се вмешани во секакви тепачки..И викав јас на мојата соученичка стој понастрана од неа ќе навлезеш во секакви проблеми..И така се случи, овај дечково го претепаа поради нејзе..Всушност поради тоа што еден од друштвото на оваа новава ја сакаше неа и го натепаа дечко е..и мојот бивши да се изразам хахахах.. И потоа ајде таа продолжи да се дружи со оваа со катастрофалното друштво и мене потполно ме отфрлија.. И сега таа потоа ми рече за тоа кога бев јас заедно со сегашниот незин.. На таа тема..Ми рече дека тој и задал услов тој најпрвин да биди со мене а потоа со незе..Бидејќи тој ја сакаше..И јас сакав да се оттргнам од неа но продолжив да се дружам додека не најдам соодветно друштво за мене.. И сега се помирив со тоа но со дечкото уште се немаме видено а сакам да се видиме и сакам да го испровоцирам некако за тоа за условот..Но ако може да ми кажите како?! Сваќам дека тој никогаш не ме сакал и престанаа и моите чувства кон него но сакам да му вратам премногу..Ми се јави преголема желба за одмазда.. дајте ми совет што да му речам како да му вратам..И за уште една работа да ми дадете совет.. Вчера бевме излезени со овие двеве девојчиња и почнаа да ми викаат нешто дека не сум моќна да му вратам или да мавнам на некого што би се осмелил да ме удри.. И јас му реков дека доколку некој ме удри нема да се спуштам на толку ниско ниво туку ќе вратам со нешто друго.. И денес објавив статус на глупавите дека се глупави неможеш да му објасниш нешто во таа смисла и оваа со уличното друштво како да ја наречам поинаку незнам ми коментираше и тебе неможи никој да ти објасни дека си глупава а сум се правела паметна како ајнштајн.. И што да и речам на тоа?! Овие две девојчиња се слаби со успехот на училиште и само влегуваат во некои проблеми и неможам да се сконцентрирам и да почнам да учам за региналниот натпревар по математика бидејќи постојано ме бараат за нешто..За некои глупости.. И сега ако можете да ми дадете совет како да му вратам на дечкото и на оваа со катастрофалното друштво?! Ептен ме нервираат вакви патетични личности.. А мајка ми не го сака ова мое друштво бидејќи од одлична ученичка откако се здружив со овие со досегашни 278136127836278 дечковци и муватори сосема попуштив со учењето додека нив тие работи како учење и слично не ги интересираат.. Ајде секој совет е добредојден
Тој што еднаш те изневерил повторно ке го направи тоа.Сега размисли и самата одлучи си. Толку од мене.
Не те испочитувал доволно,и во меѓувреме бил со друга! Задржи си го сегашниот,и уживај во убавите моменти со него. Бившиот ако бил тој некој за тебе,немало да биде бивши
Ljubov ili opsesija Imav kratka vrska so nekoj,mozebi mislev deka go sakam no sfativ deka go sakam samo kako prijatel..vrskata pocna so sala, na nedela dena zaedno mi rece saka da mu bidam zena.. Mojot odgovor bese Ne bidejki ne custvuvam takva ljubov za brak tuku prijatelska..Na toa toj mi vrati deka jas sum go unistila i deka ke se ubie..se obiduvav da go smiram no toj uporno ke vidis,ke cues sto mi stori..ne sakam da me jade sovesta..jas odluciv da bidam nastrana od nego..sto da pravam
Ljubov ili opsesija оставии го малку ако настојува да се земемете значи вистински те сака ако се откаже веруј дека имал некоја друга намера како на пример за инат на бившата итн