Пеперутче дај бе олабави малку. 14 години имаш ти си зела со одмазди да се расправаш, како некоја 50-годишна свекрва од шпанска серија. Се со време. Уосталом енегријата треба да ја преточиш во дурги работи, еве учење на пример. Јасно е дека дечкото се поигрувал со тебе и кога веќе го знаеш тоа најубаво е да си се тргнеш на страна, да не се изгориш пак ти. Еве викаш дека сакаш да ја откачиш другарка ти соученичката...па многу едноставно е. Учи си по дома ти и не искачај кога ке те викаат. Кажувај им глупави изговори, а и кажувај дека имаш за учење и готово. Ќе престанат да те бараат тие, не е дека препекале за тебе. И сама викаш дека сте различни типа на луѓе, а тоа и тие сигурно го гледаат, кога ќе видат дека имате различни приоритети ќе изгубат интерес за тебе и нема да те вознемируваат.
Ljubov ili opsesija Не е баш нормално после недела дена некој толку да биде опседнат со брак, па и после да си направи нешто. Или тоа го прави за да те јаде совест или не е баш ок. Ако не го сакаш, немој да бидеш со него, игнорирај го. Задади грижа на совест да си со сила со некој неможеш.
Нормален човек така не уценува..ако нема да бидеш со него ќе се убие богдачува!!! Типот да не има некои психички проблеми или растројства?? или па можеби така ти рекол колку да те заплаши само..
Е и јас претерав за ова со одмаздиве сега гледам.. Работата е во тоа што јас отсекогаш сум била одлична на училиште откако влегов во ова друштво се уништив потполно..За ова момчево остави не ме интересира повеќе тој но девојкиве не размислуваат на ништо ни на учење ни на нешто паметно.. Во се гледаат како само да фатат момче и да се смуваат со некого.. Пример јас се смував само со ова момчево а тие и самите незнаат колку муватори имале досега.. И знаете како викаат с ким си такав си епа мене ми смета тоа што некои почнаа да ме гледаат на начинот на кој што ги гледаа овие девојки од моето "сегашно друштво" и тоа мене ми смета.. Едноставно ќе ми додеваат цело време пример кога еднава девојка не искача како замена ме сметаат а кога се двете сум потполно отфрлена но настрана тоа.. А сакам да излезам од ова друштво но помислата дека потоа ќе бидам сама од една страна не ми е убава а од друга страна пак си викам подобро да бидам сама отколку со вакви другарки кои постојано запаѓаат самите и ме вовлекуваат и мене во некои нивни проблеми.. Што е подобро да му кажам дека не сакам да сум во нивно друштво или тивко да се повлечам како што викаш ти?!
Леле немој да си му се вратила !! ќе испаднеш будала ако направиш така .. На него сеа сигурно му е криво те видел среќна со некој друг и ајде сеа да и расипам .. цц а сеедно му било кога те варал со друга тогаш не мислел на тебе и твоите чувства ..според мене остани си со сегашниот со тој шо те почитува и сака
peperutceee Сама знаеш какво ти е друштвото, цело време ги напаѓаш девојките, гледаш дека влијаат лошо на тебе. Според мене и полека да се отргнеш и да им кажеш дека несакаш да се дружиш со нив кој било од тие два начина да го избереш мислам дека правилно ќе постапиш. Не очекувај некоја искрена љубов на овие годиши уште си мала, имаш само 14 години. Излези од тоа друштво што побрзо, фокусирај се на учењето, другарки ќе си најдеш нема да останеш сама, сигурно има други девојчиња во твојот клас спријатели се со нив. Почни полека да ги исправуваш грешките кои ги имаш направено, се ќе си дојде на свое место.
Абе види, на твои години можда и не е толку чудно да се менуваат друштвата. Ипак сега сте во фаза на градење карактер и осознавање на сопствената личност, па сосема е нормално ако си паметна да сфатиш дека овие твоиве сегашни не ти одговараат. Затоа наједноставно не оди кај што те викаат и готово. НЕ знам зашо толку комплицираш? Не си должна да им објаснуваш дека нејќеш да се дружиш со нив, едноставно оттргни се од нив и решен проблем. Ќе те замараат уште некое време и готово. Моеш и да им каеш кога ќе те вика едната ради шо ја нема другата баш онака луто: е што сега ме викаш, ради шо Х не доаѓа...нешто као глуми дека тоа е причината а не ради што се распуштеници. И почни излегувај си со други другарки од клас, јавувај им се нешто за домашна а у, и лесно ќе се здружите. Па уште и кога ќе им кажен на старите дека не моеш да искочиш со нив зашо си се договорила со некоја друга, ќе им падне глупаво да те викаат кога ги откачуваш за други и нема да те бараат. А да знаеш дека навистина ќе те гледаат останатите и тебе како уличарка ако тие со кој се дружиш се такви, затоа биди паметна како што претпоставувам дека си. Без гајле овие од твоево сегашно друштво лесно ќе ти најадат замена И така ќе си се разотидете и сите среќни-весели
I jas mislam deka toa mi e najpametno. Nie duri i ne se poznavame eden so drug,se zapoznavme pred eden mesec i neznam neznam najveke sto me nervira e ponasanjeto na sekoja kavga zakani za ubistvo..krivo mi e zosto,ne storiv nisto za da go povredam..najveke toj mene me povreduva so nekoj zborovi i ponekogas koga ke rece deka ke se ubie mi doaga da mu recam sto ceka uste li ke me maci, ama sekoj pat velam dosta so taa tema veke a toj uporno zivotot nemal smisla..ponekogas razmisluvam da mu kazam da se konsultira so psihijatar voopsto ne e normalno sekoj tret zbor da e ubistvo ama nesakam da go povredam..toj zabeleza deka sum odbivna neznam sto ke bide no ne bi se pletkala so takov pa da imam sovest za nesto sto voopsto nemam vina...:'(
Со дечко ми се разделивме денес.. Бевме заедно 9 месеци последните 2-3 недели беше некако многу ладен, повеќе не беше истиот, не се гледавме толку често ниту пак разговаравме на тел по многу. Го прашував што е не сакаше да каже пред неколку дена ми рече дека повеќе не му е исто со мене но и самиот не знае што се случува. Му требало време да свати и се да биде како порано, но дека не сака да раскинеме бидејќи сепак многу му значам. Сношти многу разговаравме и денес ми рече да не го барам, да не му се јавувам и да му пишувам кога ќе се среди сам ќе ме побара. Не знам што е онаа што го промени толку затоа што знам дека ме сакаше, и многу.. ми го докажа тоа.. Тешко ми е, не знам што да направам, што ако никогаш не ме побара..
Значи бара пауза. Девојче,ако не те побара тоа е што е.Сигурно нема да биде со некоја за која нема силни чувства,како што ни ти не би сакала да бидеш со некој што не те сака. Нема што многу да направиш,освен да го послушаш и да го оставиш на мир неколку дена. Во меѓувреме и ти ќе се концентрираш на други нешта(па можеби и ќе се изненадиш од исходот на тоа што ќе сфатиш ) По неколку дена ако го нема,побарај го и прашај директно на што сте. Ако и понатаму не знае,во тој случај мислам дека ќе треба да прекинеш со него.Тоа би било само напразно трошење на време.
Треба и ти и тој да разберете дека не си на закачалка, па кога тој сака само да ти се јави и ај. Ако сакал простор требал така да каже. Причини за неговото однесување може да има многу, тоа не се знае, можеме само да нагаѓаме.
Мислам дека малку сака време за себе, да се присобере, можеби му е прва долга врска па некако со неверување го прифаќа тој факт и можеби е исплашен за сериозноста на вашата врска. Малку глупаво е тоа што одеднаш се се случило, како да се има исплашено и повлечено. Можеби му е страв дека врската станува монотона.. Многу можности околу неговиот став кон ситуацијава, ти можеш да погодиш која би била вистинската, а само тој знае која навистина е. Мој предлог е да го оставиш да ја издува главата, ама сепак и ти постави си некои критериуми, да не почне да оди лево - десно. Прашај го случајно да не бил со друга, кажи му дека е подобро да дознаеш од него а не од други и дека доколку е така би пробала да го сфатиш како е и што е, па ќе одлучите што понатаму.. Исто, мислам дека треба да го прашаш колкав период му треба, отприлика. Зашто како што кажа членката погоре - не може кога него ќе му текне - тогаш. Ако не знае, постави му рок ти. Биди малку строга.
Оставиго и не го барај кога така ти рекол,ако го бараш и напнуваш уште повеќе верувај положо ќе направиш уште повеќе ќе му се здосадиш и ќе почниш да го нервираш значи колку и да ти е тешко колку и да боли некој,немора да значи ете го одма има некоја друга или те излажал или било што,можеби врската му станала монотона па не сака со сила да е во врска знаеш тоа е многу поболно некој со тебе да е со сила отколку ова да ти ја каже работата во лице. Ако те сака вистинки ќе те побара и ќе бидете заедно но ако не тогаш тој не бил за тебе и готово,значи со сила убавина не бидува во прашање е се чуства тоае се случува колку и да е болно тоа е вистина...
Вистина е дека оваа му е прва сериозна врска, всушност имал само неколку мувања, но на почетокот се беше супер се бореше за мене и ми докажуваше колку ме сака додека и јас не го засакам, наеднаш се се смени. Вечерва патува надвор од Македонија и ми рече дека ќе ме побара кога ќе се врати, за неколку дена. Го имам прашано дали постои друга ми рече не, немало ништо такво и дека тој самиот не знае што се случува. Ти благодарам и тебе и на останатите за мислењето, навистина многу ми е потребно во овој момент.
Бјути, јас искрено не верувам дека му треба време да размисли, а те сака бесконечно. Тоа му било изговор за да раскинувањето го направи помалку болно за другата страна.Исто како она најпозната фраза што ја користат, „не е до тебе, до мене е“. Човек што сака, што е вљубен во некого, гледа секој момент од денот, секоја секунда да ја помине со саканата личност, а не да бара пауза.Еве ти го сакаш, би побарала ли да раскинете, дали би го повредила, дали би му кажала воопшто да не ти се јавува? Сигурно не, значи љубовта кај него повеќе не постои. Искрено, не се надевај дека ќе те побара. Биди паметна и не дозволувај да живееш од туѓа милостина.
Еве јас сум таква личност, која едноставно треба да се тргне малце од некои работи за да се присети колку и фалат, свесно го правам тоа! Знам дека е лошо, знам дека е себично. Но некогаш толку ми доаѓа преку глава од буквално се, си се посветувам само на себе и ништо друго, некогаш ми треба ден-два, некогаш недела-две и на почетокот тоа беше измачување за дечко ми, но сега знае едноставно дека воопшто не е тоа затоа што не го сакам, тоа е затоа што јас така функционирам. Повторувам, апсолутно не го поддржувам и дефинитивно не е во ред ако се дешава секој месец, ете мене во 5 годишна врска ми се случи 4-5 пати да испарам и да хибернирам некое време. Ако е тоа случај и со дечкото на Бјути, многу е подобро да се тргне, да размисли, да се освежи едноставно малце, отколку да седи да се измачува и се тоа да резултира со караници. Бјути, јас не можам да тврдам дека ќе се врати, но во секој случај дај му време, можеби има и проблем кој го преокупира, а за кој едноставно не сака да зборува.
Јас се надевам дека ќе се врати, и да последниот месец имаше огромни проблеми во семејството. Иако на почетокот не сакаше да ми каже повеќе не можеше да крие и ми кажа. Се трудев колку што можам да му помогнам а притоа и да не го задушувам, но почнавна и многу да се караме, беше многу напнат па изгледа чашата се прелила.
IvanovskaM - Би сакала да верувам дека дечко и на Бјути го има твојот синдром, иако да се разбереме малку е себично тоа однесување. Еве и самата кажуваш дека во тој момент, тебе ти е најбитно ти како се чувствуваш, а дечко ти можеби пишува за тоа време на некој форум, барајќи совет Шегата на страна, машките малку поинаку функционираат, барем според моето искуство. Тој веќе некое време кон неа се однесува ладно, а тоа се забележува од километар кога си со некоја блиска личност. Јас сум малку подруга од тој аспект, мене би ме навредиле таквите паузи и би се чувствувала дека сум издувен вентил, а не нечија љубов. И јас не би дозволила некој да размислува дали му требам во животот или не. Е сега, сите сме различни, кој може да помине преку тоа, ок.
Во право си, исто и јас се чувствувам многу глупаво и иако се надевам дека ќе ме побара да продолжиме не знам дали јас всушност ќе можам да продолжам со личност која ме сакала најмногу а наеднаш неговата љубов исчезнала