Од што се плашиш ? Дали ќе пронајдеш нов дечко ? Го мразиш,те нервира,направил многу грешки и сеупте се мислиш како да му раскинеш Мора да одлучиш така само ќе се залажуваш и ќе си даваш надеж дека се ќе биде во ред и се истото ќе ти се повторува... незнам како можеш да се измачуваш со ваква врска искрено Не би ти предложила да правите пауза туку едноставно тргни се кажи му дека сакаш да прекинете и готово зошто ја одолговлекуваш работата секое чудо е за 3 дена како што кажале старите а верувај дека ако не си среќна во врската џабе се мачиш Ти посакувам среќа и правилен избор
Штом е врска на далечина, тогаш се работи за минлив период. Ти зборувам од искуство, омразата кон неа си ја префрлила на него, полна со лутина мислиш дека ти е одбивен.се во твојата случај е во врска со твојата подсвест.Жена може да разбере само жена. Не дозволувај твојата негативна енерија која те тера да помислуваш дека е ладен кон тебе да се префрли како магла во врската.Никој не е битен само ТИ и ТОЈ
А можеби самата имаш направено непотребен филм за ситуацијата. Самата кажа дека си љубоморна од старт, а и дека не му веруваш. Исто кажуваш дека ништо не било меѓу нив. Тој ако сакал нешто да направи со неа, ќе ја викнел насамо уште порано а не да чека цимерот да ја викне. Сметам дека си имаш набиено некако вид на комплекс за ситуацијава и пример некои работи за кои што си "замижала" пред настанов сега ти изгледаат многу чудни. Ти кажува убави зборови, ти вика те сакам... што повеќе ти треба?
Ако добро го познаваш партнерот,секоја негова промена во однесувањето можеш да ја откриеш. Штом тоа не си го забележала во неговиот глас,поглед,разговор,верувам дека непотребно си создаваш грижи.Врската на далечина ти е дополнителен психички товар и те разбирам.Би те советувала и понатаму да гледаш кон него како на твој партнер,човекот што ти значи и не дозволувај да ги открие твоите сомнежи.Ако имал и претходно некаква намера со таа девојка,сигурно тоа би го направил и би контактирал тој,а не некој друг.Ти посакувам среќа
Маа нееее, она се плаши од осаменост.Како што кажа во врска биле 3 години и ако му раскине-ќе остане сама.Тоа е најголемиот фактор што не му раскинуваш нели? Твој е изборот ако сакаш да се разбудуваш сама секој ден (до него) заглавена прашувајќи се што барам јас овде не му раскинувај и премини преку омразата мисли на неговите позитивни страни што ве одржувале во врска 3 години, но ако сакаш да се разбудваш сама, слободна со мир и спокој без прашалници на перница тогаш стави крај нема да пропадне светот.Твој е изборот.
И јас имам врска на далечина, имам пишувано во претходните постови. И мене исто така на неколку пати ми има делувано и сум мислела дека се оладил, дека му се додворуваат други, лајкнал вака така. Но кога размислувам од овај агол и од оваа перспектива, тоа е се до стравот да не ја изгубиме личноста што ја сакаме. Ајде биди силна нема да биде засекогаш така далеку. Ке помине, и немој да се нервираш, и ти а и тој ке почувствува нешто неубаво. Уживајте и тој викенд когак е се видите направете го посебен. Да бидеме силни, и стабилни пред се како ептен зрели жени. Ке помине и мене ми проаѓаа вакви мисли на моменти, но не повеќе.
Се случи тоа што незнаев дали сакам да се случи или не.Го изневерив дечко ми, со едно момче што не го знам баш долго некои 3-4 месеци, ми се јави на телефон ме праша дали сакам да дојди со колата и јас му реков ок.. се случи што се случи,тој му кажал на најблискиот другар кој ме додаде на фејсбук, се надевам дека само он знае... Инаку и тој има девојка, таа му се јави на телефон додека беше со мене, тој пред да крени нешто искоментира аман вака кога ќе ми звонат.. и неа му кажа на телефон дека ке си легнел да спие и да не му досадува и се заврте го остави телефонот ме повлече накај него и ме бакна. Јас го прашав случајно да не сум им направила некој проблем(не знаев дека има девојка) бидеќи и на фејсбук ми пишуваше од време на време, тој ми рече каков проблем уживај... И сега не знам што да правам, ако ме побара да се видиме следен пат, инаку тој имаше покужано уште пред 2месеци да ме бакне бевме на некоја слава заедно но јас не го сфатив сериозно и си заминав. Што би правеле вие во мојата ситуација? Да бидеме реални никој не би издржал долга врска да остане верен цело време..
Youknow, Eпа што би ти кажале ние? Ок, си го изварала ама не знам како ние би ти кажале дали да се видете со овој другиов ако пак ти се јави. Твои се чувствата и ти треба да расчистиш дали сакаш да си со новиов или сакаш со стариот..или пак можеби сакаш паралелно да се моташ со двајцата. Тоа твое си е цуро. Ти и твојата совест треба да разграничите како понатаму. Ништо друго не е битно, ни дали го знаеш долго, ни дали сте се виделе претходно на слава, ни дали ќе раскине со девојка му, ни дали ја сака...од твоја страна ти треба да се дефинираш дали сакаш да се гледаш со него и под кои околности.
Ти ова сериозно? А зошто да не остане верен? Еден партнер не ти е доволен? Ти всушност го сакаш ли дечко ти? Јас ако сакам некој, нема да го изневерам. Или ова 21век, па се измодернизирано. Баба ти како можела со еден човек да биде? Мајка ти? Итн, итн? Всушност лесно е, ако не се чувствуваш како да си создадена за моногамна врска, едноставно раскини и оди со повекемина истовремено кои го делат истото мислење со тебе. Не ти е криво што му го направи ова на дечко ти ако веке си во долга врска во која што би требало да има веќе каква таква доверба? А ако беше обратно? Тој да те изневереше тебе? Ке си го речеше ли болдираното на себеси, со тоа ке се тешеше ако тој до тебе што толку време ти кажувал дека те сака и те милувал да ти каже ке спијам, а тој со едната рака под суќна кај друга? Во секој случај, јас да сум не би го ни погледнала овој што и се понаша така на женска му, не па да направам нешто со таков умислен тип без никакви морални вредности.. Ако и тој е во подолга врска очигледно сака да се свежни малку на страна, можеби се води според мото: "Не се јаде грав секој ден." Што се' не шета по земјава Господе, што си создавал.. Не секој заслужува љубов.
Добро бе девојчиња, како можете така да се понижувате самите себе а потоа први ќе кукате по темите како неможете нормален дечко да најдете што ќе ве сака. Може ли една жена да падне пониско од тоа да биде втора? И ако не си способна да издржиш во долга врска без да изневеруваш тогаш зошто си воопшто во таа врска? Озбилно не ве сфаќам, појаснете ми. И како можете да бидете со некој а притоа да знаете дека има девојка и дека не сте му единствена, дури и за едно мување, колку и да ви се свиѓа ми е потполно безврска и само покажува колку мизерни суштества постојат околу нас. И не се навредувај одма, штом си пишала овде мислење биди подготвена на критика. Во глобала ние жените кога станува збор за врски и вакви работи сме овци, за стрижење само а паметот на пасење.
Зошто некој не би издржал? не те сфаќам искрено... а ти го сакаш дечкоти или не? баш во долга врска треба да бидеш верна,искрена,сигурна,среќна со дечтото,....
Девојко,каков совет очекуваш со вакво неморално и наивно однесување Ми оставаш впечаток на личност во резерва за машкиот пол.Значи кој и да ти се јави не ти е потребен втор предлог,веднаш прифаќаш...Навистина некои не заслужуваат да бидат среќни во љубовта.
Штом не можеш да издржиш да му бидеш верна, јасно е дека ти досадила таа врска. Како би ти било тебе дечко ти да ти го направил истото? Што доби од тоа што се смува со тој? Само лошо мислење, биди сигурна дека ни еден дечко не мисли добро за девојка која има дечко, а оди со друг. Направи му услуга на дечко ти и раскини му, па мувај се со кој сакаш и прави си го интересното, не е фер да му го правеш тоа. Никој не сака да биде изневерен и потсмеван. И јас имам долга врска, како и други феминки овде, па никогаш не ми текнало да го изневерувам. Wow како тоа ние се воздржуваме, дали нешто не е во ред со нас? Воопшто ли немаш грижа на совеста? Не ли се каеш? Многу се нервирам кога читам вакви работи, можеби баш поради тоа што знам колку боли неверството.
Значи вака, не дека одма "заминувам" кога ке имам понуда од некој друг,туку овој дечко ми се свиѓаше, а инаку има многу други кои ми се додворуваат,и секако дека го сакам дечко ми затоа и до сега го немам изневерено. Ама до сега. Епа ете,тој не е во долга врска туку неколку месеци се само и тоа сеуште не дефинирана врска. Мислам дека не му е тоа само да се издува. Јас не планирам да го оставам дечко ми, само овој многу ми се мота низ главата овие денови... Сепак ви благодарам на одговорите. Спојлер Не беше само мување,туку имаше и нешто повеќе, и искрено многу беше внимателен незнам како се деси ама премногу брзо се случи како да бевме сигурни дека ке се деси нешто ''без обврски''
Да бидеме реални знаеш што си му ти на него? Резерва за секс. Знае дека имаш дечко, он има девојка, искочил со тебе само за една работа. Лесно е како 2+2. Ти изгледа не го гледаш тоа, крената си до облаците изгледа. И како тоа кој би издржал. Ако го сакаш искренно доволен ќе ти е. Проблемот е што не е тоа тоа кај тебе, чим си го изварала и размислуваш да го повториш тоа. Ти тоа толку свесно, намерно и планирано си го направила тоа. И треба да го оставиш дечко ти, не заслужил такво нешто да му правиш. А ти свесна си колку се понижуваш? Има девојка типот, ти знаеш за тоа и пак си направила тоа што си направила. И немој молим те да ми се вадиш со тоа ама јас тогаш дознав....битно си дознала, да си имала свое јас, би искочила и никогаш не би го погледнала. Страшно ме нервираат такви луѓе што верноста ја гледаат како светско чудо.
Абе не е до тоа,верувај тој може да излези со која сака, ние имавме взаемни симпатии и пред да се случи нешто,било што меѓу нас. И знам дека е не фер од моја страна, им се препуштив на емоциите и...се случи. Ама не верувам дека ке се случи нешто повторно, не сакам да го изгубам дечко ми, знам дека бурно реагира во вакви ситуации. Можеби ме фатил таков период во врската, ама верувајте не е со лоша намера... :/
А која ти е намерата тогаш? Јас сум имала многу периоди кога ми било монотоно и досадно да речам, ама никогаш не сум направила такво нешто. Во врска сум скоро 5 години, и ете жив пример сум дека сепак може да се остане верен.
Овој дел не го разбирам... Си го прашала случајно проблем да не си им направила а тврдиш дека не си знаела дека има женска?
Kaжи си отворено де шо се срамиш .. сте имале секс добар бил и затоа сега ти се мота во глава оф брееее Колку врме си во врска со дечко ти ? А тоа твое мислење дека во долга врска неможе да се остане верен -и јас го негирам Ако некого сакам и сум со него долго време како ќе го изневерам и зошто .... Јас мислам дека ти воопшто не си заљубена во дечко ти и дека си бараш убава авантура ... ти се свиѓал пред тоа ,си знаела дека има девојка со која е кратко ,ти пишел на фб значи ти си флертувала со него подогл период. И со кое лице излегуваш пред дечко ти ,мирна ли ти е душичката после оваа или не ни помислуваш на него ? Ослободи го детето барем греота е да го залажуваш ... И јас сум во врска 3 години и тврдам дека ако постои голема љубов на авантура и изневерувањее не се ни помислува