^ јас мислам дека е излишно да се даваат совети во врска со овој "проблем", зошто девојката не се ни кае, и побитно и` било да не му расипе нешто на типот со кој го изневерила дечкото, отколку било што друго... Само би ти кажала, да му раскинеш на дечко ти, ако барем малку го сакаш
Tоа би и било најпаметно...ама и фуфка, знае дека со другиов нема ништо да биде. Па не е будала да ја остави девојка му.
чисто информативно кога ќе го гушнеш дечко ти и му кажеш те сакам не се чувствуваш извалкано, контра на женскиот чист природен род?
Да ви одговорам- незнаев дека има женска кога излеговме, дури послем 5-10 минути кога му се јави таа дознав т.с сфатив по муабетот дека му е женска, јас го прашав тој ми рече-така нешто ама ништо сериозно. И добро, не е крај на свет, убаво си поминавме но тоа ке биде тоа, ке остани на тоа.. Не планирам да се карам со дечко ми и нема ни да дознае за ова. Незнам зошто толку навредливи зборови, како да сум убила човек, не сум ни прва ни последна знам луѓе во брак што се прават на страна, па пак си се дома. Значи,уште еднаш да кажам, ке остане на ова нема да има ништо повеќе со вториот.
Не е работата дали ќе останеш со него. А да знаеш вака или онака се се дознава. Работата е како можеш во очи да го гледаш дечко ти без никаква грижа на совест.
Охоо ти штом еднаш си анправила верувај дека нема да остане така ќе се повтори пак... Не те навредуваме само сме реални и отворени спрема тебе И што мислиш ти во ред ли е што таквите жени одат со други мажи и пак си се дома како што велиш ти ? Нема врска дали дечко ти ќе дознае или не важно е ти како ќе се чуствуваш и како ќе продолжиш да бидеш со дечкото кој што те сака и сигурно ти почитува нема ли да имаш малку грижа на совеста ?
Па, вака на почетокот на врската со дечко ми имавме некои проблеми, јас разбрав дека ме имаше изневерено и тоа се гледал некои 5-6месеци со друга, и од тогаш искрено да ви кажам се трудам да биде се во ред,со тек на време се се средува по малку,ама некогаш ме мава нешто во главата кога ке се сетам, како глупава се осеќам ми доаѓа да посегнам по некој друг без да размислам на последици.. Знам дека дечко ми ме сака многу,зато и не му раскинувам и јас го сакам и супер ни е,и секс и разговор и се. И искрено,послем тоа што го доживеав од негова страна, и тоа имаше уште некои работи не зборувам за тоа сега, не осеќам грижа на совест ама никаква. Се си е во ред со мене и со него и ми се чини дека цел живот вака ке си тераме, само не би сакала да дознае за ова, премногу ке се изнервира. И би сакала да остане во тајност,нема на никого ништо да се каже повеќе, и тоа е тоа.
Па врската не се основа на враќање и одмаздување. А верувај дека нема да ти остане ова скриено засекогаш. Вистината секогаш излегува на површина. Џабе не се рекло : Ако се двоумиш помеѓу две работи, одбери ја втората, зошто ако си ја сакала воопшто првата немаше да има втора... А ти вака само се измачуваш себе си, и дечко ти. Секакви има по планетава. Како не чувствуваш барем малце срам не ми е јасно?
аха,значи доколку е вистина тоа дека на почетокот на врската,период кога е највозбудливо,најсилни се емоциите и заљубеноста,а 5-6 месеци и не се баш така краток период,доколку тој те варал тебе како што кажуваш,па тоа тебе ти останало као гаранција за и ти да му го сториш истото,незнам ! значи луѓе може ли некој да објасни како тоа се ставаш во долга и озбилна врска а уште од почетокот се почнува со изневерување еј,уште првите месеци? па си тераат потоа едно три четири години и се враќаат долговите,али нее се е во ред,се сакаат,не сака у никој случај да го остаи дечко и,па ти (да не се навредиш) не си нормална шом уште од почетокот тој те варал а ти не си му мавнала клоца а си продолжила со него..Не е нормално ! Значи единствениот заклучок кој јас би го извлекла од ова е,дека ако е вистина тоа за него,и сега тоа за тебе,и ДВАЈЦАТА СТЕ ИСТИ,и би поминале низ тоа онака најискулирано како да не било ништо ! И ова со мотото дека долгата врска е монотона па мора да се изневерува,FAIL ! али ко што идат генерацииве као закон им е тоа ! МОРА ДА ИЗНЕВЕРИШ ИНАКУ НЕ СИ ИНТЕРЕСЕН ! Јака ви душа шом и после тоа можете да продолжите со врска,поточно штом можете да помислите на тоа... Па ајде нека ви потрае врската,се најубаво,изневерувајте се колку што можете,еден ден децата ќе си ги воспитувате и ќе бидете родители
По по по...Каков филм си направи...не ги знаеш сите работи, не можиш вака да основаш мислење,ако некоја ја интересира што се случуваше нека ми пише ЛП.
па не ги знам,ама тргнувам од тоа дека ако некој ВИСТИНСКИ СЕ САКА ,последното шо би го направил е да те изневери.А инаку основни работи се ова ! и ова е моето видување од гледна точка дека колку и да сакам некој,никогаш не би продолжила со него ако знам дека ме изневерувал !
Абе девојката нема ни малце грижа на совест џабе и збориш. Инаку што и да се случило не си требала да паднеш на тоа ниво да изневериш, па капак е тоа што дечкото бил зафатен. Ако те изневерил дечкото има лек- раскинување. А ова што ти сега го кажуваш е само вадење.
Дали некој на светов знае зашто дечкото никако ништо не превзема во врска со мене? Знам со сто посто сигурност дека му се свиѓам, ама еве, веќе 2 месеци само си се гледаме низ градов случајно и ништо. Еднаш дојде да се запознаеме и си отиде. После тоа ни здраво, ни на фејсбук да ми пише, ништо. Да не знаев дека му се свиѓам, ќе помислев дека се гади и бега од мене. После женските биле несфатливи. Блабла.
а како знаеш дека му се свиѓаш? прво најбитен е изворот на информацијата.. според ова што го кажуваш,чудна е работава..
Ете кажа не знаела дека тој има девојка. Но таа има дечко. Каде и била совеста? Мое мислење е преземи иницијатива, одоколу прашај го што е работата
Добро бе жени што сте и се нафрлиле на Youknow? Значи никој од нас нема улога на воспитувач тука. Не ја оправдувам ни јас, но не ја ни обвинувам. Што било и како било во нејзината врска ние не знаеме, имаат долга врска ама може тој нејзиниот не и посветува внимание, нон стоп е со другари..бла бла..вие одма напраивте ситуација дека дечко и на мува не лази а таа геноцит да прави. Па за таа да посака да го извара може и тој допринесол. Еве вика ја варал на почетокот. Па реално колку и да поминеш преку варање, нема да заборавиш и некоја твоја наредна можност ќе резултира со истото. Башка таа праша што да прави ако и се јави пак а не бараше мислење за тоа што го изварала дечко и. И таа сама знае дека не е во ред да се вара но ете го изварала. Нејзина работа. И имал девојка па многу било страшно..па што има таа да мисли за неговата девојка (ако нејзе и е само за секс, а не за да го зема за маж), таа треба да мисли на дечко и, а мувачов на неговата девојка. И Како што гледам пиша дека одлучла веќе да не се гледа со новиов и мислам дека дискусијата нема правец на каде да се одвива понатаму.. Нека си дојде на ред некој/а друг/а со мака.
па тоа,дека тој ја изневерувал на почетокот..ама ете ја излегов крива,сум измислувала демек,филмови сум праела а само го кажав она што јас го мислам,а и секој друг судејќи според напишаното..
Абе да, ти во право си... ама безврска се разотвори дискусија. Од секој збор може да произлезе нешто за коментар ама тоа што ние можеме да си збориме за нејзиното минато и зошто таа продолжила со него, неа не ја занима зашо веќе прошло и сега е актуелен друг проблем,а ние упорно се плеткаме во небитни коментари и оф-топици. Една ќе пише нешо, па другата да врати..па не се сфатиле па пак на ново и така до бескрај. Може се срами. Покажи му и ти некако дека си заинтересирана(ете моеш на фб да му пишуваш), за да знае дека има зелено светло за да преземе акција