Искрено секој втор е таков, за жал. Мое мислење е дека сакаат да се чуствуваат посакано, и кога ќе осетат густо, дека треба да се избере измеѓу менување на разни девојки и сериозна девојка најлесно им е да избегаат и да им се полни егото доколку девојката ги бара. Уживаат да се барани, да се фалат со тоа дека девојка трча по нив. Мислат дека убавината е во повеќе девојки во исто време, а не во една. Тие кога ќе освојат, сакаат да се тргнат и да одат по други освојувања. Инаку глупав им е изговорот тие не биле за врска, ако не се зошто ја почнуваат?? Има девојки кои исто така не се за врска, па нека бараат такви девојки. Ама тие уживаат кога ќе освојат сериозна девојка, и после се вадат на тоа не се за врска. Имаш донесено правилна одлука, ај доколку бил зафатен, работел или било што да го оправдаш и да му простиш. Колку и да ти е потребен можеби работата нема да му дозволи да излезе. Ноо, вака тој со братучеди а ти во солзи, и ти вели неможам, навистина не ти го треба.
Тоа било многу лоша постапка од него, дечко како дечко треба да е тука. А и не бил нешто зафатен па да го оправдаш. Ама чекај малце, дали ова му е прв минус? Ако му е прва грешка, ако досега не правел такви работи, тогаш почекај, не избрзувај, опомени го, налути му се, а ако не е тогаш мислам дека не е добар за тебе.
Тој ме сака.Ама ете,после се сфатив дека му е таков карактерот,такви мислења има.Тој мисли дека не смеам да плачам за ништо,не сум била дете,за што и да е.Значи што и да се случило не смеам да плачам.Ми вика како јас не плчам за ништо? Дедо ми кога умре,јас не можев да плачам,а многу тешко ми беше,ама не плачев.Зарем мораш да плачеш? Јас сум многу емотивна и кога ке се случи нешто лошо на некој од моите најблиски (на пример мајка ми кога беше болна,кога дознав некои работи за неа) не можам да си ги задржам солзите.Тој ми вика ако сакам да плачам,само не пред него,не можел тоа да го поднесе.
од почеток ти го прочитав мислењата.и само ке ти кажам дека многу си мала за да се замараш со овие работи,ме сака,не ме сака.гледај времето искористи го максимално и уживај во детството.премногу си мала за да те мачат овие проблеми. и ако ти треба подршка ја имаш онаа од родителите и тие ќе бидат секогаш до тебе за да ти помогнат.
да не плачам, па кој има право да ми каже да неплачам, јас например плачам за се, дури и за ситници, но после тоа се осекам по убаво ми олеснува
Bile15,и претходно имаш пишувано во темава. И сите во коментарите бевме согласни дека дечкото не те сака како што си умислуваш. Плус,зарем на 16 години ќе се заморуваш со врска на далечина? Од досегашното излагање твое,разбрав дека воопшто не те сака,и не му е грижа за тебе.
Како бе тој не те прифати дека ти си таков карактер што плаче?! Нема што тука да се воздржуваме од солзи кога ни идат. Емоции се тоа. Знае тој нешто за тој поим? Ако треба да се воздржуваш пред дечко ти, пред кого онда не треба? Дечко е лик во животот на девојката кој има улога да биде и другар и поткрепа и рамо за плачење. Твојов некако не ги исполнува критериумите. Ти си знаеш.. Мислам дека убаво си одлучи да му раскинеш и остани на тоа, независно дали мислиш дека те сака или не те сака. За мене ваквото негово непочитување на твоите емоции - не е љубов.
Ако вистински те сака верувај такво однесување никогаш не би требало да има со тебе,на што личи оваа да ми кажува дали да плачам или не ,додека е со други излезен не сака да разговарате ,ако те цени почитува и те сака во каква ситуација и да е ќе најде време да разговара со тебе и да те утеши и продржи,извини но јас мислам дека ти се однесуваш многу детски и дека за се и сешто го замараш т.е за ситници повеќе па затоа е тој таков со тебе ... премногу си мала да да доживуваш вакви ситуации ,имаш време за се верувај !
А кога веќе си имаш став, и несакаш да чуеш друго мислење зошто прашуваш на форумот?? За да некој губи време да ти објаснува нешто и ти да му кажеш дека ти си имаш твое мислење??
Здраво на сите. Со дечко ми одиме скоро пола година со мали прекини. Претходниот месец тој замина во странство на неколку месеци поради х причини. Додека беше овде често бевме заедно, немаше ден а да не се видиме, па разделбата многу тешко ни падна и на двајцата. Сега се слушаме најчето преку скајп или фејсбук, а некогаш и преку тел. Во последно време почнавме да се расправаме често. Иако е друго во живо а друго преку социјални мрежи сепак имам чувство понекогаш како да не го интересирам веќе. Кога збориме многу често се понаша како незаинтересиран за муабетот, јас ќе му кажувам нешто за мене или за било што или ке го прашам нешто а тој добро , доброо , така е, бла бла.. Не можам со него асален муабет да направам. Или пак, често знае сред муабет да го снема наеднаш, да се исклучи без збор да каже , без ништо. Правев муабет со него во врска и му кажав дека ми смета , ако има нешто проблем , не сака да пише со мене или има некоја работа нека каже а не вака да бега кога нему ке му текне , но џабе беше и муабетот и се , секогаш наоѓа некој изговор па на крај знаеме и да се скараме. Се нешто нему му се дешава. `Битно` постојано ми кажува дека ме сака. Јас сум секогаш за него достапна, се случувало и од излегување да си дојдам специјално за да зборам со него. И се само за да не се караме за вакви глупости премолчав многу пати и се правев како ништо да не било, ама не можам веќе така. ЗНам, глупо е вака преку социјалниве мрежи, друго е кога би се виделе во живо, но тоа е сега засега, единствен начин за да бидеме во контакт. АКо ме сака како што ми кажува тогаш мислам дека не би се понашал така. Ке кажете можеби има друга таму, но не.. Тој е таков уште кога замина. Не знам во што е проблемот , но само знам дека премногу го сакам и се запуштив поради него , немам желб за ништо , навечер неможам да спијам, ништо Тешко ми е мноогу. Ми требаат ваши совети. Позз
Eме,ситуацијата е загрижувачка.Без оглед на тоа дека дечко ти е сега во странство,важен е неговиот став кон тебе ,а ти викаш дека бил незаинтересиран уште од пред да замине.За жал,мислам дека во странство уште толку ќе се излади,без разлика дали таму е на шетање или по работа,нова атмосфера,нова средина и човек лесно се оддалечува(не мора да е правило ова). И најлошо е што ти му угодуваш,секогаш си тука за него ,па тој се опуштил.Најдобар совет е да се тргнеш и ти малку настрана,олади малку нека почувствува дека и ти се грижиш за себеси ,и ако и тој сака да ја спасите врската добро,ако не за жал тоа е тоа,оддалеченоста само ќе се продлабочува. Од искуство мислам дека не се работи за друга девојка,а и да има друга уште од тука би постоело нешто,не од странство.Најмногу боли таква ситуација,но рамнодушноста кажува се,можеби и не те сака повеќе,а по навика ти кажува дека те сака. Пробај да се посветиш на себеси и имај свое јас,делувај малку ладно за да го заинтригираш и ќе знаеш на што си конечно.Поздрав и се најубаво
Спојлер Далеку од очи,далеку од срце И имаат право.Далечината ги ладе чувствата. Или почнал да се ладе,дека знае секогаш си тука за него,или има проблеми,нова средина,нова атмосфера,нови луѓе,и се тоа влијае на него. Се согласувам со Хермоса,одалечи се некое време.
Мила, јас мислам дека е понесен од новата средина и луѓе и се му е ново и интересно, што е и нормално поготово ако е авантурист и не е меланхоличен. Тоа не значи дека има друга, но ако веќе таму му е убаво а разговорот со тебе небитен, не сакам да те плашам ама не значи и дека не може да најде друга. Имај трпение, сами нештата како ќе се одвиваат ќе ти покажат што треба да се случи.... Не избрзувај и со среќа, не знам што друго би ти кажала.
Стварно? А да реков дека имам 20 год.,тогаш он мене ме сака и сум за врска,а вака не.Вие дадовте ваши мислења,јас ги почитувам,но не се согласувам,и толку.
Во врска со претходните мислења во врска со еме трпението и добрината ја прават љубовта! правете нормално муабет може и не е нешто страшно но самата помисла и психата те наведува на негативни мислења. Размислувај како ке го изненадиш кога ке дојде, а до тогаш посвети си и време на себе си.
Ви благодарам девојки за советите. Уште едно прашање имам, можеби ќе звучи смешно , но искрено не сум во состојба веќе да размислувам разумно било што во врска со него. Како да пробам го заинтригирам? Да се оддалечам скрос од него, да не одговарам кога ќе ме побара , да не му враќам било што, да ме снема наеднаш.. или пак да продолжам со него да комуницирам како и до сега но притоа да се однесувам незаинтересирано? Ви благодарам однапред, ми значат вашите совети.