5 години врска и не е малце. Ако можеш одалечи се од него, но долга врска да уништуваш немој. Замисли се себе на местото на таа девојка. Ионака викаш дека те гледа само како колешка.
Вака летово сакам да работам во Охрид ама дечкоми некако гледам се лути,љубоморен е дека во друг града мене после се шо ми се случи ми треба промена и тоа голема совет некој?
Па ако не сака да бидете разделени може и тој да побара привремено работа во Охрид. А ако веќе си има постојана работа сепак за викенд или кога ќе имате слободен ден двајцата од работа ќе можи да се гледате. Сепак е Охрид...не е надвор од државава, што значи дека ако се сака се наоѓа решение
Или пак,ако ти значи дечкото повеќе од 3 месечна работа и дружење(мислам дека за тоа сакаш да одиш во Охрид,можеби сум грешка) Ќе си најдеш работа во градот во кој си живееш.Нема потреба до Охрид да се затеруваш,платите се тие горе доле,а плус таму ќе треба да плаќаш за кирија освен ако не престојуваш кај роднини,пријатели или сл.
Кика, не му удоволувај на дечко ти до толку што ќе се откажеш од желбата. Викаш дека ти треба голема промена, па нека те сфати тој тебе. Ајде да замислиме обратна ситуација..ти да му се налутиш што тој ти се лути , мислам нема логика лутење ако другиот сака да си исполни нешто. Нека доаѓа и тој кај тебе, ќе се гледате викндашки. А убаво е вака на страна малку, ќе стекнеш искуство... ако не ти се свиѓа или ти е економски неисплатливо, ќе си се вратиш. Многу е себично неговото однесување. Мене не ми се свиѓа како сака тој да те изигра. Јака муда ако идеш Охрид на работа, нема да се селиш таму...
Колку и да е сериозна врската немој да му дозволуваш на некој да го контролира твојот живот, секоја одлука е само твоја и си независна силна жена која знае што сака, а дечко ти ако нема доверба во тебе то е нешто друго..се надевам се ќе се реши со убав разговор.
Девојки ви благодарам на одвоеното време и советите шо ми ги дадовте со ваша помош и некои мои расмилсувања,негови постапки и ред други работи повеќе од негова отколку од моја страна мислам дека ќе донесам вистинска ии правилна одлука.
НАЈБРЗ ОДГОВОР ВЕ МОЛАМ!!! Помогнете ми не знам ќе пукнам... Со дечко ми сме заедно 8 месеци значи... не знам како да го сменам тоа што он мене не ми "дава" да одам во ноќни клубови со моите другарки... Он мисли дека јас ќе направам нешто таа ноќ и дека ќе го изневерам... Другарките мои многу пати имаат отидено во дискотека и ми имаат речено а јас не одам, ми рекоа дека стварно сум глупа што дозволувам он мене да ме "манипулира" и што си дозволувам да ме контролира и да не ми верува... Го сакам и нејќам да се скарам со него заради ова... Му имам речено да иде со мене, но тој ми вика дека не му се свиѓа моето друштво.. Како да го сменам ова? Кога го имам правено муабетов со него тој ми вика дека имал такво чувство дека нејќам да бидам со него... Како да му го сменам мислењето и да не ми прави вакви проблеми кога одам? А, и да надополнам ми вика демек кој дечко си дозволува женската толку многу да оди во дискотеки...
Прво секој нормален дечко и дозволува на девојката да оди по дискотеки. Ти ако сакаш да го изневериш нема да чекаш да појдеш во дискотека. Како тоа тој ти забранува? Кога од дома не ти забрануваат кој е па тој тоа да го прави? А тој излегува со другарите по дискотеки? Ако не сака тој да иди слободно излегувај си со другарките. Или тој додека е излезен некаде ти дома ќе го чекаш? Mој совет ти е пак да разговараш со него и да му кажеш дека го сакаш и дека ќе останеш со него ама сепак ти треба забава со женско друштво.
Ако некој наумил да изневери, за тоа не ти треба да искочиш во дискотека.Тоа може и на било кое друго место да го направиш.Дај му до знаење дека дискотеката не е пресудна да го изневериш.Разговарајте но смирено без карање.И не дозволувај да те уценува со тоа демек дека ако го сакаш нема да одиш.За една врска многу е важна довербата.Мора некако да научи да ти верува.И ако толку многу му пречат твоите другарки нека се обиде некако, една вечер може во месецот да искочи со твое друштво.А ти со неговото друштво искочуваш? Ако можеш ти да ги трпиш неговите другари ,може и он да издржи една вечер.Може ги нема добро запознаено другарките твои.
Спојлер Дизастер, кажи му да дечко ти дека има една на форум глуми Мадам, е нејзе дечко и и дозволува ( ако може така да се каже, зашо ние не се прашуваме за искачања). Дома моите не ми забрануваат, он ќе ми забранува Срц на 16години да трпиш некој ваков е греота. Не си ја мачи душата..8месеци и не се некоја долга врска, нема да ти е тешко да го преболиш Ова подоцна ќе резултира со губење на другарките (кои патем, убаво те советувале) зашо они нема да можат вечно да те трпат што ги откачуваш за искачања, а и плус ќе пропушташ муабети и дешавки и нема да можеш да им се вклопиш во разговорите како порано и ќе испадне `спонтано` да се разотидете и после ќе ти е страв да му раскинеш на овој и си го обрала бостанот. Човекот не се оправа. Не очекувај дека ќе се промени или пак дека има нешто што ние би ти кажале да му кажеш за да му објасниш дека си умишљава, таквите луѓе никогаш нема да научат да ја прифатат вистиниата туку ќе си праат филмови дека е како што тие сакаат. Абре ти ако сакаш да го извараш можеш и дома да си викнеш некој, не мора да одиш по дискотеки, не знам како ова не им влага во глава на луѓето?!
disaster имаш само 16 години. Тоа се најубавите години, кога треба да излегуваш со другарки, да посетуваш нови места, да не се замараш буквално со ништо и да бидеш слободна како птица. И што е најтрагично ти се' ова го знаеш, и гледам дека ти недостига, а сепак бираш да се замараш и да превоспитуваш некое недораснато детиште кое сака да глуми голем маж. Откачи го таму, удри му клоците и кажи му дека не е дораснат за да го удостоиш со твоето присуство. Па после удрете му едно оговарање со другарките, слатко изнасмеј се, а вечерта среди се и дотерај се како никогаш и излези во дискотека како секое нормално девојче на твоја возраст. Не знам како воопшто и си дозволила да го послушаш кога ќе ти каже "не може" или "не смееш". Само да знаеш дека ако вака продолжиш ќе ги изгубиш другарките зашто секој има одреден праг на толеранција, ќе се затупиш само со него, ти ќе седиш дома и никаде нема да смееш да мрднеш, тој ќе си излегува кај сака, а времето и годините ќе си поминуваат и кога ќе се освестиш еден ден ќе сфатиш дека си изгубила прекрасни луѓе и прекрасни години. А ова верувај многу често се случува. И овде на форумов сме имале такви примери. "Имам 20 години, дечко ми излегува кај сака, мене не ме пушта да излегувам, а и немам со кого, другарките ги изгубив" еве ова во една реченица е секојдневие. Не дозволувај да станеш и ти дел од тоа, а многу лесно можеш да западнеш во таа дупка, иако сега може си викаш "нема шасни". И нека не се вади на тоа дека секој нормален дечко не ја пуштал девојката да излегува. Поголема глупост не сум слушнала. Еве и јас имам две годишна врска па одам кај сакам и правам што сакам, исто и дечко ми. Секако, се' во границите на нормалата, со разговор, договор и компромис. Тоа само го прават недораснати деца, незрели во паметот, без карактер и без самодоверба. И уште нешто само што многу ме интересира. Тој излегува често? Оди кај сака, по дискотеки со другари итн? Те прашува тебе за нешто? Или само за тебе важат тие правила? И колку години има дечко ти?
Вчера беше на диџеј со другарите, не излегува често со другарите ама да, оди кај сака и колку и да ми смета тoј пак ќе го направи тоа, по дискотеки нема одено и кога да му речам да оди со мене тој не сака ... 18 години има.
disaster мислев да ти пишам да не си го трошиш времето со него за џабе, ама од ова последното што го прочитав сега... Седи си ти дома, одмори си- зошто да го поминуваш целиот тој процес од шминкање и дотерување? Пушти си музика на youtube.com додека твоите другарки истите ги слушаат во дискотека. Еве може тие да ти се јават да ја доловат атмосферата... Извини за иронијата во горниот дел од текстот, но, никако да разберам како можеш да си го дозволиш тоа? Тој оди кај сака и прави што сака, иако тебе не ти се допаѓа тоа, а тебе младоста ти поминува во нервози? Епа извини, но ти си виновна што го дозволуваш тоа... Не држи муабетот дека си млада, не си доволно зрела... Навистина некои работи почнуваме да ги разбираме со текот на времето, но ова е недозволиво!!!
Со твоите 16 години немаш појма колку ќе се каеш кога ќе создрееш што си го пропуштила она во кое сите уживаат заради себичноста на друг. А и мала си во заблуда дека се работи за љубов ама љубов без доверба слабо слабо...
оф леле колку се упропастувате со овие ваши дечковци на 16 год.Живејте го малце детството ..иначе без доверба некако слабо ќе оди таа ваша врска..Би требало да седните и да направите муабет..да го прашаш зошто не ти верува..да му кажиш дека нема потреба од тоа..Да се надеваме дека нешто ќе се смени..Но според мене подобро е да си го проживееш детството..оти тоа не се враќа ..а за дечко ИМА КОЛКУ ДА САКАШ ВРЕМЕ
Во 3 годишна врска сум. Пред некое време имавме еден лош период кога се оддалечивме ептен, но се трудевме многу и двајцата, и се среди се. Пред некое време, можеби 2 недели, забележав чудно однесување кај дечко ми. Обично секогаш кога ќе заврши со работа, ми се јавуваше. Сега не беше така, јас ако не го побарав, тој немаше да ми се јави воопшто,како да избегнуваше да разговара со мене. Вчера му спомнав, го прашав зошто, што се случува и ми рече дека само подалечна ме осеќал, не е тоа што било некогаш, не знаел дали ме сака.... и слични работи. Многу ме повреди, многу. Поготово сега во ваков период кога тој ми беше речиси се. Ништо друго не ми дојде на памет, освен да му предложам, да го оставам неколку дена, да не се слушаме воопшто и да се среди и да размисли, ми рече дека му одговарало. Го немам слушнато од вчера, а треба да му се јавам во понеделник да ми каже што одлучил. Пред да го правиме муабетов, ми спомна дека ќе одел во Струмица за викендов,со колеги од работа. Не знам ни дали е отиден, ни со кого е, ништо не знам за него... Само чувствувам дека ова ќе е крајот. А што е најлошо, не згрешив никаде, и само што помислив дека конечно се вративме во нормала, тој размислува за крај. Скршена сум. Ова повеќе го пишав за да се испразнам, не знам каков совет би ми дале, но морав да раскажам што ми се случува. Лошо ми е.
Од една страна е и многу фер што искрено ти кажал што осека значи не ти дава лажна надеж тешко е да но вака барем не ти продава топла вода те сакам ми значиш па после тоа да се луфтира со други
Понекогаш не мора да згрешиш нешто за да биде крај.Тешко е знам,но не можеш да ги промениш чувствата.Ти посакувам се најдобро
Совршено те сфакам и знам дека се чувствуваш многу лошо посебно поради фактот што знаеш дека од твоја страна нема никаква грешка и дека си направила се за врската да ви успее.Но морам значи да кажам дека не можам да ја најдам грешката ни кај него.Значи љубовта е таква доаѓа и си оди кога ние најмалку очекуваме.Навистина не знам каков совет би ти дала освен да се потрудиш да го заборавиш и да го сместиш во своите убави спомени.Тешко е знам,ама со тек на време ќе се справиш и со овие чувства што сега ти ја јадат душава и да како што напишав дечкото ќе постои само во твоите најубави спомени.Инаку морам да кажам дека во овој случај никој не ја носи вината за овој тажен крај едноставно догорело и последното жарче од неговата љубов и сега е се готово.Ти посакувам многу среќе и немој да се обвинуваш ни самата себе затоа што ти воопшто не си виновна за тоа.Како што напиша членката погоре понекогаш нема потреба да згрешиш за да дојде крајот на нешто.Само биди храбра и силна и насочи се сега за сега кон други работи кои што те исполнуваат и те прават среќна.