Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    37
    Се разочарав... Дали сум грешка, значи дечко ми ми се налути затоа што сум се бакнувала со отворени очи, не секогаш но често? Мака ми е па не сум сакала сигурно со тоа да го повредам или пак да го наведам да се чуствува непосакувано. :( Секако дека го сакам.
     
  2. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам многу девојки. Утре треба да разговарам со него, па ќе ви пишам што одлучивме. (т.е. тој што одлучил..)
    Ви благодарам уште еднаш. :hug:
     
  3. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Миличка, макар и да не заврши како што сакаме сите тука во твоја полза, гледај на тоа како почеток на ново поглавие. Ќе имаш повеќе време за себе и да го организираш само според твои потреби, а енергијата можеш да ја насочиш кон лични интереси (да запишеш некој јазик, да џогираш, работа/факултет/училиште, кафе со пријателките...). Крај краева, па ќе има простор за нови љубовни авантури ;)
    Се надевам се ќе испадне во надобар ред :) Пиши ни што се десило. Стискам палци! :makeup:
     
    На mili4ka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Roxanarouge

    Roxanarouge Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2014
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    18
    Девојки,најпрво здраво и добро ве најдов на форумот.Одамна ве читам и преку проблемите на другите ги препознавам и моите, па советите и те како добро ми доаѓаат.
    Сакам да слушнам мислење од вас, би ми значело мислење од некој од страна неутрално гледано на работите.
    Вака, имам 25 години, пред година дена раскрстив со долга врска од 4 години, еден период сакав да олабавам психички па немав никого во мојот живот.Се океј, добро ми дојде промена.Друштва, излегување,фејсбук.И тука се почна на тој фамозен фејсбук.Почнав да контактирам со еден дечко, фин на муабет све океј, по неколку недели ,пријателски ме покани на кафе.Реков зошто да не, добро би ми дошол нов пријател.Во живо се покажа дури и подобар одошто на фејсбук, муабети топ, насмеан, природен.Почнавме да се гледаме, секој ден, кафиња, кино, ова она..се дури не покуша да ме бакне.Јас му реков извини али имам долга врска зад себе, во која многу ме повредија, не мислам дека сум спремна за врска.Ме убедуваше да пробаме дека ништо неможам да изгубам.Да скратам, прифатив, започнав врска со дечкото кој меѓудругото има 21 година.Во разговорот,начинот на кој се однесува никогаш не би рекла дека е само 21.Како велат годините не се битни,почнав врска.Недела,две се супер топ, но свако чудо три дана како велат.Почна да не се јавува, да не ме бара, да ме договара во 5 до 12 да откажи,цела таа тортура траеше едно месец дена за на крај да ми раскине со изговор, не сакам да т лажам не осекам за тебе нешто за да продолжиме.Јас реков океј, како мислиш така прави. Нема лутиш, барем фер испадна кажа како шо е.Раскинавме на другарски начин, недела помина, две, јас веќе си се вратив на стариот начин на живот, друштво, излегувања,се додека еден ден на фејсбук не ми пиши дотичниот како си што прајш , вика сакам новата година да ни почни заедно(беше ден два пред нова) сватив дека не сум баш бил без чувства кон тебе. Да скратам, почнавме пак да се гледаме, еве веке трет месец , убаво ми е со него, но има еден проблем, ми игра топло ладно, пример денеска ке се видиме се убаво, гушкање бацување, другиот ден го нема ни на фб ни на мобилен да пиши, и се така преку еден ден два. Јас ајде да не сум напорна не му пишам не му звонам, како демек релакс да е малку.Ама сепак ме копка зошто ми игра на живците така.И таман ке речам кој го *** и ете го ке се појави со некој коментар од типот , се отепа од шетање,или ако сум тагирана некаде, ете пак по кафани си опасна си.Како да ме пецка.Сакам да ве прашам дали гледано вака од неутрален агол, дали врскава ви изгледа како да е подложена на пропоаст, или тоа е само машко тестирање на живиците на девојката?
    П.С. Сори за долгиот пост
    ви благодарам
     
  5. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481

    Искрено, мене не ми изгледа како обид да те стави на тест, дали си ти правата за него или не :)
    Можеби е резултат на годините, можеби имаш само стекнато лош впечаток дека е созреан, дека ти одговара карактерно.
    Можеби звучам дискриминирачки,ама според мене годините имаат улога во една врска.
    Сепак,мој совет е да се откажеш од него. Додека го читав постот не стекнав некој впечаток дека тој навистина би сакал нешто посериозно со тебе, освен повремено гледање.
    Ако си за таква комбинација во ред, а ако не барај си ја среќата на друго место ;)
     
    На Rose-tulip му/ѝ се допаѓа ова.
  6. anita.sk2

    anita.sk2 Нов член

    Се зачлени на:
    3 март 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Девојки... ми треба ваша помош. Со дечко ми сме со врска 7 месеци . На почетокот од врската се беше ок, важевме за најзаљубена двојка, толку бевме приврзани еден за друг. Но, како што минуваше времето работите се сменија. Дојдоа целосно до израз нашите карактери т.е. особини , мани и сл. Почнавме се почесто да се караме, особено последниот месец. Раскинувавме неколку пати и на крај пак се смирувавме секогаш, затоа што не можевме еден без друг, а не можевме и еден со друг. Првиот пат кога се скаравме јас го оставив затоа што ме изнервира многу. Таа вечер тој сакаше да имаме односи ама јас нешто бев изморена и му кажав дека не сакам вечерва, а тој упорен цело време и ај некако јас на крај попуштив па имавме и тоа некако едвај се влечевме, дури не наликуваше ни на однос. И на крај ми вика ее супер беше вечерва а јас му одговорив ( а го мислев тоа ко на шала) - што збориш бе ти , што сме правеле, да не си сонувал. И ок, беше што беше , си отидовме дома и отварам јас фејсбук и гледам тој ми објавил статус на зид - Уживав во тебе , кисс. Па што има таму да објавува такви глупости боже сачувај. Толку многу ме изнервира со ова што одма му напишав порака и му кажав да не ме побара никогаш повеќе. Поминаа 2 дена, воопшто не се слушнавме ниту се видовме, кога ете го по некое време ме побара. Тие 2 дена ми беше пеколно без него , тоа ни беше прв пат толку време да сме разделени.Ми звонеше на тел. и јас глупача од одма му кренав. Не додржав ни јас и му ги признав чувствата. Се смиривме и пак продолживме по старо. Не помина долго време, дознав од други дека го виделе на кафе со некоја девојка. Ке кажете може ме излажале , но не, баш и тој ден кога излегол мене ми беше многу сумлив тој, го немаше долго време во текот на денот. Го прашав отпосле дали е точно тоа-не признаваше никако. Му се налутив и пак го оставив. Не поминаа пак неколку дена , повторно не му покажав налутеност некое време туку пак му се смирив одма кога ме побара , и пак по старо се.Те сакам, не можам без тебе бла бла. Последниот пат бевме нешто разговарале, и не знам што сватил тој погрешно од мојот муабет , и кога отварам другиот ден маил гледам порака од него а во неа глупости ми пишувал , пцости, свашта. Ко гром од ведро небо ме погоди. И со поракава толку го замразив што мислам дека во тој момент ми згаснаа сите чувста спрема него. Скрос оладив и не сакав да го видам или слушнам повеќе. Не му одговарам ни на повици ни на ништо веќе 3 дена. Синоќа искочив со другарките во кафич ( а што ми требаше да одам на тоа место кога знаев дека има шанси и тој да биде на тоа место) и после неколку саати ете го се појави од некаде ( изгледа некој му казал дека сум таму) ми дојде на масата и ме повика надвор да ми кажел нешто. Ок излегов. Го прашав што сака, ми вика те сакам тебе , и јас наместо да му се опнам за поракава , да му ја плеснам убаво за се што ми напиша, лом да го направам, јас му кажувам не сакам со тебе повеке, доста ме повредуваше и остави ме, ме закопа длабоко со пораката. И тој пак, ама јас те сакам длабоко, не можам без тебе не ти знам што. И ништо јас замолчев и си отидов. Вечерта ете го ми звони неколку пати не му дигнав ниеднаш, гледам после на фејсбук покана ми испратил и уште не сум го прифатила. Не требаше да одам на тоа место, не требаше да излезам надвор со него кога ме повика, не требаше ништо. Само ми ги разбранува пак чувствата спрема него, а таман бев смирена. Не можам девојки, претешко ми е. Зошто сум така слаба на него : ( . Што и како понатаму да продолжам...? :( И уште една работа, секогаш кога ке се скаравме редеше секакви статуси по фејсбук у смисол како демек разочаран, јас сум крив за се, касно е да се менувам бла бла...Па и мене на зид ми објавуваше као демек извини , ти си ми се , свашта. Ќе пукнам више, не можам. :(
     
  7. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    21.181
    Зборувај отворено со него,нека ти објасни зошто се однесува така со тебе, толку ли е опседнат со интернет па мора се преку интернет да ти соопштува.Ако се решиш да пробаш последен пат со него,убаво му стави до знаење што е она што ти смета.
    Иако според мене,ако ја искинеш еднаш сликата,после колку сакаш лепи ја веќе никогаш нема да е иста.
    Сте раскинувале толку многу пати,си дозволил да те навреди со маил,отишол со друга,колку е паметно да се помирите незнам,ќе си решиш ти во зависност од твоите чувства.
    Ама,такво однесување па потоа каење не ми се допаѓа!
    Ако чувствуваш дека не ти се многу силни чувствата спрема него,не се враќај пак на старо.
     
  8. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Имам новости. Нели требаше да му се јавам денес за да ми каже што решил и како се чувствува. Тој ми се јави вчера сабајлето, не дочека до денес (само еден ден се немавме слушнато). Ми правеше општ муабет, како си што правиш. Не ми спомна ништо околу тоа што требаше да разговараме, само ми кажа дека сум му фалела и дека нема да се повтори неговото однесување и нема повторно да дојдеме до ваква ситуација. Е сега, мене вчера ми беше многу лошо, повраќав, на инфузии бев цел ден, и откога го дозна тоа, почна да ми се однесува добро, ми кажа дека сака се да биде како порано и слично. Имам чувство дека тоа го направи само од сожалување, но ајде, како и да е. Прееска му прочитав разговор со другар му, тој го прашува дали сеуште сме заедно, а дечко ми му одговара 50-50, разговорот продолжува и вели како што тргнало ќе биде 70-30, па на крај free. Koга го прочитав ова станав гневна, ме изнервира многу. Мене ми зборува едно, а на другарот друго. Барем нека биде маж и нека признае, нека ми каже дека не ме сака, нека не ме залажува веќе. Што да правам девојки? Како да се однесувам со него? Сака да си игра со мене очигледно, не сакам да му го дозволам тоа. Го сакам, ама не можам да поднесам кога сака да направи будала од мене. Што сега? :doh:
     
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Миличка јас мислам дека треба да прекинеш со него. И самата си даде одговор дека од сожалување почнал добро да се однесува. Богами никој не сака да те носи на душа ако ти се случи нешто. Премногу си се поврзала за него, значи премногу но животото оди понатака. Зошто сама дозволуваш да дотуркаш до такви степени, болници и др. Еден е животот, ако ти е пишано ќе бидеш со него, ако не ништо. Со сила убавина не бидува.
    Од др.страна тој сака да стави крај веќе се познава, му кажал на другарот едно на тебе друго. Ни тој не е сигурен во себе си. Но, заврши ти подобро отколку тој. И на почетокот ќе ти биде тешко,но понатака ќе се навикнеш на се. Продолжи понатака, не тапкај во место и не прави лудости.
    Така требало да биде едноставно.
     
  10. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Изгледа погрешно се изразив, не бев поради тоа во болница туку со стомакот имам некој проблем (најверојатно желудникот или цревата), а нема везе тоа ништо со него или ситуацијата. :)
    Многу ме изнервира разговорот, ме налути, ама ќе му докажам прво дека не може да си игра со мене како што сака, па потоа еден ќе стави крај, дали јас дали тој, ќе видиме. Да се однесувам сега јас малку ладно и дрско, нека осети како е, ама по никоја цена нема да трпам веќе, го чекам на мала грешка...
     
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Што и да докажеш џабе ти е, тој веќе те познава доволно. Што ќар имаш од докажување?
    Од др страна ако сакаш да бидеш ладна биди ама само така му дозволуваш тој да го има првиот збор крај отколку ти. Но, по мое јас ништо не би докажувала, разговарала едноставно и би ставила крај чисто за да видам дали толку посакува да е без мене или со мене. И така без објаснувања, прашања, докажувања.
     
    На mili4ka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481

    Миличка, го следам твојот проблем веќе некое време, но не се осмелив да коментирам ништо, дека стварно е тешка ситуацијата, и да не погрешам со мислењето.
    Воопшто не сте малку време во врска, и јас искрено не го разбирам неговото однесување.
    Јас би раскинала знаеш. Знам, 3 години и не е лесно, но ништо полесно не е ни сегашново.
    Можеби тој само се оладил, а факт е дека ако има оладени чувства, тешко дека ќе се повратат во првобитните.
    Стекнав впачаток дека тој те има како сигурна карта. Заедно сте, ти знаеш, а тој наоколу друго зборува.
    Болно ќе биде, но ни сега ништо подобро не е. Пробај да бидеш малку сама :)

    И ти посакувам побрзо опоравување. Не се нервирај, понекогаш некои нешта се неизбежни.
    Мора да поминеме низ некои моменти лоши, за да го препознаеме доброто.
    И моменталната состојба не би требало да има последици врз здравјето.
    Држи се ;)
     
    На mili4ka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    според мене немаш потреба да му докажуваш, раскини му, подобро за тебе, нема да се замараш веќе со него... а тој со текот на времето ќе сфати што и како изгубил, ќе дојде и тој ден... само храбро и животот продолжува, па не е само тој ;)
     
    На mili4ka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    - Мој предлог миличка : не му кажувај дека си го прочитала разговорот. Прави се дека као демек ти сакаш и речи му дека може поубаво ќе биде ако се разделете некое време. Нека си мисли дека убаво ти дошло без него. Па нека се чеша после 100%! Не чекај нови грешки, оваа не е мала.
     
    На Emotional123, Rose-tulip и mili4ka123 им се допаѓа ова.
  15. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.009
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со мадам и не е во ред тоа што те прави будала на здрав памет, а и кога те лажe а ти ја знаеш вистината, така да искористи го тој разговор со тоа што ќе му ја дадеш таа слобода штом толку ја посакува и почни да си излегуваш и уживаш без него :)
     
  16. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Миличка на фб го прочита разговорот?
    Ако го оставил разговорот,и знае дека се уклучуваш од кај него, можеби му е сеедно дали ќе видеш или не.. :wasntme:
     
  17. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Зошто да не му кажува за разговорот што го прочитала??? :^) За да фраерот излезе уште поголем фраер во очите на другите?

    Миличка, мој совет, седни го детево на еден фин муабет па отвори ги картите. Лепни му фаца дека се' знаеш и дека тотално те разочарал и излегол помал и од мравка во твоите очи штом се служи со такви фраерски финти. И на крај речи му дека после тој потег, не го чекаш неговиот одговор во врска со вас, туку дека ти ставаш дефинитивен крај. Па после нека изиграва пак фраериште и нека му каже на другар му како станал free, т.е. дека него го откачиле. Мајмун, ти по болници ќе одиш, а тој ќе се прави мачо мен. Па уште и лаже, тебе едно, на други друго. Не те заслужува.
     
  18. marisaa

    marisaa Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2014
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    4
    Девојки, мене навистина не ми е јасно, што тој сака од мене...
    излагаме 3 месеци, 1 месец беше супер, се гледавме 2-3 пати во недела, бидејќи ја неможам да излагам секој ден.. после некое време дознав дека тој си пишува со едно девојче, дека бил близок со нејзе, а и на фб гледам стално си коментираат, лајкуваат,но ја не се замарам мн. со фб, така да не ми значе толку многу.. проблемот е тоа што не знам на што сум.. на пример, ќе ми се јави денес, ќе го нема 3 дена, после пак ќе се јави и ќе се праи како ништо да не е.. еднаш ми кажа дека не било фер, тој прв да се јавува секогаш, баш затоа му пишав сношти прва, и некако мн ладно се понашаше, и после 20 мин, рече требал да се исклучи, ќе сме се слушнеле подоцна, но не ми се јави...
    прегеска се окл на фб, видов и тој беше оклучен, чекав да ми пиши тој, но ништо, па не пишав и јас...
    а и 3 месеци поминаа откако излагаме, а тој уште пишува со тоа девојчето, еднаш му реков, и ми рече дека се добри другари, а и не знам на што сум, барем да биде отворен..
     
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Па тој не ти рекол дека ти е дечко...како незнаеш на што си. Си се гледате од време на време, поточно како мувач ти е.
    Он си се гледа со кого сака, не е врзан за тебе. Ти многу сериозно си го сфатила, значи од излегување до врска има разлика.
    Не те рецка баш, си наоѓа изговори сама да сфатиш дека не е загреан за тебе.
     
  20. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам многу девојки :l:
    Ќе морам да се спремам прво јас психички за се, но дефинитивно ќе му направм отворен муабет и овој пат јас ќе бидам таа што ќе размислува дали го сака. Ќе видам како ќе се одвиваат работите, ако си продолжи со истото темпо, тогаш ставам крај. Ви благодарам многу уште еднаш, и ќе ве известам ако има нешто. :hug: