Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481

    Верени, а тој пишува со друга на фб?!
    Јас искрено би се замислила дали тој навистина ме сака.
    И најверојатно ќе ти даде некој плиток изговор за пишувањето со неа, од типот досадно ми беше и сл.
    Ама како би му било досадно, тазе верени и се тоа.
    А пак тоа дека има понудувано средба?! :o
    Размисли 2 пати..
    Те очекува иднина со таков човек..
     
  2. sreka24

    sreka24 Нов член

    Се зачлени на:
    7 март 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Фала Многу на мислењето..јас незнам што да помислам
     
  3. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Оној што е чесен и што не изневерува размислува така среќа24. Оној што во љубовта дава се’, безусловно сака и неверството го смета за најдолна работа, никогаш нема ни да помисли дека ќе биде изневерен од личноста на која верува.

    Разговарај... види што ќе ти каже... убаво кажа, си пишува со друга, а ти си покрај него... па и за жена те побарал. Очигледно не е свесен за моралот, обврските и се’ друго што носи бракот. Тоа не е само потпис, тоа е многу повеќе, тоа е цел живот!

    А приметуваш промена кај него? Во однесување или слично?
     
  4. sreka24

    sreka24 Нов член

    Се зачлени на:
    7 март 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    не никаква промена.се подобро и поубаво се однесува спрема мене. мислам дека тие разговори му се само за занимација.но и тоа е истото, што го направил тој чекор, може да направи и друг.
     
  5. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Среќа24 не е тоа занимација, сакам да кажам, ок е да се занимава, ама со вакви постапки ли? Да си пишал со некоја другарка, некој нормален муабет, ај ок да речеме ништо страшно. Ама со непозната личност и тоа скокотливи теми, па и предложена средба??

    Ти што разислуваш да правиш, накаде ти оди паметот?
     
  6. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.009
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    sreka24 ова што го имаш пишано според мене е многу сериозна работа, неможе тој така да пишува со Некоја и да муабети за нешта кои не му личат, не треба ни да помисли да го прави тоа, а не да нуди и средба.. искрено незнам што би му била намерата ама не постои добро оправдување за ова едноставно Неможе :? А да си размислиш ти убаво и да ја проучиш подобро целава ситуација, дали можеби досега те има изневерено или дечко ти глуми многу добро :x Извини не сакам да те повредам ама така изгледа од моја гледна точка, ти посакувам многу среќа :*
     
  7. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Мила јас ќе го кажам моето мислење немора да сум во право,мојата другарка пред неколку дена раскина озбилна 3 и пол годишна врска заради слична ваква работа со фб кот,и тој од убаво поубаво се понашаше спрема неа но кога некој по 3 и пол години со цел памет прави ваков чекор да пишува со друга,та и твојот та и нејзиниот,а плус и договарале средба како што пишуваш овде :o а го пишуваш толку ладно? па утре во брак што ќе прави тој,не ми е јасно стварно мн неубаво на другарками лично срцето му е скршено се чуствува предадено и понижено како што реков за слична работа со девојка и со фб тој нејзиниот уништи све...Разбирам дека ти е тешко но ова е сериозна работа според мене и мн неубава понижувачка...Јас на твое место би му плеснала све во лице и ќе му речам дека ми треба време да размислам за све но сепак одлучиси ти...
     
  8. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Е кога велам јас фб е гомно невидено,сите ми велат ако тој те сака и бла бла бла понатаму нема да направи ништо.Па нема да направи ништо да,но знаете на фб имате пристап до секого,со секого може да пишувате,да се зближите и така натаму.Колку врски и бракови имаат вака пропаднато ехее.Искрено јас не поднесувам вакви работи,мислам дека ќе скренам со паметот,но тоа е.
    А кај тебе навистина не можам да разберам..ти како го прочита тоа имаш лозинка или случајно?
    Искрено ако тој прави нешто и планира не би ти дал како прво пристап до неговиот фб профил,што е дрско и безобразно.Јас прво би разговарала со него.Па тој сигурно те сака штом е верен со тебе,а и ти ова како го пишуваш како и да не си загрижена нешто посебно.Тоа допишување од сега ли е или оддамна?
     
  9. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Девојки очајна сум потребна ми е ваша помош доколку е некоја расположена за ЛП нека ми пише
     
  10. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.036
    Пол:
    Машки
    Отварај очите со време, очигледно се мажиш за човек што не го знаеш ни половина, пази да не испадне ова со фбво најмалото изненадување......... 4 очи отворени, довербата намалена, дискретната контрола зголемена, добро е и воопшто да не му спомнеш за ова, ако веќе не си му спомнала, за да можеш да го испиташ подобро, зошто ако му спомнеш ќе мирува со било какви активности кои би те изненадиле некој период или можеби ке биде попретпазлив..... :)
     
    На fifi16 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sreka24

    sreka24 Нов член

    Се зачлени на:
    7 март 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0

    Ладно!!! јас цел ден се тресам и само на тоа мислам. Само тоа ми се мота низ главата. Го прашав и ми се оправда, сето било од досада, ништо озбилно, и никогаш не помислувал да се види. Јас повеќе не му верувам како порано и му кажав. Не може ништо да биде исто. А толку работи се има поминато заедно за да ја расипат работата некои глупави работи.. и не сум ладна едноставно ќе дозволам како е речено така да се случи. позз :(
     
  12. sreka24

    sreka24 Нов член

    Се зачлени на:
    7 март 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0

    Тој не ни знаеше дека штракам по неговиот профил. Поради некои проблеми со интернетот и профилот му бесе укл, а јас ненамерно проверив, како нешто да ми велеше да проверам. и убаво видов.. Денеска видов дека разговорот траел од порано, колку што имав сили да видам, не можев да поверувам на очите..Сега се колне дека ќе ми даде и лозинката и кога сакам да проверувам и дека тоа веќе никогаш нема да се случи. Па ќе видиме. Благодарам на советот :)
     
  13. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Имај на памет само дека може да ти даде пасворд, а пред тоа да си ги избрише муабетите..
    Јас на твое место би одлагала свадба се додека не видиш како понатака ќе течат работите.
     
  14. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    21.181
    И јас не сум сигурна,колку ке успееш да ја вратиш довербата во него само со тоа што ќе имаш увид во неговиот фб профил.Ако тој сака и понатаму да ја продолжи комуникацијата со неа немора тоа да го прави преку фб,може преку телефон,или едноставно да се гледа со неа.Ако се сака се се може.Затоа памет во глава,си дознала на време дека твојот вереник те лаже,а недај боже и изневерува.Не потклекнувај пред такви оправдувања,сеуште имаш време,да не те читаме после во "криза во бракот"
     
  15. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    па извини бе девојко мене ми делуваше ладно,и тргни по некоја логика пишувал од досада па што ја бара за жена девојката што му е досадно со неа?и неможе тој да договара средби по 2пат со некој од досада и постојано да пишува,мислам ова мене ми е мн понижувачки од каде знаеш дека не се сретнале или не си разменале број?а на чекор сте во брак да стапите тој муабет си прави со други на фб,каде се тука принципите,моралот,и почита спрема тебе не ми е јасно и што е најважно довербата.Нормално дека ќе се правда сега тој типично за секое машко што му преосттанва друго, не ми е целта да те повредам но не дозволвај некој будала да те прави,со фб кот се прават секакви глупости,може да си направи лажен прифил,може да пиши бриши разговори и што ли не жално е што мн врски и бракови се имат растурено заради оваа работа и со право ако го имаш човекот покрај тебе што сакаш животот да го поминиш со него зошто да бараш внимание од страна?значи навистина тажна и глупава работа но тоа е реалноста....
     
    На LaraSolare и sadgirl21 им се допаѓа ова.
  16. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.649
    Ако има некоја феминка слободна да ми даде совет, нека ми пише на ЛП! Фала :*
     
  17. belieber123

    belieber123 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Vaka momentalno pred edna ned se secev i imav samo liniii napishano i pogore pisuvashe dime imeto na decko mi i sega mi se naluti toj(znam ima pravo za toa) i na negov bfff mu rekol deka ne sakal devojcinja sho se sechatttttttttttttttt i sega ja so da pravam nz?
     
  18. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.175
    Допаѓања:
    17.745
    Ти ова сериозно? :o
    Ако е ова вистина ти си психо (без навреда).
     
  19. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.009
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    :o се сечеше ради него ????? :o :o :o Девојче собери се ! Зарем вреди да го правиш тоа, среќа не си нанела некоја посериозна рана :fubar: и искрено кој би сакал да носи некој на ‘‘душа‘‘ па нормално дека нема да сака такви девојки ;) И сега собери си го паметот, среди се и немој да правиш такви глупости.
     
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.100
    Допаѓања:
    135.178
    Јас за ова би раскинала веридба. Не може некој кој сака да те има за цел живот да си пишува со некоја па уште да и нуди да се видат. Веруј, кога ке се видат, нема аа зборуваат. За муабет, ете подолго си пишуваат. Имаш потенцијален швалерџија, на кој не си му доволна.
    Овој уште сега ако го прави ова, во брак уште полошо ке биде.
    Жал ми е, навистина што наместо да си среќна во воој период, ти си несреќна. И не, не си згрешила ти, згрешен е он у главата, и заслужуваш подобар. Никоја жена не треба да трпи таков идиот. Не се понужувај со него. Не знаеш што добро ти носи Бог зад следниот ќош.