Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Bile15

    Bile15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    38
    Имам гооооооооолем проблем.Ако може некој да ми пише за совет.
     
  2. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Кажи? :) Напиши го овде, за тоа е и темата.
     
  3. detachment

    detachment Нов член

    Се зачлени на:
    11 март 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки. Ми треба навистина совет, па би ви била благодарна за секој збор.

    Имам 2 годишна врска. Навидум се е супер, досега сме немале некоја силна караница, освен за некои ситни глупости. Почна спонтано се, неколку месеци се гледавме, потоа премина во запознавање со негови другари, па врската сама си дојде некако.
    Јас го засакав во ова време. И еден ден, ми дојде да му го кажам тоа спонтано. Го гушнав и му кажав "те сакам". На тоа тој ништо не рече, ме бакна само, се створи непријатен момент на пауза, па потоа почнавме некој без врска разговор.
    Не ми сметаше тоа, мислев дека го фатив изненаден, па почекав некое време. Време помина, тој ништо не рече. Затворен е многу, никогаш и никаде не покажува емоции, многу ретко да ми каже ако нешто го мачи, но за чувства за мене никогаш не се отворил. Ова почна да ме боли и да ми смета, па еден ден му кажав дека најболно нешто за мене е невозвратеното те сакам. Тој само ми одговори дека му е убаво со мене. На левел "убаво ми е со тебе" бев јас кога уште се гледавме само, евентуално првите месеци од врската. Е од тогаш се се смени. Се сменив јас. Од ведар и весел човек, почна да ми се собира некоја горчина и лутина во душава. Се гледам дека станувам човек каква што си ветив дека нема никогаш да станам, почнувам да мразам многу нешта, почнувам да чувствувам мачнина секој ден, да не зборуваме дека ме следи панично чувство дека сум со човек кому не му значам.
    Да го оставам не можам, односно можам но не сакам, бидејќи го засакав и сакам да сум со него. Меѓутоа почнав да се гушам.
    За неговото минато ништо не знам, можеби некоја го повредила, можеби имал лошо искуство, но убаво му кажав дека јас нема никогаш да го повредам. Пак ли се плаши, едноставно не ме сака, таков тип е на кој му е потребно само да е во врска не знам... Знам дека машкиве се тешки за тоа, ама мислам дека досега веќе требаше да има некои чувства. Можеби со годините си доаѓа вакво однесување, сепак се ближи кон 30тите.
    Добар карактер е, не е избувлив, не е кретен, не е навредлив... Ама ова невозвратеново те сакам ми ја изеде душата. Ме уби дилемата дали му е тешко да се искаже, дали нема чувства за мене, дали има лошо искуство, дали да продолжам со него и трпеливо да чекам да ме засака, дали да заминам и да најдам човек кој нема да има проблем да ми покаже емоции... Џабе што тој е супер карактер и што го ценам како човек кога чувствувам дека фали фундаментот на секоја врска...љубовта.
     
  4. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Ако не ти вика те сакам,не мора да значи дека не го мисли тоа.Ете и самата кажа дека е затворен :)
    Подобро така ,отколку некои кои што викаат те сакам а не го ни мислат тоа.
    2 години се стварно долг период,сигурна сум дека му значиш.
    Најлесно е да го седнеш и кажи му се што ти лежи на душа,без срам и ќе ја видиш неговата реакција а можеби ќе има и оправдување некое поради кое не ти кажал сеуште те сакам. :)
     
    На detachment му/ѝ се допаѓа ова.
  5. micik

    micik Нов член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Вака :) Одиме година и пол. Навидум пред другите се е супер одлично но уствари НИШТО НЕ Е!
    На почетокот кога почнавме се гледавме секој божји ден одевме на кафе СЕКОЈ ДЕН исто така и на јадење излегувавме за викенди заедно. Но сега се е променето. Не излегуваме воопшто откако ја зеде возачката дозвола не сме прошетале низ град ниту еднаш :( Ќе ме земе од дома ќе се измуваме и ќе се вратиме дома значи тоа ние е воопшто не одиме на кафиња. За викенди почна да работи па така е на работа и и тогаш само ме зема повторно мување ќе ме однеси дома. Сите од мување преминуваат во врска а јас осеќам дека од врска преминавме во мување. Јас имам 17 а тој 23. Му немам сеуште дадено и некако тоа го осеќам како проблем во нашата врска. Не за задлабочивме туку напротив станавме како странци. Го сакам премногу а и знам дека ме сака. Му реков утре да излезиме и да направиме муабет :) Ќе му речам ако не се менува ништо да раскинам.. Друг некој некое мислење? Текот на разговорот каков да биде ве молам помогнете ми тешко ми е ... :( :( :( :( :(
     
  6. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Искрено, таа разлика од 6 години многу значи. Особено тие години, кога ти си средно а тој веројатно при крај со факултет или завршен. Тој гарант те гледа како малечка и имате различни интереси. Ќе те прошета колку да се порадуваш и после си брка работа. Сигурно има удел во текот на врската тоа што немате секс, но колку што има удел таму, толку и нема во поглед на љубовта. Ако те сака, ќе те сака со и без тоа. Ако те сака, нема да се однесува така незаинтересирано. Според мене: Тој не те сака (можеби те сакал на почетокот, но веќе не). Те гледа како занимација и дури можеби од сожалување не ти раскинува. Ќе видиш дека ако утре ти ми раскинеш, нема ни воопшто да се потруди да не дојде до тоа. Јас дури по ова што ми го кажуваш мислам дека има и друга кога веќе толку се труди да не излегувате во јавност. Извини вака може грубо звучи но јас само давам размислување. Верувам дека ти е тешко но немој со сила да си слепа за работите кои веројатно се случуваат. Не ви е судено. Ќе ти пројде ;)
     
  7. detachment

    detachment Нов член

    Се зачлени на:
    11 март 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Знам, свесна сум за ова, ама ме боли сепак. Го чувствувам како беземоционален човек, и претешко ми е да се будам покрај таков. Свесна сум дека ниедна врска не е совршена, ама пак нон стоп се прашувам ја бидува ли врската без основното нешто. Да не зборувам колку ме фаќа параноја дека ова нема никогаш да се смени. Човек со кој ти е супер, нема љубов а има прекрасен однос мене ми е еквивалент на другар, а не на партнер. Сакам да сум сакана. Јеби га, може звучам како 12 годишно девојче, ама ми смета кога некој во 2 години ниту еднаш не покажал емоција на љубов кон мене.

    А, еве и да го седнам и да почнам разговор, што ќе му речам? Зошто не ме сакаш или ако ме сакаш зошто не ми го кажуваш тоа? Не можам толку ниско да паднам, сепак имам некое достоинство.
     
  8. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Во прави си потполно. Стварно не е во ред тоа што во 2 години не ти кажал дека те сака. Па како така ние да си претпоставуваме дека те сака? Може не те сака. од кај знаеш? Што не каже понекогаш :fubar: Бесчувствителен вол (извини вака што ти го навредив, ама така го доживувам). Треба да прави да се чувствуваш сакано, и нормално е што сакаш да си сакана.

    Не мора вака директно. Јас мислам дека треба да му кажеш дека не ти се свиѓа како оди врската, дека почнуваш да мислиш дека те гледа како другарка и дека не се осеќаш сакано. Па ќе видиш што ќе ти каже ;) Среќно!
     
    На detachment му/ѝ се допаѓа ова.
  9. offtopic15

    offtopic15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    102
    има луѓе со поголеми проблеми во врските но овој проблем е нешто што постојано ме прави негативна и ме нервира.Со моето момче веќе сме во врска половина година.И во таа половина година тој се се понаша нај убаво освен што некои манири и мала пажна не обрнува.Еднаш седнавме и се бевме кладеле за вечера и изгубив и ајде да го частам јас си стојам на збор и доаѓа цвеќарка и му вели ајде за саканата цвеќе и тој вели а колку е и таа 100 денари и овој мр мр не фала и јас само главата надоле и не сакав да испаднам малооумна не прекоментирав ништо и ми вика дури еј срцка скапо беше и јас викам не ми е битно мене.За валентајн ме прашува што ке правиме и викам као може само да го облежиме не сакам да ти наметнувам славење и мислев као ајде да одиме на вечера без подроци и само на тоа остана и следниот ден во 9 вечер ми се јавува кај него да одам и плус ми купил ланче -ламаринка 100 денари нема во тоа :!: а јас ништо пошто не знае и следнот ден купувам колкција ова онаа.. и за се така а јас за роденден за се од школо и б :!: и штедам пари за да купам нешто убаво со поклон од 1500.. да личи за времето.(Да напоменам финаснсиски се стабилни и исто така е платен кошаркар, мене лично не ми е са пари или било што но во 6 месеци да не и посветиш нешто на двојка дали е океј,јас за се сум се трубила нај нај дури и во повеќето состаноци си го плакам своето,дури и сум частувала бидејки не сакам да сум матријалист ) дали вреди да се биде во врска со таква личност ??? и вие машките како гледате на тоа ,што да правам .. инаку се друго е океј
     
  10. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602

    А како ти се чуствуваш?? Дали ти чуствуваш дека те сака?
    Има милион ситуации кај што дечкото си вели дека ја сака, ама девојката потајно знае дека лаже.
     
  11. AudreyHepburn

    AudreyHepburn Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    15
    што кога двајцата имаат различна дефиниција за несериозност? Со оглед на тоа што се 4-5 години разлика и она е девица, мислам дека знаеш за какви две дефиниции зборам. Дали да му каже или да остаи до кај тече работата или не знаммм .. И што како машко мислиш за тие несериозни врски?
     
  12. saraaaa12

    saraaaa12 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    11
    значи вака имам еден проблем со моите родители не ме пустаат да имам дечко односно еднаш ме дознаја
    и ме казнија и не ме пустаја нигде а сега одлучив да и казам дека имам дечко посто ко ме дознаја мајками рече поубо че си поминеше ако кажеше уште од почетокоо
    ве молам за помошшшшш дали да и казам или неее?
     
  13. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.966
    Допаѓања:
    90.304
    Пол:
    Женски
    Колку години имаш ?
     
  14. saraaaa12

    saraaaa12 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    11
  15. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    и ова ти е втор дечко?? не дека те осудувам ама мала си..уживај бе детее,батали дечковци |-)
     
  16. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Сара, подобро да и кажеш на мајка ти,кога-тогаш ќе дознае,поубаво да дознае од тебе ,отколку од страна да чуе за тоа.Од родители ништо не треба да се крие,за било што треба да се каже дома,домашните никогаш лошо нема да ти мислат.А зошто не те пуштаат да имаш дечко? Имаш претходно направено нешто што не треба или поради твојата возраст? Мое мислење е дека си уште мала за тие работи,на таа возраст повеќе би требало да се концентрираш на училиштето,што ќе ти е дечко на тие години,не ни размислувате доволно зрело за тие работи.
     
    На saraaaa12 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.966
    Допаѓања:
    90.304
    Пол:
    Женски
    Со твои 14 години ти веќе имав и втор дечко :o
    Аман бее кога се гледате каде се запознавате,па 14 години девојчиња јас што познавам уште не знаат што е тоа дечко а не па да имаат. :D
    Многу си мала за такви работи на 14 дечко на 15 невиност и со неполни 18 години веќе мајки станувате.
    Не оваа не го зборувам само на тебе но го користам твоето прашање за одговор и мислење кон сите на твоја возраст.
    Твоите родители биле во право што те казниле и што не ти дозволувале да излегуваш,па тоа не е во ред,уживај во животот имаш време за се :)

    Дома се соопштува дека имаш дечко ако веќе подолг период си во врска,ако знаеш се за него и неговата околина,се сакате и 2цата, неможете еден без друг,и вашата врска е сериозна.
    А не ако два три пати си се бакнала со некого и да раскажуваш дека имаш дечко.
    Ти си во такви години каде што мислиш дека само ти си во право и дека цел свет се врти околу него,но паметот ти лета и за 2-3 недели ќе се загледаш во друг,и што ќе им кажеш на твоите.Готово немам веќе дечко,сега загледав друг :?: Абе ајде глупости.
    Не си ја губи довербата кај родителите уште на овие години ќе ти треба во иднина :)
     
    На Marossa, saraaaa12 и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  18. saraaaa12

    saraaaa12 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    11
    znaci sme zaedno 4meseci i znam kakov e i se znamm za nego(me saka,go sakam)
     
  19. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006

    Sara12, ќе испадне малку безобразна да бидам, ама ти не знаеш да конструираш еден текст убаво со уредно употребени интерпункциски знаци, дечковци ќе си бркала.... |(
    Па не мислиш дека се твоите во право ако не те оставаат да имаш дечко? Ок, твој проблем, ама ако веќе си решила да имаш дечко треба да и кажеш на мајка ти особено кога и сама ти рекла дека поубаво ќе било ако си кажела сама.

    Да, тоа сигурно се сакате на 14 години ;) Патем, на твои години јас Хари Потер го сакав.
     
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.318
    Пол:
    Женски
    Значи мала си!
    Фактички излегува дека од 12 години или 13 си имала дечко, бидејќи ти е втор, а + и 4 месеци сте заедно!
    Јас да сум ти мајка убаво би те истепала тебе и таквите како тебе, не ви е срам на тие години да имате дечко!
    Па јас симпатија што имав изминативе неколку месеци ми беше срам, не па дечко да фатам.
    И после родителите биле криви! Е не децата се криви што не ги слушаат и паметот им лета, можеш барем до 15 т.е 16 години да немаш дечко.
    Ех не си ни прва ни последна, многу вакви познавам, треба да се срамат.
    Наместо да уживаш во детството ти со дечковци си почнала. :x
    P.S Уште не си научила каде се наоѓаат ш и ж, а си нашла дечко. Уште еден доказ дека си мала. ;) ;)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.