Дрим, има девојиња од 10 што фаќаат дечковци, но тоа е нивни живот, никој нема право да им кажува кога да израснат, а кога не. Секој нека си гледа за својот живот, дали ќе го комплицира или ќе го прави скромен, негово е. И за Сара, ќе ти препорачам да ги слушаш родителите, зошто тие секогаш мислат најдобро за тебе. Дечко ти мисли за него и ти си му само една мала авантура, а потоа уво нема да го боли за тебе...
Ме интересира Дрим шо би постигнала ако ја истепаш?Некое објаснување?Утре нема да излези скришно од мајкае и да си фати дечко немој молимте не сме 14ти век уште со тепање да се решава се.
Не знам. Тоа е проблемот, што не знам. Од една страна е многу мирен, не е љубоморен, не е напорен, има супер разбирање за се, едноставно врската ни е стабилна. Од друга страна ме нервира, заборава датуми (кога ни е годишнина, заборави минатиов пат), делува интровертно и затворено и некогаш мислам дека е со мене колку да не биде сам. Не знам стварно, не сум паметна во ситуацијава.
Се наоѓаш со тешка ситуација, ти верувам. Мислам дека треба да престанеш да правиш баш како што тој сака и како што треба, почни да го игнорираш, доколку тој сака да се видите во петок ти смени му план, измисли нешто дека треба да одиш негде или било што. Ако вистински те сака ќе почне да реагира, ке биде упорен и ќе се труди да биде со тебе, да ти посвети внимание и слично, но доколку му годи тоа што ти се одалечуваш од него, и му годи самото одалечување значи дека не те сака и дека навистина само си пополнува време. Се надевам дека ќе почне да ти докажува дека те сака, тоа е многу подобро од самото Те Сакам.
Здравоо.. Значи во врска сум скоро 3 месеци и премногу го сакам ама тој вели дека сум себична и не добива емоции, не ја осејќа љубовта.. Па сега ми даде шанса да му докажам дека стварно го сакам и да го изненадам со тоа што ќе го подобриме жарот на нашата врска.. Ве молам за совет. Ви благодарам
Зошто да им е страм да имаат дечковци,сега тоа е нормално. По 100 пати на ден ги гледам каде половина школо се мува,па се навикнав јас на тоа,а и ти за скоро ќе се навикнеш! Но за однос е премногу мала! Саричке да не се зафркаваш ти со нас по малку? Мене така ми се чини.
Епа Цвете,и јас сум навикната да ја гледам истата слика-како сите пушат цигари,водат момчиња и сл. Ама тоа не е оправдување и ние да фаќаме дечковци,напротив,треба да пробаме што повеќе да го намалуваме однесувањето на „лудава“ младина и да не бидеме како неа. Сара,искрено,незнам како си фатила дечко-незнаеш ни правилно реченица да напишеш,а си научила дечко да водиш под рака,бравос.Сигурно и тој толку знае,како тебе.А твоите родители се во право,подобро послушај ги инаку животот ке си го уништиш и нема враќање. Мојјјјјјј соввввввввввввветтт е даа го оставиииииисссс децкотоооооо,да ги послуссасрефрј родтитекелите и даааа си узивааааас во младоссстааааааааааааааа!!!!!!!! Спојлер Малце да ти правам друштво Сегггааааааааа поздрррррааааааааааааааааввввввв!
Го објаснив Цвете мојот став неколку мислења над тебе, да си прочитала немаше да ме цитираш, но добро. Да тоа е мојот став дека на 14 години сме мали за дечко. Извинете сега вака ама уште гзот не знаеме да си го избришеме како што треба, дечковци ќе сте фаќале. Фаќајте бе ваш проблем. Ама тоа е мојот став во врска со тоа, иако сум една од ретките која што го мислат тоа... Мислите 14 години сте напуниле, сте завршиле основно и вау големи сте. Кое школо ви е тоа жити се? Самото кажува основно т.е примарно образование. А тоа е еднакво на школо нула. Ма сега и 6то отишле и ,,големи‘‘ се они, дечко ќе фаќале. Е така, тоа е мој став, а ако имаш ти различен, тоа е тоа. Ги гледам јас, навикната сум, само ако они тоа го прават, јас само за да не сум црна овца не мора да почнам да пушам цигари, да пијам и да се мувам. Имам одредено друштво што не го прави тоа и доволно ми е. И да јас сум црната овца. Еве вие некои не се согласувате со мене, ама повозрасните да, ќе сфатиш т.е Сара ќе сфати за неколку години дека сум била во право, ама доцна ќе е... значи сТрам да ви е сто имате дечковци малецки сте сТрамота.
Are you serious? Од кај знаеш дека те сака, од кај знаеш што е тоа љубов? Е да ми го образложиш овој поим те замолувам. Да се надоврзам за темата и прашањето: Да и кажеш на мајкати? Не бе срце не и кажувај,седи си дома поарно чекај си чаре. 14 години и дечко ма немој да ме јебеш бре. Фати си го мечето таму и ќути. Дечко ќе имала боже боже... Еј да те прашам имаше детство? Знаеш што е ластик, родео, криенка? Знаеш што се барби кукли? Кој се Том и Џери? На 18 години ако не имај си бебенце па речи си абе судбина беше. До каде со овој памет... Нормално дека ќе и кажеш на мајкати, ако имаш памет да имаш дечко, имаш и памет да и кажеш на мајкати. Извини што сум саркастична, ама вистината боли!
Dream- јас кажувам сека не сум против на 14 да се има дечко и дека ми е нормално,еве онај што седи до мене и зад мене имаат по 14 па женски бркат.-на школо сум . Инаку јас не планирам да се мувам пред 15,а за дечко после трета средно .Дрим и јас сум црна овца во повеќето друштва .И мене баш ми е гајле ! .За дечко ја сфаќам по малку,ама за однос мала е ! Бидејќи се наоѓам помеѓу деца кои имаат дечковци и на 11 .Другарките ми велат-А мори сестра ти предтебе ќе се смува и дечко ќе ти донеси .И јас шо сака нека прави јас вакава сум.
Сараа12-Вие дефинитивно сте некоја многу напредна генерација.Добро бре,што ќе кажуваш дома,за мажење да не се спремаш Јас 20 години еве,дечко не сум донела дома,ниту пак сум зборувала,се подразбирало за некои,ама се додека не е нешто озбилно,не се демонстрира дечкото на секој. И пак со годините,алал да ти кога си осетила љубов толку рано,некои во текот на цел живот не ја доживуваат Препорака од мене,среди си училиште,почни да читаш книги,или гледај филмови,или излегувај со другарки на дружба и смеа.Не ти е периодот за дечко,ќе имаш толку многу време,па после ќе бараш да си сингл Како си го кратите детството не ми е јасно.За се си има време. Не брзај да пораснеш,пошто понатака ќе жалиш и каеш многу повеќе.
Сара 12 колку и да ти изгледаат нефер твоите сега , за некоја година ќе сфатиш дека имаат потполно право. На твои години треба да мислиш на школото, друштвото, да си најдеш некое хоби кое ќе те исполнува . А ти мислиш на мажачка... Не можам да разберам зошто брзате со тие работи. Цел живот е пред тебе , ќе имаш и дечковци и маж, а детството никогаш нема да ти се врати затоа уживај во него и не го скратувај со ваква имагинарна љубов. И слушај ги твоите не ти мислат лошо напротив. Поминале низ тоа и сакаат правилно да те насочат.
Напредна генерација со дечковци, а уназадена со наука, да знаеа нешто добро ќе беше. Секако има и многу исклучоци, но во помал број се од овие останативе. Како не бев родена 15 години порано барем.
Јас Дримке се сложувам целосно со ова твое мислење!А за последната реченица доста се и 10 год,не мора 15 . Јас мислам Сараа12-со нас мајтап си прави!
Ако има некоја феминка поискусна во врските која сака да ми помогне да и пишам во инбокс во врска со една мала консултација. Се надевам ќе има некоја така љубезна.
Пред 1-месец јас и он се скаравме и тоа поради лажни озборувања но пак се смиривме.. ми кажуваше дека ме сака но пред 1-2 недели тој на сите ни покажал слика со неговата нова девојка ( а тоа не јас него друга девојка ) от тој ден тој ниту ми кажа дека ме сака ниту пак не збореше со мене како порано -- како никогаш да не сме биле во врска... ај јас бев толку внимателна да ја зачувам врската... ( сега тој е во врска со таа девојка ) ми треба некој совет Што да правам ?? ???
Koлку години имаш,13? Најмногу и најдобро што можеш да направиш сега е да се тргнеш и прекинеш контакт со него.И не ти треба дечко толку мала верувај,само проблеми и нервози ќе си направиш.