И јас имам 14 со тоа што сум прва година(порано сум тргната)и бркам дечковци Да знам све сум проживеала.И детство од јутра до сутра и ластик и жмурка и монопол и карти и све Нешто што се повеќе го нема и за тоа ми е жал.Не подржавам девојчиња што се прават 18 годишни а се 7 оделение секако не!П.с. имав другарка која во 7 ја скинаа и тоа не и го дотера паметот.Јас првото мување го имав сега во прва пред тоа не ни сакав...Првиот дечко се надевам дека у близина ќе се фатам со еден.. Сара знам дека што и да ти кажеме нема да се откажеш од дечко ти...зошто тоа ти е у моментов најбитна ствар..знам.Во врска со мајка ти ако мислиш дека ќе те разбере кажи и ако неможеш да скриеш па кажи и али биди спремна да се соочиш со казна или пак не.Знам дека и да те казнат пак кога отгаш ќе излегуваш со дечкоти Јас искрено ако фатам ќе и кажам на мајка ми и тоа одма и да сакам нема да пожам да скријам.Ја ќе почнам разговор до Мамо да те прашам на колку години ти фати дечко?па и да ја изрдаувам и да ја направам горда на ќерка и кој и е дечко али ова за мене....Совет Најлошо нешто што можеш да направиш е да се побудалиш и не дај боже да забремениш!Немој ни у лудило!!!Помалку лошо е да почнеш да пушиш цигари дефинитивно нешто што највише мразам е тоа!денес пола школо пуши Значи ни дечкоти нити па некој друг да не те навлече на цигари.Уште помалку лошо е да те остави дечкото...мисалам знаеш и сама дека тин паровиве не опстојуваат долго (со исклучок) така да не си праи филмови дека ќе живеете среќно до крајот на животот.Тоа е од мене ако ти треба некој совет пиши ми лп.До другите што коментираа.Гледам има и девојчиња кои не сакаат дечковци хахаха не ме смејте бре когха тогаш ќе би удрат и на вас бубачките во глава и ќе сакате ко луди!Ќе дојде и тоа време
Темава нека се смени насловот во Детски љубовни проблеми и совети Дали знаете бе вие 13/ 14 годишни шо се мотате по темава што се тоа ПРОБЛЕМИ било тоа да се љубовни или приватни? Убаво ви напишала феминка погоре грабнете си го мечето и ајт у кревет Ама стварно се иритирам од овие глупости веќе И јас имав некогаш 13/ 14 па единствена преокупација ми беше да јадам, да напишам домашно, да учам, да играм со другарчињата во двор Кој дечко бе, мајките секој корак ни го знаеа .... Строго не држеа под конец Дечко???? Ах лелеееее деца децааааа..... Ќе жалите по ова време да ви се врати Ќе рикате!
Корисничко име:Lovely.student.girl Локација:MacedoniaВозраст:21Професија:U4eni4ka vo OU Ko4o RacinИнтереси:Jas sim obi4na u4eni4ka, Imam 13 god.. i sekogas pomagamm Болдираното: Да те прашам имаш 13 години, знаеш за љубов, за дечковци,за сакање а незнаеш што е разликата меѓу возраст и интереси??? Проблемот: А да седнеш да научиш нешто, што е љубов, што е сакање, што е дечко првооо? Што значи да си девојка, дома да седнеш да направиш муабет со мајка ти отворено??? И да научиш што е врска пред се!!!! Ми се повраќа од вакви работи кога ќе прочитам и видам на улица 13,14 годишни како теткици...срамота
Лелеее дајте бе девојчињаа, имате по 13,14 години и се замарате со дечкоо. На 14 години, моите од дрво не можеа да ме симнат. Каков дечко, какви бакрачи, на тие години уште под рака со мајките идевме до продавница. Има време за се, само си тупите мозок демек дечко. Тоа не е дечко, симпатија го викавме пред 4,5 години. Што знае за љубов, чувства, почит спрема женско клинец што само што уште не знае брковите да си ги избричи па шета низ школо ко сом демек главнна фраерчина е меѓу седмооделенките?? Име време за се, верувајте после ќе се смеете за што сте се трескале од земја и за што се губеле време коа ќе дојде време за вистински проблеми. Дури ни ние на 17, 18 години неаме врска од проблеми со дечко, вистинските љубовни проблеми се јавуваат во доба на зрелост коа размислуваш правилно, се друго е само занес. Живејте си го детството, за возрасни има време, цел живот ќе бидеме возрасни ама детството нема никогаш да го вратиме. Секогаш ќе жалиме по него без разлика дали сме го изживеале или не.
и најнова мода им е : Штикла на нога, нога во кола, и кола на Водно .... Имам многу другари од кои и ми потекнува ова, затоа го кажав, баш за оваа возраст се однесува, и после истите ќе се жалат дека неможат на 18 години да си фатат дечко, да имаат врска, па како да имаат кога од 13 години се активни, и ретко која од нив останала со 1/2ца дечковци ..... Ама џабе ние возрасниве им трубиме со инка во глава кога тие си тераат по своето зацртано и враќање назад нема, а ние им збориме за нивно НАЈДОБРО!
Хејј феминиии .. Форумов го листам појќе време али сеа се осмелив и пуштив душа,па да споделам со вас еден мој малечок проблем ) Јас сакам машки со брадичка али малце она од страните само,не мустаќи или ко поп,имам дечко прво неможеше да си помисли ни самиот да пушти брада,а сега не ја бриче Му кажав еднаш дека е поубав кога е мазен се избричи и толку беше таа,а сега ми е срам и незнам како да му кажам и како ке ме сфати ако кажам дека ми смета брадулето на неговото нежно лиценце,а и незнам како да му кажам ((
Биди си искрена и отворена спрема него. Кажи му дека ти смета, дека те гребе или како и да е. Нема да го повредиш сигурно, брадата расне и пак ќе му порасне де.
Вака значи со едно момче заедно тренираме тенис и секој викенд се гледаме и онака се океј,пред околу две недели почна да ми пишува на фб си праќавме снепови,на телефон се слушавме се супер и сега у последно време ми враќа на порака по неколку саати или воопшто нема ни да ми врати,пробав му пишав неколку пати прва и ми враќа само со да,не или незнам.Не знам што да правам а ми се свиѓа?
Па ако ти се свиѓа,јави му се и прашај го зошто е таа ненадејна измена.И тогаш пак ако ти одговара така,главата горе и уживај.
Можи е зафатен со нешто друго во моментов,види како ќе се одвиваат работите понатаму,дали и тој тебе те бендисува,ако те бара или пиши,Ќе сетиш ти сама ако е ладен и ако ти делува незаинтересиран шо да му прајш хех
Со дечко ми сме во врска 4 год и неколку месеци,но последнава година не ни е баш најдобро во врската. Пред месец дена од никаде изникна една негова братучедка(втора) што не ја ни познавал(само како ептен мали се знаат и оттогаш немале никаков контакт ни тие,ни пак нивните семејства) и почнаа лајкови,коментари на сите страни да фрчат низ фб пропратени со срценца и пољупчиња Односот на неговата братучедка уопште не ми изгледа роднински и сигурна сум дека тука има нешто.Ова му го кажав на него,но тој секако негира и вели дека она се понаша сосема роднински Кога кажав штом вака си коментирате баш ме интересира тогаш што сте си пишувале. Тој ми одговори дека разговорот со неа е избришен и дека со сите други го брише разговорот освен со мене не. Сега кога сакав да проверам дали е тоа стварно така видов дека сите разговори стојат само со неговата братучедка го нема Не знам веќе што да мислам....
taznatajbg место за дилема нема- таа девојка ДЕФИНИТИВНО не му е никаква братучедка. Случката со разговорите, при што само нејзиниот е избришан треба да ти е доволен за да ја сконташ работата.
Значи гледам и слушам во последно време што се вели зборот на секој чекор секоја 2ра врска па и веридба па и брак се распаѓа заради фб кот смешно или тажно ова е релано значи општо зборувам девојки,едноставно на фб кот све ти е достапно и све ти е при рака што се вели зборот,некој си бара забава настрана некој си лечи комплекси некој си бара повеќе внимание или тоа што прави нешто скришно а се надева дека нема да биде дознаен повеќе го возбудува интересно му е значи секој по некој изговор,штом слушнам распаѓање на некоја врска или кавга одма има некаква врска тука фб кот значи неможам поќе неможам што мислите бе девојки што е проблемот?толку се искомплексирани мажите па и жените кај нас?не ми е јасно кое е тоа задоволство со фб кот да уништиш све да згазиш на све што си градел години зошто?не ми е јасно?
Се согласувам со тебе, значи и мене ми се дига косата кога ќе слушнам дека во врската, бракот има караница ради Фб поради лајк, скриени пораки, коментари и што уште не, радо би избришала Фб ама моментално имам потреба од него за факс.. А на луѓево дефинитвно тоа забранетото им е уште послатко иако знаат дека несмеат, а повеќето не се свесни за тоа колку им штети и ќе сватат ама се мислам дека кога ќе биде веќе касно или пак се свесни ! Незнам што да речам. Ужас.
Тоа е факт дека фб е одговорен за распадот на повеќето врски и бракови.Мојата најдобра пријателка значи откако не користи вцеќе фб ниту еднаш се нема скарано со своето момче,а порано постојано се караа додека имаа фб.Сега немаат ни двајцата и им е супер можам да кажам.Јас и маж ми имаме фб ама го користиме мнооогу ретко.И кога и да се уклучам само 5 до 10 минути и толку.Ама сепак мислам дека сите треба да бидеме свесни дека ништо не е толку силно за да ни ги уништи врските и браковите.Сепак тие би требало да бидат посилни од било каква страна или профил.Јас немем ништо против фб само да се користи со намена и за безопасна забава и релаксација а не да станеме зависници од него и да си ја погазиме на некој начин љубовта кон драгите личности.
Да реалноста со фб е таа-жално,но вистинито. Него мене и друго нешто не ми е никако јасно-како може заради личност што не ја ни знаеш,не си ја ни видел во живо,туку само на фб месец дена си комуницирал со неа да се откажуваш од личност што ја знаеш 5 години и имаш сериозни планови со неа и се и сешто си доживеал со неа? Неговите зборови-,,Мене она ми е браучедка и ја сакам да си ги поштуем роднините,а тебе тој ако ти смета тга нека биде крај. "
Тоа значи дека таа навистина не му е братучетка.Како што рече ти,неможе тој само што ја запознал и толку многу лајкови,срциња,и да се сакаат многу.Тука има нешто друго,а тоа е измама. Мое мислење е да го прашаш уште еднаш што планира со тебе за понатака,исто така и за таа.Ако продолже со истото темпо,тогаш верувај не ти треба. Се надевам дека ти помогнав.