Ти доколку го сакаш самата треба да знаеш на кој начин да му ја покажеш љубовта, тоа си доаѓа само од себе.
Го сакам некое време, но добро тоа сега не е важно, проблемот е што неможам да престанам да го сакам...Си замислував желба да бидам со него и за роденден кога дував свеќички и свеќи во црква кога палев..значи тотално секаде.Незнам што ќе беше веќе тоа.Еве баш сега пред малце се вратив од град.Таму беше. .едноставно незнаев веќе ништо, умот ми се помати. Колку што знам за него е фин, супер карактер, но немам баш некоја комуникација со него.Инаку поголем е од мене, незнам баш колку п.с небитно. Ми има пишано еден на фб ама јас не му одговорив, а така прееска и ме загледуваше по чаршијата, а не му одговорив биддејки неможам да си дозволам друг освен мојата најголема љубов. Само да му го најдам бројот би му вртела и од скриен за да му го слушнам гласот.Таа љубов според мене е невозможна, а можеби и да, незнам, збунета сум.Можеби за него сум никој и ништо. Значи ова не е симпатија, туку љубов.Ве молам дајте ми некој совет, а што се однесува до тоа пррва да пријдам нема шанси..Можеби не сум во право!
Па ако толку ако го сакаш, зошто да неможеш да му пријдеш прва? Стварно не разбирам.. ем сакаш, а чекаш на него. Скрши го мразот, нема да ти падне круната од глава. Иначе малце си ми нејасна.. ,,неможам да си дозволам друг освен мојата најголема љубов,, ?!?! Појасни ни малце..
Епа вака кој и да ми пријде секогаш нејќам, одбивам само од мислата дека не би била со никој друг освен со него.Хахах, ни јас незнам што сакам..
Помина доста време .. Пред некој ден дојде и ја скина сликата.. Ме праша дали ќе му простам ? Јас незнаејќи што да одговорам се направив како да не сум слушнала продолжив да одам.. Што да направамм ???
Да му ги удриш клоците, за да не те мотка како што ке му текне. И уште едно прашање до тебе -Дали се почитуваш себеси доволно за да трпиш недозреан идиот како горенаведениот? Зошто си сигурна дека нема пак истото да го направи? Стопати сум кажала и пак ке кажам- не се послужувајте себеси на тацна, за некој кој уво не го боли за вас. Нели се осети повредено и понижено од таа негова постапка? Ке му дадеш ли уште една шанса да те заебе? И како што рекол некој.. You fool me once, shame on you. You fool me twice, shame on ME!
Се сложувам со болдираното. Машките обожаваат да се борат за својот "плен". И доколку лесно те улови, џабе е веќе, ќе играш како што тие свират. Најдобар адут е ладнокрвноста, колку повеќе ладнокрвна толку повеќе ќе трча и ќе те моли. Уживај во молењето и игнорирај го, но никако не му се враќај, пак ќе те повреди.
Ми треба помош. Повторно заглавив со ваков. . Како да го откачам на фин начин? лол Јас со моите глупости.
Оф Боже незнам што да правамм! Во врска сме 3ипол години. Вчера си пишувавме на фб и он ми бараше линк од еден шо ми се пушташе викендот и ја не му дадов му пишав ,,ај одам јас'' оти мајка ми беше во собата и неможев да му пратам линк а и + требаше да одам кај една другарка. И по пат накај нејзе му ѕвонам да му кажам дека ке се укл од кај неа и ќе му пратам ама он не ми крена, и кога стасав кај нејзе се укл и гледам ми пишал он ,, одиш???? ќе се каеш '' и гледам ме блокирал на фб. Ми стана смешно оти така напраил за глупости и од синоќе може милион пати му ѕвонев не ми крена само синоќе ми се јави и ми вика шо се прајш јака пичка викам дозволи да ти кажам ислушај ме вика несакам и ми спушти.. И цела ден ѕвонам не ми крева... Незнам што да правам :/
Ауу многу тој,па дури и те блокирал? Да има некоја сериозна причина што те блокирал,ајде да сфатам..ама од што не си му дала линк молим лепо! Не ми се секирај многу за такви душо,уште по постапките можеш да го оцениш каков е. Не му ѕвони,не му пиши..ќе видеш како сам ќе ти побара прошка.
Чекај малку,какви црни линкови какви бакрачи,едноставно нема да дозволиш други да ти се пушаат и тоа на дечко ти да го кажуваш,па и со линкови да се поткрепува тоа ,значи придавате важност.A он не е ни најмалку достоен ама ај,претераната љубомора некој ја толкува како љубов,а всушност не е ни едното ни другото освен желба да те контролира,секако ако му дозволиш .Не знам зошто му се правдаш сеуште,јас на ваков не би му кренала уште еднаш,а ти уште му се јавуваш.Уште и те блокирал на фејсбук,цц со такво незрело размислување ни прошка ќе се бара,ни пак ќе се смирите!
Женски после 10 месеци кармата си го направи своето. Значи бившиот смотко и пиша на другарка ми и почна да разговара со неа за мене. Кажал дека му е криво што ме удрил по ногата. Во текот на разговорот си продолжил за мене да зборува, претежно дека двата сме криви што се степавме и дека не требало така. Што мислите вие која му е целта, дали вака прави намерно за да ми кажи другарка ми, дали пробува со неа да ме скара ? Јас сум малце збунета и растревожена. Што мислите вие која му е целта ?
Девојки како би постапиле ако дознаете дека дечкови со кој сте заедно повеќе од 3 години има фб без да знаете вие,а при тоа на истиот ве има блокирано и вас и вашите другарки? а сепак врската функционирала т.е немало некои промени кавги или слично значи случајно донавате како гром од ведро небо се разабира?што би направиле и што би мислеле? (Нема врска за кој е и што е несакам да должам со мн објаснувања и реферати да пишувам)Би сакала да видам ваши ставови и размислувања...
На типот не му значиш веќе, тој си бара резерва дефинитивно истото ми се случи и на мене, долго бев во врска и тој фб си го избриша и го вратил незнам после колку време но мене ме блокирал. Расчисти си ти пред да биде касно, зошто очигледно е веќе дека пред други девојки кои не ги знаеш ти се претставува како самец без девојка. Жалам што ќе те разочарам но тоа е од искуство ти кажувам.
По оваа што го кажа очигледно е дека тој бара мала ситница за да се кара со тебе и тоа за глупости а 3ипол годинишна врска не е ни малку мал период ... Остави и не го барај нека се смири малку ,ќе те побара тој биди сигурна
Крие нешто од тебе или бара разерви и дружење со други ... незнам бе како може толку ниско и глупо да се понашаат крие дека има фб и блокирал за да не се дознае ... заради фб упропастува се Јас да сум на вакво место би го оставила и би се осеќала понижано од неговото однесување