Доколку одиме по онаа што јас би направила, јас не би должела многу, би направила друг профил ( мој )а предходно би излегла со другарки и би се сликала со најразлични дечки, така по ред неколку дена. Сликите на профилот и би се потрудила сликите да стигнат до неговите другари, па така и до него. И тоа има да му биде лекција за цел живот.
миме јас му го хакнав фб на дечкото тогаш на времето и се разочарав кога видев дека си пишел со некои девојчиња и ги договарал за излегување. Не викам дека и твојот така правел, можеби сметал дека така нема да се карате воопшто. Такви тајни не може да се чуваат засекогаш. Сигурно и тебе шок ти претставувало кога дозна. Мислам дека тој треба да ти објасни најубаво зошто така постапил и да го прашаш ( ако планираш да продолжиш со него) дали има нешто друго за што ти треба да знаеш. Не вреди за фб да се караш но тоа неговото малце претерано е зошто те излажа.
Секако дека не вреди за фб да се кара, ноо денеска и прекрил дека има фб, утре дека на кафето со другарите имало и други девојки, во брак ќе прекрие пари на сметка. Колку и да е работа за фб само не треба да се простува. доколку сакал да има, можел да и каже и се да биде во ред.
Би раскинала Кратко и јасно, не е нормално тоа, ако толку време си заедно со некој нема потреба да се кријат другарства, познанства и слично, а тоа со блокирањето уште помалце, дефинитивно типот сака да си води двоен живот..
Еве и јас да и одговорам на Миме87. Претпоставувам те блокирал заради тое добро, чисто да те заштити од стресови . Незнам што очекуваш сега од нас да ти кажеме? Ти најдобро си ја знаеш ситуацијата како ви е во врската и колку длабок рез си спремна да направиш. Ако не излегува, ако често се гледате веројатно е од оние што јас ги викам дркаџии(се извинувам за вулгарноста) па на тој начин се празни правејки си жешки муабети со девојки или мажи со лажен профил за кој он мисли дека се жени со големи гради задници и слично. Или евентуално те вара со некоја, што е помалку веројатно. Значи лесно ни е нас да ти кажеме раскини му, затоа што нас нема да не боли туку тебе. Седни, добро размислиси и сама одлучи си, не дозволувај никој да ти влијае па ниту ние, затоа што последиците од твојата одлука ке ги чувствуваш само ти.
Јас мислам дека има друга врска и сигурно не е само пуштање и слично.Тој има уште една врска со друга,уште еден тел.број.друг живот.Тој човек гарант изневерува.Неа можи и вика дека е скаран со девојката или ја боли неа....А зошто не се кара со женската и си ја прави врската да функционира/зш он си ја чува за златна резерва секогаш да можи да се врати кај неа.Ми се од такви.Би му вратила со иста мера зш 3 години врска некој да те прај будала е то не го бива.Секако на крај ако му се скараш и му се отвориш за ова он на сите ќе се фали демек шо ти правел и како те лажел цело време.Лажи го и ти,ти е гајле он ко не го боли тебе ќе те боли,пфф.Спушти го малце на земја да види како треба.И потоа скарај му се засекогаш!
Слабо,слабо.А што доколку тој има друга женска/и изневерува до кизнај каде,зш само да се правиш дека лажиш,да се сликаш колку да види тој и другарите,кога тој не го прави тоа за ти да видиш,ти си блокирана ,никогаш нема да дознаеш што се има правено,фала богу за ова што е фатен.Нели е поубаво да му вратиш со иста мера,се работи за врска од 3 год
нема простор за дискусија врската е завршена тоа е кога мислиш дека некој го познаваш и по 3 и пол години сваќаш дека воопшто не си го познавал за жал,и во истиот тој момент почнува да ти се гади од тој човек...
Ако ризикува да те изгуби поради еден фб значи не те цени доволно ни тебе, ни твојата љубов што си му ја давала 3 години. Одалечи се од него. Ќе види што изгубил ама потрудисе да му биде доцна. Без нервози
Тогаш кога најмалку ке очекуваш, тој ке свати што изгубил и ке те моли да се вратиш, само тогаш ти стој си на својот збор и не се вракај назад а за него тоа ке биде најголемата казна и болка
Здраво дечки.. ) мојот проблем е овој... Јас стварно се трудам и реално повеќе работам на нашата врска отколку дечко ми, ама не му замерувам затоа што е на потежок факултет и не сакам да го преоптоварувам со ситници, ама кога ќе направам нешто, за кое јас сум се трудела, и добивам одговор како „сеедно“ или „океј е“, е тоа не го можам! Не дека сакам да ми се клања или да ми симнува соѕвездија, ама барем да ми каже нешто убаво со кое барем малце така ќе ме мотивира да продолжам и едноставно да знам дека тоа што сум го направила, му се допаднало/го усреќило. Исто така, ми смета фактот што едноставно, не флертува со мене. Според мене, флертувањето не треба да заврши во моментот кога двајца ќе се фатат, баш напротив, треба да продолжи! И што секако, кај мене овој дел го нема.. И, јас секогаш се трудам да изгледам убаво - за мене, (следново знам дека е малку поради тоа што немам доволно самодоверба на моменти), ама понекогаш сакам да изгледам убаво и за дечко ми, а он очигледно секогаш има комплименти и коментари за други девојки освен за мене (секако не претерува во ова, ама мене на моменти ми смета)! Не очекувам јас да бидам девојката од неговите соништа, ама сакам барем од време на време да ми покаже дека и покрај тоа што сме долго време во врска, се уште му се допаѓам како девојка. Ако му го кажам се ова, се осеќам дека ќе делувам како со 0 самодоверба и нејќам да си мисли дека ќе трчкам по него или да му го хранам егото... Хелп?
Зошто да изгледаш со 0 самодоверба ако му кажеш ?Кажи му го тоа цврсто , решително не како да се жалиш . Како си го мислиш така кажи го , зошто не флертуваш со мене ? Како тоа секогаш имаш комлименти за други девојки ,за мене не ? Ме интересира зошто ,јас нели сум убава ,згодна, немам ли добри не знам гради , нозе задник , било што што ти сметаш дека ти е најубаво . Штом е со тебе треба да бидеш и подобра од девојката од неговите соништа , нема што да правиш споредби и да се мачиш . Секоја жена која се труди за саканиот заслужува да и се врати со иста мера . Јас на пример имам многу самодоверба и ако некој не ми посветува доволно внимание , не ме третира како принцеза и не ме опсипува со комплименти не ни останувам со таков . И баш таа самодоверба ми помогнала некогаш можеби да оставам некого кого сум го сакала и никогаш да не му се вратам . Велиш се трудиш а нему му е сеедно , прво никогаш немој да си го потценуваш твојот труд и да оправдуваш тоа што ти работиш повеке , се разбира сите сме зафатени понекогаш ама за мали гестови со кој би можел да те израдува секогаш се има време . Или ќе му кажеш отворено и решително или ќе ја играш неговата игра . Второво ти го препорачувам ако после првово не преземе ништо
Девојки ве молам за помош..Се гледам со едно момче од мојот град, поголем е од мене неколку години и сеуште сме на почеток но тој упорно настојува да имаме односи. Е сега проблемот е тоа што јас имам 18 години и сеуште го немам направено тоа и не сакам да избрзувам но не знам како да ви објаснам. Го знам долго време и секогаш сум го гледала и сум му се восхитувала колку е само убав, згоден а сега тој што од секогаш го посакував е со мене, но настојува да имаме односи иако му кажав дека сум сеуште невина и дека не ми се брза.. Страв ми е да не ме искористи па да ме отфрли, но тој тврди дека нема да го направи тоа и дека не е таков, но сепак не знам што да правам. Ве молам за совет
кажи му дека сакаш да го направиш тоа кога ќе бидеш потполно спремна, без разлика дали ќе биде тој или ќе го чекаш вистинскиот... а тој ако те сака ќе те чека, ако не па и не е само тој, што ако е убав, згоден, кога тој не те цени како личност а ако продолжи да настојува значи не е за тебе, и сака само да те искористи
Чим не се чуствуваш доволно спремна и несакаш да избрзуваш и немој, кога ти ке се почуствуваш спремна и добиеш желба да го направиш тоа тогаш направи го. Ако тој те почитува ке те чека. Значи мое мислење и совет не само до тебе него до сите ПРАВЕТЕ ГО ТОА ШТО ВИЕ ГО САКАТЕ
Штом се сеуште на почетокот чекаај, немој да дозволиш да те прелаже со убави зборови. Доколку настојува раскини, воопшто таков не ти треба. Ако те сака ќе те чека.
понекогаш сите мечтаеме за некоја личност да е до нас и да не сака али не е секој среќен во тоа..Aко не ти се брза,ако не си спремна и ако не сакаш што е нешто најважно во таа тема тогаш не брзај A на него ако му значиш и ако те сака навистина и ако навистина не е таков и нема да те отфрли ке чека се додека не бидеш спремна ти И ке му кажеш отворено дека не си спремна и дека не сакаш сега,а дека ако тој те сака ќе почека