Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.966
    Допаѓања:
    90.305
    Пол:
    Женски
    Ако вистински те сака и почитува нема да биде толку упорен да го направите тоа :) Туку ќе чека кога ти ќе се согласиш и сама ќе посакаш,не дозволувај убавите зборови и ветувања да направат да избрзаш со одлуката и да легнеш со него само заради тоа што несакаш да го изгубиш...
     
  2. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    21.181
    Па сигурно дека нема да ти каже во лице: Да,јас ќе те искористам.
    Ако сте на почеток,чувствуваш само симпатија а не и љубов сеуште,ако сеуште не сакаш да имаш односи,нема што да размислуваш.Не дозволувај тоа да го направиш затоа што тој така сакал,туку во моментот кога ти ќе сакаш.Тој ако те сака нема да навалува,туку ќе те почека некое разумно време ,неколку месеци,повеќе не верувам дека некој би чекал,а и веројатно за 3-4 месеци секој би требало да знае што сака во животот
     
  3. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    Ако навистина те сака нема ни да настојува на тоа.
    Самото ке дојде по себе, вака напнување воопшто не ми е јасно..
    Додека имаш прашалници во главата, немој во никој случај.
     
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.096
    Пол:
    Женски
    Ти кажаа и пред мене, јас не би му дала. 18 години не значи дека ако си возрасен си и доволно зрел за да влезеш во сексуални води. Категорично НЕ!Ако те сака ќе те чека, а штом толку настојува да имате односи дефинитивно треба да ги дешифрираш неговите зборови дека ќе те откачи после тоа. Што е твое ќе си дојде.
     
  5. Ana.brojka

    Ana.brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    227
    Девојки помагајте додека не ме фатила депресија :worried:

    Значи вака. Имам 20 години, немам дечко моментално и не сум имала долга и сериозна врска до сега.
    Искрено не ни сакав еден период, повеќе бев по така, дружење флертови ово оно знаете, уживав во тоа..не дека сега не...али како се друго, така и тоа ми помина, и сега стварно си сакам дечко за дечко..
    Гледам се околу мене веќе се се со девојки дечковци, излегуваат во парови, одат на одмори, со кој, со дечко ми...
    Да не звучам нарцисоидно, но сметам дека имам многу доблести и позитивни карактеристики како во карактер така и физички, и имам многу љубов во мене која сакам стварно да ја пружам некому искрено.
    Јасно ми е дека не е финтата колку да се има дечко, или сите во врска па ај и јас да не заостанувам демек...но гледајќи наоколу, и јас сакам некој така да си имам за во секое време, да се грижи за мене да ме сака...
    Не е дека ме откачуваат или дека нема додворувачи...но никој до сега не ми се допаднал доволно
    Се преиспитав и во тоа дали ми е критериумот премногу висок за дечкото...но не ми е, бар така мислам.
    И по се, ми доаѓа да си фатам било кој веќе...а знам дека заслужувам повеќе..
    Можеби си викам ако го сторам тоа, ќе се смени нешто, нешто кармава ќе ми се мрдне од место па ќе се посреќам :D обично викаат марфи, ќе си фатиш дечко и оп тогаш прекрасни прилики колку сакаш, а пред тоа ништо, пустина...
    Стварно мислам се работи за среќа, немам среќа ама ич во љубов....или незнам, незнам до што е и стварно незнам што треба јас да сторам... да чекам или дали да си го живеам животот и да не мислам на вакви работи, но како кога се повеќе и повеќе мислам на ова, почнувам да се оптеретувам...
    што да сторам, советувајте ме, само немојте со она живеј си го животот што е твое ќе си дојде....не е совет тоа глупост најголема е.. меѓутоа ако некој бил во ваква ситуација или знае, кажете што би можела да сторам да променам нешто.
     
  6. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    На своја одговорност ќе си прашам тука нешто за другарка ми
    До пред малку правевме муабет, инаку сме мнооогу блиски си ја делиме и двете интимата меѓу себе, па ќе си земам за право да прашам за неа тука.

    Има дечко, 2 годишна врска, им завидувам (што е зборот) понекогаш колку си се сакаат, кога се заедно како гулапчиња ми се. Но нормално, мора да постои во сета таа убавина и нешто што ќе ја наруши истата.
    Се е супер дечково, но некако многу и се понаша како татко да и е, или па сама си го научи така, барајќи му совет и мислење за се и сешто , не знам ни јас ...

    Пред некоја вечер сакаше да излезе, вечерно излегување мислам со другарки, на едната другарка дечкото, и некои другари на тој дечко, и он не и дозволи. Таа фино лепо му се јави као демек ваков е договорот за вечерва дали може да одам? си знае така да си го прашува, или пред да излезе некаде обавезно му кажува, па излегува и он и рече НЕ!

    Повеќе пати се има вака случено да таа сака да излезе а он не и дозволи, понекогаш и таа него му кажува нема да одиш ако не и одговара нешто и он ја слуша и нема да оди, |(

    Значи сума сумарум се работи мислам за љубомора, која веќе неа почнува да ја гуши, и ми вика дека како последица на тоа не ја чувствувала веќе онаа пеперуткаста љубов кон него како некогаш, а не сака ни да се раздели од него.
    Се е супер, но само ова ја кочи, ....
    Што мислите?
     
  7. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Јас сум во истата ситуација, пробав секако, и да изглегувам со некој, но не биваше едноставно и оставив, си терам така ќе испаднам со друштво, со другарки, иако не е тоа тоа, сите другарки си имаат дечковци и неможам да излегувам секогаш со нив па се случува за викенди да дремам по социјалниве мрежи. Не сум очајна , целата моја енергија ја насочувам кон факултетот и нештата што ме исполнуваат. Верувај дека тоа што е твое еден ден ќе дојде, дотогаш посвети се на себе си, знам дека не е лесно да си сама додека сите околу тебе имаат некој, потполно те разбирам, биди по отворена со луѓето околу тебе, дружи се, создавај нови пријателства и на тие што се во врска не им цветаат ружи, ужувај во животот додека си млада не си престарена и не заборавај тоа што треба да се случи еден ден ќе се случи и тоа кога најмалку очекуваш.
     
  8. pipi123

    pipi123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    128
    Значи вака има едно дете сакам го најногу но моја другарка направи се за да раскинеме... му кажала дека сум викала дека сум му залепила шамар тој поверува прашал и други и другите го потврдиле тоа од другарките во друштвото...јас му кажалв дека не е точно но тој не поверува .. сега ми се луте кога ќе ме виде се врте на другата страна едноставно ме замрзи.. и тие си ја постигнаа целта.. незнам како да го убедам дека не сум ништо кажувала дека не сум вадела маабети . :?: :?: :?:
     
  9. sweet.girls

    sweet.girls Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Здраво.... Незнам како и од каде да почнам...
    Имав дечкоо со него одев 2 години и еден месец пред пола година раскинавме... Пак почнавме контакт но тој има друга не знам со да прам ми ги врати чиствата еднаш или два пати неделно се гледаме кога сум нашкола поручек идат секој ден и цел ден седит секој ден со часови зборвиме на телефон помогнетемии дајтеми совет со да прам не знам ни самата со да прам тој се однесуват ко во врска да смее а всушност не сме што да направам показетеми го правиот пат како да постам сега јас со него.... ;( ;( ;(
     
  10. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681

    Земи кажи му се отворено. Како тоа има друга девојка, а повторно ти се јавува и се гледате. За што разговарате вие двајцата ? Зарем не ти смета што после тебе оди кај другата ?Ако те сака нека ти се врати, секако ако сте спремни да почнете од почеток. Но изгледа дечкото сака да седи на две столици.
     
  11. sweet.girls

    sweet.girls Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Дааа... Тој таков ее колку и да ме сака не се искажува.. Мене неговите другари ми казвет дека не можел без мене дека премногу ме сака јас сакам тоо од него да го слуснамм... Јас му зборвам отворено ама тој се прави на удрен ми вика јас и ти неможиме да сме заедноо колку и да те сакам... Не знам ни јас шо да прам сменав број 3 4 пати џабе тој пак го најдее.. не знам што да правам многу сум збунета
     
  12. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681

    Јас сепак мислам дека дечкото е добар глумец, човек кој те сака ќе направи се само за да биде со тебе.
    А тој тебе само те повредува и ти дава лажна надеж. Немој да живееш во заблуда дека еден ден се ќе се смени и да се измачуваш мислејки што е причината. Едноставно остави го и продолжи да живееш без него.
     
  13. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Чупенце најискрено ќе ти кажам NE LUPETAJ GLUPOSTI ако тој те сакал сега ќе беше со тебе и овај пост ти овде немапше да го пишуваш,ME SAKA AMA SO DRUGA E да сигурно кратко и јасно типот едноставно сака да се забавува со вас и то е то топло ти препорачувам да фатиш книга и да не се занимаваш со глупости...Покажиму среден прст само на целава оваа работа...
     
  14. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Ај прочитај пак... "Ме сака ама е со друга". Прочита? Повтори си го пак, повтори си го уште неколку пати... Има логика? Нема? Гони го упм и продолжи си со животот
     
    На Elena69221, Daydream и mime87 им се допаѓа ова.
  15. One.Day.One.Girl

    One.Day.One.Girl Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2013
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    40

    Хм...Јас пак имам друго мислење можеби момчето има преголема гордост или инает па така ти прави можеби сака да те измачува :^) па повторно да ти се врати ,можеби сака да види како ке реагираш...Ако неговите другари ти велат дека уште те сака сигурно тој праќа и им вели така да ти збборат ;) Остави се на времето не се менувај види како ке реагира престнаи да трчаш по него
    и види дали тој ке почне да трча по тебе дали ке има некаква реакција од него ...
    Со среќа се надевам дека се ке се среди :*
     
    На Princess.12 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Што кога гледате дека врската тоне и оди во неповрат?
    Кога ќе сфатиш дека уствари си повеќе тажен отколку среќен?
    А го сакаш толку многу што боли и самата помисла да раскинеш..
    Толку време да изгубиш со некој,толку години а после толку време да сфатиш колку уствари е гад он.
    Од колку работи уште треба да се откажам за да успее врскава?
    Можеби и јас претерувам со моите напади,признавам во последно време сум нервозна многу од што неможам да го трпам веќе и се карам..
    Што да правам стварно незнам..
     
  17. UltrasGirlMKD

    UltrasGirlMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    28
    Со дечко ми збориме на телефон и тој сврти муабет за моја другарка од кај се познаваме,колку сме блисќи,а претходно никогаш немаме зборено за неа не ми е толку блиска,а и тој не ја знае..Му објаснувам јас и овој сериозен ми вели ''Мноогу е убава'' :^) Му го заклопив телефонот,ми падна тешко многу... :( и не му се јавувам речиси цел ден :doh: Неможам да поминам преку тоа шо ми го кажа на телефон,а беше сериозен :!: Знае дека љубоморам и дека несакам и не давам да гледа и да коментира други женски додека зборува и седе со мене :worried: Стварно незнам што да мислам,некој совет како да постапам на неговата реакција феминки? ;(
     
  18. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.025
    Допаѓања:
    36.075
    Пол:
    Женски
    Не требало остро и нервозно да реагираш.Ако рекол дека е убава,не значи дека има некаква намера со неа.Со таквиот однос кон него,може да го оттргнеш од тебе.Ако го сакаш и му веруваш,труди се да имаш стабилна врска.Па некогаш и пошегувај се на таквите коментари.
     
    На UltrasGirlMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Незнам колку време сте заедно и колку ви е "сериозна" врскава. Можеби се работи само за тапа период во кој и ти си понервозна, а сето тоа се одразува на вашиот однос. Од друга страна па, викаш дека тој е гад. Претпоставувам дека тој се однесува лошо со тебе, што никако нели не треба да го трпиш тоа. Дај малку повеќе детали каде лежи проблемот...
     
  20. Lovely.student.girl

    Lovely.student.girl Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Феминки помагајте ;( бев во врска со едно машко до денес ... пред неколку денови бев на едно игралиште, тој заедно со неговата нова девојка дојде и како ништо да не се случило дојде и се поздрави со мене ( ми доаѓаше да му залепам еден шамар, но се откажав бидејќи имаше многу народ :!: ) и девојка му се поздрави со мене :^) потоа тој ја фати за рака :( и заедно избегаа како да доцниле некаде .. :worried:
    Неможев да поверувам како може да дојде пред мене да ја бакне и да ја фати за рака а притоа и око да не му трпне .. :( Цел ден се нервирав за тоа што ми го направи се обидувам да се смирам и да го прифатам тоа но неможам ве молам , дајте некој совет !! :angel: :worried: