Здраво феминки. Ми треба мислење, совет,зошто тотално сум збунета. Во врска сум веќе 6 месеци. Се почна нереално како од некој филм,сосема спонтано си влетавме во животите,беше љубов на прв поглед. Разговори за иднина, за заедничко живеење, буквално се. Симнување ѕвезди, нешто невидено. Јас ненаучена на таков однос од страна на дечко,се занесов изгубив глава. И се така фино, заљубено,секој ден романтики, викенди заеднички,седенки со друштво,убавини. Арно ама веќе нешто не штима. недела дена неговото однесување е поинакво. Се проретчија прегратките, бакнежите,насмевките се изнудени. Збунета сум тотално и целата во прашалници. Од нигде никаде. Ги отворив картите на маса, му дадов до знаење дека чувствувам дека нешто не е ок и дека сакам со разговор да ги средиме работите,да дознаам кој е проблемот. Тој вели дека ме сака дека не може без мене, сака да сме заедно,меѓутоа нешто се случува периодов,нешто не било ок. И јас му кажувам дека знам,дека чувствувам дека е така и дека кај мене нема промена. Се е исто. А тој е ладен и чуден, а јас не знам како да се однесувам,која постапка да ја направам...
Колку време е тоа така? Можеби нешто се случува во неговиот живот кое има последици врз него. Ако ова трае кратко време остај нека помине малку повеќе...ако и понатаму не се сменило ништо тогаш пробај да разговарате повторно. Ако и после тоа не оди тогаш типот највероватно изладил и можеби не те сака. Но не секогаш е така и затоа не брзај со одлуки одма
Значи по мое јас мислам дека дечкото само ги искористил старите финти со планирање на иднината за да те завлече и да бидеш со него. Му фалело половина која ќе биде до него само додека има потреба. Вистинска љубов за 6 месеци не се раѓа. Треба повеќе време, и самата рече дека тој станал ладен. Видел дека веќе ти го сакаш и тоа му е доволно за да може да се повлече полека и полека. Јас мислам да бидеш и ти ладна малце и да оставиш да помине доволно време за да видиш како ќе се однесува тој. Не верувам дека те сака навистина ако те сака немало да има промени. Дечкото во овој случај не е сигурен што сака ама сигурно не е за сериозна врска. Како и да е осетил дека има потреба од своја слобода. Не ми е јасно зошто кога сте во врска мислите само дали ќе ве земе за жена или ќе останете засекогаш со некого, зошто фантазирате и верувате во тоа самите се лажете и после ви се случуваат ваквите работи. Уживајте од ден за ден а не за во иднината.Што е ваше ќе си дојде.
Еве четврт месец уште трај ова врска неврска, пред две недели се тргна на горе,јавни излегвања, изјавување милост, порачиња, и таман реков фала ти боже еве го два дена како на трња е, а му пишам се нешто работа има, се нешто е во гужва. Аман веќе со овие мажите шо незнаат да ценат нечија пажња и внимание.
4 месеци се долг период за такво однесување. Очигледно не му е многу многу гајле за тебе... да не те чуди и ако си има друга. Ама и ти си крива што го трпиш сето тоа. Јасно го сакаш и сакаш да попуштиш ајде, демек да не се расправате и шо знам што таму ама мора да ставиш крај кога тогаш. Се си има граници и прашање е колку можиш ти да трпиш. Ако не ти е убаво, кажи му крај како тој што ти рекол тебе и то е то.
Мој совет,штом веќе еднаш си можела да ставиш крај на 4 годишна врска,во која сигурно не функционирало нешто,тогаш ќе можеш и на оваа од 4 месеци.Штом си имала храброст да ставиш крај на нешто што си го градела со години,мислам треба истото да го направиш и сега.Ако не чуствуваш доволно љубов и пажња од негова страна не вреди да продолжиш понатаму.Поздрав
Феминки, како да стапам во контакт со еден што ми се свиѓа долго време? Се знаеме ама никогаш не сме збореле...Пред минатото лето бевме во ист хотел на одмор, таму се запознавме ама само онака. Ќе биде ли глупо ако му пишам јас на фејсбук?
Секако дека нема да биде глупаво. Почни општи муабети, распрашај се нешто повеќе за него, договорете се за на кафе..
Има еден дечко со кој излагам, ама не сме во врска, значи само излагаме 3 месеци, и често се слушаме на телефон, ми се јавува секој ден и сега за сега добро се понаша.... работата е во тоа што една од моите најдобри другарки, постојано ми збори како бил за никаде, не и се свиѓал како изгледа, како се понаша, а верувајте до сега се имаат само еднаш, два пати видено, и воопшто не се понашаше лошо дечкото, дури кога ќе и направи најобичен муабет, таа некако одбивно враќа, и мене ми збори како не е за мене..... има прв братучед, кој сака да испаѓа со мене, ама јас нејќам баш, зашто кога излагам со еден, нејќам со повеќе во исто време, зашто тоа не ми претставува задоволство. таа постојано ми збори како братучед и е многу убав(иако не е некој толк убав како што го опишува , но не е ни толку важно), добар, како ќе ме сака многу и такви глупости, бил многу поубав од тој што ја сега излагам и не бил глупав, а братучед и во живо не знае ни муабет да ми напраи, се што сака да ми кажи пренесува преку нејзе...... немаше да обрнам внимание на сето ова, ако не ми значеше дугарка ми, ама навистина се нервирам вака, како да и објаснам дека мене сега за сега не ми ни треба некој сериоозен дечко, доволно ми е некој за излагање, и дека братучед и не е најдобриот на светот,и дека не можам да се замислам со него, зашто не го чувствувам како мој тип, без да ја повредам? фала ви...
Тука уствари,она ти го наметнува нејзиниот братучед,па чекај брее?!Па она за неа не го зима,ниту пак за тебе го зима,ти сама си бираш кој ке биде со тебе и кој ке љубиш ти Ке и објаснеш дека не те привлекува братучед и и дека не е твој тип,дека не го чувствуваш повеќе од другар не дека е лош,грд или нешто слично ама едноставно неможеш да имаш ништо повеќе од другарство ,а тоа што збори за дечкото што излагаш со него мислам дека и сама знаеш дека е намерно заради братучед и А и ако веќе ти е најдобра,тогаш нема да збори лошо за тој шо го сакаш колку и да е лош Ти ке и кажеш отворено,а таа нема за што да се лути
Ako ти е најдобра другарка мора да сфати дека не го сакаш, нема што да се навреди таа тука,ако ти е права другарка ке те подржува у се и нема да се лути а ако се лути значи те условува и кога тогаш ке ти го сврти грбот како и мене една што ми направи
Објасни и дека несакаш да имаш ништо со братучедот нејзин од причина што не ти се допаѓа ни физички ни карактерно. Неможе со сила да те натера она ти со кој да бидеш со кој не. Крај краева најважно е тебе кој ти одговара. Ако ти се свиѓа другиов дечко, за кој што таа ти збори дека е за никаде, продолжи си со него и ич око да не ти чуе што ќе каже она! Намерно така ти вика, ради тоа што несакаш ништо да имаш ти со братучед и. Будала работа . Кажи и искрено што мислиш и чувствуваш и не се замарај дали ќе ја повредиш или не! Да ти била вистинска другарка немала да ти се меша што и како да правиш.
Лелее што мрзам вака кога напињаат.Ти си знаеш најубаво со кој сакаш да си во моментот, а ако неа толку и се свиѓа братучедот нека си го земе дома и нека го чува
И денес разговаравме во школо, и ми вика ја на сила не те терам, ама ако го одбиеш ке згрешиш многу.... како не....ама таа си продолжи како можи да излагам со некој а да не ме прашал за врска, тоа на ништо не личело, тоа значело дека не ме цени ни доволно..... дури почнав и ја да се мислам, но тогаш зошто ми се јавува секој ден, иако се гледаме само 1,2 пати во недела, навистина не знам..... како и да е мене ми одговара вака,зашто нејќам ни да се врзувам за некого, а за братучед и, ако продолжи ќе и кажам дека ме нервира веќе...
Мила, не ми е јасно зошто се замараш толку со неа? Очигледно има две причини зошто прави така-Или братучед и ја притиска премногу за тебе или нејзе и се допаѓа твојот 'мувач' , па настојува со стварање лоша слика за него, да те оддалечи. Т.е да и го ослободеш патот. Како што разбрав тебе тој ти се допаѓа, така? Едноставно е-ќе ја замолиш другарка ти во иднина да бира внимателни зборови за тоа што ќе го кажува за него, впрочем нема потреба ни воопшто да го споменува, и братучед и да не ти го споменува. И не мора да значи дека ако веднаш не те праша за врска, дека не те цени доволно. Ако ти е убаво, продолжи со него. Останатите-на игнор ги стави
А да ја баталиш ти ,,другаркава,,!? Што викаш? Не се замарај девојко, која е она па да ти кажува ти со кој сакаш да бидеш? Ако е за тоа дека не те прашал за врска (дечково ти што го сакаш), ни братучед и не те прашал и сеа што праиме?? Плесни и го во фаца, не и ќути! Не дозволувај да те прави будала при здрав памет. А ти избери си со кој сакаш да бидеш и не се замарај дали ќе ти биде после другарка или не.
Многу ми е интересно тоа прашањето за "врска". Мојот сопруг никогаш не ме праша, веројатно не ме ценел доволно... а до свадба стасавме
Eеее порано се знаеше еден поглед и една прошетка во парк и оп одма дечко и девојка сте.. Сега се утепаа од е***е и не се знае на шо се..