Eпа не знам зошто се замарам, ама само ради глупост не сакам да ја отфрлам другарката, како и да е, престана да збори и за братучедот и за дечкото кој излагам. А кога ме праша таа што мислам за тој што и се свиѓа, и реков отворено дека е за никаде, и дека е глуп..за инат... смешно е ова, знам.. а прашањето за врска, ја не се замарам многу за тоа, но другарка ми има кажено дека и е глупаво да излага со некој, а да не и дечко, а мене ми е глупо малку нејзиното размислување, ама таа си одлучува за себе, а јас за мене...тоа е тоа.. фала на советите
^^ Ама сте пријателки НА НИВО! ''За инает и реков дека тој што го свиѓа е за никаде'' како и да е иако на сите ни се случило да се изгубиме , да ни треба некој да не потсети кои сме навистина..тоа се вистински пријатели, а не срце муце кисс,а уствари се мразите една со друга..во иднина обрни внимание кои се вистински луѓе за да бидат во твојот живот ваљда можиш да процениш. А за мувачот и брачедот е банално да се коментира.
Како прво, не ме познаваш, за да судиш каква личност сум, и дали ја сакам другарка ми или ја мразам.. да не ми беше важна воопшто немаше ни да барам совети, едноставно ќе ја игнорирав, ама не, и тоа и го реков само за да осети како е.... а и немораш да коментираш ако не сакаш, ја само побарав совет, а ако тебе ти е банално воопшто не си требала да губиш време со такви банални работи... сепак фала за твоето мислење, позз.
Значи вака, имам дечко заедно сме околу година дена. Првите неколку месеци беа едни од најубавите во мојот живот. Но сега некако последниве месец, два многу се караме. Нема да помине ден а ние да не се скараме дури и една ситница ке доведе до голема караница. Тој као ми раскина неколку пати ама демек само сакал поубаво да се однесувам со него не го мислел, и се смиривме. Ама работите некако не одат тој постојано ми вели дека не се однесувам добро дека не се трудам околу врската,но јас не правам ништо. Некогаш сум свесна дека претерувам, но тој постојано наога маани и кога сум и кога не сум добра. Незнам што да направам а го сакам и тој ме сака ама работите не одат вчера неколку пати во денот спомнавме: А да раскинеме? Тоа што го сакам ме спречува да раскинеме и самата помисла да го немам во својот живот, но од друга страна секојдневните караници и нервози се претерани и смачено ми е. Веќе неколку пати како еве да пробаме да бидеме подобри и сега сме така како ај подобро да се однесуваме, но скептик сум...
Решете се што сакате и двајцата. Или продолжувате заедно или раскинувате. Трета опција немате. Ако планирате да останете заедно, трудете се да разговарате смирено. Избегнувајте да спомнувате раскинување и гледајте работите да ги средувате што побрзо да не ви се завлекуваат со недели. Ако планирате да раскинете тогаш олеснете си и двајцата. Не се мачете недела смир, недела скар. Не иде. Патем во секоја врска има караници, не тече во секоја мед и млеко. Се е до вас, како самите вие ќе успеете да си ги средите работите така и ќе ви биде.
Се случувало да се караме ама сега не поминува ден без карање и невирање. Незнам, не сакам да направам грешка. Инаку фала на советите.
Вакви проблеми најчесто настануваат кога на луѓето им се здосадува... Немате што да си кажете и наместо тоа се карате. А до ова иди така што се слушате секој ден по 3 саати, ако не сте на телефон тогаш сте заедно, а пак ако не сте заедно или на телефон тогаш на ФБ. Секој ден... За врска да биде како што треба подолго време ова треба да се смени, оформете си животи настрана еден од друг затоа што во спротивно врската пропаѓа од сите кавги и расправии. Направете пауза ако мислите дека ќе помогне тоа иако сум лично против паузи во врски. Значи намалете контакти, гледање..не мора секој ден... се здосадувате еден на друг, немате што да си кажувате и тоа секогаш завршува со кавги пошто нели нема што муабет друго да се прави и останува да мислите на работи и сценарија кои никогаш не би се случиле или пак има мала веројатност да се случат и кои никогаш не би ги приметиле инаку.
Во теманата влегов баш за да дадов некој совет, не те познавам како личност немора да те повторувам.Но го искоментирав твојот проблем за тоа е и наменета темата, можеш колку сакаш да избегаваш и да не прифаќаш но факт е дека машко неможи да сруши вистинско пријателство. Вистинските луѓе кои се окулу нас не се третираат со инает се надевам ќе го научиш тоа некогаш, а ти бараше совет за МУВАЧ (неверојатно глупаво ми звучи зборот) и патем ја спомна другарка ти, јас само ти помогнав да сватиш кој тие вистинскиот совет.
Колку е само вистинаа, секој ден заедно и ден и ноќ, и на крај ќе го сретне со друга и ќе и каже дека не биле во врска туку на познатоотоо мување, хах. Јас и мојот дечко кога бевме на почетокот имавме прекин на врската од неколку месеци, но секојдневно бевме заедно само не бевме во врска, после 3 месеции така без врска го прашав на што сме, тој само ми кажа а тебе ова не ти личи на врска ? А ваквите работи на мување или е... не ми се јасни..
Значи тоа прашање за врска и мене ми изгледа смешно.И како може да не знаете на што сте? Мување си е мување,без обврски,гајле ви е еден за друг(што правите,каде и со кого одите). Зар тоа не се препознава.Инаку лично јас го препознавам ''тој'' дали сака врска или не,секако по однесувањето уште на првата средба. Мене ми е искрено ова глупаво да ме праша за врска,што демек ако не те праша готово не те сака и се заебава со тебе...абе ајде!Детски работи.А и што ако те праша,не значи дека ќе имаш којзнае каква врска со него.Гледајте го тука однесувањето,колку тој покажува дека ве сака и се грижи за вас,колку му значите во животот.Тоа прашање за врска е најмалку важно.
По мене исто така значаен факт е и тоа како се однесува со тебе кога е со тебе на само, и како се однесува кога сте во друштво. По мојата врска знам дека неговото однесување беше исто, не се одалечуваше од мене воопшто, единствена разлика беше тоа што не се слушавме постојано како предходно( на секоја минута) од тие 3 месеци имавме убава поука, не е се во фб и јавување на секој минут. Иако не знаев, т.с ме нема прашано за врска, јас убаво се чуствував, и мене ми беше убаво во тоа време. И подоцна само на сега си потврдивме дека сме во врска.
Секако и тоа.Инаку има машки што пред своето друштво можат да те понижуваат,иако не си таму. Инаку дечко ми не сака да разговара за врската наша со другарите,може да каже нешто да се пофали,но некои проблеми или сл.во никој случај.Тој пред нив секогаш се однесува како нашата врска да е мед и млеко(добро некогаш може да има проблеми,како и во секоја врска).Мене ова ми се допаѓа,што има сите да ги знаат деталите за мене и нашите разговори,нели е така? Инаку тој се однесува потополно исто со мене,било каде,а и јас со него. Дека ова прашањето за врска ми е смешно,може некој ќе рече не ја прашал па затоа така вели,искрено јас имам правено посериозни муабети со дечко ми,отолку тоа прашање за врска и сепак знам на што сум.
Можам да кажам дека во слична врска сум веќе 4 години, колку и да сме имале проблеми, имало и периоди кога и сме биле пред раскинување пред другите никогаш не е имало омаловажување и расправање. Колку и да сме биле во лоши периоди сме го прекривале пред другите. Што ми е битно доколку ме има прашано за врска и сме во врска доколку со мене се однесува како идиот? Имам познаници кои се во врска, ама како да не се, се кријат од секого. Тоа за мене не е врска. Подобро ми е да не ме прашува ништо, ама кога ќе сме во друштво да се однесува со мене како со девојка.
Доколку сака некоја феминка да ми помогне,епа вака: Уште на почетокот на летото другарка ми почна да ми кажува како на некој другар нејзин му сум се допаѓала, го прифатив на фб ми пишуваше но јас немав некои чувства зошто не го познавав лично.Дојде денот кога со другарка ми ојдовме во клуб каде што тој пушташе музика и се беше совршено,како да не се наоѓав на оваа планета.Потоа ојдовме кај него дома полно друштво и јас молчелива како и секогаш но се осеќаше огромна хемија.Помина уште една година молење од негова страна за состанок со мене на фб, но јас одбивав од причина што сакав стабилна врска, а немав во никој доверба.Но се случи да е кум на една свадба и ме замоли да го придружувам,ојдов конечно и се беше маѓичноо...прекрасно,бевме во врска,но наеднаш исчезна го немаше 4 дена, потоа од кога виде дека сум слободна се налути и не ми објасна, по некое време дознав дека бил во притвор јас знаев дека има проблеми со законот ама барем можеше на некој начин да ми кажи кај се наоѓа.Поминаа 7 месеци одкако се немаме видено, јас го игнрирав неговото пишење, а кога ќе се решев на чекор тој исчезнуваше,имаме правено муабет но секогаш е исто. Баш моментално му пишав порака Дали ме сакаш? и добив одговор ДА. Незнам што да правам.Го сакам.Што би направиле вие на мое место?
Како ти беше тебе во врската со него? Можеби за тие 4 дена не ти кажал од грижа да не го оставиш.Јас би ти рекла ако навистина имаш чувства кон него,да излезеш со него и да разговарате.И тоа навистина да разговарате,за тоа што чувстувате еден кон друг и дали воопшто сакате да имате сериозна врска.
Разговаравме баш вчера телефонски, и он ми рече што треба да направам за да се појавиш пак?! Му спомнав зошто гледам дека е активен со лајкови на фб и ми одговори дека животот тече, има полно девојки на светот но со никоја немал паднато на ниво да зборува за сериозна во врска освен со мене.Со него го врска ми беше неопишливо прекрасно, но се плашам да излезам со него, можеби пак ќе исчезне, можеби се што зборува не ми го зборува само мене. Единствено тоа ме спречва. Благодарам за советот Ане.