Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. siimii

    siimii Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    2
    Се смував со другарот на бившиот!

    Со еден бев во врска 1 година и 4 месеци после раскинавме. По 4 или 5 месеци тука некаде не е важно јас се смував со еден негов другар со кој се блиски ама така и така. Меѓутоа тоа беше слуќајно неиспланирано и ете се случи. И сега мојот бивши останавме во контакт тој дозна за тоа вчера и почна да ме навредува ваква си таква си и сега многу ми е непријатно а и почна другар муд а го навредува ече лицемер ваков таков и сега којзнае што ќе биде несакам проблеми поради мене а знам дека сум си виновна. Мислам дека не е во ред тие да се караат бидејќи јас и бившиот тогаш не бевме заедно, плус од лани ми се свиѓаше другар му уште ко бевме заедно ама не сакав ништо тои сепак си имав дечко, знаев дека ќе помине. А со бившиот раскинавме и тоа имаше доста добра причина тој призна дека за таа 1 година не ме сакал само сум му се свиѓала. И од ко сме раскинале сфатил дека ме сака. И после почна да се лигави одсекогаш те сакав ова тоа ЛАЖГО. И бидејчи и тој и другар му се од различен град денес ќе дојдат тука во мојот град оти тука учат и сигурно ќе се видат во ист интернат се којзнае што ќе биде. Само ич не сакам проблеми поради мене. Не знам какод а го оправдам ова, никој не сака д аме слуша :(
     
  2. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Кога ти си се смувала си била слободна девојка тоа е најбитно не се работи за превара.Бившиот ти рекол дека никогаш не те сакал(иако мислам дека те сакал, според лигавењто кога му си недостигала) но свесна си дека не си играчка и имаш чувства па да си игра некој со тебе сакам-неќам.Добро е што си раскинала со тој љубоморен психопат, и штом ти се свиѓал тој што си се мувала и ти него немаш за што да се грижиш.Заборави го бившиот како и да не постоел и свати дека што и да се случи не е твоја вина туку психата негова љубоморна.Stay cool.
     
    На siimii му/ѝ се допаѓа ова.
  3. moniii.s

    moniii.s Нов член

    Се зачлени на:
    18 април 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    ..

    ве молам совет дајте ми..имам голем проблем. Више една година се гледам со еден дечко,но уште на почетокот кога ме праша за врска јас тој период отидов на одмор,дента кога се вратив требаше да се видиме но ме фати со друг. Не бев свесна што направив а го сакав,бев лута зошто не ми се јавуваше додека бев на одмор и јас мислев дека ме вара и слично а кога и да му се јавев набрзина ме откачуваше..незнам како ама ми прости ама 3 месеци трпев се со цел да ми прости..кога мислев дека се е добрро дознав дека идел и со друга еден месец и ми тврдеше дека било за да ми врати јас му простив зошто истото и јас го направив..мислев дека се е едобро но тој стануваше премногу нападен и љубоморен.Ми кажуваше со кој да се дружам како да се облекувам кај да одам буквално се,ме нарекуваше со грди зборови и сеуште е така и јас се тоа трпам пошто го изварав со двајца и чувствувам дека сум должна ама неможам више. ме има удрено неколку пати секој ден е се полошо ми се заканува секој ден за најмали ситници ме контролира,не ми дава ни другари да имам и не е ова се ..ова е само дел. Кога и да му речам да прекинеме ми вика додека те сакам ке бидеш со мене и ми се заканува дека ќе каже се на моите ако не биде по негово незнам навистина што да правам..од една страна го сакам и секој ден иако го поминувам во плачење се надевам дека се ќе се смени а од друга страна сакам да биде крај засекогаш и никогаш повеќе да не го видам ..како и да е кога ќе пробам да ставам крај он ми се заканува и секогаш разговорот завршува по негово..едноставно мн. ми е страв од него ..помогнете ми незнам што да правам
     
  4. moniii.s

    moniii.s Нов член

    Се зачлени на:
    18 април 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    ве молам за совет..се гледам со еден дечко више една година ..на почетокот уште не бев свесна дека го сакам и го изварав,а со едниот дури и ме фати..3 месеци трпев секакви понижувања и навреди се со цел да ми прости и кога мислев дека се е добро дознав дека идел и со друга ..кога дознав ме убедуваше дека тоа го направил за да ме заборави мене заради тоа што сум го направила ама неможел и сакаше да се смириме..јас му простив зошто и јас истото го направив,.Кога мислев дека се е добро он сѕануваше се пољубоморен и понасилен . Ме контролираше буквално за се ми кашуваше со кој да се дружам како да с еоблекувам ме скара со најдобрата другарка и мн други работи..се трпев бидејќи се осеќав должна на некој начин..пред 4 месеци дозна дека сум била кај другари на моја другарка на кафе и работите мн се влошија од тогаш непрекинато секој ден се заканува ме има удрено неколку пати ..сега кога и да кажувам вистина не ми верува и цело време ми се заканува дека ќе каже се што знае за мене на моите и дека ќе ми го упропасти животот ако не биде по негово. во текот на оваа една година има дознаено мн работи што сум го излажала а исто и јас за него дознав мн работи.Пред два дена му го дознав пасвордот од фб и видов како на едно девојче му признава дека му се свиѓа. и уште на многу други девојки видов дека им се пушта..ме убедуваше дека било од досада и заради заебанција. Страв ми е од него дека нешто ќе ми направи и затоа секогаш го слушам..тврди дека ме сака ама премногу стана насилен и љубоморен..кога и да сакам да прекинеме ми вика додека те сакам ке бидеш со менеи нема друго..секогаш сака да биде по негово и незнам што да правам преку глава ми е више од некои работи и од таа претерана контрола а и незнам како можев да дозволам да ме удри мн пати..и сега секогаш кога нешто нема д абиде по негово ми се заканува дека ќе ме удри или ке каже за се на моите..од една стр го сакам и секој ден иако го поминувам во плачеље се надевам дека ќе се смени се а од др стр сакам се да заврши и да не го видам више никогаш. Знам дека ме сака ама ова е премногуу..Нвистина незнам што да правам кога и да речам крај се заканува а мене ми паѓа жал заради тоа што сум направила и викам добро и добро и никогаш не престанува ..помогнете ми ве молам
     
  5. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Никогаш, ама никогаш една врска не успева со лаги и уцени...си го повредила неговото машко его, неговите чуства но и тој истото го направил, можел најпрво да заврши со тебе да ти каже крај и да започне со друга, макар да успее или да не успее со таа другата, немаш ама никаква одговорност кон него, немој да трпиш да бидиш и психички и физички малтретирана, а и твоите да разбера дека си го изневерила не е крај света, не е твоја вина што си го изневерила, имало моменти кога те гушел, кога не се трудел доволно да те шармира па си го направила тоа, не не е ова оправдување за твојата постапка или некаква си утеха, земи седни со него убаво разговарај дека тоа повеќе што се случило е минато, ако сака да продолжи со тебе ќе го заборави сето тоа и ќе се фокусира на сегашноста, мирниот разговор решава се а насилството и уцените не решаваат ништо туку ги продлабочуваат проблемите.И те молам објасними убаво пошто сум малку приглупичок, какво е тоа многу сакање кога физички те злоставува? :^)
     
  6. moniii.s

    moniii.s Нов член

    Се зачлени на:
    18 април 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    mi vika toa si go zasluzila.:'( inace mn.pati sum probala so miren razgovor da go resam ova ama nemoze ...sekogas koga ke spomnam nesto za kraj mi vika dodeka te sakam moja ke bides..i sekogas razgovorite ni zavrsuvaat so zakani ..
     
  7. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162

    Зашто уште си со него,ако секој ден плачеш поради него?
    Страв ли ти е од твоите,да не дознаат?Па подобро седни ги и кажи им што е работата дека овој психопатов ти се заканува и раскажи им што си правела на крај краева родители се ќе ти простат сигурна сум што и да било тоа.Или пак седни ги и кажи им дека те малтретира и ти се заканува дека ако не си со него ќе им раскаже на нив измислени и лоши работи.
    Ако ти сакаш да прекинеш со тортурата има начин ,но ако сеуште го сакаш и после сите работи како на пример тепање и слично твое си е.Ама вака нема никогаш да бидеш среќна..
    И што и да си направила ти и он не е цвеќе за мирисање,кај те варал па уште и сега пишува со други на фб а си размислила уште којзнае што те има излажано а ти немаш дознаено?

    Имаш 15 години,зарем уште од сега да се нервираш за вакви работи?Баталувај дур е време,а ако продолжи со закани правец у полиција да го пријавиш или уште еднаш ако крене рака на тебе.
     
    На Safira26 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Не знам зошто се убедуваш дека те сака.
    Искрено Те мрази
    Бидејќи си го изневерила, гледа да те повреди на секој можен начин.
    Зошто да го трпиш?
    Згреши, го изневери, ама да те тепа?
    Кажи му на некој близок да ти помогни. Па дури и дома треба да му кажеш, имаш само 15 години.
    Некој ќе си прај што сака со тебе?
    Тој ништо нема да му кажи на твоите, само те заплашува.
    Избегнувај било какви контакти со него.
    Завршена е работата, исклучи го од животот.
    Ако те бара закани му се дека ќе ги викниш родителите и дека ќе го пријавиш во полиција пошто те малтретира.
    Ако имаш некој постар како сестра, брат , братучед, раскажи му се нив, дека те малтретира тие ќе се разберат со него.
     
  9. moniii.s

    moniii.s Нов член

    Се зачлени на:
    18 април 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    секогаш кога ќе решам да ставам крај почнува да се умилкува и премногу станува добар..и се му простувам.Одсекогаш е така..слаба точка ми е. колку и да мислам дека не ме.сака и дека со мене само од корист секогаш прави и најмали ситници што ме тераат да се премислам ;( 2 мои другарки знаат дека ме има удрено и ја знаат цела ситуација шо како...и ми викаат редно време е да ставиш крај..и јас сакам ама тешко ми е а и знам дека неможам зошто секогаш ми вика да не си ја отворила оваа тема со мене ќе бидеш додека те сакам и сл. Незнам само зошто и после се толку многу го сакам и немам храброст. :( можеби ќе можев нешто да направам да ги немаше сите тие разговори зошто има премногу работи што не треба да се знаат а моите ако дознаат ќе ме убијат .. дури и секогаш се тешам со тоа може.ќе се смени и ќе бидеме како сите другии ама џабе.. :'((
     
  10. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Како што ти пишав само де заплашува, нема да можи да се осмели да кажи нешто.
    Некој да те тепа, заканува, да те лажи и што не сака да прави и ти уште си го сакаш?
    Епа што бараш совет овде?
    Овде сите ќе ти речат да се тргниш од него, зошто се жалиш ?
    Ко не разбираш нека те тепа, е така остај го.
    Допрва ќе си прави што ќе му текни.
     
  11. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.015
    Допаѓања:
    33.861
    Пол:
    Женски
    Те удрил и ти си уште со него? Епа браво,јас да сум на твое место,ни лицето не сакам да му го видам,не па да му простувам..Добро ти рекле другарките,послушај ги,ќе му бидеш многу благодарна. ;)
     
  12. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    За да држи вода една врска,пред се потребно е почитување,после и љубовта од двете страни.Во овој случај вие тоа го немате.Ти него си го варала,зошто? Да му вратиш? Ова не е од љубов,ова не е сакање.Он те варал за да ти врати? Ајде бе вие на натпревар сте па ќе идете од крајност во крајност да видите кој е победникот.Викаш ти се заканува ,викаш ќе кажел се на твоите за тебе.По ова ти не си цвеќе за мирисање,а тој е далеку од маж кога кренал рака на тебе.Јас викам да им кажеш на твоите тоа што он го знае,за да не биде препукување и заканување.Штом сестро ти си дозволила да крене рака на тебе ,а притоа немаш кажано или изреагирано ,туку плачеш и дозволуваш јас ќе ти кажам едно нешто твојот карактер е нула.Не си ти животно па он да те удира,(мислам ни животно не треба да се удира,но земав пример само).Реагирај на време ,за да нема поголеми последици на тебе,ама гледам дека веќе почнале.Тргни се од него дур е време,дур си со жива глава.Не биди нечија марионетка.И да тој тебе воопшто не те сака,звучи сурово но после ова што ти го прави,не не не.Он е се само маж во вистинска смисла на зборот не.Смени ја оваа ужасна слика на твоето љубовно поле,за да нема фатални последици.НАЈСЕРИОЗНО.
     
    На moniii.s и fox.megan им се допаѓа ова.
  13. Safira26

    Safira26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    106
    А не мислиш дека ако на твоите има кажеш дека он физички и психички те малтретира, дека он ќе биде убиениот, а не ти? Едноставно е...ќе им кажеш дека он одамна така се однесувал со тебе и тебе ти било страв и срам да кажеш на најблиските, бидејќи од една страна си го дозволила тоа, а од друга дека ќе зборува невистини за тебе со цел да ти го уништи животот...твоите сигурно повеќе ќе ти веруваат на тебе, отколку на некој психопат (верувај вакви ги има многу за жал)
    Човек што постојано ветува дека ќе се смени, па макар и плаче додека ти го зборува тоа - НЕМА ДА СЕ СМЕНИ, напротив може работите да станат уште полоши (ова ти го зборувам од лично, а и туѓо искуство).
    Знам дека ти е тешко да ставиш крај и мислиш дека го сакаш и те сака, но не е така. Чим ти се заканува уште полесно е - телефонски кажи му дека е крај и закани му се ти дека он ќе биде тој што ќе настрада доколку проба нешто да ти направи, смени број, блокирај го од секаде и избегнувај ги местата на кои излегува...ќе го заборавиш и ќе бидеш многу посреќна било сама, било со некој кој заслужува. На крај краева, ти стави се на негово место...ако го сакаш, би му го правела тоа што он ти го прави тебе??? Ако некој те сака, се ќе направи за да бидеш среќна, а не да плачеш со денови и ноќи..Или исто и ти со оглед на тоа што си го изневерила...да си го сакала доволно и врската да ви била исполнета со љубов, почит и доверба, немало да го направиш тоа..но очигледно нешто фалело, а единственото што можел он да го направи откако дознал е да ти раскине, а не и да те малтретира!
    Девојче, тој нема да се смени, отвори си ги очите на време за твое добро! Твоите можат само да те заштитат, макар и да ти се налутат, нема сигурно да ти биде полошо отколку да останеш со него. Сепак ти си нивна ќерка и они со сигурност те сакаат повеќе отколку што можеш да замислиш :)
     
    На moniii.s и missfortuna им се допаѓа ова.
  14. moniii.s

    moniii.s Нов член

    Се зачлени на:
    18 април 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    mn.pati sum sakala ama sto ako im gi pokaze razgovorite..kolku i da odrekuvam razgovorot mu e dokaz :/
     
  15. Safira26

    Safira26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    106
    Не знам за колку сериозен разговор станува збор..ако сакаш пиши му во лп да смислиме нешто..можеби тоа не е толку сериозно колку што ти мислиш дека е..мислам дека ништо не вреди доволно да ти трпиш тортура..јас би идела на тоа мојот збор против неговиот, на пример, он ти го имал пасвордот од социјалните мрежи и те местел..
     
  16. Haritiela

    Haritiela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Незнам дали да го наречам ова љубовен проблем , само совет би побарала
    Одамна уште ми се свиѓаше еден тип , преку другар му го знаев само како изгледа , немавме муабет
    Пред месец дена го сретнав ама ништо не се знаевме најнормално си поминав
    Пред 1 недела случајно налетав на него на фб , го адднав , и ми пиша , се размуабетивме 3 саати , си фативме муабет.. Утредента станав ми пиша пак , после тоа 2 дена го немаше да пише , мислам му се јавив еднаш , му пишав неколку пати ама се онака ладнокрвно беше .. И вчера го деактивирав профилот пошо само висев и гледав дали е укључен (а испит спремам и хаос ми е се) .. и не се ни јави ни ништо .. И ме фати некоја криза пред спиење му се јавив , ама телефонот овој ме заебава нешто и мислев по грешка дека спуштив со уво , и му ѕвонам уште еднаш и ми се јавува , викам да не спиеш ? (пошо цело време си легнуваше у 4-5 и ми се испонаша у стил демек Па што да правам бе у 1 и пол ? спијам! и трак ми спушти
    И многу некако се осетив глупо како идиот , пошо првите 2 дена беше се океј , после почна игнор некако да ми мава кога му пишував , а преубав е типот значи...
    И сабајле му пишав порака , Извини многу за вчера што те разбудив , сакав да те прашам само дали да те будам за на работа да не се успиеш (пошо касно стануваше овие денови) . Имај убав ден ..Ништо не ми врати..а утре требаше до факултет да помине (мислам ке дипломира сега на ист факултет сме) и се надевав случајно дека ке го видам..
    После 2 години врска , дали јас незнам како да се понашам со машко првпат , дали машкиве се такви незнам..Што да правам сега? Да чекам да се јави , да пише...цело време од сабајле ако ми титне нешто телефонот мислам стигнала повратна порака ама џабе..Немам ни фб сеа за да може да пише..стварно незнам што да правам , криво ми е ако остане на ова типот е ептен убав..и на почеток мислев и карактерот му е ок , ама неможеш да процениш некој за 1 недела..
     
  17. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Мислам дека му треба малку простор, премогу ги форсираш работите како за почеток. Биди помалку напната, опушти се и дај му време тој тебе да те освои. Машките сакаат кога девојките се помалку пристапни, ги привлекува. Секако не сосема, дај му до знаење дека си заинтересирана, но овој начин е премногу.
     
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Додека те читам замислувам како од мила девојка со кикици, за два дена се претвораш во лудача излезена од хорор филм. :D Зошто толку форсирање, звонење во касни саати па будење да не се успие, деактивирање профил, а неколку дена само си пишете. Напорно е. Не можеш да очекуваш некој уште на почеток да се однесува озбилно со тебе како да сте во врска со години. Заборави ја претходната врска и навиките со бившиот дечко. Најинтересното го пропушташ.
     
  19. Haritiela

    Haritiela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски

    Дада јасно ми е дека усрав у сам старт , и криво ми е , ама бидна више , ваљда и дома дека бев цело време не искачав па ме тепаше некоја самотија , иначе не се пронаоѓам и ја у ваква улога да "напаѓам" некој...Ако се јави нека се јави ако не тоа е , поише памет нареден пат у главава моја :)
     
  20. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481

    Премногу си напорна.
    И јас да сум била на местото на дечкото, така ќе изреагирам.
    Нудеш му се на тацна, не оставаш простор за бидеш малку мистериозна, недостижна.
    Не треба веднаш секому да се отвараш, посебно не на потенцијален дечко од старт.
    Нема што да направиш, освен да... оледеш малку кон него.
    Ти има број, ако сака нешто повеќе ќе те побара.
    А ти концентрирај се на испитот и не размислувај наоколу ;)
     
    На Haritiela му/ѝ се допаѓа ова.