не само јас туку сите се симневаат дури у таткоми и браката таткоми ми рече ако те сака ке дојде јас едвај го натерав да дојде знаејки дека таткоми ке се налути ако не дојде изговорот му е срам ми е ке полудам и додека збори лаже му повторуважм ама не признава вели не не кажав така се уништувам ми вели најдиси работа не ме замарај а девојки не излага со другарите веке две год не шета го проверувам кога спие ама се лути многуже прави ненормална сите другари жу имаат по две девпјки ама шетаат он не шета како пред две години синојка се расправавме и му казав да не ме нара повеке сабајле се уби од звонје и ми вели јас кога звонам да се јавиш и се е мед и млеко добар е и ми вели чудно човече с,пред некое време останав на спиенје со него таткоми ми се налути кога ми се јави уште малку да заплаче многу ми падна тешко кога се вратив дома го излажав дека таткоми не е дома за да влњзе а таткоми беше дома и му рече ова не ми се свига ако сакаш да ја шеташ ках стигнеш земи си ја таткоми е многу строг не не му се налутив што му го кажа тоа затоа што не ми мисли лошо незнам што да правам...:'(
дури и сонот ми ксжува така сонивав мачки а тоа значело ке бидам искористена стварно веке немижам да си го губам времето не дека сум престарена но не би сакала да ме бираат а на дечкоми изгледа му одговарам зстоа што сум мирна и пи лечена како што ми има кажано ти си само за жена дома,тоа е времето не се врака мојата одлука е да му раскинам....
Мислам дека акаунтов на мирц е лажен.. Доколку не е, навистина ми е жал за тебе и најпаметно нешто ти е да му раскинеш, ќе најдеш подобар верувај ми.
ништо не е лажно само си ги кажувам проблемите и очајно барам совети незнам зашто мислите дека е лажен...
Tи ако самата не си свесна дека не треба ќотек да јадеш од партнерот,џабе ние овде ќе веземе....Mислам дека со твоите 22 години доволно си свесна дека ова што го пишуваш(ако е вистина) дека спаѓа во групата на психофизичко злостување(малтретирање)од страна на твојот партнер..да не речам изживљавање...затоа ако те боли и смета од постапките на твојот партнер,треба самата да си речеш стоп.Tој тебе ќутек ти него го сакам
Мирц ти си една голема будала ( без навреда ) што го трпиш тој неранимајко. Толку да не можеш без него, абе ајде. Сите сме поминале низ слични ситуации па сме пребродиле, издржале што се вика. Од др. страна ти се плашиш да не останеш сама и од помислата дека навиката кон него ќе ја нема. Самата се јадеш себе си психички. Не те родиле тебе дома за тој да те малтретира. Јас да сум на твое место би ставила крај еднаш засекогаш.
Сама се праша и сама си одговори. Не те сака, има друга и се срами од тебе, односно само те користи. Мислам дека е време да покажеш малце самопочит и да му ги удриш клоците.
ми треба совет но не сакам да споделам вака јавно, која може/сака да ми пише во лична порака да и ја кажам маката, зошто ќе прснам од нервоза, ве молам
Ахх еве го мојот проблем! Мојот дечко и мојата најверна другарка се на ист факултет и во последно време се поблиски во смисла на тоа дека си помагаат за лекции, задачи и такви работи. Јас немам ништо против тоа мојата најверна другарка и мојот дечко да се во добри односи, ама ситуацијава ме плаши, што ако излезе од контрола? Воопшто не сакам да разговарам со нив двајца на оваа тема, затоа што знам дека на дечко ми ќе му делувам како љубоморна и ќе испадне дека го гушам и не го оставам да се дружи со кој сака, а на другарка ми не сакам да и дадам до знаење дека ја сметам за (колку и да ми тешко да го кажам ова со оглед на тоа дека ми е многу блиска) конкуренција. Освен тоа ако им направам муабет знам дека ситуацијата ќе биде многу незгодна и официјално, дури и да нема никаква причина или потреба за тоа, ќе направам триаголник.. Не ми смета нивното дружење/помагање, иако покрај толку време поминато со нив двајца, мислам дека не би се осмелиле да направат нешто што ќе ме повреди, само не сакам да станат премногу блиски! Како да се справам со ова..? :/ И не знам колку ќе можете да ми помогнете за ова, ама вакви ситуации поврзани со дечко ми ме прават многу несигурна и самодовербата ми паѓа на нула.. не се осеќам воопшто убаво
Зошто не разговараш со дечко ти? Мислам не како за кавга само онака смирено... Не да почниш муабет со "Што правиш ти со нејзе цело време" туку кажи му смирено како се осеќаш. Нема причина да криеш пошто ако криеш сега, по некое време ќе ти се смачи и тогаш сигурно ќе биде полошо. Најлесно се решаваат проблеми со нормален разговор, а не кавги
Искрено да ти кажам дека доверба целосна не треба да имаш во никого.Не сакав да коментирам,ама на моја блиска особа најдобрата другарка и го презема вереникот. Кога постои преголема блискост,може да се појават емоции.Не велам дека твојот случај е таков,ама не е на одмет да преземеш нешто.
Ке ти кажам мој пример. Мојот бивши и една моја познаничка да не кажам другарка беа многу блики во школо (тогаш бевме средно). И јас му верував и не сакав да правам љубоморни сцени, и си помагаа со учење и во школо седеа заедно, и проблеми љубовни си кажуваа. А јас добрата девојка за да не испаднам љубоморна и дека го гушам си траев (а ми сметаше, МНОГУ). И што и испадна, кога раскинавме јас да дознаам дека таа уствари била заљубена во него и дека ме изневерувал со неа. Башка еднаш ги видов, одкако раскинавме како си се качуваат заедно во стан(кој е празен, не живее таму). Зборот ми беше. Испитај ја ситуацијата, не биди наивна. Немој да избувниш одма, туку тивко прати што се случува. Можеби и стварно нема ништо, следи и како се однесува. И не верувај на никој, има многу покварени луѓе на светов
Вака да ти кажам од искуство, нема другарство, немој да веруваш слепо. јас имав другарка 13 години, ни сонот не не делеше, раката во оган ја ставав за нејзе. кога она да му пишува на мојот сегашен дечко, ке речете вие што има во тоа да му пишува, има и тоа како. не можеше никогаш да се случи она да се пишува со некој мој или да го види а да не ми каже, исто и јас, немаше шанси да пишувам со некој нејзин да го видам а да не ја известам, така да има многу .. остај тоа туку муабетите со SPANKING и други работи што не се нормални. башка ако немала што да крие би ми ми кажала, вака вака се зезам или слично.. не верувај во никого..
Една моја пријателка, среќа никогаш поблиска другарка, му праќаше слики на еден дечко мој по гаќи. Левото на десното око не му верува. Ако решиле да те зезаат зад грб, се е џабе, последна ке дознаеш. На твое место, ке и наместам дечко на другарката.
Здраво девојки ... штотуку ја раскинав мојата 6 годишна врска. Едноставно не можев повеќе, се гушев. Имам премногу работи претрпено и простено и веќе преку глава ми дојде од се. Се започна откако ме изневери и јас му простив. После тоа никако неможев да се вратам во колосек и довербата ми падна на 0 %. Освен тоа често си наоѓав разговори на ФБ со други девојки, каде им се додворува. И тоа го простив. И сега последен пат најдов разговор со девојка на ФБ кај што дознав дека и ѕвонел на телефон ,а и да не заборавам неговиот изговор беше дека не ѕвонел тој туку "другар му" . Сега ме моли да се вратам, као демек ќе се сменел и дека немало ништо само општи муабети биле и дека ме сака премногу и плаче на телефон, Teшко ми е да поверувам во сето ова особено после сите лаги во овие 6 години. Премногу ми е тешко неможам да се помирам и неможам да преболам немам сила веќе... незнам што да правам ... се чуствувам изгубено ..