многу добро те разбирам и јас сум во долга врска и го претрпев тој пекол наречен ИЗНЕВЕРУВАЊЕ!! пред да се случи тоа на фб му наогав мнугу скриени разговори и секогаш имаше изговор за се откако дознав што се случува ми се сруши светот се изгубив целосно , но решив да му дадам шанса и од тогаш работите се поинакви како д а е друг човек иако секогаш кога ке се скараме секогаш му ја спомувам грешката што ја направил и знам дека за се што прави ке се сомневам но тоа е што е...
Најтешко од се ми е што не ме остава на мира. му кажав дека е крај и постојано ѕвони постојано пишува а тоа ме боли премногу. Ми бара уште една последна шанса да ми докажел дека ќе се сменел дека се ќе било супер и најубаво а јас се плашам да не потклекнам на тоа... не му верувам воопшто... не верувам ни во љубов веќе...уништена сум
Ти кога си поминала низ изневерување можеш да поминеш и низ оваа,но јас не би те советувала ако си 100% сигурна дека тој оди наоколу со други девојки и пишува,ако не се сменил после изневерувањето нема никогаш да се смени мој совет е да најдеш цврсти докази дека тој не се менува и да му раскинеш,затоа што подоцна можеби ке се покаеш можеби тоа е само твоја недоверба спрема него.
princess92 тој во 6 години не ти докажал каков човек е сега бара дополнително време за да се менува. Кај го има тоа?! Нема да се смени да знаеш. Варал - си простила - не се сменил. Пишувал - си прослтила - не се сменил. И вртел - не се сменил. Е кога ќе се смени? Не си праи Бајрам на умот. Човекот си сака да си шврља и тоа е тоа. Нека не те вози дека ќе се сменел. Така да можел да се смени, ќе беше сменет до сега. Ако му се смириш да знаеш дека следно ти е да го начекаш во кревет со некоја, барем биди си спремна.
Тешко е, но ако и овој пат му дадеш шанса, ќе му дадеш до знаење дека секогаш ќе му простуваш, без оглед што ќе направи и пак ќе си продолжи со истото. Бидејќи, ќе биде сигурен дека после извесен период на молење ќе попуштиш и се` ќе биде како порано. Но тој, за жал, нема да се смени. Штом во период од 6 години не се сменил и барем еднаш не докажал дека си во право што му простуваш, од сега ич. Ако сега се смирите, ти ќе бидеш таа која ќе биде најмногу повредена. После ќе ти биде уште потешко.
Јас искрено се дивам на истрајноста на девојките што простуваат неверство , мислам не знам како можете пак да легнете со тој човек . Мене искрено некој би ми се гадел кревет да сум делела со него и добро и зло и да ме предаде на најлош можен начин.Не знам како вие ги сфаќате врските ама јас ги сфаќам како микс од пријателство и љубов, значи јас пријателите не би поднела да ги изневерам а не пак човекот кој ми е пријател и партнер во исто време.Тој толку да се покајал откако те изневерил штом почнал наголемо да се удвара па и да ѕвони. Ти девојко не си простила 1 неверство си простила 101 фигуративно кажано.Оти не знаеш дали било само тоа чим пишувал и ѕвонел на други девојки во најмала рака постоела можност за потенцијално неверство а да не зборуваме за психичкото кое е уште полошо.Како тоа немало ништо општи муабети ? Па што има дечко во долга сериозна врска и општи муаети да прави со девојки кои не му се ниту роднини ниту другарки.Ти треба да не можеш да се помириш што си му простила и залудно си трошела време со таков човек а не тоа што сте сеа разделени.Најдобронамерно ти кажувам , јас да сум на твое место не би сакала здраво со него а не пак да му се смирам, се разбира ако за цело тоа време ти си била чиста и не си направила ништо што не треба да направи девојка во врска.Ако се е чисто од твоја страна , биди фер сама кон себе и продолжи си со животот , сакај и биди сакана во вистинска смисла на зборот со вистински човек , а е со некој што 6 години му биле малку да се докаже ,па сега ќе се менува.
Ах, уште еден клише проблем. Ја стварно не можам да разберам како успеваат потпросечни копиљаци да ве вртат околу мал прст како сакаат. Сите мажи со истиот изговор, „другар ми“, ќе се сменам... па вртење со денови, недели, месеци и тоа додека си оди дома после некоја курва у Привилиџ. Аман од клишеава. Туку, ај ти Принцес, мене реши ми го проблемов, помогни ми плиз... со девојка ми сум 4 години и последниве година и пол, цело време и се гаси телефонот кога е излезена. Ми вика батеријата и била за никаде, ама не сака да и` купам нов телефон. Секогаш си легнува у 10 и станува после пладне, ама секогаш била многу уморна и и` се спиело ми вика. Мислиш дека ме изневерува, ја мислам не, што да правам? п.с. Имаш 22 години. Најубавите години си ги потрошила на сељак кој не те заслужува. Ако не се сакаш себеси, потроши ги и следните 6 на него.
Од неодамна излегов од едногодишна врска и мн ми е тешко. Но реков да продолжам напред. Случајно на нет, на чат за запознавање се запознав со еден. Се започна од едно здраво. Се допишувавме, си разменивме бројчиња, се слушаме на тел. Проблемот е следен. Тој е многу постар од мене 11 год. Тоа за мене е премногу. Ми се допага кај него што е искрен, добар пријател. Карактерот мн ми се допага, но не и физичкиот изглед. А и од различни градови сме. Тој вели дека може да дојде тука да одиме на кафе. Велам и мислам дека е искрен, ама како да бидам 100% сигурна кога не го познавам доволно? Тоа што е од друг град не ми пречи, но не ми се допага физичкиот изглед (не велам дека е грд, напротив, ама не е мој тип). А и во мислење ме стави тоа што ми го кажа. Имал девојка, исто врска на далечина и додека биле заедно влегувал на чат, а таа знаела. Како тоа тој можел да се запознава со девојки додека има девојка? Ако било така со неа, така ке биде и со мене и со било која друга. Не знам што да правам, дали да се запознане или не. Се плашам од разочарување. И не сакам повторно време да си губам со некоја будала, доста ми беше од тоа. Некој совет?
Има девојка,не ти се допаѓа физички,што му ја мислиш? Не е последен на светот. There are plenty more fish in the sea.
Од каде ти е тоа дека има девојка? ИМАЛ девојка, минато време, раскинале есенва. Не одам со зафатени.
Што ти се допаѓа кај него? Градот од кај што потекнува, ти се допаѓа ли? Можеби е женет, можеби е разведен со деца, можеби е некој манијак, можеби сака времето да си го помине онака! Тука има многу можеби, а јас не знам зошто воопшто бараш совет ако и не ти се допаѓа.Ти повеќе ги опиша неговите негативни страни.Батали тоа, не е време за online врска, освен ако немаш 16 или 18 години.
Ми се допага кај него тоа што за разлика од минатиот кретен со кој што си потрошив една година, овој барем ме почитува како личност, како женско, ако ништо друго. И да е разведен со деца, па што? Што има тоа врска? Важно е да е искрен, да нема друга во моментов. И градот ми се допага, да.
E ова ни мене никогаш не ми било јасно. Очигледно сите имаме некоја различна дефиниција за љубовта и врските. Јас не дај Боже да дознаам дека дечко ми ме изневерил и после сето тоа да го гушнам, да го бакнам, да имам односи со него, па подобро ќе се фрлам од некоја зграда отколку тоа. Ќе ми биде гадно што ќе го гледам, што воопшто ќе ми збори, едно здраво на улица нема да сакам со него, а не па да правам работи кои претходно сум ги правела. Навистина не сфаќам зошто простувате толку многу работи. И каде воопшто наоѓате вакви сељаци. Најискрено. Ама девојките си се криви, и во тоа никој не може да ме преубеди. Си нашол некоја што ќе му простува се' и ќе си прави што си сака. Тоа е тоа.
Добро е тоа што немаш предрасуди за брачната состојба, ако вооптшо имал таква претходна. Но сепак, ти ништо не знаеш за него а тие работи не се разговараат online. Затоа подобро е нешто реално во животот, некој што постојано ќе можеш да го гледаш.
Мислев дека сте се запознале додека имал девојка,се извинувам. Ама како и да е,ако одиш да се запознаете,ќе ризикуваш многу.Постар е од тебе 11 години,а не можеш да знаеш каков карактер е.Луѓето виртуелно се претставуваат толку добро,што изгледаат без мани. Ти препорачувам ако сепак одиш да го запознаеш,пред тоа да се распрашаш низ неговиот град што човек е.
Е де, не се возбудувај одма. Може со поинаков тон да кажеш, во случајов да пишеш, ќе разбереме ние. Не знам воопшто што ти е проблемот. Како што разбрав не ти се допаѓа физички. И сама напиша ти се допага тоа што е искрен, добар пријател.. Значи ти се допаѓа на пријателска база. Колку и карактерно да ти се допаѓа, ако ја нема онаа физичка искра, џабе е се. И на крај на краиштата, којзнае каков човек се крие зад екранот. Сепак, може да се запознате како пријатели, не мора одма да започнете врска. Едно пријателство плус, не е на одмет. Спојлер Или си очајна по прекинот, па би била со првиот кој ќе го запознаеш на нет?
би те советувала да продолжиш да контактираш ама расчисти со себе си,ако не ти се допаѓа изгледот на дечково мислам немој да мечтаеш за нешто појке зш понатака ке ти биди тешко зш немат да те привлеквит сексуално..останите си другари,барем ова е моето мислење..позз
Tоа што си излегла од една неуспешна врска,не значи дека треба да влеташ во друга,без да го запознаеш човекот.Tи уствари не ни знаеш во буквална смисла со кого разговараш за сето ова време...Kарактер по телефон не се проценува,ете гледаш година дена си била во врска (значи ти требало време за да го запознаеш неговиот карактер и да сфатиш дека како го нарече дека е кретен)...Hормално дека по жица ќе ти продава пуфки,ами како ќе те прелаже(малецки ќе ги лаже по чет-ови)....Oд каде да знаеш кој е и што е...дај реално размисли :geek: ,малце ли психопати има во светот ...синкир толкав голем стискавец те фатило за дечко,па ти е хитно на чет да бараш???.излези дете надвор,дружи се ,па во живо ќе си запознаеш некој што навистина ќе ти се допаѓа.Hе си ставај трн во здрава нога
А од кај знаеш дека те почитува, кога сеуште не сте се сретнале, не сте направиле разговор во четири очи, не сте си споделиле лични работи, не сте имале баш никаков физички контакт? Од кај знаеш каков бил со претходната девојка а каков ќе биде со тебе? Зошто навлегуваш толку длабоко во врската со некој, кога врската не ви е ништо сериозно ниту искрено, се додека не се сретнете? Едноставно-што се замараш толку? Договорете се да се видите на кафе, на некое јавно место ама не му откривај работи за тебе, како што се адреса, домашен телефон и сл.,зашто од кај знаеш каков манијак би можел да излезе. Значи, напишав-може, а не дека ќе биде. Треба да си оставиш простор за се. Затоа не треба да се залетувате многу со тие чет виртуелни врски и да мислите дека од допишување ќе прозлезе љубовта на вашиот живот. Можеби по средбата ќе се случи и тоа, ама дотогаш, не летајте во облаци, приземјете се.
имам дечко,одлична врска само што на моменти дечко ми како психички да ме малтретира.. на моменти е многу нерасположен и во тие моменти мене колку и да ми бил прекрасен денот морам и јас да се онерасположам..и се караме за глупости затоа што е премногу љубоморен и си праи некои филмови во глава незнам ни јас што.. еве баш сабајлево ми се јави си зборевме се убаво се смеевме и ми вика: многу ме замараш со глупости и јас онаква цела и му викам: добро нема да те замарам повеќе. и он ми вика: како мислиш нема? (знам дека си помисли он кје му раскинам) и му реков: со глупости,нема веќе ништо да ти кажувам така му реков. и после некое време пак зборевме и ми вика:и баш приметив во последно време како да ми криеш нешто.. А кутрата јас кај и да идам му кажувам, дома што сум правела му кажувам абе се, сее Му кажав дека многу ме повредува со ова. И неможев повеќе да зборам,затоа што додека го зборевме ова си плачев тивко да не ме примети.. и му реков неможам веќе ајде да прекратиме да не збориме веќе .. и он во овие моменти се понашаше добро ми викаше нешто немој да се нервираш срце ова она јас ќутев само и така спуштивме му реков ќе му ѕвонам само да го откачам и еве уште му се неам јавено.. он е предобар со мене ама на вакви моменти како да стои пред мене сосема друг човек,злобен,болно љубоморен. јас на вакви моменти планирам и да му раскинам, затоа што мислам дека ќе прснам од нервоза. А се сакаме и двајцата ама ете тие моменти што прават......... Kако би постапиле вие?