Вака женски имам еден проблем... Со дечко ми сум скоро 5 месеци, ама он премногу ме засака и незнам некако почна да ми смета тоа шо ме напнува, цело време ми кажува колку ме сака, ме моли да излеземе, а мене некако досадно ми станува, се е тоа па тоа, истите места, истите муабети, се понаша премногу детски ( уствари и дете е 16 год е ), некако и глупаво размислува. Разбирам и јас сум уште детенце, ама каде каде поинаку размислувам од него, разбирам јас дека машките покасно созреваат, ама сепак...На почетокот мислев дека ми е сродна душа, премногу го сакав, а сега некако се оладив. А сите ми викаат да не правам глупости, да не избрзувам, срцки сме биле заедно, најубав пар, премногу бил добар итн. Е сега има уште еден, си пишуваме, знае дека имам дечко и дека го сакам и му реков дека нема да го изневерам дури 3пати му го потенцирав тоа а и дека го немам изневерено и сега детево ме чека да му се скарам. Постар е од мене, 18 год. е и некако ги има тие особини шо ги нема дечко ми, а и малку љубоморен е, а мене ми се свиѓа тоа оти дечко ми можеби се грижи и не сака да ме изгуби ама не покажува, а и романтичен е, а дечко ми на моменти знае да биде патетичен и + знае да ме праша како си, како си помина, што правеше, а мојов ретко да му се случи такво нешто. Еднаш му се пофалив дека освоив второ место на еден литературен натпревар и ми рече само"ахм..". Од една страна сакам да си останам со дечко ми оти ако му раскинам знам шо ќе стане со него, и ќе го сожалувам и ќе го засакам повеќе. А пак од друга страна преку глава ми е од врски и триста глупости... А од трета страна сакам да бидам со детево... Знам дека ќе ми речете дека хормоните ми удриле во глава и незнам што сакам, ама верујте ја ова и самата го знам. Совет?? И се извинувам за долгиот пост и за тоа што ме ислушавте (прочитавте)
Богами навистина те удариле хормоните во главата. (се шегувам) Седни,разговарај со него,стави си ги чувствата на една страна.Не е убаво на никој да му се дава лажна надеж..Размисли како би ти било тебе така да ти прават.Ако не го сакаш,кажи му отворено.
Прекрасна 2 годишна врска, по цел ден заедно-преголема љубов... Ќе оди да работи во странство.... Како да го спречам, не можеме и двајцата еден без друг, ќе се разболам....
Ќе оди да работи за подобра иднина за вас а ти сакаш да го спречиш... Што сакаш да остани тука со тебе без работа? Не биди себична, не му го запирај патот. Постојат авиони, автобуси - скајп и други програми. Има многу врски на далечини, ако ви е јака врската - ќе успее.
Хех, супер нормално ти е и размислувањата и чувствата. Немој да мислиш дека ти не чиниш, хормоните ти удриле и тоа е добро, треба да ти удрат во тинејџерски години и нормално е да не знаеш што сакаш, зашто и не може да знаеш сега што сакаш, сега осознаваш што сакаш. Мој совет, ако сакаш совет од не-девојка е да го оставиш дечко ти помалиот и да видиш што има да понуди новиот. Нема да го омажиш ни првиот ни вториот, па направи си го меракот. Единствено би те советувал да не раскинеш и почнеш со новиот истиот ден. Остави барем една недела, биди човечна.
Yeeah душиче мило, дали си сигурна дека тоа на сликата си ти? Навистина ли имаш 19 години како што кажуваш? Гледам дека си ја постирала сликата во друга тема и си се пофалила за твојата коса, и не да не ти верувам, туку сигурна сум дека тоа не си ти. Јас би ти препорачала најдобронамерно да престанеш да се претставуваш како девојката на сликата, да се китиш со туѓи перја и да поставуваш слики што не се твои како во темата “Вашата коса“ за да на крај не останеш без ниту едно влакно на главата.
Тој веќе одлучил да оди не го запирај,ќе работи за подобра ваша иднина и размислувај позитивно што ако те повлече и тебе кај него па да си останете таму за стално ? Ако љубовта е толку силна и вистинска ќе издржите и двајцата јас ти го тврдам тоа,далечината не е никаква пречка за вистинска љубов
Пред некое време истото ова и го кажав на една форумџика погоре, ама ете не било така лесно... Не сакам да го повредам ни едниот ни другиот, е ај сеа.. Сепак фала
Па не знам, страв ми е да не дојде до неверство од негова страна, не е таков човек, ама знаете има мал сомнеж.... се плашам да не се скараме за глупости и да раскинеме A и не можам така толку време без да се видиме... не се издржува
^^ Знаеш ли колку е тешка работата во странство? Не верувам дека ќе оди и ќе седи кај некој роднини па ќе го стават директор за 3-4 месеци и ќе ужива.Тој ќе биде таму сам (во туѓ град) и напорно ќе ринта, ти ќе бидиш единствената што ќе можиш да го опуштиш преку скајп или телефон 21 век сме.За неверство можел да го направи и овде ти си знаеш со каков човек си имаш работа, ако љубовта вие толку совршена нема потреба од грижи,хистерии од твоја страна и параноична љубомора од твоја страна предизвикана од далечината.Само смирено...и се ќе биде во ред.
А колку е тоа многу време без да се видите ? Се се издржува верувај ... Ако сакал да те изневери и тука ќе го направил тоа така да не мисли на неверство. Спојлер Еве колку да те утешам ќе ти кажам нешто за мене Имам врска на далечина океј не е надвор од државата но сепак сме далеку.Веќе 3ипол години врската ни функционира преубаво без никакви недоразбирања и сомнежи. Неможеме еден без друг иако сме толку многу далеку.Среќна сум што во оваа време има повеќе работи кои ни олеснуваат да функционираме така пр скајп фб телефон... Најважна е довербата и пак ќе ти кажам доколку љубовта е вистинска се е можно и издржливо колку и да изгледа тешко
ц,ц зарем не ми верувате? па зошто би се фалела јас со други девојки? што би добила со тоа? оф.. немам коментар стварно,еднаш кажав еве уште еднаш ќе кажам кој сака нека верува кој сака нека не верува.. позз
Како да дознаам дали ме изневерил или би ме изневерил ? Во врска сме 1 год, јас воопшто немам доверба во него. Се мислам дека ке ме изневери, и исто така се сомневам дека ме изневерил. А никаква причина не ми дал за тоа. Не можам ноќе да спијам. Како опсесија ми е тоа. Каде е, со кого е, што прави. Мислам се дека ме лаже. Вечерва ке оди во дискотека со еден другар. Така ми кажа. Е сега, дали ке бидат сами, што ако и се додвоорува на некоја таму, што ако се запознае со некоја, што ако се смува со некоја ? Сано плачам и се нервирам.
Мислам дека љубомората ти е постојано во подсвеста и поради тоа тешко дека ќе можеш да стекнеш доверба...
Никако не можеш да дознаеш. Aко е доволно способен ке те изневери и нема да си дознаеш. И дај олабави се малце, искочи и ти со другарките, прошетај малце. Не го гуши човекот. Па и да не сака да те извара ако го притискаш ке те извара, а може и да стави крај на врската. Немој да плачеш ти, остави ги нив да плачат по тебе.
Значи вака имам дечко во врска сме 2 години, разлика сме 5 години. На почетокот беше се супер да кажам до првата неполна година, но подоцна се се смени. ЈАс се сменив т.е. не сум каква што бев сакам да се слушаат и моите зборови, не само неговите, сакам да имам свој одлуки да правам работи за кои нема да морам да го прашувам нон-стоп дечкоми како на пр.дали можи да одам со другарките во кафич, или слично јас ги имам годините кога сакам да прошетам да видам нови работи не сакам само да седам дома(фејзбук немам), на уцилиисте, на вежбање и со него... за тоа за на вежбањто требаше да се испокарам незнам колку дена за да се согласи да одам велеше ќе имало проблеми не знам што и на крајот испадна како јас што му велев, значи буквално за се со него морам дасе карам за да се согласи не можам веќе и за колку работи се нема согласено како на пример за 1ви мај не ме пушти... сега за на лето за со другарките сакам да одам и за тоа се карав не знам колку пати за се се согласи... од се прави кавга за мало повишување на мојот тон од гласот прави кавга за секоја мала караница сака крај...а јас што и да побарам од него да се смени не се менува си тера по свое а јас за него се имам сменето за 1000 работи. Знаете кога со некој нон-стоп се караш за ништо не се сложува со тебе не те прифаќа таква каква што си и сака за се да те смени ти се смачва иако знаеш дека на почетокот бил добар и ред други работи тоа ме држи сега во врска иначе до сега ќе му речев чао плус љубовта кон него ми има оладено многу...само што не смрзнала повеќе не ми е грижа за него повеќе не чувствувам никаква љубомора ни трошка, како се да е ладно и се чувствувам како да сум во брак 10 години и се се оладило и ова е само навика...ке ме прашате епа тогаш зошто си со него? кога љубовта повеќе ја немаш јас ќе ви речам па затоа што сум со него 2 години и 3 месеци и некако ми е навика а и со моите го имам запознаето и тие го заскаа но си велам ако мене не ми оди и не сум среќна со него и во брак да сум ќе се разведам моите треба да го прифатат тоа. Пред некои ден се запознав со едно дете многу е убав што би рекла јас како цртан е и мирен е не е некој да се прави кој сум јас се гледа дека му се допаѓам правиме зраво иди на вежбање заедно со мене иначе...некни му бев на натпревар исто така тренира и раомет, многу ми се бендисва...сакам да излезам со него да се запознаам мислам дека има женска но не ми изгледа дека е заљубен многу многу...му кажав дека имам дечко и дека не ми оди т.е. ни се гледа краот не рече ништо. Сега кажете ми што да правам јас во животот имам научено дека додека не се фатам за друго гранче да не го испуштам тоа за кое што се држам... затоа си велам да излегвам со овај ако не ми се бендиса карактерно и ме гледа за корист да му речам чао пријатно, но ако гледам дека ме цени и сл. тогаш ќе му се скарам на дечко ми иако го сакам...немам друг избор вака не можам повеќе... си велам а што тој ако е полош и после да се каам што му се скарав на овај.... и кажете ми како на најубав начин д аму се скарам на дечкото без да ме замрази и дали боопшто д аму се скарам. И како да му го освојам срцето на тој што го бендисвам кога сум покрај него срцето ми скока хахха ккао да го освојам ве молам за помош!
Сама си прашала, сама си одговорила, штом животот така те научил, тогаш не се испуштај од гранката на која се држиш, дур не се фатиш за другата.
Девојко ај чукни си ја малку таа глава,кој дечко би ти дал ма на тебе да искачаш сама по кафичи и разни други работи? Никој или освен на некој што не му е гајле каде одиш и што правиш,ама тоа веќе нема да значи дечко.Или пак тебе почна да ти шета газот наоколу па сега ваков е дечко ти,таков е. Преку глава ми од таквите како тебе.Или раскини и не се влечкај со години ако знаеш дека не го сакаш или имај врска како што треба.Помош за освојување не ти давам,зошто ни најмалку не те подржувам до тоа што го правиш.Навика и било,па што мајка бараше толку време со него,а? Сега фино лепо да му раскажеш се,па после оди и што сакаш прави. И ти кажав и пак ќе ти кажам кој сакаш фати го,никој нема да ти дозволува да си шеташ така наоколу,на обични прошетки со пријателки колку да се видите никој нема да ти забрани,ама по кафичи нема шанси.Тебе убаво ли ќе ти биде да знаеш дека постојано е излезен и нему му се допаѓа друга? Не знам што да ти кажам,совети за освојување не ти давам само тоа. И повторно ме нервира ова што го читам,си ги имала годините,е и што ако ги имаш годините треба сите да ги поминеш ли што?Нови работи можеш и со него да видиш и правиш.Затоа ти нема оправдување. Лажна надеж не давај никому.