Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Schmetterling4

    Schmetterling4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Victoria31, не сакам ни да ти судам нешто или да ти проповедувам тука, но треба малку да замислиш.Зошто си со дечко ти бидејќи го сакаш и сакаш да бидеш со него или само за да не бидеш сама? Ако ти искочи некој подобар одма ќе го откачиш? Мене тоа не ми личи на љубов, и подобро и за тебе и за него да раскинете, не му го троши џабе времето на детето.По постов единствено нешто што заклучив е дека тебе ти е важно само да не останеш сама а не е битно со кој ќе бидеш, битно да не бидеш сама.Тоа многу кажува за личноста. :!:
    А за претходниов коментар на Anne15 се согласувам со се што кажа освен тоа за искачањето.Каква е таа врска во која нема дечкото доверба и еве пример не можам ниту еднаш во неделата да си дозволам да искочам со другарките???? Не викам јас секој ден или по цели недели да си искочена со друштво ама мислам дека на сите ни требаат тие искачања без дечковците еднаш неделно барем ако не повеќе.Што ако фатиш дечко треба цело време со него да бидеш, да неможеш ни едно кафе да испиеш со други?Доверба, една врска многу зависи од довербата.
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    ?????????????????? :?: :^) :o :tmi: :x :worried: :fubar: |( Се читаш ли ти девојче што пишуваш? Како ја замислуваш ти една врска? Со седење дома, ништо не правење, откажување од целиот свет, само ти и тој, ти го чекаш дома да се врати од шетање, додека тој си го прчи по кафичи? Кој век сме па да не смее девојчето да излезе сама со другарки? Кој век сме? 19? Нема ама баш ништо лошо ако девојката си излезе сама со другарки на едно кафе, или една вечер само со другарки. Ама баш ништо лошо нема.

    И да ти одговорам на прашањето кој дечко би ја пуштил девојката сама по кафичи. Еве дечко ми мене "ме пушта". Да, секаде "ме пушта", и јас него секаде "го пуштам". Такви сме си ние, така си правиме, се пуштаме секаде. :D И некој ако нешто ти забранува, воопшто не значи дека тоа го прави од љубов и премногу те сака, туку значи дека нешто му фали во главата.

    Изгледа не си ја научила главната лекција на една врска. Довербата и слободата се најважното нешто. Всушност и во случајов на Victoria31 се покажува тоа како точно, од премногу гушење и стегање и' станало се' одвратно и одмилено. Не го ни сака веќе дечко и'. Е од тоа што цело време ја стегал.

    __________________________________________________________________________________

    Victoria31 мој совет, раскини му на дечко ти. Батали и години и се'. Сега твојава врска ти изгледа како којзнае колку долга, а всушност не е ништо. И самата кажуваш дека он прави што сака, а ти не смееш. Имаш 18 години, тоа се годините кога треба да шеташ со другарки, да излегуваш, да запознаваш луѓе, посетуваш разни места, да го градиш карактерот, да бидеш слободна и да не се замараш дали дечко ти ќе дојде од некоја страна и ќе ти направи скандали пред сите. Батали го таму, недозреан е. Не се задоволувај со помалку. А ни случајно немој да си направиш слика дека тој тоа што го прави е правилно и го прави од љубов. Тој е само опседнат со тебе и е неизживеан. Тука меѓу вас нема љубов. Ни од твоја, ни од негова страна. Љубовта тек ќе започнуваш да ја осознаваш и нема никаква врска со вашево.

    Не знам како досега не си ставила крај. Зарем сакаш да се караш за се' и сешто? Зарем убаво ти е да го молиш да те пушти на секојдневните активности кои ти помагаат да се градиш како личност? Зарем убаво ти беше дома сама за 1 мај? Твоите што викаат на ова? Знаат ли каква е работата? И каде беше тој за 1 мај додека ти беше дома? Многу ме интересира.

    Ќе се каеш еден ден ако сега не ставиш крај. Ќе се каеш премногу. Со тек на време ако продолжиш вака и другарките ќе ги изгубиш, верувај. Ќе им дојде и на нив преку глава еден ден. Сигурно едно кафе на раат неможете да испиете од него. И да излезеш на кафе, сигурна сум дека ти врти на секои 10 минути. И те проверува што правиш. Мала си уште за ваква врска, и никој не заслужува да биде во ваква нездрава врска. Време ти е да се изнашеташ без некој да ти стои над глава. А и самата си кажуваш дека веќе не го сакаш. Не знам што правиш со него.

    Ако нешто ти прави проблеми кажи на твоите и тие ќе знаат што да прават. Ако ти треба поддршка, исто така кажи се' на твоите и ќе ти помогнат да донесеш правилна одлука. И, нека не те кочи тоа што твоите ги знаеле и го сакале, колку и да го сакаат кога ќе дознаат за овие работи ќе бидат од твоја страна.

    Уште нешто, немој да правиш ништо со дечкото што сега си го запознала пред да расчистиш со дечко ти. Раскини му, расчисти се' меѓу вас, па после како слободна девојка можеш да правиш што сакаш. И ако дечкото има девојка подобро е да не се плеткаш меѓу нив. Стави се на местото на девојката. Замисли дечко ти тебе така да ти правел.
    А, ако тој е полош од сегашниов, ќе најдеш друг, не се секирај. ;)
     
    На FotoLina3, darcy, De-lovely и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Tikvice

    Tikvice Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Очигледно е дека немас чувства кон дечко ти,најверојатно ти исчезнале кога почнал со забраните,мислам дека треба да му раскинес на под итно чим не го сакас,не прави работи сто не сакас на тебе да ти ги прават,многу е не фер тоа сто го казувас ако упалело кај другиов ќе го откачис така?А ако не ќе си останес со него? Не си го губи времето залудно (а исто и неговото) со некој сто не го сакас.
     
  4. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Леле мене дечко ми ме „пушта“ секаде да одам сама, леле изгледа не ме сака. Да ме сакаше ќе ме затвореше дома и ќе ме врзеше со врвца по него секаде да одам или тој со мене. Како смеам јас така другарки да имам и по кафичи да одам. Срамота. :doh:

    Жени, девојки, луѓенца. Не е дечкото се на светот, да се затворите само со него и никаде да не мрднете. Не мешајте љубов со посесивност. И како што кажа Дејдрим доверба треба, доверба.

    И како прво и прво, јас не знам како не ви се здосадува така само двајцата да се гушите да не излезете со другарките женски муабет да си направите, да живнете малце.

    И Викторија душо 18 години имаш. Да го фатела другиов за првиот да го оставела. Од едно гушење до друго. Кој ве учи така јас не знам. Наместо сега да си бидете слободни, да си излегувате со другарки, да се забавувате, да не полагате никому сметка, тие се фатиле за дечковците ко слеп за стап држ не дај, сами да не останите. Имате време да се смирите, да заозбилите итн. Овие ви се најубавите години, години што не се враќаат, кога најмалку треба да се грижите за било што, години кога треба индивидуално, карактерно да се изградите,да си го оформите своето јас, вие сте се запнале да му полагате сметки и да ги задоволувате потребите на некој, со извинение, мочко, да бидете безгласна буква уште сега и уште од сега да зависите од некого.

    Мој совет ти е: Сте оделе 2 години, што значи од 16, не го сакаш повеќе и упорно се гушиш како да треба да се омажиш за него. Кажи му се и раскини му. Остани сама едно време, излегувај, дружи се. Видете свет малку, пред да се затворите во малецкиот свет на зависност од некого, па да ве гледаме во Свекрвите и снаите, како барате пари од свекрвата за влошки. :!: Ова ти го велам од искуство и од многу примери што ги знам и најдобронамерно. Да се свестите малку и да поработите на себе, а не само наредби да слушате и без свое мислење да останете. :hai:
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Леле мене дечко ми ме „пушта“ секаде да одам сама, леле изгледа не ме сака. Да ме сакаше ќе ме затвореше дома и ќе ме врзеше со врвца по него секаде да одам или тој со мене. Како смеам јас така другарки да имам и по кафичи да одам. Срамота. :doh:

    Жени, девојки, луѓенца. Не е дечкото се на светот, да се затворите само со него и никаде да не мрднете. Не мешајте љубов со посесивност. И како што кажа Дејдрим доверба треба, доверба.

    И како прво и прво, јас не знам како не ви се здосадува така само двајцата да се гушите да не излезете со другарките женски муабет да си направите, да живнете малце.

    И Викторија душо 18 години имаш. Да го фатела другиов за првиот да го оставела. Од едно гушење до друго. Кој ве учи така јас не знам. Наместо сега да си бидете слободни, да си излегувате со другарки, да се забавувате, да не полагате никому сметка, тие се фатиле за дечковците ко слеп за стап држ не дај, сами да не останите. Имате време да се смирите, да заозбилите итн. Овие ви се најубавите години, години што не се враќаат, кога најмалку треба да се грижите за било што, години кога треба индивидуално, карактерно да се изградите,да си го оформите своето јас, вие сте се запнале да му полагате сметки и да ги задоволувате потребите на некој, со извинение, мочко, да бидете безгласна буква уште сега и уште од сега да зависите од некого.

    Мој совет ти е: Сте оделе 2 години, што значи од 16, не го сакаш повеќе и упорно се гушиш како да треба да се омажиш за него. Кажи му се и раскини му. Остани сама едно време, излегувај, дружи се. Видете свет малку, пред да се затворите во малецкиот свет на зависност од некого, па да ве гледаме во Свекрвите и снаите, како барате пари од свекрвата за влошки. :!: Ова ти го велам од искуство и од многу примери што ги знам и најдобронамерно. Да се свестите малку и да поработите на себе, а не само наредби да слушате и без свое мислење да останете. :hai:
     
  6. Victoria31

    Victoria31 Активен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Ви благодарам на сите за советите, вчера праев муабет со него и му реков јас за тебе за се се сменав ти за мене не сакас за ништо иначе вчера ми покажваше на телефонот една снимка кај што биле излезени таму во една шума на прошетка и јас ја разгледав и му велам е дај малку телефонот да видам што имаш сакав да видам што узика има шо слики и он ко се здиве ти љубоморна ти ваква таква не ми верваш не ми го даваше телегонот врака дури шо не ме истепа малку ме удри не знам можи беше несакајќи како збесна.. јас си седнав и гледав то шо имаше на телевизија и ми вели шо ти е ко да не знај јас му велам ништо си го зедов телефонот за д аму се јавам на другарками ребаше д аи кажам нешто ми го чапна од рака и почна да ми го испитва во пораки повици именик па шо тие ова она јас па будала му кажував, ам абидејќи беше мајкаму дома нејќев да прам кавги и после ко се смири в соба кај него му велам јас одлучив не сакам да бидам повеќе со тебе една година покрај сите кавги за се и сешто ми се смачи се уморив не сакам јас за секоја моја одлука да се расправам и карам со тебе затоа одлучив да раскиниме тој ми вели а ти ме сакаш јас му велам не како порано ја избледнев љубовта се уморив од се ... тој ми вели како тој мене ме трпел една година јас да се сменам вистина јас требасе да сменам многу од мојот карактер но тоа не значи дека тој не беше крив за ништо не ме прифати таква каква што бев. му реков ќе ти дадам уште една шанса не ти кажувам време оти ќе се налутиш но уште една кавга и јас си одам не сакам моитѕе најубај години да ги губам во кавги и други срања со тебе...
    ми рече океј па сега ќе видиме што ќе направиме...иначе за симпатијата онак аќе си прам муабет со него ао ме викни да излезиме можеби ќе излезам но ќе му ја кажам целата моја ситуација да си сум на чисто нејќам да лажам, а иначе не знам дали има женска тој кога го прашав ми рече што мислиш јас му реков мислам имаш тој ништо не одговори така да не знам ама ккао и да е после ова ако се скарам со овај не си фаќам сериозна врска па што сака нека биди :!:
     
  7. skorpija123

    skorpija123 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    2.624
    Jas da bev kako tebe, nemase da mu dam ni uste edna sansa. odma ke mu se skarav. pa ti si bila mmnogu silna vo vska so ova.
     
  8. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки

    Слушај ваму,јас за кафиња не реков дека е проблем,но навечер излегување секој сам нема шанси.Ниту јас ниту тој.И не рече никој дека јас него го чекам дома?Од каде ти тоа го извлече?И двајцата имаме пријатели,не толку блиски колку што сме јас и тој,но за разонода,да.Дечко ми не си го прчи по кафичи,не се секирај ти.
    Нема никакво излегување до сабајле,еден без друг.Не е во прашање довербата,едноставно така сме се договориле.
    Јас му верувам,а и тој мене секако.Совети вакви имам добивано милиони од мајка ми,кои секако вределе.И немам намера да се расправам.Јас не реков дека мене дечко ми ми брани да излезам од дома,да не мрднам од дома,ниту пак споменав дека јас му бранам.Не може никој,ако е нормален човек,да седи затворен дома.И кога не знаеш каква врска имаме,не ми коментирај и не ме критикувај.Мојот дечко е доволно возрасен маж,не е балавица,па да се занесува.Фајде нема од одењето по кафиња нонстоп,како божем другите арно ти мислат.Гледајте тука врската да си ја задржите,да ја градите со години,а не пријателките,и онака им е гајле дали сте среќни или не.И онака подоцна во животот тие пријатели еден по еден ќе се изгубат.Не започнувам кавги,далеку од тоа.
     
    На dushiche и leighton23 им се допаѓа ова.
  9. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    Навечер тој сам, таа сама немало шанси. Божеееееее, дејдрим џабе ке пишуваш.. :)
     
    На De-lovely и Schmetterling4 им се допаѓа ова.
  10. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Девојко се изморив, ке научиш да пишуваш или? |(
     
  11. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Во право си. Џабе е. :)
     
  12. Ocajna55555

    Ocajna55555 Нов член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Во врска сум една год. Го изневерив дечко ми. Криво ми е. Се каам.
    Го запознав тој некојси на улица. Си разменивме броеви. Ми се јави и ме викна кај него дома. Ми беше страв бидејки не го познавав па затоа седевме на клупа пред зграда. Тој ме викаше кај него. Не беше сам дома, имаше стара жена (тетка негова) ама сами во соба бевме. Отидовме ама го замолив да ми го даде клучот од станот сепак ми беше страв. Си седнавме на столчиња и слушавме музика, разговаравме, се смеевме. Се чувствував толку убаво како никогаш досега. По некаде пола саат, саат преку сила седнавме на кревет и се смеввме, се добижи до мене, ме гушна и ме баци. Почна да ме бакнува на образ, на уста, во уста, на врат. Му реков да престане. И тој рече дека ке правиме тоа што сакам јас. После тоа легнавме на креветот се покривме со јорган и си слушавме музика. Потоа почна да ме бакнува пак, се смувавме, па почна да ме фаќа, и знаете понатаму (ама секс немавме, предигра,бакнување, лижење, фаќање,тоа се да освен секс не). Еден цел саат само си лежевме и си се гушкавме. Толку беше слатко.
    Заедно бевме 3 ипол саати. Си поминав лудо и незаборавно, како никогаш досега.
    Мислев нема повеќе да ми се јави. Ама ми се јави. И можеби утре ќе се видиме, денес ни тој ни јас не сум слободна. Инаку заборавив да кажам живееме во иста населба, на 5 мин ми е. Утре изгледа втор состанок.
    Преубаво ми е со него. Што да правам?
     
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    А што музика слушавте?
     
    На eloves, Ruzica00, srcence1607 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Ќе купиш Милка чоколада по можност твоја омилена, шише вино и кондоми и право пред негови врата. Да го изненадиш, да падне на газ и веднаш да се вљуби во тебе.
     
    На FotoLina3 и Abeja им се допаѓа ова.
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    Ама они се веќе вљубени (три и пол саати у врска не се за потценување :D ), заеби вино и валентинови срања, мислам дека вториот состанок треба да биде акција-реакција и по можност музика од Витни Хјустон.
    И не ја лажи кондоми, нема да го осети вистинското чувство. Има норлево за после тоа, ќе дојде она пак да праша.
     
    На Tikvice и WomanInRed им се допаѓа ова.
  16. Ocajna55555

    Ocajna55555 Нов член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Што се зафркавате? Убаво си прашаав за совет.
     
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Убаво ти одговорив само треба малку убаво да размислиш.

    Со кој памет бре дете одиш по туѓи станови од тоа што го познаваш ,,онака сат-два,, а да те силуваше недај боже. Тресни малку таа тиква од зид па размисли малку. Ако на прв состанок те однел дома во кревет за петинг на втор што да очекуваме :!: очекуваме детален извештај на фемина :?: Си го изневерила дечкото, па да си жива и здрава не си ни прва ни последна, ама расчисти си со емоции :!: за твое добро
     
    На girl-miri, Tikvice и Glasna им се допаѓа ова.
  18. Ocajna55555

    Ocajna55555 Нов член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Не те разбирам?
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Штета :(
     
    На girl-miri и sexybaby им се допаѓа ова.
  20. Ocajna55555

    Ocajna55555 Нов член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Па објасни што сакаш да кажеш.
    Мене ми е страв да не е само нешто болен и некоја болест да не фатам, од др не ми е ништо страв.