Ocajna, а тебе уствари што ти е проблемот сеа? Не те сфаќам. Многу е едноставно. Ако ти е убаво со новиов, раскини му на стариот и прави што ќе правиш со овој, ако ти е криво, не се гледај со новиот и готово.
Епа овој мој дечко сме во врска една год, сериозна врска и за година ке се земеме, ако го оставам ке бидам сама. А со овој другиов сме само пријатели.
Прашај го да не е настинат нешто, брзо се пренесува. Епа ич да не те боли тулето, штом за една година ќе се земете да не ти е страв од ништо. Тој другиот што ти е, што си го запознала на улица и те викнал одма кај него на слушање музика, не е опасност за тебе и нека ти служи само за освежување на врската, која и онака ќе биде крунисана со брак. Ама единствениот страв што постои е-да не бил нешто болен оној другиот. Каков триаголник, ни Бермудски не му е рамен.
И? Што помош бараш? Не гледам формулирање на проблемот. Не знаеш ни сама што сакаш и очигледно сметаш дека најдобра варијанта ти е да се гледаш со двајцата. Веројатно што и да ти пишеме ти пак ќе цупкаш исто. Така да гледај си се со двајцата, твој проблем. Не прави драми на форумов. Мисли си дека во сериозна врска такви „пријателства“ се во ред и тоа е тоа. Со тек на време можеби ќе одгатнеш како си требала да постапиш во даденава ситуација. Сега очигледно не согледуваш рационални совети, кога и самата не знаеш да си го дефинираш проблемот.
Доста тролање.Звучиш ко мало девојче,а ќе се земала...... Прај што сакаш, земај се со едниот а сексај се со другиот и употреби кондом, ама се разбира на пријателска база, оти сте само пријатели!
Немора да ме критикувате,само многу погрешно ме сфативте. Јас не реков дека ако е ноќ, дека дечко ми не смее да оди никаде,да де строго забрането му е да излезе од дома,бидејки е навечер не за друго.Глупости.Ако сака да направи нешто не му треба ноќ. Нормално е да имаме и двајцата пријатели. Се мислеше дека по кафичи,клубови,такви журки,одиме двајцата заедно,бидејки сакал или не сакал секогаш има некој што ќе флертува со тебе,но не значи дека и ти мора да обрнуваш внимание на тоа. Едноставно поубаво изгледа кога сме двајцата излезени заедно.Јас му верувам и тој мене. Така сме се договориле и тоа е тоа.А никој не рече дека јас седам како анама дома и го чекам него или пак обратно.За се има време и за пријатели и за љубов.
Абре жени, за флертување може да флертува и до продавница кога ќе оди, и по улица, и со комшиката и тн. Чувајте ги вие само ко кучиња на ланец, па после ќе се жалите.
Не знам колку години си ама до сега во животот требало да научиш дека како стануваш повозрасен не можеш се да имаш. Мораш да донесуваш тешки одлуки колку и да не сакаш. Ова е моментот кога треба да одлучиш со кој сакаш да бидеш. Можеби си барала само малку забава од долгата врска. Јас би ти препорачала што побрзо да заборавиш на ова и да си продолжиш со твојот дечко.Многу ризикуваш. Во моментот си размислуваш само колку убаво, различно ти било нешто ново си доживеала тоа е сосема ок, но освести се на време за да не плачеш после. Овој дечко што те поканил во станот и ти рекол као демек што сакаш ќе правиме, мислам доколку е заинтересиран за тебе ќе те покани да излезете или било што а тој што прави те води во станот каде никој чул ни разбрал можеби и тој има женска со која набргу ќе се венча а ти не знаеш за тоа а нема ни да ти каже. И утре ти ќе раскинеш со дечко ти и ќе почнеш да „трчаш“ по овој. Тој ќе го види тоа и ќе се заебава со тебе. Не го оправдувам она што си го направила но нема назад, тоа е што е. Ова исто може да ти биде показател дека еве не го сакаш дечко ти повеќе. Не мора со овој да бидеш може натаму ќе си запознеш друг сфаќаш? Ти сама најубаво можеш целата ситуација да си ја процениш според твоите вредности во животот. Се надевам колку толку помогнав. Со среќа!
Ти навистина си ОCAJNA VO SEKOJA SMISLA NA ZBOROT мислам според мене за жалење си,прво не се слушаш што пишуваш алоооо си била кај него дома си поминала време со него си се смувала со цел памет велиш дека ќе одиш на 2 состанок без никаков страм и трошка совест,па уште нагласуваш дека имаш сериозна врска пред брак ахам да сигурна сум дека со твојот памет ќе стигниш до брак да,мн ќе ми биди мило ако дечкоти дознај што поскоро за твоето неверство и од 2 столчиња нема да седниш на ниедно за таквите како тебе така треба...
Каков трол јас мака си имам.. И дечко ми сега сака да ме остави. Е не можам веке. Се плашам дека го изгубив тој што најмногу го сакав.
Па кога ќе го изневериш, фала богу дека ќе сака да те остави. А сега нема причина од што да се плашиш. Тоа треба да си го мислела пред да го изневериш.
Е како бе така "најмногу го сакам", а одиш со првиот што ќе ти се најде на патот и го изневеруваш??? Ова никогаш не го сфатив и нема да го сфатам, а не сум го слушнала или прочитала еднаш.
Ми кажува дека глупо сум се понашала, дека не сум го почитувала, дека сум го третирала како ѓубре, дека не можел повеке, и тој бил човек.