Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Не пронајдов соодветна тема, ак оима, се извинувам.

    Ми треба совет, збунета сум. :(

    Во врска сме неколку месеци и наеднаш се се скрши - човекот бил оженет и разведен. Нема деца од првиот брак.
    Срцето ми вели да продолжам, разумот да го оставам.
    Незнам што да правам. Збунета сум.

    Незнам дали ми смета тој лист хартија или фактот дека криеше со месеци. ;(

    Дали да оставам на страна се и да продолжам, или да се откажам дефинитивно од врската, што би ме советувале феминки, како утре да испаднам пред моите и да им кажам, тие би биле најголеми противници. :doh:
     
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    Колку си скржава а и себична си да знаеш :devil:
    Ти си имала секс до сега со било кој (не мислам на дечко ти кој не успеал да те легне или со овој некојси како што го нарече еднаш, со кој само сте слушале музика под јорган ама да му дадеш ти било срам) ?
    А викаш ако бил побогат и поубав ќе му раскинеш на дечко ти, без разлика што овој некојси комшија што ти бил е многу повозрасен од тебе т.е 33 години имал.

    Девојче ти како стоиш со оценките во школо? Сега мај месец е период на испрашување, па може ли да ти дадам една идеја-ај не измислувај проблеми на форуми и не си го барај со боринче, туку земи да учиш за да имаш добри оценки и да си го збогатиш знаењето, бидејќи вака како што си тргнала од тебе човек не бива ( и трол да си пак истиот совет важи)

    * zeka ти која возраст си?
     
    На LaraSolare, missfortuna и D-a-n-i им се допаѓа ова.
  3. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Јас 23 и дечкото 31.
     
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    Доволно си возрасна за да решиш самата. Немој да бараш совет на форум, никој не те знае ниту тебе, ниту дечкото, само вие двајцата ќе го решите тоа. Ако бил разведен не е крај на свет.
    Повеќе е сомнително тоа што криел од тебе, значи не сте биле доволно блиски или пак не те почитувал доволно за да ти каже таква битна работа. Можеби немало да ти биде толку тешко ако ти кажел на почеток (да речеме пред да имате сексуални односи и пред да ви прерасне односот во врска), ама вака вреди да размислиш малку подобро пред да решиш било што.
    Џабе е да те советуваме кога лично не ве познаваме, а и да ве познававме, не е во ред да се мешаме во туѓа врска, бидејќи што и да решиш на крај а испадне лош потег (а и ние имаме удел во тоа), за твојот неуспех ќе ги обвинуваш членките на форум или некоја трета личност која би те советувала и лично. Твојот збор треба да биде последен.
     
  5. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Па кријал од тебе оти не сакал да си ја наруши врската, ете како сега, тоа што ти смета и на почеток ќе ти сметаше, сакал малку од малку да го запознаеш пред да судиш.
    Ако кажува на сите дека е разведен тоа не е за фалење. И тоа никако немаше да го направи прекрасен пред тебе, ама сепак ти кажа со време за да си знаеш и да не дознаеш од некој трет.
    Мислам дека не треба да се скараш ако со него ти е убаво, треба да го запознаеш повеќе и да го запознаеш подобро во карактер и каков човек е, без притоа да навлезиш во сериозна врска во многу кратко време. Остави на времето да покажи...и не се замарај сега за тоа.
     
  6. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    А тетка му? Научи како се вика? Како читам се повеќе на трол ми личиш искрено
     
  7. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Зека многу е битно како дозна дека бил женет и се развел. :( Ако тој ти кажал многу е битен начинот на кој ти го кажал тоа.Мое мислење е дека треба да му дадеш шанса.Тој лист хартија е негово минато и ти за среќа немаш никаква врска со тоа.Ако е се уште оженет а има врска со девојка е тоа е веќе друга прича.
    Веднаш клоцата на таквите.
    Сега за сега е важно ти да го прифатиш како таков и не мисли веднаш кој што ќе рече.Нели сите сме луѓе, секому може да му се случи ....
    Сега е вистинскиот момент вашата врска да прерасне во нешто поголемо, бидејќи се уште се запознавате.
    Верувам дека не си очекувала тој да има вакво минато.Затоа првин се потсмири некој ден а потоа спреми се за еден искрен разговор во кој би го добила и одговорот на твоите прашања.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Епа ваκа имам нешто што ми тежи на душава.Во бρаκ сум 3 год добивме пρеκρасно дете со мм се беше оκ додеκа малиот не се ρазболе и не лежавме во болница.Од тогаш се ми се смени не спиеме во ист κρевет јас сум наκлонета κон малиот пρемногу се гρижам и живеам во стρав κој ми ги поρеметува мислите да не му се случи нешто додеκа не е до мене аκо не спие до мене се будам и го пρовеρувам имам и тρесење на ρацете и силни главоболκи поρади тешκите мисли.Маж ми го саκам но нема веκе милување κаκо поρано κога тој κе ми се пρиближи јас одма го зимаш детето да не биде запоставено.Дуρи еднаш тој луто ми ρече деκа ме сваκа κаκо мајκа ама и деκа пρетеρувам,детето κе си поρасне тρеба да имаме интима а ти виκа не ни помислуваш само детето па детето.И најмногу ми е тешκо κо денес ми ρече деκа веκе не го саκам а тоа не е точно.Инаκу во последно вρеме се осеκам κаκо се вознемиρувам од сеκое тρопање се плашам за малиот.Не саκам да го изубам мм го саκам се ми е убаво со него немам замеρκи,ама овој пρоблем се повеκе ρасте.Κаκо саκате сватете ме но саκам да се обρатам и до стρучно лице бидејκи κаκо тρгнала ρаб почнувам да не се пρепознавам самата себе.
     
  9. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Не е во ред тоа што криел, кога тогаш ќе се рабере, ништо не останува сега скриено, а камо ли бракот кој стои зад него.
    Зека, остави го, нека ти докаже дека сака да е со тебе, и нека ги оправда лагите кои ти ги кажал.
    Немој да се тргнуваш од него, мислам дека не ти кажал веднаш, за да не избегаш како опалена од него.
    Позитивна работа е тоа што нема деца од првиот брак, на денешно време колку што се земаат, толку и се разведуваат, ништо страшно, кај нас само менталитетов е слаб сеуште.
    И твоите ќе го прифатат со тек на време
    Ти посакувам среќа, и да не израдуваш со некоја убава вест.
    Згризи му заби, и докажи му дека не може да си игра со тебе во иднина.
     
  10. D-a-n-i

    D-a-n-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    32
    Како што и самата кажа обрати се кај стручно лице, но сепак мислам дека треба да го разбериш и сопругот и нему не му е лесно и тој е татко, значи како што ти се грижиш за синчето така и тој. Само треба да му докажиш, односно малце повеќе да му пружиш внимание, за да не се чуствува запоставен, пошто во право е и има право на тоа. :) Секој се соочува со кризни моменти било во брак или во врска, ама кога нешто се сака, се ќе си дојде на свое место, само треба време и трпение од двете страни. :)
     
    На HEV му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    ^ HEV, ова е проблем. Добро е што си свесна и што сакаш да преземеш нешто. Добра ти е идејата. Кажи му и на маж ти. Нека знае дека сакаш да ја средиш ситуацијата. Може заедно да идете на разговор.
    А тоа што го осеќаш за детето те разбирам. Не сум мајка и не можам да кажам како се осеќаш ама делумно би било нормално до некоја граница која ти веќе си ја преминала. И самата знаеш ете. Не претерувај со грижата за детето и него ќе го пораснеш во плашко што ќе нема храброст за ништо, па веројатно е дека ќе биде повлечено дете што не е убаво. Децата треба да бидат ведри и весели. Мисли дека и на синчето ќе му буде поубаво ако се олабавиш малку. Патем колку и да се посветиш ти, не можеш да со зачуваш од се. Некои работи не се во твоја надлежност. Посвети му с ена маж ти, и ти ќе добиваш внимание. Ќе ти се врати тоа убавото и ќе сфатиш дека ти прија блискоста со него која сигурно сте ја имале и порано. Гледам синчето ти има една годинка. Болежливи се малецките тогаш. Уште не стекнале имунитет како возрасните така да често се разболуваат. (условно кажано)Нормално е тоа. Патем поминало ете. Сега е добар.
     
    На Isabel и HEV им се допаѓа ова.
  12. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602

    Прво запрашај се колку ти е важен, второ размисли за начинот на кој дозна дека е разведен. Убаво разбери ја работата зошто не му успеал бракот, сепак можеби дечкото имал лоша среќа и вината можеби не е во него, можеби е ок дечко, плус што нема деца значи дека фактор дека е разведен колку што е битен толку е и небитен.
    По мене, дечко што имал долга врска и позади себе брак ми се тука некаде, сепак тоа парче хартија многу не значи.
     
  13. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.965
    Допаѓања:
    90.301
    Пол:
    Женски
    Јас би те советувала најпрво да разговараш отворено со маж ти.Да му кажеш дека си свесна за твоето однесување и промена и дека сакаш да се средиш ,нека ти помогне тој.
    Тоа што си загрижена за детето е нормална работа но не си го запоставувај и маж ти грижи се за детенцето но обрнувај му внимание и нему да не се чуствува запоставено :)
    Биди среќна што немате други проблеми животот е пред вас ви посакувам само убавини :*
     
    На HEV му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Љубовта кон мажот и љубовта кон детето се два различни поима, само треба добро да умееш да ги распределиш. Јас верувам дека можеш и на двајцата да им го дадеш цело внимание кое го заслужуваат и кое им е потребно, само треба да поработиш на себеси. Секој родител треба да се грижи за детето да биде здраво, да му пружа љубов и се што е потребно, но не да се претерува. Детето и без болна љубов и наклонетост ќе порасне и ќе биде здраво (дури и подобро ќе израсне верувај), а бракот нема сам од себе да ти се одржи и да станува поубав и со повеќе љубов. Цвеќето ако не го полеваш, ќе се исуши, така е и со бракот. Викаш дека го сакаш и ти е преубаво со него, биди внимателна, зашто ако го изгубиш и детенцето исто така ќе страда, за сите си направила полошо. Секако и тој треба да има трпение ако те сака и те разбира и сепак и негово дете е, меѓутоа не знам колкав период се случува ова, па не е ни тој од камен, личноста која ја сакаш и чија блискост и интима ти е потребна, одеднаш да ти стане странец.....
     
  15. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Значи ваκа почит и ρазбиρање до сега сум имала во вρсκа за се,но постои стρав во мене деκа аκо пρизнаам за ова κе ме напушти иаκо потсвесно знам деκа нема и κога и да се обидам да κажам се блоκиρам,Аκо веρувате се чустувавм κаκо да полудувам збунета сум и збρκана нз κаκо да почнам почнувам да д'дκам и се губам.Инаκу ситуацијава е веκе оκолу 6 месеци.Значи нз исκρено чустувавм и забρзано чуκање на сρцето и вознемиρеност.Постојано се негативни мисли ,Иаκо пρед малиот не поκажувам слабост за ова и спомнав на мајκа ми таа ми го ρече истото да позбоρувам со мм и да се олеснам но нз неможам се неκаκо ми е тешκо.Во пон дефинитивно иџам на специјалист па κе ве известам за неговите совети а утρе κе ρазговаρам со мм.Ви благодаρам за ρазбиρањето бидејκи мн ми е тешκо ниκој да не се најде во оваа ситуација.
     
  16. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал, да можам би ти помогнала повеќе, но знаеш дека само самата го можеш тоа. И зашто да те напушти, зашто страв, што да му признаеш? Ништо страшно не е ова, ти дошол период, има различни периоди во животот.... Пробај да си помогнеш, само ти самата можеш, а почни од тоа што нема да живееш во страв и нема да имаш никакви табу теми со маж ти. Со среќа и пиши што си направила, тука сме за да си помагаме.
     
    На HEV му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Hev мила,одмор му е мајката :) ти треба одмор,од напнатост и измореност,доаѓаш до преоптеретување.Aко можеш и имаш пред се каде да го оставиш малото на поседок,остави го,и земи малку воздишка заедно со сопругот,дал по дома или на некое друго место,ама тебе ти треба да се излуфтираш од секојдневните обрски,батерии да наполниш.
     
    На Daydream и HEV им се допаѓа ова.
  18. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Гласна во пρаво си но немам κој да ми го пρичува мајκа ми е во болница,јас сум постојано дома со него.Понеκогаш виκенди излегувам со дρугаρκите и се ми е оκ 2 дена потоа чаκ истото.Инаκу ρазговаρав со мм и тој ми ρече деκа саκал да ми пρефложи да одам κај стρучно лице но го било стρав од ρеаκцијата да не го сватам погρешно.Му κажав деκа го саκам и деκа имам неκој психичκи пρоблем со односот на детето.Но сепаκ јас сум живеела сама моите живеат на село мн мала сум била оставена на 10 год со бρат ми κој е доста постаρ и дедо инвалид.Се ми е стρав деκа детето нема доволно љубов бидејκи мене ми фалеше и во побиρитет со моите се гледав 1 месечно и ми е тешκо да не го доживее истото κога видам κаκо му создавам зависност од мене на малиот.Свесна сум за се деκа утρе тој κе поρасне фамилија но сепаκ стρавот ме спρечува еве сабајл се ρасплаκав κога му пρизнав на мм се осеκам надвоρ од κонтρола не саκам да сум таκва.Еве сетоа ова што ви го пишав ми го пρизнав и тој ми ρече најпρвин κе пρобаме 3-4 дена дома да не ме фаκа паниκа да ми помогне а аκо веκе тоа не помага κе одиме на стρучно лице.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    HEV твојов проблем е малку од порано. Ова те пратело тебе долго време, имаш последица од детството, само сега излегло на површина. Ова со детенцето било само повод. Најбитно е да разговараш за се' со маж ти. Не преќутувај. Од тоа што не си зборела со него, тој си помислил дека не го сакаш веќе и тука настануваат и други проблеми. Затоа отворено разговарај за се'. Убаво што се' си му кажала, ама не застанувај тука. Маж ти има разбирање за тебе, те сфаќа целосно така што мислам дека ќе го надминете ова, дали сами или со стручно лице небитно ама ќе го надминете.

    Само позитивни мисли и разговор. Не се затворај во себе, никако, така само повеќе ќе си правиш филмови и ќе се задлабочуваш во мисли. Ти посакувам што побрзо да ни се јавиш со позитивни резултати. :)
     
    На Glasna и HEV им се допаѓа ова.
  20. AngelchE23

    AngelchE23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    2
    Па вака девојки..во прекрасна врска сум веќе 2ипол години,не се караме се е во најдобар ред се согласуваме и мн добро се сложуваме мислам подобар за мене нема да најдам..но некако сеа во последно време нзз што ми се дешава едноставно досадичко ми станува со него посакувам да сум во прегратките на други да флертувам со мн машки чудно чувство..едноставно не сакам да сум во врска саам да сум слободна и да флертувам не да се фалам али убава сум и имам мн додворувачи за кои и дечкоми не знае..сеа сум матурантка па и за матура имав неколку додворувања и еден цела вечер ми се додворување и ми го украдепогледот..неможам да престанам да мислам на него неможам едноставно:worried:кога излевам со дечко ми тоа ми е како на сила не кроз ама повеќето така мие..нз зш вака ама детето од матурската вечер ми остана во главата неговиот секси поголед и додоворувања и бакнежите коли ми ги праќаше..и ми се чини ако ми рече да изл ќе се согласам ама лошо че направам ...што совт би ми дале вие,како вие ја разбирате ситуацијата ми треба мислење ве молам ? :/
    Однапред ви благодарам