А како тоа си матурантка, а имаш 22 години . Како и да е ако не ти е до врската раскини, просто ко грав. После флертувај, мувај се што сакаш прави. Од две страни убаво нема.
Ви благодарам на сите што одвоивте време и ми дадовте совет. Јас одлучив да ставам крај, дефинитивно. Не можам да го прифатам фактот дека толку важна работа криеше неколку месеци, или поточно 9 месеци. Постојано бевме заедно, скоро секој ден, слободното време заедно го поминувавме. Едноставно, мојата доверба кон него исчезна за миг, чуствувам бес, гнев. Да знаев одпочеток не би ми било толку тешко да прифатам, ке се борев и со моите да прифатат. Тешко ми е , многу.
Ќе се каеш ... Ама ти си знаеш, твој избор, твои одлуки. Но, ако меѓу вас е силна енергијата, ако сеуште имате емоции верувам ќе се пронајдете пак заедно. Еден совет, немојте да слушате од страна кој што ќе ви каже, немојте да сте без свој став ... секогаш погрешна одлука се донесува. И непотребно се рушат убави врски.
На многу прашања не добив одговор. Само ги пролонгира, одолговлечува. Разговаравме вчера. Конкретен одговор не добив на ништо. Да ми кажеше на почеток, сигурно не би ги поставувала тиа прашања. Сега морав. 31 годишен маж, во овој случај, постапи многу незрело, неодговорно, не очекував. Со таков човек - не очекувам никаква иднина. Ова го одлучив јас самата, ни околината немаше никакво влијание. само морав некаде да се искажам, бидејќи, од приватен живот, не знае никој, освен јас и тој.
Добро си постапила,тоа требало да ти го каже на почетокот и плус си останала без одговор на многу прашања после неколку месечна врска.Нема ништо страшно што е разведен,но треба да каже од старт ,зошто,што се случило,дали има деца од тој брак.Дефинитивно тоа е себично од негова страна и сигурно те уверува со зборовите демек"ми беше страв дека ако ти кажев ќе те изгубев"и слично,не паѓај на тоа и добро си постапила што си го оставила.
Јас уште мислам дека се работи за страв од негова страна да ти ја кажи болната вистина, убаво ви тргнала врската, сакал да го гледаш со други очи и да избегни прашања од типот зошто се разведе, што не ја сакаше?, дали ја изневери?, дали и со мене така ќе направиш?,, дали ме лажиш?, цело време сомнежи и малтретирања и за тебе и за него.. Дали ако ти кажеше порано нешто од ова ќе сменеше? Се работи за созревање,,можи и тој направи грешка што не ти кажа порано, но јасно ми е зошто тоа го направил, ти си возрасна 23 год имаш така, а чекаш одобрување од родителите, а сега и со ова што му ја лупна вратата пред нос и му раскина, те стави на тест за да види колку си созреана, за да го прифатиш тоа што бил тој во брак порано, но не заборавај тој брак кога дошол до развод значи нема надеж во таа врска со бившата тоа е закопано некаде, а ти му го откопуваш и му отвораш рани. Тој сакаше да биди нов човек со тебе, минатото да остани минато, никој нема право да чепка во тоа. Со тебе беше од што те сака,, а ти на човек што те сака му го сврти грбот одма. Дали толку ти смета тоа што не ти кажа порано или фактот што тој беше во брак и се ожени со жена која порано ја сакал? Мислам дека второво повеќе те боли. Кога не можиш да се соочиш со ова, ти не си за сериозна врска, така да нејди си нешто ново свежо и не чепнато.
Море луѓе, што ви е, на какви тестови ја ставал, па вака па така... 31 годишно магаре 9 месеци (а сигурно се знаеле и од претходно ) крие дека имал брак и дека е разведен! А ќе си речеш малце посозреани се постариве, значи мажи. Па не е нормално тоа, значи не е мала работа бракот, ако крие за ова, којзнае за што друго ќе скрие. Не е проблем што типот е разведен, тоа воопшто не го ни спомна Зека, него проблемот е што игра со прљави карти од почеток. Зошто? Нели во љубовта треба да си отворен, искрен, да нема криење, вртење? Можеби не треба да го каже ова на првиот состанок, ама 9 месеци бе, 9, па бебе да направеа ќе се родеше досега. Јас мислам дека Зека убаво си кажа, родителите нејзини никако не се ни вмешани во ситуацијата. Можеби ќе негодуваат на почеток, ама после, ако дечкото е таман, ќе го прифатат. Нема родител што не го прифаќа некој ако гледа дека детето му е среќно. Зека, јас те поддржувам во одлуката. И јас би направила исто, не заради тоа што бил женет, туку што не нашол соодветно време и место во тие 9 месеци да ми го каже истото. Многу се нервирам од вакви машки пизди, ебате мажите ебате, ако е прав и со чист образ, нема што да се крие. Се согласувам дека минатото е минато, сите имаат право на нов почеток, нова среќа, ама не можам да се помирам со фактот дека 9 месеци криел не така мала работа од девојката му.
знаел дечково на Zeka што точно прави..играл на таа карта ,нека помине повеќе време,па кога ќе и ја кажам вистината,тешко ќе и биде да ме остави..оти ме сака..и ќе ми опрости...тоа се вика подмуклост .E ај со ваков гради некаква иднина ..убаво све напиша Doozy да не се повторувам.
Ајде сега zeka напред со нови сили, што е твое ќе си дојде. И јас имав еден другар, не ни стигна до свадба, само веридба правеа, па се разделија и човеков после како да сакаше што побрзо да се ожени, најде една веднаш после разделбата, се земаа и дете имаа. Можеби тоа му била среќата, ама некако се гледаше дека му е што побрзо да најде друга и да се ожени, можеби за да и покаже на бившата дека може веднаш да ја замени. Тоа не ми изгледа на искреност и љубов. Ако си се развел, не ти прстанал животот и не треба да си набиваш комплекси поради тоа, да се криеш од другите и да гледаш да се ожениш/омажиш што побргу, демек последен воз ти е, па да не ти избега. Ако требало да бидете заедно, ќе бидете, ама не форсирај дека си морала да го разбереш и да сфатиш како му е. Љубов и заеднички живот се градат со доверба, искреност и разбирање, а не само со последното. Не се чувствувај виновна дека ти си погрешила, тој можеби ќе сака да ти го наметне тоа чувство, но игнорирај го.
Мене ова на Зека ми личи на кукавичлук. Башка 31 годишен маж. Хм... Може се плашел тој како ќе ја прифати таа реалноста за неговото минато па затоа ќутел. Дека требал на почеток да и каже, да се согласувам за тоа. Но од др.страна штом тој криел значи не прифаќа уште дека му пропаднал еден брак и дека е разведен. Повеќе до него е, отколку до неа. И јас би го оставила да сум на нејзино место пред се од причина што една лага може да смени многу вистини. И ништо по тоа нема да биде како порано.
Да беа сите девојки вака одлучни и со карактер како zeka ќе цветаа врските во земјава. Браво за размислувањето кое ни малку не е површно и браво за тоа што сопственото Јас ти е на прво место. Најмногу сакам вакви луѓе околу мене. Што имаат став за работите. И се знае што може, а што не може. Прво кога прочитав мислев дека сте еден месец најмногу заедно па затоа и не ти кажал, собирал храброст, не знаел како ќе реагираш итн. Одма сакав да пишам да продолжиш со него, зашто сметам дека тоа што е разведен не е некој проблем, може на сите нас да ни се случи тоа, ама секако сите заслужуваат да продолжат понатака. После видов дека вие сте биле заедно девет месеци, плус згора на тоа велиш дека ти одбегнува да одговори на многу прашања, што секако ме тера да мислам дека крие уште нешто. Не ти треба таков. Девет месеци не е воопшто мал период. Еден 31 годишен маж да не може да седне и да ги отвори картите на маса е трагично. Туку убаво кажа некој погоре, играл на карта "ќе кријам, ќе се заљуби во мене, па нема да може да ме остави." Одлично си постапила. И не, нема да се каеш, биди сигурна.
Упс се извинувам не го видов овај коментар па сега ме натера да се посомневам и мене и да те прашам дали врската која ја имавте тие месеци беше јавна и дали некако ти изгледаше дека сака потајна врска, во врска со пријатели роднини и слично, дали имавте нормална врска? ова е многу битно, како дозна дека бил во брак сам ти кажа или?, колку си сигурна дека е разведен?(мораш ова да го расчистиш да не се само оставени, а не крајно разведени) Што конкретно го праша, што ти одговори? колку ти смета тоа што беше во брак мораш да пишеш повеќе оти сакам да те разберам
Мојава работа е малку збркана,незнам како си дозволив така да незнам што сакам на овие години.Во врска сум скоро 4 месеци,се слушаме по неколку пати на ден,ама ретко се гледаме и некако не ми е во ред и цело време се сомневам и цело време сакам да ја прекинам бидејќи осеќам дека само времето си го трошам а сум 24 годишна мома за мажење ,ама тој несака,никако,ама некако немам сила,се си мислам дека ќе страдам после тоа и плус имам проблеми со срцето,несакам да се нервирам.Од друга страна пак,една братучетка ме запозна со еден 8 години постар од мене,живее неколку години во странство,не е лош така,сериозен човек со сериозни намери ми стои,е сега проблемот е тоа што бев пред некој ден со братучетката и со него на кафе,сношти ми пиша му реков за денес или за утре и сега за вечер ме вика да одиме насамо на кафе,ќе си оди за една недела,а јас пак цела сум збунета,несакам да го лажам дечко ми(а и тој сигурно не ми кажува се),врската не ми е како што треба ама несакам грижа на совест или пак да открие,а од друга страна не сум сигурна за овој,некако се плашам,а и ми треба сериозна и стабилна врска,некако цела сум збунета,незнам што да правам
Ете тоа е, ти одма сакаш да се мажиш, по можност уште утре. Нема никаков друг проблем. Тука колку станува збор и за љубов, не знам. Си очекувала дечкото ти од 4 месеци, веднаш да те омажи, и сега кога си видела не бива, одиш и бараш некоја алтернатива, а колку ти се и свиѓа тој другиот, знак прашалник. Не знам зошто толку брзаш.
Препрочитај си го тоа што ти го болдирав и ништо повеќе не размислувај. Плус јас имам скоро 24 па мома за мажење ако ми рече некој би се навредила, драга уживај дур можеш. Мислам добро, можда тебе ти е ќеиф тоа и терај си. Али и да сакаш да се мажиш овој што го имаш сега не ти чини така да што губиш време??
Не реков дека сакам да се мажам одма туку сакам стабилна и сериозна врска,а со тој 4 месеци што сум несакам одма да ме омажи туку барем да имав нормална врска а не гледање еднаш во 2 недели,и мачкање очи со повици,и не гледам некоја иднина со него,многу сме различни,и да,осеќам нешто за него ама гледам дека само време губење ми е врската и не води никаде,изгубив некои добри шанси за него ама видов дека не вреди и затоа можеби изгледа дека брзам
Излезете заедно подобро да се запознаете, ако ти се допаѓа тој ама викни ја и братучеткати и нема зошто да се чувствуваш крива, ќе си излезете како пријатели плус и братучетката. Ама веќе кога не ти е убава врската што си го губиш времето со него,,
Мене стварно ми е иритирачки кога некоја на 24/25/26 се декларира како мома за мажење. Или на народски кажано, стара мома. Зашо? Нит сте престарени, нит последни што на 24 год. немаат дечко. Времињата се сменети, не е како некогаш/едвај 15,16 и одма мажачка. Читам во секоја тема константно се споменува 21-ви век. Е во овој век, старите навики се променети. Релаксирајте се малку од такви мисли. Се во свое време. Нека приоритет ви биде образование, градење кариера, со еден збор-надоградете се себе си како личност, па тек размислувајте за бракови. Баш таквите кои се декларираат како стари моми, и брзаат со мажачка, после пишуваат по темите Брачни неверства и Снаите и свекрвите-проблеми. Конкретно за Eсперанса777, јас како што разбрав ти ни еден не сакаш од двајцата. Во трка со времето, и мислејќи дека годините ти поминале, на раб си да донесеш погрешни одлуки. Каква е таа врска со дечко, преку телефон? Каде е да те гушне кога ти е најпотребен, да ти ги избрише солзите, да ти подаде рака? Јас би те советувала да прекинеш. Другиот, едвај го познаваш бре, какви сериозни намери имал. Мислам, никогаш не ми се допаѓале тие кои после познанството, веднаш имаат сериозни намери за врска.Ако сакаш, може да излезеш на кафе како пријател со него, да го запознаеш. Но брзање за врска не!
сериозни намери имал/а ,тоа значи без разлика на све(ни на видено,ни на чуено,така абер се пушта )чекорот што се прави е рипање у тавче
И мене стварно ме иритира тоа што сите се загрижиле за мене како да имам некоја тешка болест,многу сум бирала,ќе сум си останала,на работа ме зафркаваат дека повеќе секс ми требало затоа имам проблеми со срцето,еден човек дури ми вели а ти да не си од тие обратните зашто немаш сериозен дечко,еден па аа есперанса е најубавата што ни остана така постара немажена ,околината ме притиска секојднево мора некој да го спомне тоа и многу се нервирам,инаку не сакам ич да брзам па да донесам погрешна одлука и на крај да се каам,сакам љубов,ама по толку разочарувања тешко дека ќе засакам некој,другарките сите се испомажија или со сериозни врски,скоро нема ни со кого да излегувам,некако како 13 прасе се осеќам