Ако живееш за околината и другите, кажи, одма ќе распишеме оглас тука по фемина, некој озбилен за женење ако има, мислам веднаш ќе најдеме. А ако живееш за тебе, then cheers
Esperansa777, ќе ти наведам еден пример од моја мноогу блиска околина. Спојлер Спојлер Сестра на моја многу добра другарка, имаше 25 год. и немаше дечко. И исто, под притисок од околината, немој да остане стара мома, се запозна со еден на фб. Се видоа неколку пати, и за 3 месеци одма свадба. И нели срамот на старата мома, прекриен за блиските Е сеа, таа знае како живее со тој. Верувај, на најголем непријател не би му посакала таков сопруг, а уште помалку таква жена од свекрва. Предобра девојка, ама среќа немаше. Поради вакви стереотипни размислувања./spoiler] Друг не ти напоменав, за овој потенцијалниот. Спомена дека ќе оде во странство, така? Уште една недела е тука? Па според тоа, мал временски период е тоа да го оцениш карактерно. Не е се во изгледот. И после кога ќе замине како ќе комуницирате? Преку скајп, фб? Луѓето не се секогаш такви какви што се претставуваат, посебно не виртуелно, ако продолжи комуникацијата. И дефинитивно, игнорирај ги таквите недолични коментари. Прво тие се одраз на нивното домашно воспитување и капацитет за перцепција општо, а друго секогаш тие што 'исмеваат' (се потсмеваат) се токму тие кои се за исмевање. А нели, нападот е најдобрата одбрана Поздрав, и секое добро!
sadgirl па и ти ништо не разбираш има време цела една недела има дечкото на располагање за да ја побара за жена,дечкото е со намера и во последната минута пред да замине жена да си најде,после во брак карактерите ќе си ги учат
Абе луѓе уживајте во животот додека можите, девојка може еднаш да бидеш, а за жена ехеее Затоа Don't worry be happy
Есперанса врснички сме па јас не се чуствувам како мома за мажење, цело време си велам мала сум Не си заљубена во сегашниот дечко според кажанато , ако мислиш дека не е како што треба прекини ја врската, не се мачи . Полошо е тоа што мислиш дека поради годините (престарена демек си ) , па мора да имаш дечко , работава изглегува од кал да е дечко да е. А за овој другиот ,никаде ништо не кажа ? Само дека е сериозен човек со сериозни намери, те привлекува ли ? Пријатен ли ти е на муабет ? Ете ајде објаснете ми како тоа некој има сериозни намери спрема некој што не го познава ? Или ги имам годините давајте мома за мажење . Не се секирај за секое тенџере има капаче . Не си дозволувај поради малограѓански размислувања да избрзаш и да се задоволиш со трошки , каде брзате ? Бракот е за цел живот , не е само да се рипне во тавче.
Најпрво уште еднаш благодарам за сите што споделивте мислење со мене! Дали позитивно или негативно за мене, респектирам. Секако последниот збор го имам Јас. Само сакав да се искажам, да ми олесни. Да разговарам, да споделам. Довербата е најбитниот елемент во градење на секаков вид на релации. Искреноста е единствениот начин за стекнување доверба, а една единствена лага фрла СЕ во вода. Но ова е многу посериозно веќе. Нема простор да размислувам да му простам. Готово е. Почнувам да чекорам без него во животот, отворам нова страница,ново поглавје во животот. Тој не ми кажа, јас дознав на поинаков начин а многу доверлив!!! Значи од документите. Неговата работа е таква што често оди надвор од градот , еднократно и веднаш се враќа. Во станот живее сам. Па имавме поголема слобода, јас 23, тој 31. Значи не сме деца. Возрасни, комплетно изградени личности. Ми се јаве да земам некои документи од кај него и да ги однесам на ХХХ место. Важно било, многу. Во ред, бев слободна. Отидов. Документите ги чува подредени во поединечна папка од големите. Ѕначи посебно за струја, вода, банкарски сметки, интернет-телефон, поседовни листови, свидетелства, значи ги има многу И, најважната ВЕНЧАНИЦА, ИЗВОД И ДРЖАВЈАНСТВО. Многупати сум отворила таму, дека тој ме замолил. Ама не обраќав вниимание што како има и пишува на папките. Неки бев сама и ми привлекоа поголемо внимание, ги читав, и го прочитав она.. ВЕНЧАНИЦА, на прв пат реков, на мајка му и татко му е сигурно. Не отворам нешто што не е мое, што не е во моја сопственост, но ова беше поинако. Морав да дознаам!! Нешто не ми даде спокој, решив да погледнам поубаво. Кога отворив за малку срцев удар ќе добиев. Погледнав повеќе пати.. Ејјјј, боже, зошто. Останав доследна, средив се, му завршив работа. Го чекав да се врати доцна вечерта. Си дојде, успеав некако да се смирам, седна, вечера и кафенце. Потоа му кажав дека треба да разговараме сериозно, да ги отвориме картите. Ејј, не ми признаваше, се до моментот кога му кажав дека ги видов документите, од развод, од венчаница (што ја ваделе ) Почна да се извинува, да кажува како му е жал И, ДРУГО НЕЗНАЕЛ ШТО ДА КАЖЕ. Учтиво го поздравив и си заминав. Вчера се видовме пак, го прашав зошто, зошто не ми кажа порано, ќе разберев, немаше потреба да лаже. Ништо не одговори освен извини, жал ми е, те сакам. И на останатите прашања беше таков. Неможел сега, да оставиме на времето. Молам. Јас со таков човек немам иднина. Колку и да го сакам, со срце и душа, неможам да продолжам со него. Ниту пак имам некакви можности со него. Никако. Ќе се каам, ДА, но само ако продолжам со него во иднина. А без него, НЕВЕРУВАМ. Мислам, една од моите, најисправни одлуки. Иако сум 23 години, има време за мажачка. Засега, ке се посветам целосно на моето слабеење и надоградување на професионален план! Останатото не ми е важно, јас одлучив. Толку.
Не знам што да ти речам, од документи сигурно е најмизерниот начин да дознаеш нешто толку сериозно, ај од други да слушниш пак ќе се изнервираш или тој да ти кажи и после месеци одење можи и ќе разбериш некако, ќе простиш, но сега јас сваќам зошто се изнервира наеднаш и му раскина sry за мојот пост предходно, јас веројатно ќе се онесвестев на лице место и со нож ќе го чекав ко ќе се врати дома. Од венчаницата замисли.... и вереничкиот прстен да не си го чува уште..
Дечки некоја тинејџерка (16/17) години да ми пише ЛП? Сакам да прашам нешто, да имам повеќе мислења. Спојлер не пишувам овде бидејќи има неколку што ме знаат која сум, па затоа.
Jас имам едно прашање за вас, одговори од машки или женски сеедно, иако би преферирала повеќе од машки. Не ми се смејте, сериозна сум. Што е љубов? Не, најсериозно и искрено прашувам што е љубов, да си заљубен во некој? Кога си всушност заљубен, како се заљубуваш? Малку сум во сакам кажам - незнам речам момент, но ќе пробам да објаснам на што мислам. Што е тоа да си заљубен, во што си заљубен? Во личноста ќе речете така? Од тоа што знам, не привлекува некој поради начинот на кој се движи, се смее, гестикулира, оди итн итн...ако одам подлабоко...во неговата/нејзината култура, почит, размислување, гледање на работите итн... значи карактерот...но колку е убавината пресудна и дали е? Велиме карактерот е тоа најбитното, а не физичкиот изглед, но сепак еве на пример јас не би можела да се заљубам во грд дечко. Не ме сфаќајте погрешно, дааалеку сум од површна, напротив многу гледам на карактер во луѓето, многу повеќе од надворешниот изглед, само не ми е јасно.. Колку е пресудна убавината? Што таа дава? Да не мислите за убавината сум се запнала..тоа е само дел од моите нејаснотии. Ако дечкото има пари... - добро, тој е финансиски стабилен Ако е грижлив со мене и ме почитува - мноогу ми е мил и драг, супер човек е. Ајде совршен е да речеме...убав згоден паметен финансиран грижлив културен со почит абе најубаво... дали сето ова е = љубов? Што е љубовта? Во што/како се заљубуваме? Или едноставно нема одговор, но сепак се сомневам дека е така Не знам колку ме разбравте од сево ова, се надевам одговор од некој поумен од мене, да си ги решам прашањава
Ana.brojka, љубовта не е кога некој е добар со тебе и убав и паметен и културен и финасиски стабилен ! Вистинската љубов не е “затрескување“ во некој, тоа е всушност малку и тешко за објаснување, но ќе се потрудам Љубовта е кога срцето ти бие кога си покрај него, кога го поддржуваш и во најтешките мигови не само негови туку заеднички бури и торнада низ кои морате да поминете, за да сфатите дали сте навистина вљубени или само тоа е страст и опседнатост. Љубов е кога го разбираш, почитуваш и си покрај него буквално за се што е потребно, кога можеш да си ги искажеш проблемите и тој те ислуша без да те осудува и навредува, кога ти дава утеха во депресивните денови и ти кажува дека се’ ќе се среди само биди малку трпелива, кога си со него, а неможеш да си објасниш што е тоа што те привлекува кон него како магнет, кога прави работи кои и не ги сака баш, ама за тебе ќе стори што и да е, кога само еден твој збор е доволен за тој да направи нешто и кога ти си спремна да направиш се за него, без разлика каква пречка има пред тебе, кога едвај чекаш да се видите, да го слушнеш, допреш.. Љубовта е кога можете да си верувате кога ќе ти рече излегов со другарите, а утредента ти каже дојдоа и некои другарки а ти не си му лута, кога ти вика излези не седи дома, прошетај,кога ќе му кажеш дека само со машки колеги си била на факс и не се карате, кога имате доверба, кога не љубоморите болно, кога се зафркавате макар и на негова сметка а тој не се лути и обратно. Љубов е кога e во тешка финансиска состојба и му кажуваш дека ќе му ги дадеш и последните пари што ги имаш само да заврши работа за што му треба, кога ти си во тешка финансиска состојба и ти кажува колку пари ти требаат и кажи ми ја сметката да ти ги пратам. Кога не броиш кој колку подароци дал и колку вределе тие, кога ти се исполнува срцето со еден приверзок за клучеви. Кога те гушка и ги бришете солзите заедно, кога ќе ти каже дека си една од 1% личностите кои знаат повеќе работи за него......... Се заборавив пишувајќи мислам дека ти дадов една појасна слика Ах и да допишам дека убавината не е пресудна, донекаде можеби е битна, но да не заборавиме дека е и минлива па така да не треба да се зема многу во обзир. Поважно е тоа како вие си одговарате како личности, колку се разбирате, поддржувате и секако дали во иднина би се гледале заедно. И кога би ми го донеле Леонардо Ди Каприо и ми речат земи го за цел живот да си со него, јас ќе му мавнам само на Лео и си терам со Љубовта
Конечно некој со одлично прашање. Љубовта доаѓа во многу форми и состојби. Слично како и луѓето, можеш во природата и општеството да ги најдеш во различни агрегатни состојби - луѓе цврсти како камен, луѓе нестабилни како ветар, луѓе кои како вода се снаоѓаат низ животот. Па имаш убави луѓе, имаш паметни, високи, дебели, црни, слепи, болни, досадни, прекрасни... секакви. Заедничка работа на сите овие луѓе е... љубовта. Сите знаат да сакаат. Но, како што сите се различни, така и сите знаат да сакаат различно и сите знаат да ја покажат љубовта на различен начин. Или знаат или понекогаш и не знаат да покажат дека сакаат. Кога си го поставуваш прашањето себеси, што е љубов, не си сигурна дали знаеш да го одговориш прашањето точно или често мислиш дека одговорот е не знам. Штосот е што прашањето нема универзален одговор, има само одговор кој низ годините ќе си го одговараш сама, повеќе пати и со различни реченици. Во одреден период од животот, ќе ти требаат убави момци, со стил и стас. Потоа ќе ти се допаѓаат паметни момци, со ум и став. Потоа веројатно успешни момци, со живот и перспектива. Она што ќе го чувствуваш со сите нив, слободно можеш да го наречеш љубов, зашто во тој момент, тој дечко е тоа што ти требало, си го сакала и тоа е супер. На крајот на денот, важно е да знаеш која си ти и каков маж сакаш покрај тебе. Една од фазите најверојатно ќе ти остане до крајот на животот, дали та фаза ќе ја стекнеш на 20, 25 или некоја друга бројка години зависи само од динамиката на животот и твојот карактер. Во превод и на крај, љубов е се` она кое ќе го почувствуваш за еден дечко во даден момент. Дали ќе трае 5 секунди или 50 години, не е важно. Важно е да си среќна. Ако не си среќна - не е љубов.
ДАЛИ СЕКОЈА ВЕЧЕР ПРЕД ДА СИ ЛЕГНЕТЕ СЕ СЛУШАТЕ СО ВАШИОТ ДЕЧКО ИЛИ ПАК СИ ПИШУВАТЕ ПОРАКИ ЗА ДОБРА НОЌ?
Јас искрено со дечко ми да, не ми се свиѓаат лигавења по телефон до 3-4 сабајле па маче па срце ама нема шанси да си легнам или да си легне а да не си пишеме дека си легнуваме.. исто и од сабајле обавено кој стане прв пишува
Јас не сакам многу зборување на мобилен, доволни се 5 минути, максимум 10 во денот за да зборуваме. Ќе попишеме на фб пред да си легниме онака околку 10 минути и тоа е тоа.