Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Имаш 16 години, и кога ќе имаш 20 ќе сфатиш дека на 16 години ништо не си знаела. И не ми кажувајте дека годините не се мерило за зрелост, у вакви случаи најчесто не е така. Еден месец сте во врска и сега сака да му докажеш дека го сакаш? Јас лично мислам дека човек не може да засака друг човек додека не помине барем минимум 6 месеци до една година со него, да го запознае убаво, па да знае што сака а што не сака кај партнерот. Имаш само 16 години, и за твое добро мислам дека треба да ја прекинеш оваа врска, од проста причина што на овие години не ти се потребни вакви проблеми. Да си ти 25 а он да е 35 е едно, ама да си ти 16 а он 30 е друго. Ако толку многу се сакате, ниту време ниту простор нема да ја расцепи вашата голема љубов, па ќе се сретнете некогаш и некаде и има време кога да се љубите, ти сеуште не си ниту физички ниту психички комплетно зрела личност за да се справуваш со вакви ситуации.
     
    На glosipgirl, SunshineYo и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  2. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    2.079
    Имам потреба од сериозен совет.. некоја поискусна феминка? :?: :tmi: :worried:
     
  3. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Тој суртук, ама таа се однесува како кучка, знае дека има девојка и пак се вмешува. Тој ако е будала таа нека биде паметна па нека бега од таквиот.
     
  4. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Еве во случај да не тролаш ќе ти одговорам сериозно. Добро остај 14 години разлика... Абе ти имаш 16, тој 30...шо би сакал тој кај тебе бе? Зрело размислуваш? Оформена личност си? Самостојна личност си? Шо би сакал кај тебе? Сигурно не го интересира него како си поминуваш на училиште, колку домашна имаш за пишување, или па кој професор го мразиш затоа што ти пишал кец... На сите такви, не само него...што имаат 25-30 години а одат со малолетни целта им е само да клецнат нешто, а полесно од несозреано девојче нема... Дај размисли жити мајка што зборуваш... Чукни си ја главата од ѕид за побистро да размилуваш.
     
    На glosipgirl, Daydream и sadgirl21 им се допаѓа ова.
  5. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Овде сепак е машкото повеќе криво иако и девојкава не е светица по муабетов. Шо да правиш? Да си гледаш својата работа и да не се мешаш во туѓи врски
     
  6. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Од небо се гледа дека сака само да те преврти. Сакал доказ? Ма ајде бре! Тражи ти од него да те чека 2 години оти нели и он треба да докаже. Ќе го снема додека да трепнеш.
    П.С. Месец време врска и ти си заљубена? Треба малку да се преиспиташ за некои работи.
     
  7. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Магдалена, зарем не мислиш дека 16 години се најубавите години во животот, кога треба да се замараш со малку побитни работи, како училиште, журки со пријатели, одмори со друштво и сл. работи, одшто со врска со човек..несоодветен за тебе.
    14 години е разлика, и тоа голема. Може ти да беше над 20, таа разлика некако ќе се балансира.
    Ама ти не си ни полнолетна бре девојче.
    Сакањето не подразбира само бакнување наоколу ( во вашиот случај само по дома, да не знае светот за вас) и секс.
    Подразбира мноогу повеќе од тоа.
    И баш ме интересира како изгледа едно ваше видување-Тој ти кажува како по еден месец, замисли само цел еден месец :o , не е сигурен во твојата љубов?!
    А ти му кажуваш како си ја згрешила задачата на тестот по математика, кога си заборавила дека ако има минус пред заграда, знакот во заградата се менува?

    А околу давање 'доказ' за љубов, би ти рекла дека нему сексот му е побитен, од твојата наивност и невиност, и желбата за да му докажуваш дека го сакаш.

    А уште не бев и прочитала дека некој може да се сака повеќе и од себе и од мајка, мислев дека таквите жртви ги има во турските серии. |(
     
    На glosipgirl и omg92 им се допаѓа ова.
  8. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
     
  9. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Срц... :call: Јави се на бројов.
    https://www.youtube.com/watch?v=9whU13uMNms

    Мажите знаат дека е „океј“ да се плеткаат со barely legal девојки, ама исто така и знаат дека ако не добијат првиот/вториот пат, треба да ги баталат. Ова што типот ти го прави тебе е класична изнуда и заведување малолетници, за подоцна да те откачи. Типот е говедо.
     
    На glosipgirl, Dentina и gingerchild им се допаѓа ова.
  10. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.827
    Допаѓања:
    39.530
    ^Hallelujah :)
    Девојче,по она што си го напишала,се приметува дека си наивна и многу неискусна.А ако приметивме ние,верувај,приметил и тој.Погоре убаво е напишано,и да се случува ова во Америка на пример,типот сериозно може да заврши во затвор за заведување малолетници,дури и ако ти си согласна ,како што викаш "да му дадеш"
    На 30 години тој има повеќе заеднички работи со татко ти и мајка ти веројатно,отколку со тебе и твојата генерација.Јасно дека тебе сега ти лета паметот и срцето забрзано ти чука,ама на 30 годишњак сексот му е составен дел од животот,а ти си тек на старт на себеоткривањето.Тој веројатно се води по девизата-Кои школки се најубави?-Средношколките..и како поскусен манипулира со тебе,и си игра игра во која ти,ако му веруваш,едноставно не можеш да победиш..Уживај во тинејџерските години без вакви "големи љубови"
    од дууури месец дена.Знам,не звучи интересно,ама можно е...
     
  11. Bube22

    Bube22 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Ве молам за повеќе мислења и совети.
    Во врска сум една година. Ова ми е прва сериозна врска до сега. Пред тоа сум имала само мувања и толку, ништо сериозно.
    Се зпознав со дечко ми на интернет, на чат. Кога почнав со него да пишувам беше се поинаку. Пишуваше многу поразлично од другите. Кога ќе почнев да пишувам со некој одма прашува дали имам дечко, или муватор, ми бара слика, број. А дечко ми не. Не ми ни побара ни фб, ни скајп, ништо. Разговаравме за многу теми (освен за љубов и секс, а повеќето за тоа пишуваат), со него ми беше преубаво, ме смееше иако не го познавав и едвај чекав повторно да пишуваме. И случајност или не секогаш се наоѓавме таму во исто место. И после еден месец допишување на чат јас го аднав на фб. Му го знаев фб така што ми праќаше слики што бил на свадба, на турнир итн. Потоа една месец пишувавме на фб. Пишувавме со саати до сабајле. Јас сум од еден град, тој од друг. Но во мојот град има роднини. И дојде на гости кај роднини. Неговиот број го пишуваше на фб и му пишав порака, ми беше срам да му се јавам. Не знам која смелост, јас прва да почнам, прва му пратив на фб за пријатели, прва на тел му пишав порака и прва му се јавив и секако му реков да се видиме. Што да правам кога тој беше толку срамежлив. :D И добро, се договоривме да се видиме. Арно ама сме се чекале на погрешни места. Јас на една страна, тој на друга. И сме се чекеале цел пола саат. Кога конечно се најдовме јас бев премногу лута. Од прва средба се рчнавме, ама уште првиот пат кога го видов како да осетив пеперутки во стомакот. Се запознавме и поминавме преубави денови. Се вљубивме еден во друг. Тој зема број за да може да разговараме постојано. И така беше, по цели денови разговаравме, цело наше слободно време си го посветувавме еден на друг. На почетокот тој доагаше во мојот град, потоа јас почнав да одам. На почетокот моите беа против оваа врска, бидејки не го знам, сум го запознала на нет, од мал град, од село, сиромашен и постар од мене 6 години. А моите си замислуваа да си најдам некој богат си висока функција, некој кој што татко му и мајка му се богати,а не некој сељак од село кој што нема вода во очите. Сите беа против нашата врска. И моите и неговите и сите, освен мојата баба која секигаш велеше дека кога има вистинска љубов може да се успее. Одев против се и сите. А тој правеше се за мене, со дела ми покажа колку му значам. Дури и на моите им докажа и моите го прифатија и засакаа, сега дури повеќе од мене. :D
    И така си почнавме и двајцата, не размислувајки со паметот, туку со срцето, не гледавме реално туку си живеевме во некој наш свет. Проблемот се појави многу подоцна кога се запознавме добро и сфативме дека имаме многу различни карактери и во многу работи не се согласуваме, што некогаш доведува до големи караници.
    Во текот на оваа година поминавме низ многу нешта, ситуации, проблеми, моменти. И после една год. јас не сум сигурна во неговата љубов. Сега ќе речете, во врска една год. а не знае дали ја сака. И во право сте. Не викам не. Ама јас сум толку збунета што не знам што да правам.
    Јас толку многу го сакам, што не е тоа описливо колку го сакам. За него имам поминато многу ноќи во солзи, тага и болка. До тој степен што често губев контрола, не бев при себе и многу си наштетував. Тоа се одрази на моето расположение и здравје. Секој ден се повеќе и повеќе умирав. ;(
    Дури и многу пати самата себеси се понижував и дозволив да ми се смее во лице. Тој што најмногу ме сакаше, што ме гледаше како принцеза, се доведов во ситуација да ме нарече ненормална, проста и дека сум за во болница. Се доведов во ситуација да ми каже дека неговите колешки се многу подобри од мене, дека не се како мене, со нив можел се да збори, а не со мене да се пази што збори. Дури и рече дека се кае што ме запознал. Требало да сме другари, ама сега после една год. било касно. Од една стана се кае, а од друга страна не сака да расќинеме.
    Направил многу работи за мене, не викам не. Ми помогнал во многу ситуации. Никогаш нема да му се одолжам за некои работи.
    Ама тие зборови болат многу и не можам да ги заборавам, а знам дека сум виновна.
    И сега што? Што понатаму? Секој по свој пат? Или се уште има надеж за нас? Ме сака ли се уште? Дали да продолжам со него? Дали да раскинеме? Што?
     
  12. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    ^^ Девојче, јас раскинав врска од скоро 7 години која беше страшно нефункционална веќе предолго. И јас се плашев не викам не, сум вложила толку многу и сега одеднаш да го прекинам, па дали вреди, дали ќе згрешам, како ќе ми е без него итн итн... Прашав за совети и другарки и другари нешто што никогаш не сум го правела за дечковци дури ни во пубертет, пишав дури и тука, зборев со роднини... Со години пред да раскинеме. И ни се случило 3 пати да раскинеме па пак да се смириме. Мојот бивши не ме вреѓаше нешто многу, се случувало да му излета нешто како глупа, одвратна и слично кога ќе се спукаме али и јас сум го вреѓала и многу повеќе не викам не. И двајцата после сме се извинувале. Значи ние едноставно бевме природно некомпактибилни, не раскинавме ради тепање/вреѓање итн. Поентата ми е, колку и да ми даваа совети ниеден не ми помогна додека јас не седнав со ладна глава да размислам дека е доста и дека едноставно не е тој вистинскиот за мене. Што ако сме биле заедно толку долго, подобро е да раскинеме или да продолжиме цел живот да се убедуваме дека вреди затоа што е долго? Ти сама ќе осетиш кога е крај верувај! И тогаш стави го и продолжи понатаму. Јас не можам да опишам која леснотија ја осеќам. И не ми фали ни на секунда ништо од таа врска, ете толку ми била товар... Кога нешто не оди, не оди и крај. Врската меѓу двајца треба да е убава, се да си биде на место. Јас верувам дека за секој постои баш онаа вистинска, вистинска љубов, само ретко кој е храбар да ризикува и да ја најде. Не знам колку години имаш ти, јас имам скоро 24 и ти кажувам дека светот стварно не пропаѓа туку расцетува кога ќе прекинеш нешто што нема цел.
     
    На glosipgirl, Elena69221, Safira26 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Bube22

    Bube22 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Вчера вечер он ме остави. ;( ;( И јас го молев, го молев и џабе. Крај е. Готово е. Засекогаш. Несакал девојка како мене. Јас му реков прво сослушај ме да ти објаснам па после ќе раскинеме ако сакаш, само сослушај ме. Не сакаше ни да ме сослуша. После пола саат молење ме сослуша, ама не сакаше да бидеме заедно. Вика јас сум покрај тебе, секогаш, ама со тебе не можам. Не иде. ;( ;( ;( ;( ;(
     
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Си се однесувала посесивно и љубоморно со него? :?:
     
  15. Bube22

    Bube22 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Па љубоморна да, понекогаш.
     
  16. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Нема да е тука крајот за вас, мене тоа повеќе би ме секирало. Не го барај некое време тој ќе ти се врати, ама за што? Сите ја правиме таа ужасна грешка, кога еднаш ќе раскинеш пак се надеваш, пак се смируваш. Чим раскинувате, готово е. Нешто не ваља. Да била обична караница, ќе бидете лути нема да раскинете. Не се смирувај со него, најди некој кој ќе ти одговара пред се тебе, а ќе му одговараш и ти него. Продолжи понатаму, колку и да ти е нереално во моментов ќе успееш, јас ти гарантирам.
     
    На lilija90 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. playhard

    playhard Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Еве вака сакам по машко кое го сака и мојата другарка и е била со него,во иста вечер сакаше да се смува со мене,ама јас го одбив,несакав пошто имаше женска,па се смува со мојта другарка.Ама тоа не му беше прв пат да сака да ме смува.Веќе по трет пат го одбивам,а најлошо е шо го сакам,го сакам,ногу ногу,веќе 2 години.Финтата е тоа што кога е насамо со мене,се однесува многу убаво,знаеме убав разговор да си направеме,но кога е пред други се однесува кретенски,само се препираме,ако јас речам нешто тој ќе го каже спротивното,ако он каже нешто јас ќе го кажам спротивното и цело време така.Не ми е важно ништо се ќе направам за да бидам со него,но не за провод,туку за нешто вистински.Знам дека цел свет ќе биде против нас и дека сите ќе ме критикуват зошто сум го направила тоа,но сигурна сум дека ако тој е со мене ќе го имам цел свет.И после сите повреди што ми ги нанесе сеуште го сакам,мислам дека никогаш нема да престанам да го сакам,без разлика колку и да помине време секогаш ќе останат истите чувства спрема него.Знам дека и вие ќе ме критикувате,но сакам да ве прашам што мислите вие дали ме сака? Што да направам? Ако проба пак да ме смува,да бидам со него?Неможам веќе без него..
    [mod-tekst:3e7iadln][/mod-tekst:3e7iadln]
     
  18. blueteacher

    blueteacher Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво, нова сум на форумов и ако може некоја да ми пише во инбокс, ми треба искрен совет :(
     
  19. biky

    biky Нов член

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Машки зафрканци или..??

    Ми се бендисуваше едно машко кое му е другар на мој школски од основно.Се запознавме...Често пати кога ќе се сретнеме се поздравуваме со бакнеш на лице,ама немаме многу разговарано само што правиш,како си..Пред некој ден,кога си одев дома од чаршија,седеа на клупа и ме викаа да се поздравам.Појдов и машки ко машки,кога се во присуство на девојче се се прават "џекчина" со тоа што ќе го зафркаваат.Е тогаш мене стварно незгодно ми падна,кажуваа некој си финти нивни,нормално нејасно за мене и меѓусебно си се смееа,за грев хахах.И доброо.Потоа се сретнавме в кафич,појдов кај нив на маса да се поздравам и овие пак почнаа со нивните зафркнции, а овај другар ми место да биди со мене на моја страна тој уште повеке додава масло на огнот.И сега кажете ми како да се справам со овааа,што да направаам а стварно ми се беднисува машково...?!
     
  20. Katty-Lolly

    Katty-Lolly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    6
    Ве молам за совет. После една и пол година врска раскинав со дечко ми. Верувајте многу ми е тешко 1недела сме скарани а јас се уништив, не јадам, не спијам, не се смеам. Ме мачи помислата шо до мене имав СОВРШЕНСТВО (не во физичка смисла, туку во поштовање, верност, љубов...) и се тоа исчезна поради моја вина...прев пат се скаравме пред 2месеци и од тогаш не беше исто, станав многу љубоморна, почнав да го напнувам, да го контролирам, ми беше страв да не го изгубам и токму тоа си го направив. Ги оладив неговите чуства кон мене, а сепак ми даде друга шанса. Јас не ја искористив и неа и сега го загубив засекогаш! Го молев да се смириме, го барав, му се извинав ама тој прекина секаков контакт со мене и решив да го оставам на мира, убаво ми кажа НИКОГАШ ПОКЕ НЕКАМ ДА БИДАМ СО ТЕБЕ ОСТАВИ МЕ НА МИРА и тие зборови секогаш ке одекнуваат во моите уши. Многу ми е тешко, премногу сум заљубена. Излегвам со другарки скоро секој ден, ама дури и нив му се смачи да ми го гледаат лицето смуртено и тажно. Не сакам да се затворам дома, лето е а мене ми е прелошо. Никогаш нема да си простам шо дозволив да го изгубам. А за нова врска, нов дечко не ми ни иди на памет да помислам (знам дека е рано ама сепак ми е страв). Ве молам за совет, незнам како понатаму, незнам како без него. Премногу ми недостига, а му ветив дека ако ми речи да го оставам на мира ке ја почитувам неговата одлука и нема поке да го побара. Советувајте ме нешто феминки...како понатаму без него?! :( ;(