^ Seriously? Сметаш дека е некултурно што сакал да се сликате. А па тој уште и се налутил за тоа. Ми доаѓа да си се измавам од цевката од парново кога ќе прочитам ваква глупост од девојки на 21 година.
pogresno me razbra...ne deka e nekulturno tuku pred drugite se pocuvstvuvav kako lesna devojka i i site taa izreagiraa sto mi bese epten ne prijatno..
Како може да си лесна девојка, ако некој ти побарал да се сликаш?! Мене ова навистина не ми е јасно, па и уште не јасно што другите се зачудиле за едно сликање..
Доказ за временска машина. Еве моми од 18 ти век пишуваат на форум ! Just in case - I see you ! http://www.youtube.com/watch?v=8RDUjA0fN4o
Девојки, имам дечко и заедно сме три години... Мината година почна да работи, па од тогаш почна да е уморен, се повеќе и повеќе односно да мора да спие кога ќе се врати од работа, а многу ретко си заминува точно кога завршува работното време, приватна фирма е и си заминува подоцна, некогаш му е за докажување, а некогаш има работа со рок... (и новите вработени не заминувале рано, освен кога газдата не е тука заминувале точно на крај од раб. време). Е сега, мене не ми е проблемот што тој си работи, нека си работи, фала му на Господ што си нашол работа. Проблемот ми е што за мене некако нема време, односно секогаш му се спие... уморен е... заспива... јас треба да го сфатам, разберам, требало сама да му кажам оди одмори се наспиј се... А што кога си заминуваме во родниот крај, еднап-два пати месечно? Е тогаш, вечерта кога ќе стигне дома во петок, после неколку часа патување, после тоа што бил и на работа претходно, тогаш може да оди во кафана, да гледа фудбал, да игра фудбал со другарите дури и да не отспие... Значи воглавно, јас сум таа што треба да сфати за неговиот замор, а тој мене да ме сфати како ми е што само јас го трпам таков, а за другите е секогаш во форма? Па и сега имаше и за учење, на постипломски студии...плус тоа... па и светсково да не го заборавиме, така убаво ми кажа дека сака да учи и да гледа светско...ама не знае ни баш дали ќе може да учи бидејќи светсково е доста битно... а јас... Значи милион пати сум му кажала за ова, дека ми смета, премногу ми смета... ама џабе, тој тврди дека јас сум таа што не сфаќа, не дека не сакал да е со мене, ете така, немал ни време... А и доста битен проблем... интимните односи се се поретко, на почеток се расправав а тоа, зошто си мислев дека нешто е до мене, или дека има некоја друга што го испонува тоа... Па си кажа дека е преуморен, работа, учење... па ајде сум слушала за такви работи дека недоволен сон и работа влијаат врз сексуалниот живот, и се смирив попоштив, прифатив секс да имаме едвај еднаш неделно... Иако искрено ми смета, ама се плашам пак да му кажам за тоа, зошто последно ми спомна нешто демек сум била зависна јас... и пак ќе ги има истите изговори нели... Сакам да ми кажете дали сте имале ваква ситуација некогаш, како сте се справиле, би се справиле? Иначе се сакаме многу, не сакам раскинување, ама мислам дека ме има земено здраво за готово... Fala
Lady доста комплицирана ситуација. Не е оправдување тоа што постојано има работа, и нема време да ти посвети време. Да, вистина е дека треба да го сватиш до негде, но и тебе ти треба внимание. Он не разбира дека и тебе ти треба он? Според мое мислење само оправдување му е заморот. Некој што сака да ти посвети внимание, и што се сака пред се, и тие 5 минути ке те гушне и тие 5 минути ке ги искористи како знае најдобро. Самиот пример за тоа е што секогаш кога ке оди во родниот крај наоѓа време за другарите и за светско. сама си одговараш! Види мила, според мое мислење, типов оладил! Не те вара, не мора да значи, ама сигурно оладил. Да се грижеше за тебе ке се потрудеше да те свати малку повеќе. Јас и дечко ми и двајцата работиме. Добро јас административна работа, он физичка. И јас знам дека му е многу напорно. меѓутоа верувај наоѓа и 2 минути време да ме види. Или кога не можеме јас идам кај него и ете се наоѓа време, само воља треба. Да не збориме за секс, може бил преморен не спиел ни 2 саата, па ретко се десило да немаме.. Не е нормално да немате односи. Односно тоа значи дека страста ја нема. Жалам но мислам дека во врскава само ти го сакаш него.
Не знам, не можам да кажам дека нема љубов од негова страна, за страста можеби... веројатно... Сега треба да одиме на одмор, па баш ќе видам таму што ќе се случува со нас, како ќе биде... Доколку повторно ситуацијата е монотона и покрај тоа што нема работа и учење... Тогаш...
Значи вака, со бившиот бев во врска 1ипол година.. ама од нова година па наваму, работите баш и не ни одат.. би ви раскажала еден дел од врската, за да ми кажете најискрено дали проблемот е во мене или во него.. Додека бевме во врска, се случуваше да се скарам за некоја ситница признавам и тоа него го нервираше. Но, имаше моменти и кога навистина нешто ќе ми засметаше а тој ќе велеше дека тоа е ситница и дека за глупости му зборувам. Инаку, ми сметаа работи од типот што не ми се јавуваше толку често, на фб-то некогаш знаеше да се вклучи и да ме игнорира т.е да не ми пишува.. итн. Секогаш ког зборувавме за такви работи, ние почнувавме да се караме..и јас знаев да излезам од контрола и да кажам 300 глупости ( на пр. се кајам што сум со тебе, идиот си, не ти значам и сл. ) и тој секогаш за било која од овие ситуации ќе ми раскинеше. и потоа јас морав да го молам, и да му пишувам.. и да му велам дека сето тоа било во нервоза.. Никогаш не сфаќаше.. Едноставно, неговото сфаќање беше пред се.. Јас никогаш не се откажав од него.. дури и кога идевме .. јас нон-стоп му пишував и сл. Да, скоро секогаш се помирувавме после таквите кавги..поминуваше некогаш одреден период, но се помирувавме.. Се до последната кавга... Значи, ние раскинавме пред еден многу важен ден од мојот живот за ваква некоја кавга, во која сум му пребацувала за јавување ( не се сеќавам точно, не ме држете за збор) и јас бев и повеќе од премногу разочарана поради тоа. 1-2 дена пред тој настан, се вклучив на фб, и му изнапишав се и сешто на чет а дел од тоа се и сешто беше: .. дај боже само еднаш да се најдеш во ситуација како мене, да најдеш девојка што ќе ти направи така како ти на мене сега за да сфатиш како ми е.. И поради тоа што сум го рекла, од таа наша последна кавга ние не сме се помирувале.. Тој вели, дека не може да се помири.. а јас, не знам.. просто не можам да сфатам.. Помина скоро месец дена од тогаш, и ние и се видувавме и се.. и јас пред некој ден ја отворив темата за помирување, а тој повторно ми рече дека не може да биде во врска со мене... Мене тоа многу ме разочара, и токму денес..ставив крај на таквите видувања..бидејќи ако тој не може да е со мене, зошто се видуваме..? дали мислите дека добро постапив, дали ипак вината е цела моја.. јас не сум била доволно добра за да го задржам .. ? добро би ми дошло ваше мислење, вака како во слепа улица сум
Дај Малку покажи заби нека осети како е да му недостигаш.. не го барај извесно време направи да се зажели за тебе и тој сам да те побара .. секоја врска мора да претрпи по една ваква малку поголема криза но ќе биде се во ред .. дај му време да свати на што е .. и само смирено .. све се решава со муабет а не со инает и карање .. ти посакувам среќен завршеток на целава ситуација
Не му пишувај и не го барај,нема смисла..Ако он по карактер е човек што нејке да збори по телефон,сигурно ако му се дереш и лутиш за тоа,нема да се поправи. Она за чатот,не мора да значи дека те игнорира,туку можеби се уклучил а не бил расположен за пишување,има и такви денови. Најлошо што го прават поголемиот дел од девојките е гушењето и огромната посесивност.Барај слобода и давај слобода. Да не ме сфатиш погрешно,не дека он е цвеќе за мирисање,сигурно заслужил,ама и јасно ти кажал дека не сака врска со тебе,каков одговор сакаш? Имај достоинство и не го моли.
Девојкии морам да добиам совет од вас не е страмно што посетувам женски форум ?, Вака девојки излегов од врска што траеше 2 години не е битно што се случило пошто за тоа не ми треба совет, е сега сум во добри односи со едно девојче кое е заинтересирано за мене сака да биде со мене малку е страмежливо но тоа не е битно. Пробелмот е што бившата ми беше прва врска која траеше доста долго 2 и нешто години се голем период, е сега кон новава немам некои чуства зашто се уште ја чуствувам љубовта од старата во моето тело, незнам што да правам ќе ми се сменат чуствата ќе ја засакам новата ќе има хемија помеѓу нас страст сакање ? Благодарам на одговорите
Секоја Врска си е приказна сама за себе , ново искуство, нов карактер .. сите знаеме дека треба време додека си ги залечиш раните после долга врска но од искуства и од голем број на примери верувај дека е полесно доколку во тие мигови ти се појави нова личност во животот која ќе ти пружа љубов и внимание .. едноставно ќе ти го одвлекува вниманието и напати ќе ти изнудува насмевка на лицето помислата дека има некој кој мисли на тебе и му недостигаш .. и сам знаеш кога една врата ни се затвара , друга ни се отвара .. ако си заинтересиран за девојчето и ако ти годи нејзиното внимание дајси себеси нова шанса .. што знаеш можеби ова ќе биде вистинската .. некој мора да биде прв во животот а ретко првиот останува последен .. така да немој да се разочаруваш размисли убаво .. и доколку си сигурен дека си расчистил све со бившата и дека нема враќање назад , тогаш главата горе и можеш слободно да зачекориш во нов почеток .. ти посакувам среќа и те поздравувам
Две работи, едната е дека дечкото очигледно со тебе бил од навика, барем во последниот период и не си му предизвикувала апсолутно никакви позитивни емоции. Осеќал обврска, напор, органичување и напади на страв од непознатото ако се реши да те откачи. Втората работа уствари ја начнав, ти си класична девојка која си го сака дечкото до граница да не примети дека единственото што успева да го направи кога се труди да ја подобри врската - е да ја уништи врската. Многу посесивност, многу опседнување и глумење брак од 30 години, што за пар кој уште е тинејџерски, е непотребно. Всушност, ти како и многу други момци и девојки, не сфаќаш дека не можеш да го освоиш партнерот да те сака со тоа што ќе му кажеш што не ти се допаѓа и да бараш да го смени тоа. Ако сакаш да ти пишува и да ти се јавува, треба да најдеш начин како да го натераш на тоа без зборови. Не можеш да очекуваш самото твое постоење на планетата него да му ги заигра сетилата после година монотонија. Предизвикај го. Направи нешто невообичаено, дури и злобно, пошто ситуацијата ти е безизлезна. Излези со некој другар кој го мрази, направи длабоко деколте, опиј се, направи глупост, имаш 19 години, крајно време е да направиш нешто што ќе донесе добра приказна на форумот, а не клише прашања. Што и да правиш, само не викај „не сум ја таква“. Абе море шапшал еден. Абе 21 година имаш, немаш 15. Какви ти се тие муабети „да ја засакам новата“?!? После двегодишна врска со девојка која си ја сакал многу, најмалце што треба да бараш е да сакаш некоја девојка. Man the fuck up!!! Излези со тоа девојче и покажи и` дека си маж, кажи и` дека вечерта ќе ја однесеш во кревет, ќе ја направиш салата. Jesus.
Од таков мачо пристап на многу жени кои ги познавам им е преку глава (вклучително и мене) . Жена треба да се освои, да се заведе. „Ќе те однесам во кревет, салата ќе те направам.“ Wow, која чест, која услуга и` се напраила на девојката у животот. Треба да ја натера самата со поглед да го моли да биде со неа. Со манири, малце украсени вистини (па што), со енергијата која ја шири околу себе... Додуша има и такви кои сакаат таков пристап каков што го советуваше дечково. Само една работа е многу битна. Од старт да знае девојката на што е. Ако почнал постепено, другарство ово, оно, и` праел Дизни филмчиња, на првото излагање мачо филмот да и` го направи, ќе биде негативно сфатен. Имам роднина и пријател кој е баш таков мачо тип, но таков пристап си има со сите од сам почеток. И жените кои биле со него, го почитувале баш ради таа доследност и ден денес имаат коректен однос. А не прво Дизни, ајде постепено, имаш убави очи, после „бам, те носам у кревет“.
^ Кога момчето доаѓа на форум да праша за совет, не го советувам како девојката со која ќе излезе да ја направи среќна, туку него. Затоа му пишувам man the fuck up. Зошто? Зашто замисли ти да си во врска две години, излагаш од врската и почињаш да смислуваш план како да влезеш во нова долга врска. Како е за девојки лош потег тоа, исто така е и за машки.
Исто така не може да очекува дека на женски форум ќе биде оправдано мислење „шо ти е гајле, гледај си го ќефот, искористи ја женската.“ Мислам дека со размислувањата сме даалеку по онаа фаза кога машкото во фамилијата се викаше „дете“ а женското „ќерка“. Со себичен пристап, мислејќи само на сопствениот ќеф, може многу убави шанси да си упропасти во животот за кои после ќе му доаѓа да си касне од задникот. Сум се нагледала многу такви ситуации.
Јас исто така сум се изнагледал промашени животни приказни од мажи и жени кои мислеле дека авантурата е дело на ѓаволот, а бракот треба да се оствари по секоја цена.
^ Кај се измешаа бракот и авантурата у муабетов?! Хедонистички живот исполнува во моментот, а долгорочно.... па малку тешко. И тоа сум го видела. Животот е пред нас, има време. Вистината ќе ја откриеме, неизбежно е тоа... После мажите кукале, нема жени, се испомажија странство/за овој/за оној.... Ова повеќе на шала го пишав. Plus, не мислев да советувам како жената да ја усреќи, туку како да направи жената да САКА да го усреќи него. Среќна и задоволна со себе жена прави чуда за да усреќи еден маж.
Chill out dude, Со новата излагам се имаме смувано неофицијалноо сме у врска, ама прашањето ми беше дека се уште чуствувам кон старата иако расчистено со неа е се!, само имам измешано чуство додека се бакнувам со новата немам толкава страст кога го праев тоа со бившата, Прашањето беше дали ќе ги изгубим тие чуства и ќе имам нови чуства за новата. А НЕ тоа дали ќе ја легнем и ќе ја напраем салата не е мој стил тоа.
^ Тогаш тоа е нешто сосема друго. Чувствата кон старата девојка неминовно ќе се изгубат ако немаш контакт со неа, дали после пола година или 10 години, битно ќе се изгубат. Со оваа девојка, постојат две опции зашто се чувствуваш така. Првата опција, која според мене има помала шанса да е вистината, е старата девојка толку да ти прираснала за срце, што не можеш да се опуштиш со новата, ама гледајќи го начинот на кој пишуваш прилично сум сигурен дека не е тоа. Втората опција е дека новата девојка едноставно не те возбудува толку како првата. Фала Богу, Господ бил многу креативен кога ги создавал луѓето, па и сам во животот сум запознал и сум се плеткал со препреубави девојки со кои интимните моменти ми биле како да сум со метла со долга дршка, а сум бил и со неатрактивни девојки чиј прв бакнеж бил нешто како ненадејна ерупција на вулкан. Чист спектакл. Мој конечен совет, бркај трета девојка. Всушност, токму тоа е она кое јас сметам дека не треба да го прави. Усреќувањето една жена е сериозен процес кој бара многу труд. Маж сум, знам. Наспроти тоа, сметам дека треба да се посвети на сопствената среќа и жените, еден период да ги гледа и третира како забава и те молам не ми кажувај дека е тоа шовинстички или неетички. И на жените им се потребни такви моменти во однос на мажите. п.с. Битолчанка си?