ајдее вака, повторно јас ) јас не се откажувам лесно од работите што ги сакам и што мислам дека се вредни.. а оваа врска е една од таквите работи и советите што ми ги дадовте погоре, ви благодарам но за жал, морам да разочарам една од вас... не, навистина не сум тип на девојка што ќе оди во чаршија за инает на бившиот со деколте до папок и ќе мава други за да го прави љубоморен.. Мислам дека ако сака да ме чува, не треба ја да се фаќам наоколу со друг за да тој почне да го прави тоа Во секој случај, благодарам за коментарите Оваа вечер си имам друга мака Истиот тој дечко, за кој непрестано маки мачам за да се корегирам самата себе си..не дава ни дел од себе си. Да,ние не одиме..но постојано сме во контакт, се видуваме, се слушаме... Оваа вечер, излезе во чаршија со другарите, и навистина немам никаков проблем со тоа.. со неговите другари имам најкоректен однос и многу ги почитувам.. Но, бев запознаена со делот дека излегува со другари..не и делот дека меѓу тие другари се и куп девојки Е сега вака, исто така немам проблем ни тој да изглегува со неговите другарки, многупати се има случувано тоа и додека сме биле во врска и сето тое ми е океј... Но, имам еден огроооомен проблем со тоа што кога е излезен во чаршија не знае да го земе телефонот и да се јави да ме слушне.. Без разлика дали јас дома седам,или пак сум некаде на друга страна во чаршија..тој не се јавува. За љубоморна, да - љубоморна сум. И тој тоа го знае, па не сме од вчера... Јас денес седнав и му напишав еден добар текст кој му го пратив на четот затоа веќе преку граница пројдоа сите овие работи.. Му напишав зарем е тешко да се тргне на страна и да ми се јави, јас сигурно нема 2 саата да го малтретирам со зборување на телефон кога знам дека е со друштво во чаршија.. дека нормално тоа што јас сакам тој убаво да си помине во чаршија, но од друга страна дека тука е и мојата љубомора за која тој знае дека постои и дека треба и тоа да го интересира, ако го интересираам и јас.. Сета таа љубомора, која знам дека е беспотребна не би доведувала до никакви кавги кога тој само би завршил еден телефонски разговор со мене... најлесно е некој да седи да ужива цела вечер, додека друг се нервира и на крајот кога ќе се скараме за тоа што не ми се јавил јас да излезам крива... тоа не е фер,нели? и на крајот му додав, не очекувај да ти цветаат рози во врската кога не ги полеваш со вода.... би ме интересирало ваше мислење и за ова, дали сум во право? барам само еден телефонски повик, а како да барам целиот универзум да ми биде подарен на дланка.. Какво е вашето мислење? Дали добро сум напишала?
Немие јасно зошто излегуваш со него кога веќе не сте во врска, сте се скарале он ти рекол неможе да г поднеси твоето однесување и ти сеуште после години врска ''се муваш со него'' незнам што сакаш да постигниш но ова нема никаква цел освен ако си играте friends with benefits..што сигурно ти не го сакаш тоа.Ја знам таа љубомора и тоа јавување кое едноставно ти го разубавува денот,но не го добиваш од него.Излегувањата со другари и љубомората кај е што е најчесто се на почетокот на врската,а не во ваква ситуација.Ти убаво му си напишала но не верувам дека ќе те послуша или ќе го свати твојот цитат здраво за готово.Можеби звучи сурово но животот е само еден.
Па излегувам затоа што не сакам да се откажам од нешто што ми е многу битно..и се трудам да се подобрам себе си за да успееме затоа што тој ме кривеше ( а и признавам дека за нешто и бев крива ) за нашите не успеси во самата врска.. И да, не го сакам тоа, ама тоа е се што добивам..
^ И ќе продолжиш да се задоволуваш со нештото кое го добиваш, и покрај фактот што сметаш дека заслужуваш повеќе?
проблемот е што ме кочи огромната љубов што ја чувствувам.. се дадов целосно психо-физички за прв пат на некоја личност, значи не на маж..туку на личност.. и сега, оп.. како да пронајдам пат за назад, тука е проблемот.. што да правам..
Сите сме чувствувале огромна љубов и сме се препуштиле па живи сме, животот има многу убави нешта, а ти си затворена во 4 ѕида и свесно не го отвораш прозороцеот да ја видиш убавината. Постојат различни видови на љубов, љубов кон родителите, кон пријателите, кон природата сето тоа е прекрасно треба само да дозволиш.....Ајде едно cha-cha-cha три чекор назад и ослободисе психо-физичи.
Не е толку тешко колку што не постои воља кај мажите за тоа со чест на исклучоци. Жените кои се ценат себеси, обично бегаат од мажите кои не ги усреќуваат. Има една изрека „Жените се како мачки. Викнете и` еднаш на мачката и веќе ја нема“. И после ни мажот ни жената не се среќни. Нема да ве убие ако и` придадете значење на дамата до вас. Сепак, секој со својот став што го почитувам. На крајот на краиштата, не сите жени сакаат исти нешта. Инаку не сум Битолчанка.
Ти треба само едно нешто да направиш ако го саакаш, тргни му се од животот, не биди напорна. Ако вашата љубов е вистинска некогаш пак ќе ви се спојат патиштата, а сега за сега тргни се и уживај во животот далеку од него.
thegirld обрати внимание на речениците. Се е кажано . Ти знам заљубена си , многу ти значи бла бла .. Но тој ти рекол дека не сака врска со тебе и тоа е тоа . Доколку сакаш да се сменат работите , верувај дека не правиш ништо со тоа што си му на дугме во секое време . Па и го напнуваш зошто не ти се јавува кога е со друштво , а не си му ни девојка . Знаеш ли зошто го прави тоа ? Затоа што се забавува со друштвото , едноставно не сака да му досадуваш и последно нешто што му паѓа на памет е досадната девојка што може да ја има кога ќе посака. Направи го и ти истото , забавувај се .. Биди позитивна , откачи со друштвото , прави го тоа што те исполнува .. И заборави на повици,разговори и средби .. Избриши го едноставно . Само така ќе пројави интерес за тебе , доколку се уште има чуства кон тебе . А вака ти само го дотолчуваш и последното жарче што останало од вашата врска . Aко мислиш дека вака работиш на вашата врска гадно се лажеш. Го пролонгираш неизбежното , да се надеваш и да му бидеш на располагање се додека не го видиш со друга девојка под рака. Доколку покажеш малку самодоверба и гордост , којзнае работите може ќе се сменат ..
Не да не си у право... Девојче ти го гушиш типов до тој степен што он веќе не знае што да направи да му се откачиш малце... Со ваква девојка никој не би бил. Олабави се малце прво ти, па олабави го и дечкото, ја искрено воопшто не го осудувам. Зашто да ти се јавува кога е излезен? Остај го да се забавува бре ало! Не се чуди што ти се лизнал низ раце и не биди толку самоуверена дека се што сакаш ќе добиеш ради желбата. Играј малце паметно, ти не му дозволуваш он сам по себе да помисли на тебе затоа што си околу него 24/7. Ај тргни се малце на страна, искачај со друштво, читај книги и остави го да земе воздух.
Со сила убавина не бидува,особено во врските. Да биде некој со тебе само затоа што ти сакаш (очигледно тој не сака) не е доволно за една убава и здрава врска. За танго како и за врска потребни се двајца.Двајцата да сакаат да бидат заедно,двајцата да се сакаат и да се почитуваат ,двајцата да чезнееат по блискоста и вниманието.Тешко ти е прифатиш,но тој не сака да биде со тебе .Крај помири се со тоа и продолжи понатаму во животот без разлика на тоа колку во моментов е тешко и невозможно.Имаш 19 години животот е пред тебе,луѓе пред олтар се оставани и во брак кој траел си години се разведуваат па преживуваат така и ти ке го преживееш раскинот на врската.
Можеби има некој проблем што не сака да го сподели со тебе од одредени причини, искулирај и почекај ден два да видиш тогаш како ќе се однесува.
Моја блиска личност ваквата екс си ја класифицираше во категоријата „неповторливи напори“. Со ваквото твое однесување - нападно, агресивно, љубоморно, болно досадно дечкото нема да го видиш за повеќе од еден месец. Прашање е кога потполно ќе почне да те игнорира и да те блокира не само од фб туку и од животот. И собери ги тие романтички порачиња откако близок што го сакаш говно го правиш. Смешно и дегутатно е дали си нормална зашто ваква реакција кон нештата си влече одредени психички деформации.
абе зашто трескате глупости? го гушела па била многу љубоморна? Е да бе ај нека се шета нека се пијанчи нека прави што сака па да не ја интересира? па нормално е кога сакаш да бидеш љубоморен. Јас па не сакам некој да ми даде преголема слобода. Не дека не му верувам ако излезе, ама што е тоа да излезе и да не знае да се јави. Многу нормално е во една врска да зборуваш, не да му звониш 24 да не го оставиш да ужива ама за мене тие работи се нормални.. Исто како што јас кога ке отидам негде па ке пуштат некоја песна па ке му се јавам ке му пеам или ке му сликам ако сум седнала да јадам што јадам исто и он го прави тоа. Тоа значи дека мислиш на него, ти текнува.. Девојче тргни се од него, очигледно не го боли гз за тебе. Време лечи се, ке го преболиш не се секирај ама тргни се. боље без него
Најверојатно погрешно си разбрала, они двајца не се во врска. Тој искрено и' кажал дека не сака врска со неа. И сега се гледаат онака по потреба. Дечкото е слободен може што сака да прави, со кого сака и каде сака, а најмалку има обврска да и' се јавува кога ќе отиде некаде.
Аааа, тогаш моја грешка. Јас мислев они се во врска и вие викате го гуши добро без разлика, девојчево треба да го заборави и да продолжи понатаму.
не, ние не се видуваме без обврска.. се видуваме и се слушаме скоро секој ден.. освен во ситуацију кога ќе излезе со другарите... он сака тука да сум му, ама да не сме во врска..убаво да ги дефинираме работите.. освен тоа што ми го има кажано,ништо друго нема и бај д веј, кога сме заедно, ( и во одредени работи кога не сме) не прави ништо поразлично како да не сме во врска и да се видуваме без обрски.. и, како би го дефинирале ова, еден ден зборуваме, да излеземе некогаш заедно со друштвото ( неговото) и се е океј, значи се договараме за тоа.. а веќе наредниот, му спомнувам да излеземе некогаш со моите блиски, а тој ми вели: еј, не сме заедно за да излегуваме така.. неговото иритантно однесување ( и инаку, и кога бевме во врска се однесуваше така со целото не/јавување) доведе до тука.. а љубомората е присутна во секоја врска.. тој додека бевме во врска одеше со другарки сам и јас немав проблем со тоа.. значи не сум како што рековте ненормално љубоморна во секој случај се е океј, ви ги ценам коментарите... ме требаше само туѓо мислење
Оф бе душо , не гледаш или не сакаш да видиш сеедно. Очигледно си му драга , не сака да те повреди те кога ти рекол дека не сака врска со тебе може рачунал дека ќе биде тоа тоа . Ама ти не сакаш да пуштиш . Се понижуваш ... Човекот ти раскинал а ти ќе ја оправаш врската.. За да не ти дојде нагло , полека полека те остава да се навикнеш да бидеш без него .. Оти очигледно не сакаш да прифатиш и тој го гледа тоа , па те остава да се надеваш , очекувајќи сама да разбереш . Ама брзо ќе дојде денот кога ќе му здосади да му дишеш у врат и уште повеќе ќе се најдеш повредена. А ти му праќаш реферати зошто не ти се јавил . Можеби пак би се смириле оти уште е пресна разделбата, ама не доколку продолжиш вака. Дај не го барај воопшто и види дали тој ќе те побара? Ако не те побара ќе знаеш што е , ако те побара мој совет ти е да му кажеш дека не си на закачалкa и дека се излишни вашите средби , ако не сака врска ... И дека му даваш простор да си ги преиспита чуствата па ако ви е пишано ќе бидете заедно Покажи карактер бе девојче ... Дај не се моли за љубов , ако тој те сака сам ќе дојде. Ако не , па не е крај на светот , млада си, може среќата ти е на друго место а ти не сакаш да ја пуштиш.
Девојче, ти не си во врска за вака да се однесуваш и да бидеш љубоморна. Врска без обврска тие тој излезен со други девојки, ти со други машки а си се гледате кога сакате. Нема потреба од љубомора, ти сакаш да биде он со тебе а он не сака. Со сила убавина не бидува. Од др. страна џабе ти е љубомората кога тој не е заинтересиран за тебе. Делува ладно, Премногу бараш и го притискаш така мислам по мое. Ако го оставиш малце да те побара тебе ќе ти се вртат работите по твое. Додуша не можеш да го контролираш и да му наметнеш нешто што тебе ти одговара, а него не. Така да колку време и да се гледаш со него, тој секогаш ќе најде некоја сосем трета што ќе ја фати а тебе ќе те откачи. Затоа ти биди брза и прекини со него додека е со време. Нека победи гордоста во овој случај, пошто не вреди за оваа врска. Само затоа што ти мислиш дека е вредна врскава, тој не мисли така. Самата си даваш лажна надеж. Јас да сум на твое место нема да седам и да пишувам тука да барам совети ќе излезам и ќе се шетам. Нема воопшто да го побарам, за да го сфатиш неговото однесување треба да ја играш истата тактика низ која игра тој.