Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    здраво девојки.. Би сакала совет од вас. Епа вака, дечко ми е од друг град и супер ни е врската,љубов,почит,доверба,абе све,ама од почеток кога се фативме една негова братучедка ми боди очи. секогаш кога одам кај него сама се нуди да излегвит со нас,го гушка дечко ми,го држи за рака,не дек ми сметат ама некултурно е,се нуди да му местит женски (демек ко ке имал потреба,а јас не сум тука)!!! ало бре???!? му имам кажано да не се дружит со нејзе,ама сепак братучеда му е... Да зборам ли со нејзе??
     
  2. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Ти си девојка, она е роднина. Она е тука мнооогу пред тебе. Ако на братучедка му си љубоморна што правиш со другарките негови? Ај седи си мирна и не преувеличувај, ради вакви ствари да си го изгубиш дечкото не вреди. И да не и се свиѓаш нејзе му се свиѓаш на дечко ти, така да она може што сака да прави. А ти однесувај се како културна дама, не се спуштај на нејзино ниво.
     
  3. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Абе не се сфативме,јас значит не сум воопшто љубоморна на нејзе,буквално ја почитувам,како и сите негови роднини,немам проблем со љубомора,ама оваа претервит.. во мое присуство зборит за неговата бивша,па како она ке му местела некоја,го прашвит за излегвење кога јас ке сум заминела... тоа ми сметат! сепак ти благодарам на одговорот
     
  4. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Значи немаш избор, јас те сфаќам дека ти смета, ама братучедка му е и тука е и ќе биде. Нека збори, што ти е гајле? Очигледно намерно прави, така да ти понашај се како ич да не ти е гајле и кога ќе види дека ништо не постигнува ќе прекине. Ако примети дека те нервира ќе си продолжи за инат.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    ме нервираат вакви личности.. Фала ти :*
     
  6. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Па и не се согласувам баш. Таа братучедка била пред неа, да, и јас разбирам роднинска врска, разбирам гушкање, разбирам излегување, Бог да чува сигурно нема на братучедка на дечко ми да бидам љубоморна зашто го гушнала, АМА да му мести девојки??? Кога ќе имал потреба??? Каде е во ситуацијава Adina? Таа што е? Таа не му е девојка? Кога он би имал потреба за друга? Од каде тоа? Целосно непочитување е ова. Јас после ваква постапка веднаш би сфатила дека таа личност не ме почитува како девојка на нејзин братучед и дека ме рамни со нула. Истото ќе го добие и она од мене, која сака нека е, не ме интересира.

    Јас не би седела воопшто мирна во ваква ситуација. Ова не би го толерирала. Таа пак може како дама да ја разјасни ситуацијава, не дека ќе отиде да се тепа. Јас би го седнала дечко ми во ваква ситуација и би му направила еден здрав муабет. Adina, кажи си искрено дека тоа ти смета. Прво на дечко ти, биди сериозна, јасна и конкретна. Да види дека тоа нема така да помине. А во случај она и пред тебе да коментира нешто, немој да и' ќутиш. Кажи и' смирено, културно, дури и поднасмеана тоа што си мислиш, залепи и' во фаца се', па после ти пак биди мирна и фина, а она нека се мисли и нека мрмори. Ама да знае дека со тебе не може така. Покажи малку заби на сите. Ќе му местела девојка, мочла.
     
    На Valerin, Adina и buba4e89 им се допаѓа ова.
  7. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека треба да разговараш со неа и да и кажеш дека тоа нејзино однесување ти смета. И мислам дека е претерано.
     
  8. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    јас сум зборела на оваа тема со дечко ми,он знајт дека ме нервират,се трудит да ја избегви,ама многу е нападна девојкава..а он е фин,културен и не сакат проблеми.. он велит дека она имат проблем со мене,дека не му прајт така кога не сум јас таму,фала Богу. Му имат кажано дека му сметат шо така се понашат со мене,ама она викат дека само се шегувала :devil: е сега му се мислам да ја седнам на кафемуабет :D фала ви на советите
     
  9. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Да поразговарај со нејзе и покажии каде и е местото :)
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Адина злато, провокатори имало и ќе има во секој пар. Имало и кај мене провокации. Искрено, никој учен не се родил, на почеток и јас им се нервирав. Ама после кратко време, јас не ги гледав нивните акции, туку на маж ми реакциите и толку им траеше популарноста
    Луѓево немаат друга работа и гледаат сатисфакција во тоа да провоцираат кавги и непријатни ситуации. Многу е важно како тој реагира на сето тоа. И ако сакаш да зборуваш за тоа со некого, зборувај со дечко ти. Не дозволувај да се доведеш во ситуација да разговараш со такви провокаторки или не дај Боже утре задутре додворувачки на дечко ти. Дади му до знаење, ТОЈ е оној кој треба да пресече во такви ситуации. И ти ќе се чувствуваш поубаво и поважно во неговиот живот на тој начин.
     
    На Hipica, LaraSolare и Glasna им се допаѓа ова.
  11. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    така е тессие.. он е коректен,него му смета шо јас се нервирам,ама сепак братучеда му е,да е другарка секако ке ја откачит,нема да ја дружит ама вака.. се трудам да не вадам бес на него,ама се плашам да не попуштам некогаш,а претпоствувам она тоа го сакат :@
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Adina, мислам дека не би требало ти да бидеш таа која треба да разговара со братучедка му.
    Дечко ти е тој кој треба да разговара со неа, и да и даде до знаење колкава ќе биде нивната роднинска врска и дружба.
    Мене нејзиното однесување не ми е нормално...А девојката има дечко?
     
    На Glasna и poenta им се допаѓа ова.
  13. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Немат,раскина баш кога ние официјално кажавме дека сме во врска. можда ја поврзвит нашата врска со нејзиното раскинвење,не знам..
     
  14. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Во тој случај, нареден пат кога ќе се нуди да му бара девојка на дечко ти 'по потреба', речи и дека прво за себе нека си најде некој, а потоа за другите. ;)
    Може таквиот коментар ќе и даде до знаење дека не е во ред тоа што го прави.

    Инаку, замоли го дечко ти да зборува со неа. И сама спомена дека и него му пречи таквото однесување.
    Ако на време не и постави граници, не сакам ни да претпоставам наредно што би направила.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    он зборит со неа и после то демек се растажвит зш велит таа само се шегувала со нас..смешки е девојкава жими се. наредна прилика ке и фрлам некој муабет,доста е со културно понашање :lol:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.025
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Секој треба да знае до каде е границата на однесување без оглед на роднинските врски.
    Иако е негова братучетка,тоа не и дава за право да се однесува недолично и да игра заткулисни игри.Не ја гледам потребата таа да излегува со вас и зошто воопшто е известена кога излегувате заедно...
    Твојот дечко треба да биде посериозен и цврст во намерата за да и покаже каде и е местото.Тој одлучува за себе и за изборот со која девојка ќе биде,а ти треба да разговараш со него и да настојуваш што побрзо да ја разреши ситуацијата за да не прерасне во нерешлив проблем за тебе.
     
    На tessie и Adina им се допаѓа ова.
  17. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    ам ние сме од различни градови,па секако ке примети дека сум дојдена,блиску живеат со дечко ми,колата ке ја видит,или мене секако тука се врткам :D Ви благодарам на сите за советите :inlove:
     
  18. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Е моја комшике што братучетка ќе беше таа или она има некој проблем па неможе да си најде некојза нејзе па сака да ги раздели другите ...Или пак она како вика бившата и е некоја добра другарка па сака да му ја наметне повторно на дечкоти, али како и да е знам дека мажето те сака и не се секирај кој другому гроб копа сам влегува во него има господ не се скирај за се му ја мисли он а ние само сме извршувачи на неговата волја ..поздравче комшике не се секирај се ќе си биде на свое место ;) :hai: :hai:
     
  19. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    фала комши.. секогаш имаш утешни зборови :rofl: те позздравувам
     
  20. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Секогаш и во секое време поздрав се најдобро..... ;)
     
    На Adina му/ѝ се допаѓа ова.