Се наоѓам во целосна депресија, имам прекрасна врска од 5 месеци , претходната ми беше полоша од пеколот . И конечно го пронајдов човекот кој целосно ме исполнува. Тие 5 месеци бевме постојано заедно се запознав и со неговите најблиски и тој со моите. Ама ете мораше да замине во странство на 3 месеци , мислев дека лесно ќе се навикнам на неговото отсуство , ама многу тешко оди. Ја губам самодовербата , многу сум љубоморна , не поминуваат деновите и не ми изглегува од главата. Се мислам дека сето тоа што го имавме дека ќе го снема кога ќе се врати , многу сум осамена и незнам како да продолжам понатаму...
"Целосна" депресија, "полоша од пеколот", а да не драматизираш ти малку повеќе од потребното? Повеќе пати си пишала за истиот проблем, 100% ти е тешко, ама ако си вака напорна и во приватниот живот, врската веројатно има шанси да не е истата за некое време, ама не заради далечината...ме разбираш? Три месеци не се многу време, а сигурно контактирате за тоа време,скајп,телефон ,пораки ..Не можеш дечкото да го врзиш за себе и нон стоп да сте заедно,а со несигурноста и љубомората само ќе го угушиш.Не можеме ние да ти кажеме дали ќе ти биде верен или не.Тоа зависи од човекот.И јас како студент бев 5 месеци во странство,иамв сериозна врска,а таму видов различни ситуации,некои им беа верни на дечковците или девојките од дома,некои не.И се кладам поголемиот дел од врските преживеаја,мојата да.. Смири се и потсреди се,ако е тооолку идеален како што го кажуваш,би требало да биде во ред.
нема потреба од толку депресии и патетики, ако му веруваш него нема зошто да си љубоморна, ќе се врати не ќе остане таму засекогаш. Дружи се малце со луѓе за тоа време, не се врти светот околу личност од спротивниот пол. Најди си занимација
Сакам да ве прашам нешто. Со еден дечко се знаеме одамна но скорото почнавме нешто да чувствуваме еден спрема друг, и сега речиси секој ден се гледаме и на само и со друштвото значи се дружиме и се можам да си зборувам пред него опуштени сме си, и сега ние само се муваме не сме во врска а и двајцата сакаме да бидиме си имаме и кажано дека сакаме ама не сфакам во што е проблемот Како одредувате од кога сте во врска Да не треба нешто јас да направам, но сепак сум женско сакам тој да го наррави првиот чекор јас сакам ама некако незнам... Прашањето ми беше (малку е глупо), како одредувате од кога сте во врска, што правите?- прв пат ми е ова и затоа прашувам..
Ако чувствувате емотивна блискост, не е доволен само меѓусебен разговор.Самата ситуација наметнува спонтаност и опуштеност,а физичкиот контакт е пресуден за да се започне врска.
Ако мислиш на ден, треба тој да те праша дали сакаш да ми бидеш девојка, ти викаш да и од тогаш вие одите. Можеш и ти да го прашаш од околу нешто како од кога сме заедно јас и ти, од кога одиме ?
По цели 4 години врска, ми доаѓа да го убијам. Не дека не го сакам веќе или сакам да прекинеме, уште сме си заљубени, туку постојано се караме, не ме слуша кога му зборувам (а не сум од оние напорни женски, всушност тој повеќе на мене со кого си, кај си, до кога, а кога ние, отколку јас нему) после кавгата се ќе биде добро недела дена после пак за кавга има материјал. За последнава вчерашна караница: Му кажав дека овој период слабо со пари стојам и нема да можам да си дозволам одмор. Тој ако сака нека си најде друштво и нека оди , нема проблем. На тоа добив одговор јас ќе ти платам за одморот Од кога сме заедно се по пола делиме, дали пет пати ме има частено (мислам јас повеќе него отколку тој мене) irrelevant. Свесна за тоа реков не и убаво му објаснив зошто како и сега ми е лут??? Го прашувам зошто ми се лутиш а он ми вика не сум на тебе лут, ЕПА НА КОГО ТОГАШ
Види, не е смртен грев да му дозволиш на дечкото (со кој си 4 години во врска) да те части одмор. Напротив, тоа значи дека му дозволуваш кога тој ќе нема, ти да го частиш и така да докажеш дека сте здрав пар кој може да оди до крајот. По ова што го пишуваш, мене ми изгледа како (а сигурен сум и него) да сакаш да се откачиш малку од него и сакаш да бидеш сама и слободна без да те малтретира. Те разбирам комплетно ако се осеќаш така, ама тоа треба да си го признаеш себе, а после да му го признаеш и него. И ако е тоа и тој се лути, тогаш е време за кинење на конците, ако направите здрав муабет и сфатите дека токму тоа е она кое ви треба и си верувате еден на друг дека тој нема да преврти некоја девојка за која никој никад нема да знае, а ти дома нема да се изрендаш со бившиот, тогаш супер, ќе решите многу проблеми во врската. И, по 4 години врска, вие се познавате толку добро што сигурно се испливани на површина многу детали од личноста која вистински сте, а бидејќи секоја личност во себе има дел кој е многу иритантен, тогаш нормално е да те нервира. Партнерот го прифаќаш како некој што те нервира еден ден во неделата, ама одлучуваш да мижиш пред него зашто оние другите 6 дена те прават многу среќен и задоволен. Има луѓе на кои тој еден ден им ги засенува другите шест или тој еден е толку силен што им ги руши другите шест, па не успеваат, се надевам ти не си еден од тие ликови.
Се сложвам со мислењето погоре дека немат нишо лошо во то дечкото да ти платит одмор,тоа е еден вид вложување во иднината на вашата врска,чоеков си имат планови за иднина со тебе,иначе немат за џабе да се расфрлат со плаќање одмори нели? второ,зш да се скараш на одмор?? пред да одите фино лепо расчистите самите со себе дека таму ке постојте само вие двајца,немат караници,немат љутки и секако немат потреба од спомнување кој платил или не платил.. уживајте
Твоето мислење ми остава впечаток дека зад љубовните емоции и изјави од типот "ми доаѓа да го убијам ,ама не дека не го сакам", се кријат проблеми кои во текот на 4 години заедно поминати не сте успеале да ги надминете.Еден од тие проблеми е меѓусебната доверба која тешко се стекнува,но сепак се стекнува, доколку партнерите имаат волја да се потрудат за да опстане врската.Во твојот случај,тој напнува со прашања кои се неразумни за подолга врска.Околу финансиите и поделбите за плаќање на сметки не гледам сериозен проблем.Сепак се работи за договор меѓу вас двајца.Сигурно тоа си го прифатила и не треба да ставаш на кантар кој колку,кога ,каде и за што платил повеќе. Некогаш можеби ти ќе бидеш таа што ќе плати,а некогаш партнерот.Само не е во ред да се прават сметки до ситница. Можеби тој е свесен дека заслужуваш да те почести одмор и ти дал таков предлог.Со оглед на тоа што ти најдобро го познаваш, доколку се сомневаш дека ќе ти префрли за тоа што платил,не прифаќај за да не се почувствуваш непријатно.Се сложувам со твоето мислење за одење на одмор на партнерот со негово друштво кога ти не си можност.Тоа значи дека имаш доверба во него,а и ја почитуваш неговата приватност без поставување непотребни прашања и создавање напната ситуација. Треба да разговараш со него за причините за неговото несериозно однесување доколку си сигурна во неговата љубов.
ЈАс не знам што е проблемот тука? Многу нормално е ако дечкото има и може да дозволи да ти плати, ај да нема нормално ќе си помагате еден на друг и ти немаш он има, он нема ти имаш. Како тоа ѓи делите парите или се делите на пола не разбирам? Јас често се дешава да имам јас да плаќам пример, он кога има он, никогаш не ги броиме парите, дали јас сум потрошилA повеќе или он. Буквално си ги рачунаме парите за заеднички, заедно ги трошиме така да кога имам јас исто ко да има он. Мислам дека малку е overreacting ова твоето. а Извини кога ќе се омажиш со него здрави живи, ете рачувај нема да работиш, ќе чуваш деца? кој ќе се грижи за трошоците дома, за тебе, дали ќе ти бидат сите потреби задоволени? Супер е ти да имаш работа да имаш твои пари ама ќе си делите кој повеќе трошел кој не трошел? А он сигурно не е таков да ти плати кафе или одмор па послем да ти го спомнува тоа да ти го вади низ нос, а ако е таков тогаш веќе те оправдувам. Ако веќе плаќаш трај си и не збори или воопшто не ја превземај таа иницијатива. Разговор, само разговор. Се на маса да се расчисти убаво
Да, малку повеќе претерала со реакцијата, но не е неразбирливо. Какви има мажи што спуштаат и го вадат низ нос секое подароче, да му е страв на девојче кафе да го почестат, а не пак одмор. Разговор отворен само. Отворено кажи, ми пречи ова и ова.
Епа не може ни ти да си го сфатиш така, ни он да ти го плесне тоа во лице. Ако сакаш таков дечко кој што на нос ќе ти извади дека ти платил одмор, онда збориме за сосема погрешна тема. Вистинската тема е зошто си одбрала погрешен дечко. Ако сте 4 години у врска, вие сте речиси во брак, а во брак не можеш на сопругот да му кажеш дај ми пари за пивото. It`s the same money fund.
Срце бе. Од што толку се плашела од таква ситуација, никогаш не дозволила да дојде до неа и да ја види и таа страна од нејзиниот дечко. Што и` е голем проблем. Во четири години врска, свесно испуштила да запознае еден аспект од дечко и`. Проблемот лежи тука. Јас отворено си праам муабет за она што ми пречи кај луѓе, ако некој ме лае за нешто што ме почастил, нека биде спремен во прва прилика во десетденарки и железни да му го фрлам на маса пред цело друштво и да ме заборави за контакт дека постојам. Во најбуквална смисла на зборот. Ситничарење мразам од дно на душа. Уствари одма после етикетирање ми е. Уствари тесно е меѓу овие две, не знам кое води. Во еден однос, треба да се вложува и материјално и емоционално. Тоа не е некоја услуга кон другиот. Во своја приказна си вложуваш, не во туѓа.
Не дека не го знам тој аспект, само не ми се допаѓа тоа и не сакам на одмор да се нервирам за тоа. Anyway седнавме си напраивме муабет и заклучивме дека јас сакам да си бидам независна, таква сум по природа, а дури и ако зависам од некого (од него) да не биде тоа недела дена туку викенд. Башка тоа, пократко време исполнето до секунда со нежности и авантури за нас двајца . а што се однесува до инвестирањето и материјално и финансиски дека треба да биде заедничко, потполно се согласувам, но кога финансиите сами ќе ги заработуваме а не од нашите родители (двајцата сме волонтери, имаме мали придонеси).
Се наоѓам во многу тешка ситуација Имам 20 години и во врска сум година и 2 месеци со дечко кој е постар од мене нецели 6 години Поминавме низ многу проблеми,моите не дозволуваа да бидеме заедно,и сеуште се против,но се издржува некако.Јас сум на факултет каде е застапен машкиот пол,но и нон стоп сум опкружена со колеги со кои сум во многу многу добри односи.Проблемот е во тоа што јас сум во Скопје а тој не е.Дечко ми е премногу љубоморен,постојано се караме поради тоа кој од колегите ми пишувал на фејсбук,па што ми пишувал,па сум му гледала профил и ред др. работи.Од септември навака не се сеќавам да поминал ден а да не сме скарани.Премногу оладив.Едноставно не ми е гајле што ке каже и што ке направи за нас,бидејки тој притисок што тој го прави врз мене,нема да пишуваш со овој,исклучи го од чат овој итн. не се издржува. Имам премногу добри колеги со кои немам ништо,едноставно ми се само другари и колеги со кои учам и нон стоп сум заедно. Мислам дека толку сум изладена што не чувствувам ништо за дечко ми,и не само за него туку за никој.Ограничувањата кои тој ги поставува едноставно ме оддалечиа од него иако бев спремна на се за него,кога имавме проблеми да го оставам семејството,но сега неззнам дали за него да исклучам некој колега од чат. Кажете ми што да правам?Како да постапам?Што би бил правилен избор?