А зошто Тој воопшто би бил со неа три години ако не ја сакал.според мене Без љубов Неможе да издржи врска три недели а не пак три години.. незнам дали воопшто некогаш Покушале да направат пауза и потоа да сватат дека не е тоа тоа и да си се вратат еден на друг.. тој цело време и е верен ? Во една врска пред се двајцата требаа да бидат другари и да успеваат со разговор да си навлезат во душата и да пробаат да го извлечат она скриеното... ЧУВСТВАТА .. затоа според мене другаркати баш така треба и да постапи.. на смирен другарски начин да разговара со него и да го натера да и се отвори и да и каже која е причината и да проба да биде онаа која подоцна заслужено ќе слушне од него "ти благодарам Што ме научи да сакам " .. ви Посакувам Секое добро
Правеа паузи и тоа многу пати, и пак си се враќаа еден на друг.. А за верен незнам дали и бил толку време.. Меѓутоа тој никогаш не ја лажел нејзе( барем таа така ми кажа) дека секогаш бил искрен спрема нејзе. И најважното знаете што и рекол..дека порано имал многу женски дури и претерано ама после тоа посакал господ да му даде некоја која ке го сака и цени онаков како што е, да не биде со него од корист или незнам што,како другите што биле, едноставно да го сака. И рекол дека тоа што го посакал од господ, тоа и го добил, ја добил нејзе (се наежив кога ја пишував последната реченица )
Дечкото изгледа не знае што сака. Да го добил тоа што го сакал т.е. нејзе ама никогаш не и возвратил како што треба. Тој само си игра со неа. Стојам на истото дека треба да го остави. Ме интересира ти што ја советува на другарка ти? И ги кажа овие работи што ти ги кажаа девојките на форумот или само си пишуваш овде и сеуште се мислиш што да правиш?
Секако дека и ги кажав.. И јас мислам дека е најдобро да го остави, па времето ќе покаже. А она како ќе го прифати тоа незнам.. Сепак фала на советите
Помош здраво феминки..имам еден проблем и би ве замолила за помош вака имам дечко од охрид (јас од велес) 2 месеци одиме се е океј ама мн ме нервира во последно време секогаш ми пишува на фб, не ме остава на раат да јадам ,цело време ми се лигави те сакам ,душичке незнам уште што.п.с тоа мене ме нервира.А сега се запознав со едно друго дете многу ми е симпатичен цело време си пишуваме на фб ,знае како да ме насмее ,едноставно се си кажуваме меѓу себе.Мислам дека имам некои чувства спрема него,цело време како нанего да мислам во глава ми е тој и сл.незнам што да правам!.а овој од Охрид ми е мн далеку а се имаме само 1 видено а и + тоа е помал 3 години одмене,ако сум му раскинела демек ке се убиел незнам што.Значи детето ме сака многу и искрено.ве молам за помош незнам што да правам ... поздрав
Помош Јаки финти за убивство. Демек така е тоа. Дека е далеку океј, ама од свиѓање до сакање има разлика. А годините за љубов не се битни.
На профилов и‘ пишува дека има 16, значи детето има 13. Ми се смее Не знам како сте во врска кога само еднаш сте се виделе, ама биди сигурна дека нема да се убие ако го оставиш. Ќе му биде мака некое време што ја изгубил средношколката, ама ќе му помине Кажи му дека не ти се допаѓа да ти пишува цело време, не криј.
Луѓе, темава е за разговор и помош. Пишете тука, а не по ЛП. Ќе добиете повеќе совети и мислења. П.С. Кога ќе видам вакви постови одма ми текнува на ФБ. Се жалат преку статусите, а штом прашаш што е, одма инбокс
По толку љубов другарка ти го оставила и претпоставувам дека сега и е многу тешко, најтешко, па затоа ме интересира што ти значи смајлито на крајот од реченицата ????
Затоа што тој не ја заслужува едноставно нејзе.. Има многуу подобри од него. Да, тешко и е.. но нека свати он што изгубил. Нели зад облаците секогаш има сонце, затоа на крај од реченицата ставив смајли
МИ треба мал совет од вас инаку да напоменам дека не е за мене туку за мојата најдобра другарка. Има дечко ако воопшто можам да го наречам дечко од друг град многу одалечен и се имаат видено само 2 пати до сега а врската им е 8 месеци. Сега дечко и положил за кола а купил комбе и сакал да дојде тука за да се видат некој ден или некоја вечер. Па и велел нешто за 2/3 дена. И таа целата радосна скока од среќа бидејќи ќе дошол. Ама луге оваа работа на мене не ми е сигурна. Да не речам ама ќе речам таа сама со него во комбе што ако ја одведе некаде и и направи нешто? Може ви делувам глупо и смешно ама секакви манјаци има. Некој прв пат го гледаш па те следи ти дава непристојни предлози и уште што не. Така да на секој не се верува. А ако ова нејзе и го кажам ќе каже дека сум љубоморна и ќе се налути. Вие што мислите дечкото е вака ок културен колку што можев да сфатам од пишување ама што знам па .. сама со него во комбе а се имаат видено само 2 пати не ми е некако работата
Во право си, ако и го кажеш ова тука што го пишуваш, можеби нема да помисли дека си љубоморна, ама во најмала рака ке помисли дека си параноична. Најдобро ке е одоколу да и дадеш идеја демек ке дојде во нејзиниот град, па да го однесе оваму на кафе, онаму на јадење...Барем ако ништо друго, за почеток меѓу луѓе ке бидат...
Искрено јас си ја изгубив најдобрата другарка во средно од давање совети и мешање во нејзините работи со дечковците и тоа никогаш не го преболев а само Бог и јас знаеме дека се беше од срце. А и мене неми се допага муабетот со комбето. Ако имате некој близок другар кажи му што те мачи и замоли го да ти помогне. Пробај кога сте заедно со неа и другарот спомни ја темава чисто демек да добие машко мислење,па кога тој ќе рече дека нешто не е во ред со муабетот со комбето приклучи се и само кажии да размисли и повеќе не се мешај Со среќа
Колку години има другарка ти, а колку тој? Сигурно за тие 8 месеци го запознала повеќе од тебе...и недоволно се изјасни тој и рекол заедно да спијат во комбето и какви непристојни предлози? Инаку се согласувам со девојките над мене најдобро би било да се шетаат низ град а и поромантично.
Јас исто би постапила како тебе и би и кажала, тоа не е мешање во врска туку другарска грижа. Прашај ја дали е сигурна и кажи и дека ако не дај Боже се случи нешто да ти заѕвони итн... Т.е. влеј и малце страв во коски затоа што реално се може да се случи во денешно време. Без разлика дали он има кола/комбе/камион, не го знае воопшто добро, тоа е битното.