Си седам вака, си читам по форумов и си се чудам. А бре чавки мозокот на луѓево ли го пијат? Знае ли другарка ти воопшто што значи врска? Знае ли што значи времето поминато со саканиот и колку некој може да биде приврзан? Тој некој си таму, што мува уште колку ли не, другарка ти мисли дека е само нејзин, и дека во овие 8 месеци тој не е**л друга/и?! Нека си го тера животот, во здрава нога трн си става со овјо. Ти кажувам од лично искуство, имам почувствувано се на моја кожа. А за тоа дали да и кажеш, мислам дека не треба да се мешаш, затоа што живееме во свет каде сите погрешно те разбираат. Кога решила да се впушта во такви авантури, пушти ја. Може па ќе им тргне, којзнае, ама ја не верувам. Треба луд да се правиш самиот себе за да веруваш дека некој ќе издржи 8 месеци.. како и да е.
Ја викам природна селекција. Ако другарка ти има мозок со величина на лешник и мисли дека е во врска пошто со некого се видела два пати во осум месеци (???), тогаш пушти ја оваа победничка на Дарвиновите игри да види каде ќе ја одведе комбето. Комбето.
Лелее можно ли е и ова да го читам Врска од 8 месеци, каква врска е тоа два пати видени, а притоа е опасно да замине со него со комбе за да не и направи нешто. Извинете вака ама по колку години имате . Ако сте по 14/15 може и ќе разберам.
Не не ја пуштај со комбее, бегај опасно е, во право си поголемо е може да ја силува. Најубаво некако да му кажеш да дојде со фичо, тоа помало е нема толку опасност.
Да не е "жуто комбе"? Јас мислам дека работава е уште повеќе сериозна ако сте 14/15 годинки. Кажи и само да внимава и да не му верува многу, особено ако е многу постар од нејзе. Следи ги и запомни му ја регистрацијата на комбето. А и кој купува денес комбе, освен ако нема некој свој бизнис за дуќан па му треба за разнесување роба. Или еве како капетанот што ставил слика, ако не му го рента некој па овој го користи како мотелска соба
Како да не ја пушта, не и е мајка па да и забранува. Штом е со комбе не е сигурно, да беше мерцедес ќе беше ок? Какви предрасуди и стереотипи, па ако е манијак може да биде и во било која кола па макар таа била и во розе боја со панделки, битен е човекот каков е а не со што е. Па нели се во врска 8 месеци, би требало да се знаат, и самата требало да биде свесна дека еден ден ќе дојде до тоа. Незнам јас зошто ти Eloves, свој леб јадеш туго гајле береш, со кој памет сакаш да управуваш со туг живот и ти да кажуваш што да прави што не. Ти си била сведок на таа нивна „врска“ цели 8 месеци, зошто досега не си и рекла батали го којзнае каков манијак е.... Јас мислам дека ти по малку си љубоморна и многу си приврзана со другаркати и криво ти е што нема да видиш се што ќе се случува помегу нив. Имам еден предлог, викни ги кај тебе дома, а ти преку шпиунка следи дали е се во ред, и по потреба превземај мерки. До денес не сум знаел дека комбињата се на толку лош глас.
Мене па ми е интересно што секогаш се работи за некоја ’другарка’ Богами и да се признае јавно на анонимен форум, дека немаш мозок треба храброст
Знаеш што? немам намера да се карам со никого а посебно не овде на форум ама во последно време во која тема и да влезам ги читам твоите коментари од кои буквално ми се врти свест во глава. Истото што го правевте на темата на Битанем со дечко и и со цтешите е баш истото овде го правите со другарка ми и со комбето. Таму се фативме за црешите, овде за комбето. Оkcenzi злато да се работеше за мене верувај дека ќе пишев дека е за мене ама јас немам дечко и башка не гледам причина ако било за мене зошто да се кријам овде на некој со анонимен форум каде што ниту ме знаете ниту познавате. И чисто за твоја информација девојчето ја познавам 9 години. Ете се запознаа преку фб дојде тој се видоа, по некое време пак дојде и сакал другата недела пак да дојде да се видат. Таа има 16 години а тој 19. Работата е во тоа што тој положил за кола ама купил комбе и и рекол дека сега откако има свое превозно сретство ќе доаѓа почесто да се гледаат. Инаку и рекол дека ќе дојде со некои другари другарите ќе оделе на кафе или незнам каде тие сами да си седеле во комбето на некое тивко место да поминеле некое време заедно. И има секакви лудаци и манијаци јас и зборував дека таква врска неможе да успее ама таа не слуша. И не сум љубоморна ниту пак сакам да се мешам на туѓи животи си имам јас доста проблеми и со својо само побарав мислење од вас ако можете да го дадете тоа мислење дајте го ако не не трескајте глупости за џабе. А ти Бах биди сигурна во тоа дека ќе го доведам овде кај мене во соба и ќе ги оставам на само оти не е културно да им висам а јас во меѓувреме ќе стојам со чаша на вртата да слушам што се случув, не дај боже да испуштам нешто. Свашта. Абеја многу духовите од твоја страна посебно тоа со дуќанот само да знаеш сигурно е дека нема дуќан маркет има ете толкав маркет како туш маркет ист. Натемила дечко ти сигурно има фичо те вози со него па ти овде по форуми од искуство кажуваш.
А од кај знаеш можеби навистина е за другарка? Дури и да не е, ова не е начин, да речеш некому дека немал мозок. Имаш право да си кажеш став, но да навредуваш не. Eloves, што е твое, обиди се. На суптилен начин одвлечи ја од таа работа. Ако се противи, па сега ... нејзин живот, нејзини последици. Колку и да звучи сурово, наше е да предупредиме и да се обидеме да помогнеме, а не да се грижиме за животите на сите коишто ги знаеме. Можеби и потсвесно знае што ќе прават и е подготвена за тоа. Твое е да ја оттргнеш суптилно како што ти пишаа, предложи и` да се шетаат и сл. работи како што те советуваа погоре.
Тесие не се сеќавам длаи беше ти или некоја друга корисничка но добро се сеќавам во еден пост беше напишано ако сакаш да ти се некој буквално исмее и поножи обрати се во форумот. Потполно се согласувам со ова. Значи 9 години ми е другарка ама малку е чуствителна на тоа кога некој сака нешто д аи каже таа одма мисли дека и се меша во животот и убаво прашав како би постапиле вие на мое место. А јас место одговор на моето прашање прочитав илјада други глупости. Другарка ми имала мозок како лешник + слика од некое со комбе, дечко и да дошол со фичо, комбето било жуто, да сум ја запишала регистрацијата на комбето, тој имал дукан затоа купил комбе роба да носи, комбето го користел како мотелска соба, да сум ги викнала кај мене дома и на крај ова било за мене, а сум лажела дека е за другарка ми. Повеќе глупости на едно место немам видено. Истото го направија и кај постот на битанем само што таму се фатија за црешите а тука за комбето. И луѓе ако веќе незнаете што да напишете или каков совет да дадете, најдобро е да не пишувате ништо отколку глупости во боја!!!
Може да и предложиш да се прошетате заедно, еве ти ако имаш некој дечко, симпатија, или помкни некој братучед колку да се осигураш, другарка ти да биде со тебе, демек у парови. Или па измисли некој случај. Тетка ми ми кажа во нејзиниот град некоја силувана, или слично нешто. Низ муабет спомни и, дека тешко време дошло, да не се верувало многу на машки. Мислам дека ова би можело да дејствува, таа да се запраша дали треба да оди или не. Јас вака би направила, или ако веќе не разбира, па кажи и искрено, се грижам за тебе, не го познаваш, стрпи се малце, прво види го што човек е...
А да не се замараш многу кој што напишал, овде се и сешто ќе чуеш (прочиташ).Не е чувствителна, едноставно оди со главата во зид.Ако успееш да ја разубедиш добро ако не пушти ја и да се надеваме дека се добро ќе заврши.Твое е да и го кажеш своето мислење, а нејзино да го прифати или не.
Eloves, не си земај при срце, сите со различен пристап сме. Некои различно пристапуваат кон различни теми. Со некои пример јас не се согласувам во едни теми, во други супер се надополнуваме. А со другарка ти, немој да се оптеретуваш премногу. Твое е да ја предупредиш, на каков и начин да избереш да го направиш тоа. На крајот, не одговараш за нејзиниот живот повеќе од неа самата. Опушти се и гледај да не се измачуваш со тоа. А туѓите искуства искористи ги да научиш како (не) треба.
Искрено од една страна сфаќам дека ти е глупо да и кажеш нешто, иако е нај добронамерно Спомни и онака од околу кај ќе идат, ако каже некое лошо место кај што нема многу луѓе и ти е сомнително, речи и ко на шала ее иди однеси го (и сеа кажи некое место по популарно) демек да види он негде да прошета, пошо е од друг град незнам дали ти помогнав баш, ама се надевам дека се ќе биде ок и дека ваљда не е тој некоја будала
Јас знам знам тоа дека сите сме до ралзичен пристап и почитувам туѓо мислење, макар и да е погрешно. Ама овде не се работи за мислење тукуз а глупости. Вратете се неколку коментари наназад и ќе видете. Се фатија за комбето како слеп за стап прашав ако знаете со убаво да одговорите ОК ако не немора да пишувате глупости.
Се запознав со него пред 1 ипол недела и океј беше дечкото и ми се свиѓаше и се тоа.Утре дента се видовме и се смувавме и се ми се деси многу брзо првите денови се беше океј имавме и многу заеднички теми и зборевме и он ми кажа дека сакал поозбилно со мене ама сеа ми здосади само за мување се глеаме не збориме ништо тапа муабети како си и што праиш..И еве сеа вечер требаше да се видиме ама му откажав пошо неам ич желба да се видам со него..